И јас и сопругот сме осигурани на минималец, а на рака јад земам + 4000/5000, а тој 12.000. Не ми значеше се до моментот кога требаше да користам боледување/породилно..
На цела сума сум пријавена. Ми значеше сега со породилното, верувам здравје да дочекам и пензија ќе ми значи повторно. Инаку од аспект на плата, не ни ми понудиле дел на рака да ми исплаќаат, а минималец на сметка. Може ако од моменталната плата е многу повисока крајната сума и би се нафатила. За 1000-2000 денари разлика, не би се нафатила.
Породилното е 100% од просекот на примањата на кои е платен придонесот за здравствено осигурување во последните 12 месеци, ако е фиксно, тогаш е 22.000 денари.
Цела сума ја зимам на картица, меѓутоа пријавена на минималец. Не знам сега за пензија и слично како би се сметало, веројатно се што е плус е за недели, празници и веројатно како бонуси некои.
Околу 36 - 37000 ден, зависи од месецот и пријавена на цела сума. Не би прифатила плата на рака, но и тоа зависи каква ти е ситуацијата.
Сега 44 000 земам. Пријавен регуларно на 30 000 со договор на неопределено. Останатите 14 000 не ми се на рака, ми ги пуштаат на сметка, али само со договор на дело као хонорар нешто, за да плаќа само персонален фирмава. Државиште. За кредит, пензија, здравствено, 30 000 им е релевантна.
Дур дочекаме ние пензијаз ни фонд ќе има, ни ништо. Во вода све ќе отиде. Многу, многу ми е криво што сум на цела плата пријавена, место да ми ги даваат сите пари ј да си тргам на страна. На мојата плата,превише пари давам на државава, а ништо не користам
И мене ми е страв дека додека да станеме пензионери прашање е дали државата ќе постои, во кој формат, што ќе биде со ПИОМ? Со ова неодговорно однесување на властите, тешко дека ќе е добро. Психички сум спремна дека ќе морам да работам и по стари години.
Ќе продаваме на тезга на пазар на стари години, а ќе земаме пензија колку за сметка за струја. ПИОМ како институција за мене е нула.
Што е со платите за обезбедување? Дел кажуваат дека се околу минималец, други дека земаат 40.000. Статистика вели дека тие се меѓу најслабо платените. Луѓето веројатно лажат. Никогаш не прашувам за плати, но гледам дека различни суми си кажуваат за работа во исти сектор.