После триста маки поминати и работни места сменети, моментално земам 40 000 основна со плус додатоци за ноќна смена (2-3 часа од денот што ми преоѓаат) ќе стига најверојатно до околу 46 000. Плус празниците им се супер платени, ако работиш за викенд, прекувремено нормално се се доплаќа. Почнав со 20 000 на првото работно место и одвај стигав до 27 со се цела недела ноќна, празник и плус пола ден работење во сабота. На втората исто основна ми беше 20к, со бонуси од продажба, на третата 10 месеци работев за 23, и одев со два автобуси по 2 саати патував на -15 во јануари, на крај ми ја покачи на 30 и земав некои бонуси ама не вредеше. Конечно најдов работа како што сакав од дома, со супер плата, сигурно ќе има и покачувања, искрено задоволна сум и среќна, пу пу да не се урочам.
https://www.dw.com/mk/ујп-работници-во-700-компании-не-добиле-ниту-денар-за-плата-цела-година-а-17-илјади-чекаат-плата-за-септември/a-67357986?maca=maz-rss-maz-pol_makedonija_timemk-4727-xml-mrss Ова го читав денеска, ме запрепасти. 17.000 работници не земале плата минатиот месец. Инаку, во државата некаде 80.000 до 100.000 работници примаат минималец. Има УЈП податоци за тоа.
Да, убаво ќе беше темава да се викаше Колкава плата имате и што работите? и освен цифри да пишуваат и позиции
Не ги потценувам Стокомак и Кам и да одам и таму, ама таа гужва на каса, тесно за пазарење со количка и немање доволно избор на производи ме нервира. Исто и тоа што нема фрижидер за пијалоци, нема месара итн. Секое заедоволство се плаќа плус. Наместо да одам од Кам во Стокомак или Кипер, па во месара со кола тие пари потрошени за гориво ќе ги дадам во Веро.
Не знам дали тука е соодветната тема, дали може стручно лице или некој кој се разбира да ми ја објасни разликата кога на сметка земаш минималец, а на рака уште 10 илјади, или кога 30 илјади сите на сметка ти ги пуштаат. Благодарам
Поголеми се придонесите ако зимаш 30000 на сметка, вака плаќа придонеси за 22500 тоа се 10000 црни пари на рака. И не ти се бројат во пресметки коа ќе ти се пресметува пензија. Значи, пријавена си на 22500 и плаќа пенсиско и здравствено за 22500, а 10000 не се пријавени. 30000 е веќе и поголеми трошоци за пензиско и здравствено, со тоа што утре кога ќе дојде време за пензија, ако си била пријавена на 30000 и плаќале придонеси за толку, просекот за пензија ќе ти биде поголем и ќе земеш поголема пензија, за разлика од тоа ако си била пријавена цел живот на 22500. Се надевам ти е појасно.
Оваа информација ја знам, мислев подетално за разликата во придонесот за пензија. Доколку има стручно лице ќе замолам да ми одговори. Ти благодарам во секој случај.
Ако земаш минимална плата од 21000 денари, тогаш работодавецот за таа плата треба да "потроши" 31012 денари. Доколку земаш 30000 денари плата преку банка, тогаш работодавецот треба да "потроши" 44903 денари. Со тоа што ти добиваш 21000 преку банка и 10000 на рака тој "заштедува" околу 3891 денари. Во прилог пресметка
Колку ти троши колата ако не ти се исплати до таа мера? Некои цени се со разлика од 50-100 денари па и повеќе. На разлика на цела сметка и на месечно ниво цел резервоар ке наполнам.
Буквално исто размислувам, као прво сум приметила дека не се нешто драстично помали цените а второ изборот е мнооогу помал. И колку ќе заштедиш 100/200 денари мааакс за неколку пазарења... Баш ме интересира дали некој искалкулирал колку се заштедува во однос на веро, тинекс??