Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    46 глас(а)
    3,5%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    286 глас(а)
    21,7%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    371 глас(а)
    28,1%
  4. Над 30.000 денари

    391 глас(а)
    29,7%
  5. Над 40.000 денари

    81 глас(а)
    6,1%
  6. Над 50.000 денари

    91 глас(а)
    6,9%
  7. Над 60.000 денари

    52 глас(а)
    3,9%
  1. SelenaGomez

    SelenaGomez Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    731
    Допаѓања:
    1.623
    Пол:
    Женски
    Видов дека од март минималната плата ќе биде 20 или 21 илјада. Дали се усвои ова или остана да лебди во воздух?
     
  2. Birdman

    Birdman Активен член

    Се зачлени на:
    16 февруари 2023
    Пораки:
    16
    Допаѓања:
    17
    Пол:
    Машки
    Da
     
  3. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.154
    Пол:
    Машки
    Не треба да се усвои, туку треба да се пресмета во март од Министерството за труд и социјална политика, и Министерот за труд и социјална политика по претходно мислење од Економско – социјалниот совет да ја Објави висината на минималната плата во „Службен весник на Република Македонија“ која ќе важи од март 2023 година до февруари 2024 година*. Пресметката е следна: Последна минимална плата + 50% од порастот на просечно исплатената нето – плата во Република Македонија, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика + 50% од порастот на индексот на трошоците на живот, за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика, а добиената плата не може да биде пониска од 57% од висината на просечно исплатената нето – плата во Република Македонија за претходната година, според податоците на Државниот завод за статистика.
    *освен ако не се измени Законот за минимална плата
     
    На ЀѐЍѝ и SelenaGomez им се допаѓа ова.
  4. minne992

    minne992 Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 ноември 2013
    Пораки:
    4.350
    Допаѓања:
    26.223
    Пол:
    Женски
    Ти во социјално дан работиш или трудот или УЈП?
     
  5. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.154
    Пол:
    Машки
    Не, но врши работа ова:
    Заборавив да го пишам и ЕНЕР.
     
    На ЀѐЍѝ и s.a.m.a им се допаѓа ова.
  6. jarec6

    jarec6 Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јуни 2010
    Пораки:
    2.776
    Допаѓања:
    18.330
    Пол:
    Женски
    Рецепција во казино.
     
    На BossGirl123 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. ♡ Cinderella ♡

    ♡ Cinderella ♡ Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 февруари 2023
    Пораки:
    531
    Допаѓања:
    2.946
    Пол:
    Женски
    12.300 денари.
    Како плата за приправник задоволна сум.
     
  8. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Zdravo na site kolku treba da bide plata za pola rabotno vreme? Pozz
     
  9. t.a.m.

    t.a.m. Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 декември 2021
    Пораки:
    154
    Допаѓања:
    218
    Зависи на кое работно место си?
     
  10. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.154
    Пол:
    Машки
    Не тие добро поставено прашањето. Ако мислиш на минималната плата ќе биде 10.088 денари.
     
    На ЀѐЍѝ и resenska им се допаѓа ова.
  11. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Vo red fala ti, mislev na 4 saati rabotno vreme
     
  12. poi

    poi Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2019
    Пораки:
    1.194
    Допаѓања:
    2.397
    Пол:
    Женски
    Зависи од работното место и колку е основната плата за полно работно време. На пола работно време ќе биде пола од тоа. Значи пример ако платата е 22000 ден. за пола работно време ќе биде 11000 ден.
     
    На resenska му/ѝ се допаѓа ова.
  13. resenska

    resenska Популарен член

    Се зачлени на:
    7 август 2014
    Пораки:
    1.678
    Допаѓања:
    14.335
    Пол:
    Женски
    Fala Vi pozz
     
  14. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    Zdravo, me ineteresira kolku placaat vo prodavnica koja ima parfemi,sminki,igracki,baloni sve i svasta sitnici nebitno toaa, taa samo da prodava i podsreduva , da rabotish na sat, Posto na mojata drugarka i odgovara da raboti so sati bidejki i taa ne moze da sede mn dolgo i sekoj den, a i niv im odgovaralo da ja placcat so sati, e sega taa beshe na razgovor i kazaa 100 denari od sat, ako bila povece od 6 sati i se seluvalo i eden obrok, kako odi dali znaete fala ?
     
  15. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Мислам дека е премалку 100 ден. од саат. Пример, да работи по 8 саати на ден би испаднала дневница 800 ден. Да речеме дека еден месец без саботи и недели би имал 21 ден во просек испаѓа дека пет дена во неделата за фул работно време би земала 16800. А минималец ти е околу 21000. Плус ако не е пријавена ни за придонеси не би имале давачки. Ептен се испозанесле, премалку е. Барем 150 нека бара. Ако не, нека најде друго. Не дозволувајте лакоми работодавци да се богатат на ваш грб за ич пари.
     
    На Harper, Bebac, CameliaMiller и 9 други им се допаѓа ова.
  16. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.213
    Допаѓања:
    2.154
    Пол:
    Машки
    Според минималната плата, еден саат минимална плата е 110/115/120/126 денари, во зависност колку работни денови има месецот. Значи, 100 денари еден саат е премалку.
     
    На glisa, Just.do.it, KittyAgnes и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  17. KittyAgnes

    KittyAgnes Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 февруари 2021
    Пораки:
    901
    Допаѓања:
    1.357
    Пол:
    Женски
    Фалело да каже 70 ден или 50 од саат замислете.....
     
    На glisa и cresa-jagoda им се допаѓа ова.
  18. glisa

    glisa Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 јуни 2014
    Пораки:
    214
    Допаѓања:
    155
    I kazale ce imale nekakvi urasuvanjaa na teren , too ce i placala ekstra od 600 do 1500 den zavisno kolku ce imalo rabota, prevoz ce ja zemale i vracale tie Dali e ok bi traelo vondenot 3,4 sati neznam taka nesto
     
  19. Zaljubena26

    Zaljubena26 Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2017
    Пораки:
    2.253
    Допаѓања:
    31.202
    Пол:
    Женски
    Глупости, ја лажат колку да почне со работа. После нема да има украсувања или ќе има еднаш у месец за 600. Тие финти за плус заработка одамна им ги научија сите. Не знам како не им е срам да нудат мизерни 100 ден за саат кога у денешно време еден доручек кошта 200 ден.
     
    На Bebac, staycalm, glisa и 2 други им се допаѓа ова.
  20. LoneWolfGuy

    LoneWolfGuy Популарен член

    Се зачлени на:
    3 август 2017
    Пораки:
    815
    Допаѓања:
    1.334
    Пол:
    Машки
    Да не зборуваме дека и за најмало грешка има кратења на плати па дали и тие 100 че ги земе.
     
    На cresa-jagoda, KittyAgnes и Zaljubena26 им се допаѓа ова.