Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    46 глас(а)
    3,5%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    286 глас(а)
    21,7%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    371 глас(а)
    28,1%
  4. Над 30.000 денари

    391 глас(а)
    29,7%
  5. Над 40.000 денари

    81 глас(а)
    6,1%
  6. Над 50.000 денари

    91 глас(а)
    6,9%
  7. Над 60.000 денари

    52 глас(а)
    3,9%
  1. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Женски
    Треба да се јавиш на некое пензиско друштво како КБ пример и си уплаќаш сама пари што можеш да ги извадиш после 52 години. Можеш било која сума да си плаќаш, колку имаш месечно толку.
     
    На eliesaab и GirlLove им се допаѓа ова.
  2. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    Ситуацијата во државава навистина е лоша околу пензиите, а во иднина мислам дека уште повеќе ќе се влошува со оглед на тоа како ја водат државава нашиве политичари.
    Мислам дека после 15-20 години има добри шанси да доживееме тотален колапс на секое можно поле, највеќе во економијата и здравството.Под тотален колапс подразбирам и потенцијално распаѓање на државава.Македонија нема шанси уште долго да се одржува со ваков начин на менаџирање.

    Од аспект на економијата, постарите генерации се нејзиниот темел.Кога полека ќе почнат да се пензионираат и умираат, жив човек нема да гледаме по фабрикиве и било каде со ваква плата и однос на газдите.

    Тешка иднина и предвидувам на земјава и дефинитивно единствениот спас го гледам во заминување од неа.
     
    На Bitolchanecot, H.VAGA, Трагедијаупмм и 5 други им се допаѓа ова.
  3. МитеМен

    МитеМен Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 февруари 2023
    Пораки:
    1.212
    Допаѓања:
    2.153
    Пол:
    Машки
    Исто како вториот столб, само што ние сами си уплаќме.

    Се потпишува договор со едно од четирите пензиски друштва:
    Сава Доброволен пензиски фонд
    КБ Доброволен пензиски фонд
    Триглав Доброволен пензиски фонд
    ВФП Доброволен пензиски фонд
    Се уплаќа од сметка на сметка со налог за пренос (ППЗО), кога сакаш, колку сакаш.
    Не може да се подигнат средствата 10 години пред пензионирање.

    Повеќе на МАПАС
     
    На ЀѐЍѝ, eliesaab, bookslover и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.684
    И јас мислам исто. Демографски, економски, ама никако вака нема да издржи. Да се вратам назад, ни ден стаж не би правела овде. Би заминала на 22 години на брод ако не можев друго. Ама тогаш бев оптимистична, ентузијазам. Знам многу врвни интелектуалци кои земаат смешни плати овде, девојките се кајат што не се омажиле со странец да избегаат од тука. Буквално се кајат што не играле и на таа најлесната карта само да не се тука. Се менуваат работите, ама на полошо. Можностите се се помалку и допрва ќе заостанеме како држава.
     
    На Elenpelen, Трагедијаупмм и Sorensen им се допаѓа ова.
  5. Sorensen

    Sorensen Активен член

    Се зачлени на:
    24 март 2024
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    28
    Пол:
    Машки
    За жената во државава е уште потежок животот со оглед на малиот број на можности и сеуште во голема мера конзервативниот начин на размислување.
    Маж како маж, ќе се снајде како градежен мајстор, многу полесно може да замине во странство, ако треба ќе се бави и со криминал или некој полулегални активности 8)...

    Жената е преограничена и многу помалку платена.Тргнувам од мајка ми, па и сите други жени и девојки што ги познавам во животот, ретко која имаа опции каде што би успеала.Особено ако е просечно интелигентна.
     
    На GirlLove, SaniD, Sielo❤️ и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.684
    Немам проблем со работен ангажман, но тоа не е се. Што ми вреди тоа ако утре поместат граница за пензионирање на 67 години од вакво лошо менаџирање? Што кога пензиите ќе бидат бетер од сега. Неизвесноста е тоа што мачи.
     
    На Abc baby му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Selena01

    Selena01 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2020
    Пораки:
    1.879
    Допаѓања:
    7.488
    Пол:
    Женски
    Добро е што сепак даваш фора од 15-20 години. Јас давам 5-10г преку сила ама добро
     
    На Sorensen, Tanjamm, Трагедијаупмм и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.892
    истото го мислам, многу е тоа 20г. Мислам дека за мах. 10години
     
    На Tanjamm и Selena01 им се допаѓа ова.
  9. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.684
    Не знам како е кај вас по градовите, ама кај нас е веќе пензионерски град што не било. @Sielo❤️ од Куманово си? Нели врие од 50 годишни људи по град? Ја имам такв утисак, дека млади све помалко има. И која економија ќе ја имаме со старци? Баш прашував текстилни работнички дали 50 годишна жена е ефективна за работа, дека странските кооперанти ни бегаат, почнаа да ми објаснуваат дека од тие жени нема што да очекуваш многу, ама нема поарни, помлади и туркаат на работа, се мачат.
     
