Немам фамилија, се преселив сама (со дечко) зошто можев да си овозможам. Плаќаме кирија, сметки, факултет, плус им помагам на моите исто така. Сепак со ептен правилно буџетирање имаме и доста на страна да тргнеме а и да се опуштиме со задоволства.
Фала ти, ти посакувам да ти се врати дупло тродупло, и ако ти треба нешто или сакаш чисто муабет пиши ми слободно.
Ова е единствениот точен одговор. Ако зимаш пр.80.000 денари плата,да речеме 30.000 ќе ти одат за плаќање сметки и храна,а 50.000 ќе ти останат од платата (не ги зимајте како апсолутно точни бројкиве),од друга страна па ако зимаш 40.000 денари плата,после покривање на животните режии ќе ти останат само 10.000 денари. Паралелно со ова,колку што си поплатен толку си и повеќе кредитоспособен (банката би ти одобрила поголем кредит). Кога сме кај штедењето има едно правило се вика 50-30-20. Кога ќе ти стигне платата ги покриваш сите животни режии (сметки,храна,кредит,нафта итн.),од тоа што ќе ти остане 30% трошиш за хедонизам и ситни пороци (кафичи,ресторани,диско,театар,кино,облека,одмор итн.) и останатите 20% ги заштедуваш
Со таа метода ги буџетираме и ние нашите пари. 50% одат на фиксни трошоци, 30% одат на задоволства и 20% на заштеда.
Сепак, ако зимаш 40.000 илјади плата нема да си овозможиш да живееш во стан под кирија пример што е 300 евра бидејќи така ќе останат многу малку пари за живот, туку ќе одиш во помал стан со помала кирија. Сметките се тие и храната е толку во МК. И јас и дечко ми иако сме со поголеми плати не се расфрламе ниту пак живееме некој “луксузен“ живот. Пазариме од кам и стокомак и се што ќе остане тргаме на страна.
Една личност ако живее сама. Што е ретко случај. Секогаш збориме за најмалку двајца возрасни кои работат. Денес не знам дали некој зема под 25к. Колку пари и да земаме, нема да пазарам во веро. Тоа е чисто фрлање пари во воздух. И од кам стокомак пак се премногу пари, ама пак е далеку помалку од веро или тинекс. Кога имаш повеќе пари секако дека ке си дозволиш повеќе, пример не еден туку два одмори преку лето, зимување итн.
Точно да, но има луѓе коишто и ден денес ги познавам што фрлаат пари само во веро и тинекс, а не земаат толкави плати.
И те како зимаат луѓе под 25.000. Пред скоро ме примија во Шпаркасе да работам на позиција помлад соработник за односи со јавност,платата што ми ја понудија беше 20.800. Ја одбив работата,малце пред ова ме примија во Гранд Тортон (ревизорска фирма,7-ма во свет по профит,3-та по профит кај нас),ми понудија плата од 20.000 и да не бидам пријавен замисли,вака ќе било 3-6 месеци зависи како ќе сум се покажел,па ќе сме виделе. Нормално дека и ова го одбив,срамота што да кажам друго. Во Стопанска банка исто е 20.000 почетна плата,дури познавам еден 2 години што работи и зима толку 20.000,јас не знам како уште работи таму. А да не збориме за луѓево што работат по кафичи дали зимаат по 25.000,за текстилните работнички итн.
Тоа е нивен проблем. Нема што да се жалиш ако ти одат пари на глупости. Во Индустриска земаат повеќе. Нема логика да споредуваме банка и фабрика ама платите се неспоредливи. И во кафичи се над 25к, келнери и повеќе земаат. Многу заминаа во Хрватска па тие што останаа си бараат плата повисока. Не знаев дека во банки е толку ниска платата. Двајца од семејство да се банкари ке немаат пари за да преживеат.
Хах, под 25 000 може во Ск да не земаат, оди во источниот дел на Мк да видиш колку земаат. Тие шо земаат 25000 плата ги сметаме за висока нога, се друго е на минимална плата, а има уште и луѓе шо земаат под минималната. Се изживуваат таму со луѓето, им викаат ако не ти чини оди си, а како да си одат кога друга работа тешко се наоѓа, и за во маркет да се вработиш треба врски да фатиш.
Многу ги има што работат за минималец. Гледам по маркетиве почнаа да им ги зголемуваат платите. Не се баш високи платите во банките. Оние што се на шалтер земаат најмала плата.
Па како, мајка ми 3години е негувателка во градинка, чува дневно сама до 15 деца, уште е на договор и зема минималец. (22к) мислам
Да и јас се согласувам дека има преемногу луѓе што се уште земаат испод 25к. И има многу примери такви низ Скопје.
За таа работа, малку е. И јас истото го работев. И воспитувачките се слабо платени. 3-4000 денари повеќе земаат.
Таа одговорност нема цена. Знам едно време земаше дури 8000 ден Сите и велевме да напушти она пустата решение чека.. Епа..