1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колкава плата имате?

Дискусија во 'На работното место' започната од littleflower, 2 септември 2014.

?

Колкави се вашите месечни примања?

  1. До 10.000 денари

    45 глас(а)
    3,8%
  2. Од 11.000 до 20.000 денари

    290 глас(а)
    24,2%
  3. Од 21.000 до 30.000 денари

    355 глас(а)
    29,6%
  4. Над 30.000 денари

    369 глас(а)
    30,8%
  5. Над 40.000 денари

    46 глас(а)
    3,8%
  6. Над 50.000 денари

    94 глас(а)
    7,8%
  1. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    56.319
    Пол:
    Женски
    Де бре, ако доаѓаат од земјоделска средина зарем мора земјоделци да бидат? |(

    Слободен пазар на труд. Што не е јасно?
     
    На MilaP и okcenzi им се допаѓа ова.
  2. Independiente

    Independiente Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2014
    Пораки:
    787
    Допаѓања:
    1.558
    Пол:
    Женски
    да не знае некој колку плата се зема во горица трејд или анхоч?
     
  3. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.441
    Шо ви е бе? Кој колку сака нека зима. Свашта... Јас колку зимам, зимам. Мои си се, си купив голема ствар коа што поголемиот дел од моите врсници не би ја купиле и би ја скурцале на глупости или обично им ја купуваат родителите. И да, горда сум на тоа.

    Искрено да ви кажам и оваа теорија слободен пазар на труд не доведе на ова дереџе.

    Премногу луѓе добија мислење за себе дека поседуваат капацитет да работат интелектуална работа.
    И право да ви кажам јас не гледам ништо спорно и лошо да бидеш земјоделец и ќе се побијам сама и ќе речам - може да бидеш и високо образуван и да го работиш сето тоа.
    Попоштена и одработена работа и да нема. Ама вие, интелектуалната класа која го клати столчето по цел ден сака да купи пиперчиња за 20 денари килограм и се ви е скапо.

    Комплексите, свои и на родителите, учи синко за да не работиш, направија да се срамиме да работиме било што, а економијата ни тоне.
    Една Франција и Холандија, лежат на земјоделие, па потоа на технологија која пак се развива за да го помогне земјоделието и од таму како повратна спрега се развиваат технологии за други гранки.
    Само во Македонија владее површноста и суетата.

    Добар дел од едната страна од моето семејство се бават и со земјоделие. И кога зборувам за земјоделие мислам баш организирано работење. Со се модерна механизација, со се ангаржман на вработени за дневница и тие работат паралелно со сите нив. И да посочам - СИТЕ ДО ЕДЕН СЕ ФАКУЛТЕТСКИ ОБРАЗУВАНИ. Ми вика братучет ми - ах извини, мене некој идиот да ми го планира денот и животот, не фала, јас сум сам свој газда и правам што сакам. Сите се дисциплинирани, организирани и принципиелни. Возат автомобили кои тие од државна администрација можат да си ги замислат, а имаат и домови кои грото македонци кои пребираат што ќе работат и си замишљаат работа во канцеларија можат да ги посањаат. Ама нивниот работен ден е од 4 наутро до 9 вечер. Од план до производство, па од производство до пласман.

    Да речеш. ајде, батето има сон, има амбиција, го бива, нека биде многу. Ама не, на батето не му се работи... сака да седи во центар на кафе на пауза за 18.000 плата.
    Ај поред она што не лажеа, учи за да не работиш, па и се лажеме поред децата на транизциските профитери кои покрадоа и сега нивните деца, а наши врсници патуваат и само трошат пари, работат во некоја банка колку да се рече. А ти сирот, исто работи во банка, ама не можеш како него да патуваш и трошиш, па се чудиш каде е проблемот. Не бе злато, нема тој, татко му има и не, не сте исти... ти може и си подобар, ама се угуши во сопствените комплекси.