    На Cutiepie1 и Sielo❤️ им се допаѓа ова.
  10. Stark

    Stark Форумски идол

    Се зачлени на:
    5 јуни 2013
    Пораки:
    5.664
    Допаѓања:
    19.050
    Пол:
    Машки
    Прилеп одамна е пензионерско - полжав град. Моја генерација 94та или постари или помлади нема и баш многу луѓе. :)
     
    На Dust, Tanjamm и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  11. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.892
    нема, се помалку се младите еве последно и чевларските ги затвораат, дури и старите на плоштад се се помалку. Навечер е пусто и тоа зборам за 8/9ч.
    За платите се ниски горе доле околу минималецот, во новиот мол земаат по продавниците околу 30к, бунарџик исто, во администрација исто, едино во обложувалниците и казината е повеќе, другото мизерија.
    Доста и во приватниот сектор затворија, ретко некој да отвори нов бизнис.
    Имам чувство дека само партиските потрчковци ,пензионерите и оние што мораат или немаат каде останаа во државата.

    За тоа како по институциите и колку Албанците се застапени не би да зборувам, 1:3.
    Жално. Нема овдека иднина и кој тоа навреме го сфати и си го фати патот на време, ќе се спаси.
     
    На Tanjamm, Crna Mamba и Cutiepie1 им се допаѓа ова.
  12. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.986
    Допаѓања:
    12.684
    A кој работи во молот? Повеќе се Македонци или Албанци? Јас не сум ни била. Поминувам редовно, ама не сум ни влегла. Пазарам во едни исти маркети, бутици, така што таму не сум ни била. А ми кажа една продавачка дека земала 33.000 во маркет во молот, ама сосе платени саботи, недели и одење еднаш неделно и во Скопје во маркет на работа. Ако одземеш одење до Ск, платата не е ни 30.000, а имаше многу поплаки во тој дел, дека доаѓаат, не разбираат јазик, па дете ти бара цигари, не му даваш, иде таткото лом те прави итн. Плоштадот е полн со пензионери.

    Суд, болница, инспекторати, доминираат Албанци, малку беа во музејот дека платите се мали и во библиотеката сега ги има повеќе.

    А за чевларите слушнав дека ги пуштиле на одмор, платен, неплатен, не знам. Кажуваат платен, ама да не веруваш. Скап е и превозот, порано многу одеа во Скопје, сега и тоа не е баш исплатливо ако немаш некоја навистина висока плата, над 40.000 на пример. Само месечна беше 5.000, сега може е и повеќе.
     
    Последна измена: 29 март 2024
  13. Sielo❤️

    Sielo❤️ Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 август 2022
    Пораки:
    776
    Допаѓања:
    2.892
    Често идам таму и од тоа што имам забележено повеќето се Македонци.
    Додека за Скопје веќе не е исплатливо, порано сабајле ако одеа по 4/5 па и некогаш 6 автобуса, сега само мах 2, за руле зборам. Намален е бројот и на студентите и на оние што работеа. Мислам дека уште е 5000д месечната.
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  14. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Ќе менувам работа и ми бараат да донесам листа од стаж од пиом. Знае ли некој дали можам онлајн да извадам или морам да идам до таму или па некој место мене може да го земе тоа од шалтер.
     
  15. bookslover

    bookslover Популарен член

    Се зачлени на:
    8 мај 2016
    Пораки:
    767
    Допаѓања:
    1.242
    Пол:
    Женски
    Мораш да одиш таму лично, 2 мин работа е и со лична карта колку што јас знам.
     
  16. Jan098

    Jan098 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    Moze online da izvadis, ama treba da imas account. Portalot e: https://uslugi.piom.com.mk/ords/f?p=654:LOGIN::::::

    sertifikatot na sajtov e istecen odkako znam. E sea gluposta tuka e, account ne mozes da otvoris online. Treba da simnis baranje, word document e, da go ispecatis, popolnis i odnesis vo PIOM, salter br 13 bese (ova pred 2 godini moze). i kje ti isprintaat a4 format list, so user i pass. I najjakoto e so dvostrano kje ti ispecatat, eden username i pass na edna strana a na drugata strana istiot username i drug password.. mizerija.

    Pred dve godini napraviv profil, procedurava gleam e ista. Portalot izgleda kao seminarska od prva godina fax, i ne moes niso da naprais tamu osven da izvadis staz, elektronski potpisan, i da podnesis baranje za semejna penzija...
     
  17. Jan098

    Jan098 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2022
    Пораки:
    40
    Допаѓања:
    55
    Пол:
    Машки
    i da bidam politicki korrekten za temava, plata >100 000 (IT sektor)
     
    На daylight му/ѝ се допаѓа ова.
  18. GymGirl❤

    GymGirl❤ Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 март 2021
    Пораки:
    314
    Допаѓања:
    795
    Пол:
    Женски
    1000 евра плата конечно
     
  19. SlimReaper

    SlimReaper Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 септември 2019
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    88
    Пол:
    Машки
    Знам дека е 2 мин ама проблемот е излагањето од работа, од Карпош до Аеродром треба да идам.
     
  20. sugarmama_

    sugarmama_ Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    30.000 ден администрација во градежна фирма со искуство :/