Адвокатурата нема фиксно. Извршители, Нотари се повереници на судот, Адвокатурата е јавна, самостојна институција .
3-4 дена сум на работа / пракса во неделата, 1-2 дена сум во школо. Учам за Асистентка за здравство и социјална работа ( за нега ) утре треба да ја земам првата плата 46.000 ден мегутоа првава година мие толку, а пак втората година ќе ми биде 62.000 ден па ќе се накачува.
Интересен ми звучи називов. Што поточно ти се обврските на работа и каде студираш за да можеш да го работиш ова? Фала ти однапред.
Здраво. Учам во Швајцарија, мегутоа тука системот е таков што за да се запишеш во средно мора да имаш работа. Јас дури оваа година почнав со средно тука бидејки ме вратија неколку години поради јазикот, иако во Македонија сега ќе завршував со средно. Најдов работа за асистентка за здравство и социјална работа и всушност тоа е нега на стари лица. Сега додека се испраксирам 6 месеци одам со некој од вработените кај лицата дома, а потоа ќе почнам и сама. Кај клиентите зависи од клиент до клиент, но обично имаме некој и да ги бањаме мегутоа ние вработените тука помгаме например за грбот да им го измиеме и да ги придржубаме во текот на бањањето, останатите делоби тие сами си ги мијат бидејки клиентите каде што идеме ние се доста по способни од колку лугево што се во дом. Исто така им даваме таблети, им мериме притисок, шекер, пулс, капки за очи, мењање на катета, штома, ставање на ластикот за циркулација на крв доколку клиентот има вени, мењање на преврски ( има доста дијабетичари каде што идеме каде што после операција им отстрануваат прст или дел од кожа со отворена рана па ги преврзуваме и негуваме ... мегутоа све ова со медицински ракавици, дезинфекција и доколку има потреба со маска нели нормално. За почеток мие работата одлична, додека го завршам средното ќе морам да работам на истово место, а подоцна сакам да продолжам со учење и сакам да завршам за акушерка. Е тоа ке е плата после зимање 7000 franaka = 455.000 ден. Човек да незнае што да им праи на тие пари после.
Моментално работам за Американска компанија ремоте, плата ми е $3,300, и многу е досадно ремоте да се работи...
Па да знаеш во врска со логистика на камиони се буквално, ако те интересира пиши на youtube има добри туториалс и ке ти стане малце појасно : how to be a freight dispatcher usa Види разгледај ако ти фаќа око, можам понатаму да ти помогнам со совети итн итн