    Поправете ме ако грешам.
    Би одела и во длабина, но не би сакала да откривам премногу лични работи, па да видите колку чини и колку се зголемува фамилијарниот буџет од два хектари земја и три месеци труд.

    Не ги замислувајте вие модерните земјоделци како сељачишта кои се неписмени и знаат само да ринтаат. Затоа што денес ти да насадиш една нива, бара поголема математика и ментална снага него ли да маваш печати у архива и да заведуваш документи.
    Па направете една анализа на кое ниво на развој сме како нација... за жал.
     
    На Yeeah, eloves, theowndemon и 42 други им се допаѓа ова.
  4. Kukla994

    Kukla994 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    4.682
    Допаѓања:
    46.940
    200€ :D :D
     
    На ANGIE1, Mr. Right, GirlLove и 7 други им се допаѓа ова.
  5. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    56.319
    Пол:
    Женски
    Ама @Lilit, примерите што ги кажуваш се бизнисмени кои се занимаваат со земјоделие, не земјоделци. Тешко дека некој син од тие што работат за нив има капацитет да почне таков бизнис. Го гледа татко му како работи физичка работа и не сака да го прави тоа. Може и нема земја, па не може да биде газда. Или едноставно не го влече таква работа, па макар бил и газда. Гледал цел живот и му дошло преку глава.

    Гледа излез во факултет, па нека му е амбицијата и најобична канцелариска работа, за него изгледа подобро од земја. Може е срам и комплекс, ама во основа е желба за подобро. И нема ништо лошо во тоа да оди во друг град, да учи и да си ја проба среќата таму.

    Секако дека не се модерните земјоделци сељачишта, ама ете не секој од мало место сака да биде тоа.
     
    На НаталиЛили, Antebellum, jovanovska94 и 3 други им се допаѓа ова.
  6. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    11.707
    Допаѓања:
    150.441
    Бизнисмени се зошто погледот кон земјоделието им било такво.
    Се е бизнис. Тоа е слобода на избор, а не ова што го имаме низ огласите кои веќе и онака се пополнети.
    Зошто инаку би бил земјоделец? Само од љубов? Секако дека и за пари.
    Не седат во сакоа и да кажуваат кој што треба да прави, туку сите паралелно работат заедно со работниците.
    И за воља на вистината, има грантови за млади земјоделци кои се неповратни и можат да инвестираат во модерна механизација. Од друга страна и да нема земја, наем на земјиште е 2100 до 3000, зависи од земјиштето. Значи... се е до тоа како ќе си ги сфатиш работите.

    Ако сака да биде тоа, нека не кука од системот, државата, работодавците, тоа ми е муабетот. Мене тука ми е спорното. Се кука, а ништо не се прави. И не е точно дека е мачење, со денешната механизација, работата е далеку од премачна. Да работиш во погон како работник е сто пати помачно. Јас посреќни луѓе од нив не сум видела, кој како ќе си го сфати. И моралот во приказната е што не продава никому празна слама.

    И од Скопје да си, исто можеш да бидеш земјоделец.
    Ако во суштина ни е желбата за подобро, тогаш ќе правиме да е подобро. Но кога во суштина е да си лечиш комплекси, не е желба за подобро.
    И скопско поле зјае празно. Не викам јас ништо за миграција помал кон поголем град, туку воопшто изборот за работа.
    А од друга страна, иронија - тренд за органска храна и производство.
     
    На Divine91, JuLleE, Lewis Hamilton и 9 други им се допаѓа ова.
  7. LivingGlam

    LivingGlam Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 септември 2010
    Пораки:
    6.091
    Допаѓања:
    56.319
    Пол:
    Женски
    Во право си и те разбирам. Имаш такви примери околу тебе и добро би било сите да го имаат тој став - со работа и труд се успева. Јас имам поинакви примери на роднини кои по секоја цена сакале да избегаат од таква средина пропратена со сериозна сиромаштија. Цел живот учеле и се надоградувале со таа цел. И се прави интелектуалци кои завршија факултети и имаат одлични работи во Скопје. Секако дека нема да останат таму, амбициите им се поголеми и за среќа можат да ги остварат. Точно е - се’ е до тоа како ќе си ги сфатиш работите.

