Здраво! Ми треба мала помош. Минатиот празник (24 мај, Св. Кирил и Методиј) не бев на работа и не добив двојна дневница, но ми го рачунаат како неделен одмор. Како може да постапам? Да си побарам екстра еден слободен ден? Фала многу
Имам прашање во врска со работата, па ме интересира ваше мислење.. Значи веќе 2месеци иам голема одговорност, ме спремаат за шеф, ги организирам колегите, фактури, нарачки, прием, се јас.. Но како и во секоја фирма има некои што не работат и водат некој инат користат по 100паузи и си терат по свое. И се ствара револт кај колегите кој што стварно работата, и реагирав на нив и плус на менаџерот. И као се смени тоа неколку дена и после пак по старо.. Тие одредени особи кои што не се замарат секогаш си имаат оправадние за се, и си минат најлесно. А трчам, работам како коњ речено и имам покачување само 1500денари.. Се мислам дали да се откажам од сето тоа и целата таа одговорност, бидејќи некако не ми вреде за 1500 ден плус да се замарам и нервирам толку.. Или пак барам јас премногу?? Дали да чекам да мине уште некој месец..
Моментално земам помеѓу 26 и 30 илјади. Моментално задоволен сум, слободен сум со време т.е одморен, смените ми се добри, колегите во границите на нормала тоа е.. Искрено со оваа плата се живее да речам мизерно, така да среќа што имам дополнителни приходи уште 150-200 евра месечно иначе пците со маст не ме јадат.
Не вреди за 1500 ден покачување да носиш толкави обврски на свој терет, или барај покачување или откажи се од сето ова, според мене покачувањето е мизерно и не вреди! Знам какви обврски се има, и каква одговорност, како сите те гледаат сега, демек еве оваа стана шефица и ќе ни се праи паметна, епа нема сеа, и сл. мизерни глупости! Работев 5 години на ваква позиција и жифци искинав, и со вработени што не им е гајле за ништо, и со тие во админстрација и дирекција што беа, гледав да делам правда и на крај воочив дека е џабе, и си дадов отказ! Да не зборам дека покачувањето мое тогаш беше мизерно исто, ама не бев мажена и немав деца, немав обврски и не се замарав, работев како будала, и гледав да ставам ред, се нервирав постојано, и бев под стрес, ваљда касно сфатив дека е џабе и дека сум будала, гледај со време реши го проблемов или бегај си.
Фала многу! Плус, фирмава кај што работам се запна да бе ми дава двојна дневница за недела (работам трговија), со изговор дека добивам дрруг слободен ден во неделата. Како да им објаснам дека треба да ми дадат двојна дневница? (на мојот договор за работа пишува дека ми следуваат сите додатоци според закон) Фала многу!
Мора да ти дава, безразлика што имаш друг слободен ден! Очајни се сите аман! Посебно трговија и прехранбено, значи очајни газди за парички, а да не дадат ништо за возврат! Јас сум рекла ниту еден молл не ме гледа повеќе за работа, маркет па ич! Се е тоа искомплексирано бре, ужас до максимум, и ако имаш можност барај си со време нова работа, не ги трпи ама ич.
Ќе им кажеш дека тој слободен ден ти следува според закон исто како и исплатите. Најубаво јави се кај Народен правобранител, тие ќе те упатат како најубаво да им објасниш на газдите. Со закон недела е неработен ден за сите, а ти во текот на неделата мораш да имаш слободни денови. Доколку одиш на работа во недела МОРА да ти ја исплати, доколку имаш слободен ден преку недела тоа ти е според работниот договор, работната недела трае 40 часа, а не 168 часа. Тоа над 40 мора да ти го исплати. П.С. Не е до газдите, до вас е! Ако договорот ти е за 6 саати работа со пауза од 1 саат, тогаш користиш пауза од 1 саат и работиш 6 саати, не остануваш дополнително време да доработуваш и ќе си кажеш со време. Не може да правиш компромис за работни саати, ти тамо одиш за да одработиш 40 часа неделно, не одиш на одмор.
55.000 Повеќе од 6 месеци на истата сума. Фали покачување мало, ама пак е ок. За 2 години 100% покачување.