Сфаќам, како се вика фирмата и дали само 2ра и 3тa смена се работи? И колкава е почетната плата? Пиши во порака, ако не сакаш јавно.
Само 2ра смена се работи 14:00 - 22:00 ; 23:00 претежно, платата за со 0 искуство (или ептен ептен малце) почнува мислам дека околу 25,000 - 30,000 мкд. Али за една - 2 години мислам дека се стига лагано до 100,000 +, секако се зависи од тоа како ке се снајдеш со работата
А инаку да поубаво е да работиш за Македонска фирма 8-4, да земаш 800 евра плата, и да имаш живот... А за америчкиве фирми глупости живи без везе работиш од 2-10 навечер од пон до петок, од дома работиш ( глупости) не треба да се замараш да идеш до работа на топло/ладно по улициве, да си работиш по пижами, да правиш пауза кога сакаш, и да земаш 3000 евра плата, стварно е безвезе да немаш живот многу е тапа не препорачувам на никој...
Е и ја работев во америчка со 650 евра само втора смена и стрес до даске, не од дома, та од дома и од канцеларија, ист стрес ти е ло бркаш статистики и сл глуспоти и мејловите од Quality Control насекое
Бруто? Добра плата е. Е сега што треба данок, давачки да се плаќаат, пензиско, здравствено и други бенифити, знае многу да ја намали. Ама тоа е. Некогаш знае да е досадно римоут, ама има своја драж и слобода.
Скроз те сфаќам, и не се замарај да објаснуваш. Веќе сум 7 години втора смена, за Америчка и јас работам. Ама само друго поле скроз. Ехеее колку ме прават забегана, па демек само финансии сум сакала, не биле само парите, и живот требало да се има. А тие кутрите луѓе по конфекции, фабрики што работат 3та смена за мизерна плата што да кажат... Така да не се жалам ич, и не се чувствувам како не знам што битно да ми фали или да пропуштам. Глупо е времето, да. Би сакала да можам од сабајле и да завршам ко нормален човек, во 16-17 ч. Ама платата која ја зимам не вреди да ја заменам за нормално работно време, барем така јас размислувам. Платата после сите давачки ми е $4.5k. Еве уште малце и на породилно ќе останам, ама како Американците и јас само 45 дена. Зафркнато е, не дека не е. После короната и канцеларија отворив дека морав заради обемот на работата. Ама сум на висока позиција во корпорацијата, па не одам секој ден во канцеларија и не морам да седам 8 ч пред компјутер секој ден. Искрено, да треба пак истиот избор би го направила. Работното време е смотано, ама пак од друга страна да зимав плата што е нормална за кај нас, ништо немаше да имам постигнато сама на мои помалце од 30 годин, како што имам сега. Кој што сака нека каже, ама во ова (не)време финансиите се и те како битни. Кај ќе стигнам, на сите им викам да гледаат да фатат некоја работа со странци, посебно Американци и Израелци.
Леле јас пак колку сакам да работам после 13, 14 часот. Ноќна птица сум, на секои 3 месеци ми се смачува животот од тоа 8 до 16, ужас. Едноставно не е за мене... Едит: Па и тоа спремањето за на работа, пеглање, ладно било, жешко било, во сообраќај цел саат... сакам да живеам бре...
Хаха, тоа е, секој е различен. Ма да со деца кога мораш да стануваш наутро, сепак мислам дека работењето од сабајле би било позгодно. Ама пак, се е до навика.
Зависи која фирма. Мали проектантски бироа 30-35к. Во поголеми фирми од 40-45-50к па нагоре зависи колку искуство имаш. Над 10години искуство 55-60к моментално. Ова за проектирање пишувам. Тие што работат на изведба на објекти варираат плати - пак од големина на фирма, искуство на инженерот, колку обврски има. Цирка 60 - до 90 000 да речеме. А ако работиш за фирма со странски проекти уште од старт даваат големи плати, ама осигурани на минималец. Архитекти што работат фриленс со 3Д, рендерирање за странство прават добри пари. Ако работиш сам за себе - колку си сработиш толку си вадиш профит. Нема фиксни плати, да ти каже некој толку и толку зема архитект.
И ако има фирми што малку даваат можно е повеќе да земеш ако ти се договориш така. Ако те бидува во преговори.
Секако. Се зависи колку си стручен, колку си искусен и дали знаеш добро да се продадеш. Платата во инженерските струки е ствар на договор. Може на оглас пишува 40к, одиш на интервју ти викаат ќе бидеш осигуран на минималец друго на рака, се работи секоја втора сабота. Ако кандидатот е малку несигурен, неискусен или е во тесно за пари може ќе прифати. А ако е искусен инженер, знае што работи и добро преговара - ќе си добие и многу поголема плата, слободни викенди и пред се - поголема почит од газдите. Така да пак ќе речам нема фиксна плата, ни фиксни услови кај инженерите.