    Слободниот пазар на труд е добра работа се’ додека способноста се цени правилно. Секој има право со труд и желба да го постигне тоа кон што цели, се’ додека не одзема место на некој поспособен и посоодветен... а факторот соодветен не се заснова на географска одредница. Затоа и реагирав на постот на @Dorian Gray кој ми изгледа крајно ограничен.
     
    Последна измена: 27 октомври 2015
    На jovanovska94, Annath, Tanjamm и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Се е тоа убаво што го напиша, но многу повеќе би било издржано доколку и ти се занимаваш со земјоделие, своето научно знаење го вложуваш во земјоделието, опремата, стандардите и така натаму. И, не само тоа, туку да купиш куќа на село и таму да живееш, да се омажиш за селско момче, да му родиш 3-4 лепотанчиња. Заедно да го кревате бизнисот.

    Вака приказната е само уште една добра приказна и ништо повеќе. Градски девојки се најмалку компетентни да зборуваат за село, затоа што бегаат како ѓавол од крст кога некој ќе им каже дека е од село и дека се занимава со земјоделие. Во ред е, не судам, и јас би се размислил 20 пати каков би ми бил животот во село без инфраструктура и без живот, какви комшии ќе ме опкружуваат, какви луѓе ќе ме опслужуваат и така натаму.

    За жал кај нас уште многу одамна се направи катастрофална грешка со преголемата индустријализација на општеството и миграцијата село/град каде што буквално села од голем тип станаа пустош низ годините. И, буквално не се криви луѓето кога со нивен данок добиваа само ветувања со години, а живееја буквално во кал со никаква инфраструктура. Секој би бегал од тоа, па колку и да го сака својот роден крај.

    Пред неколку недели имав можност да прошетам до Богданци и Ново Село. Тие места се водат како општина/село, но многу уредни и развиени. Ретко можеш да видиш трошна куќа и несреден двор, добра инфраструктура генерално, типски градени куќи, а навечер си имаат кафичи за забава и излегување. Девојките убави и нежни ко македонска роса. Дотерани, културни, шармантни. Но, таква им е местоположбата, плодна земја, климата, многу фактори одиграле улога. Не секое село има исти природни и економски услови за развиток.

    Затоа кај нас денес е тешко да се развијат селата, а има многу убава заработка во земјоделието. Плус, субвенции и бенефиции на секој агол, а да не зборувам тоа што имаш во генералка бесплатна храна цела година. Сега вие пресметајте колку годишно давате пари на храна, а тие не даваат и плус јадат здрава и непрскана.
     
    На Antebellum, irenna и okcenzi им се допаѓа ова.
  9. Marick14

    Marick14 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 март 2013
    Пораки:
    3.679
    Допаѓања:
    2.931
  10. Dorian Gray

    Dorian Gray Активен член

    Се зачлени на:
    22 октомври 2015
    Пораки:
    80
    Допаѓања:
    174
    Пол:
    Машки
    Интересна анализа на ДСЗ...

    http://republika.mk/?p=504837

    На крајот излегува дека само политичарите се за сожалување. Кутрите само на нив не им се покачуваат примањата. Ах, заборавив тие своите милионски провизии и дневници не ги ни легализираат :D
     
    На MilaP му/ѝ се допаѓа ова.
  11. SWagger274

    SWagger274 Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 јули 2015
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    508
    Пол:
    Женски
  12. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    34.944,00
     
    На mami blue и toogood им се допаѓа ова.
  13. Spidy

    Spidy Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2009
    Пораки:
    4.169
    Допаѓања:
    10.771
    Пол:
    Женски
    Имав постирано дека работам како стоматолог, непријавена, за 10 000 ден. После 8 месеца, заради неочекувана ситуација, ми понудија да ме пријават и да ми ја покачат платата на (незамисливи) 12 000 ден. Дури не ми се веруваше што слушам. На моја огромна среќа, начекав оглас во друга ординација во правиот момент, бев на проба неколку дена и од 1ви јануари почнувам. Од прв ден пријавена и за плата 19 000 ден. Мислам дека конечно си дојдов на свое. :)
     
