Има и во Скопје што земаат под 25.000 плата, па и непријавени. Еее сите мислат во Скопје богаташи се.
Јас пазарам и таму и ваму секаде (на секои три-четири недели отприлика)зависи на кој крај се наоѓам. Не гледам на цени, ако кафето е дури со 10 денари пониска цена во Кам, во Веро ќе ми се фати нешто друго со пониска цена. Дури и во маалската продавничка има разлики во цени. Секогаш користам исти производи И не гледам причина да се шета по маркети да се бара ниски цени. Разликата е мала во однос на тоа што ќе се испазари. Мене лично повеќе ми е жал за луѓе што стварно немаат па одат да купат нешто од Ш класа.
Па и во КАМ и Стокомак многу ги дигнаа цените, ми се случило некој производ од Тинекс да е поефтин и од Кам, и во КАМ нема избор на шампони, детергенти, неможеш да се разминеш, празни рафтови, соковите и другите производи неотпаковани, исто магацин. Секако пазарам и во КАМ и во Стокомак, ама во Тинекс се наредено, да ти е мерак да пазариш.
Прашањето ми е за пензијата. Еден познаник ми пресмета дека месечната пензија би ми била повисока само за 25 денари, доколку 30 илјади имам сега на сметка за разлика ако имам минималец на сметка и 10 илјади на рака. Зарем толку мала е разликата?
И други фактори влијаат, на пример должината на стажот, колку долго си била на таа плата. Во зависност од целокупниот стаж се одредува процент по кој се множи просечната плата што си ја земала (значи просек од сите твои земени плати во текот на работниот стаж) - не можеш да ја предвидиш од сега, бидејќи сега си на 20к, за година од сега, може на 50к ќе бидеш пријавена. На пример, човек со 30 години работен стаж зема пензија околу 60% од средната плата што ја имал (грубо кажано, не ја знам точно до децимала пресметката).
Скоро секоја недела има по нешто на акција, посебно детергенти, шампони, месо. А тоа јас пример купувам и имам за 2-3 месеци. Прехрамбените производи се тука некаде. Колата и да не троши многу пак не гледам потреба да се оди кога треба да се купува повеќе. Кам земам нешто, Стокомак исто само кога сум на минување или нешто што го нема во други маркети пример брашно и сирење од Стокомак. Веро, Супер Китго за пазарење повеќе. Пример Томи Мајонез голема тегла во Веро и Супер Китго беше 150-160 ден. Долче Густо беше 275ден, Нескафе лименка 299ден. И ние како дистрибутери ги следиме цените во Кам, Стокомак, Кипер и правиме акции во други маркети со истите цени.
Taтко ми скоро влезе во пензија. Битен е стажот, ама 5 години едноставно ти прават некоја целина да имаш повисока пензија, на пример од 15 до 20 или 25 години стаж има разлика и тоа ја менува ситуацијата. Ако имаш 17 години стаж, нема да имаш некоја разлика во однос на тој со 15, ама ако имаш 30 години, е тогаш ќе има разлика од тој со 15 години. Исто е битна основицата, дали си бил на минималец или си имал повисока ставка. Не се замарај толку, затоа што државата ги менува законите, правилата за пресметка. Додека да дојдеме до пензија којзнае што ќе биде, колкави ќе бидат пензиите, трошоците за живот. Здравје само. И да се бориме со повеќе труд до повисоки плати и придонеси. Друг пат нема за подостоинствена пензија.
Па со стапка на инфлација од 2-3 проценти годишно на овие придонеси да речеме дела си на минималец 30 години а куповната моќ паднала за 60 проценти за тие 30 години кога ќе пресметаш 80 проценти пензија од минималец тоа то доаѓа некаде 16 000 е сеа стави го коефециентот на инфлација ќе видиш дека ќе немаш за основни услови за живот истото што се случи сега на луѓето кои во време ма сфрј му се плаќал стажот и сега со со 12000 пензија. Ја не се надам на пензија, глеам да направам пари да не зависам од пензијата. Мометално сум на 28000 месечно ама здравје боже со работа и труд се надевам ќе биде.
Тоа дека ќе бидеме на леб, маргарин и вода, свесна сум. Скоро сите се така. Друго, се повеќе пензионери, а се помалку работници, не е добро. Пензиите ќе изгубат на вредност. Со вакво раководење на државата, знам дека ќе бидам на питачки стап. Само здравјето да ме служи.
Dali nekoj e zainteresiran za rabota vo hotel Luxor ,imaat super pozicii ,se naoga na granicen premin blace ,vsusnost e kazino ama imaat eden kup pozicii i sekako obezbeden prevoz i hrana
Дали вие што имате плати над 30.000 денари, земате дел на рака или сте пријавени на цела сума? И колку ви значи да сте пријавени на цела сума или не ви е битно?
Јас сум пријавена на цела сума, но забележувам дека има луѓе кои земаат плати од 40.000 на пример, а од нив само минималецот е на сметка. И тоа делува како голема плата, ама реално не е. Иако може делува смешно, апа па и 3.000 денари плус на едно пензионерче му прават разлика. Плус од тоа што имам хонорарно работено, си мислев, абе барем некој ден плус стаж да се смета добро би било, затоа што парите се трошат, стажот е една гаранција.