Ако си спремен да имаш веќе бела коса на 30 години и да работиш 15 сати секој дневно, а викенд пак обавези со фирма.
Тогаш џабе ти е толкава плата. Најголемо богатство е слободата. Многу значи 8 часа работа и два слободни денови во неделата. Никој да не те замара надвор од работно време и викенд. И парите даваат некоја слобода, ама кога немаш време да уживаш ништо...
Па вервај и да има, и тоа е проблем, ако се распуштиш со секакви друштва па и жени, ни бог не ти доаѓа на помош.
Во Нлб банка и во другите банки,по колку земаат плата на шалтер и други позиции? Исто адвокат,нотар по колку земате.
Е ова, богами има и такви што ги замараат и вон работно време преку викенд. И не разбрав зошто дигаат на телефон или враќаат на мејл. Откако видов колку менува слободното време, не го трампам за ништо. Ќе лежам, ќе вежбам ако треба, ама немам намера да се замарам одвишок.
Точно, не мора. Ама обемот на работните саати, работа за викенд и сооднос плата, повеќе од 90% одговара на описот. Инаку, баш поради тоа што мислам дека членот е во странство, а “поубавите” работни позиции ретко работат толку часа и плус за викенд.
Затоа што сигурно се имаат договорено дека треба да се достапни 24/7 Ами таквите менаџери се некои кои не знаат да си ја организираат работата од 8-16 и од пон до петок и преку викенд го работат тоа што не е сработено. А истите над нив имаат такви неорганизирани газди или директори. Праќаат мејлови, даваат наредби надвор од работно време итн. Ја разбирам да е нешто итно, нешто што во тој момнет треба да се извести, ама да е глупости не. Затоа и имаше еден круг и беа поделени на 4 Не е итно и не е битно. Битно е, ама не е итно. Итно е, ама не е битно. Итно е и битно е.
Зависи од природата на работата. Има дејности каде што сабота е работен ден. Таква е работата-врзани се со рокови и сл.
Адвокатите и нотарите не земаат „плата“, тие се вршители на самостојна дејност. Земаат 1/12 од остварениот нето приход од претходната година пријавен во УЈП, бидејќи за нив не важи Законот за минимална плата, може да имаат и помалку од минималната плата.