    На Actualized, Naked Gun, Ingvild и 32 други им се допаѓа ова.
  14. okcenzi

    okcenzi Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2012
    Пораки:
    3.522
    Допаѓања:
    9.558
    Значи многу ме нервираат вакви лупави цифри, а не знам зошто. Уствари знам, или дај ми ги тие 6 ден или земи ги тие 4. Аман.
     
    На Madam-A му/ѝ се допаѓа ова.
  15. ninja35

    ninja35 Форумски идол

    Се зачлени на:
    30 декември 2011
    Пораки:
    2.682
    Допаѓања:
    88.170
    Обично имав и по 50 дени, одамна не сум ги приметил....:P
    Кај мене е различно секој месец, зависно од бројот на одработени денови и саати...
     
    На okcenzi му/ѝ се допаѓа ова.
  16. India

    India Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2016
    Пораки:
    354
    Допаѓања:
    15.688
    Пол:
    Женски
    4 .000 франкови (се разбира не во МК)
    И тоа не е идеално како што изгледа, стан, јадење, шетање, сметки, лекови па 1000 остануваат..
     
    На cresa-jagoda и irenna им се допаѓа ова.
  17. Андроген

    Андроген Активен член

    Се зачлени на:
    9 јануари 2016
    Пораки:
    38
    Допаѓања:
    72
    Голема работа и ако некои завршиле високо образование и магистратури.(во Македонија секој може да заврши-таков е системот и менталитетот).
    Нека одат во странство на реномирани универзитети да се образоваат и нивните родители да им платат и до 500 000 долари до дипломирање.
    Па потоа се бунат зашто немало за нив работа и зошто биле малку платени.(колку ке вложите во вашето високо образование толку и ке профитирате од него-такви се правилата во светот капиталистички каде што високото образование е привилегија на богатите само).
    Во секој град во Македонија има градски и малограѓански фамилии.
    Исто така образованието не ги прави граѓани сите нив.
    Се знае што е малограѓанин и се познава од километар тоа во него и ке треба генерации и генерации да минат-бубањ-центрифуга шема за да се испере тоа малограѓанското од нив.

    Инаку на темата, се сложувам дека личниот приход треба да остане табу тема поради тоа што постојат луге кои што се обврзани со договор за работа и потпишале изјави дека нема да кажуваат колку фирмата плаќа за нивната работа (и со право затоа што одма ке настане бунт од страна на другите што земаат помалце а не ја вршат истата работа а мислат дека придонесуваат исто-лугето се насекаде исти а нивното око е ненаситно).
     
    Последна измена: 10 јануари 2016
    На kikin и Tanjamm им се допаѓа ова.
  18. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.324
    Zare uste postoi mesto na planetava kade se postavuva prasanjeto "KOLKU PLATA ZEMAS"?;(
    Sto e vazno kolku nekoj zema plata?8)
    Ke go cenime poveke, ke go brkame za priatel mozda i nas ke ne namesti negde, ke gi trosime parite zaedno, sto e sustinata na ova glupo prasanje?(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)(facepalm)
     
    На eloves, joy1, Nausicaa и 5 други им се допаѓа ова.
  19. Bender Rodriguez

    Bender Rodriguez The lovable rascal

    Се зачлени на:
    27 јуни 2015
    Пораки:
    2.623
    Допаѓања:
    32.778
    Пол:
    Машки
  20. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    @toogood Суштината на прашањето е да се задоволи копнежот на љубопитството на малите умови кои не знаат за граница на пристојност.
     
    На LollySky, b.u.tt.e.r.F.L.Y, toogood и 1 друга личност им се допаѓа ова.