Се чудам што читам, адвокати, инженери, им нуделе да бидат пријавени на минималец, а другото на рака. Што пензии ќе земат во иднина? Исто како чистачката? Не сум ни помислила дека такви малверзации се прават, посебно па адвокатите би требало да почитуваат закони.
За жал да, ова е многу честа појава. 50% од проектантските фирми го прават ова. И тоа најчесто кај млади инженери, кои сеуште не ни помислуваат на пензија. Верувам дека во секоја професија пробуваат со тие финти, па и кај адвокатите. Еве јас имам роднина што работи како механичар за коли, зема 45 000. Осигуран е на минималец другото на рака. А во години е човекот. Му викаме зошто не те осигура на цела плата ти се ближи пензија да имаш малку повисока. Епа му рекол газдата ако е осигуран на цела плата - тогаш помала ќе е платата - а роднината вика мене сега ми требаат повеќе пари имам деца за школување, колку толку ми плаќаат за пензија. Не знам што да речам. Голема малверзација се прави со населението. Затоа над 100 000 пензионери има со пензии од 15 000, едвај крпат крај со крај, но дури биле работоспособни и тие вака размислувале.
И јас знам луѓе што земаат над 40.000 денари, а се пријавени на минималец, ама тоа се занаетчии, обични работници. Ме чуди за адвокати, инженери, доктори, пари на рака, ејјј.
Не размислувале така. Туку во деведесетите така беше на секаде поради големата кражба на државни фирми наречена приватизација, каде што огромен број (100 тици илјади) на работници остана на улица и мораа да работат што најдат и каде стигнат за најмала плата заѕоа што баш тие директорчиња и шефчиња на државни фирми што све опљачкаа отворија нови фирми и станаа газди и се изживуваа врз народот. Впрочем и сега истото го прават но сега има поголем избор на работни места како и опцијата за работа во странство без разлика дали сезонски или засекогаш.
Со 15 000 пензија на коњот се. Повеќето не земаат ни толку. Знам за една постара жена со деменција шо беше, неможеа децата за неа да се грижат нонстоп и сакаа во дом да ја стават, во домот им рекоа дека ако нема пензија над 15.000 нема да ја примат.
Се е ова смислено многу добро за да се богатат они а народот да скапува и да се снаоѓа како знае и умее.
Така е затоа сме заробена држава, првин ти се уништува начинот на заработка, па образованието, па здраството, па секојдневниот живот а само одредена шака на луѓе живеат а тие останатите преживуваат.
Од адвокатите чекаме правда, почитување на закони, а тие пријавени на минималец, и земаат кеш на рака. Како тој ќе се бори за твои права на суд, кога истиот е обесправен и трпи?
Од занаетчија чекаме струја да ни направи вода да ни направи плочки да ни намести а како тоа да го направи кога зема минималец или ќе се поплавиш или ќе изгориш или некоја плочка на глава ќе ти падне, колата да ни ја направи а да не направиме судар затоа што откажале кочници или зарибал моторот при голема брзина и како и да мртов можеш да бидеш од сите работи доколку не се направени како што треба.
Ме интересира како се движат платите на општи доктори, државно/ приватно. Се наоѓа работа лесно, со оглед на тоа што нон стоп се жалат дека има недостаток на лекари?
Искрено лично би сакал целосната плата да ја добивам, без да уплаќам за глупости како пензиско и здравствено. Нека ме даночат по повисока стапка, ама не мора 50% од платата на државата да отиде.
Ок, не ми објаснувај, јасно ми е, ама јас немам чуено водоводџија на ТВ да збори за закони, а адвокатите одат по Тв, објаснуваат, а самите исто се жртви на мобинг, злоупотреби од газди итн. За што пропагираат што пишува во закон, кога истото не се почитува. И адвокатот ќе научи да лепи плочки, еве братучед ми едвај основно заврши, и повторуваше, па научи да лепи плочки. Другарка ми немаше пари да плати плочкар, им паднале дел од плочките, отиде во продавница, купиле плочки, лепак, фуга со мажот и самите залепиле. Моја сосетка гледајќи од нет, фурна изѕида во двор скроз сама, а не е ѕидар, ама луѓе не може да лечи ако изгледа видео на јутјуб или адвокат нема да биде ако прочита закон.
Поарно да не излегуват на тв и онака тие што се појавуваат врска немаат. Адвокат е еј и трпи закани, џабе учел тогаш. Ако тој не знае ккао да се справи со тоа или пак нема храброст тогаш поарно нека оди и нека се научи да лепи плочки. Еве чим твоите пријатели и роднини се толку паметни што можеби и со гледање на јутјуб видеа ќе можат да бидат подобри адвокати од него или неа.
Државата треба да си спроведе закон и да наплаќа даноци, придонеси од Дебар до Делчево и од Гевгелија до Куманово, на цела територија, ама затоа што сме држава со фалинки, епа затоа ПИОМ е во минус и го крпат со заеми. Еве нека не им даваат заеми, ќе нема пари за пензии, ќе настане бунт, ќе се смее светот дека некои сироти луѓе се тепале пред Влада за пензии. Инспекција требало одамна да им отиде и да ги казни тие адвокатски друштва, ординации што имаат пријавени на минималец. Јасно е дека адвокатот не работи за минималец. Од минималец ли вози џип? За плочкар не ти бараат диплома, одиш лепиш, за адвокат бараат и диплома и лиценца и за доктор исто.
Нас завчера водоводџија, за 10мин работа отпушување лавабо, и тоа со машина, ни зема 3000 ден. за 10 мин. Ама тоа е пошо нема водоводџии, едвај најдовме. Е сеа, ако сакаш лавабо, дај си 3000... Ја моментално (прва плата) ми е 400е нето.
Tvoive prijateli ,sosedi ,rodnini sve sposopbni ,alal neka im e,ama i ti da kazese deka nesto sama si napravila po doma od videa gledanje ubavo ke bese ,Nesosposobni ova advokoti i doktori zabe im e fakultet koga isto na mimimalec prijaveni kaj niv ne bi otislsla nesto da mi srabotat,ako ne znaaat da se izborat za svoite prava.