Може да пишеш која работна позиција и колку часа?Никој овде не пишува што работи ,позиција,странска .домашна фирма?
Во која фантазија живееш ти? Што очекуваш од политичари кој ти продаваат држава каков било начин од 1991 година до сега?
И на двете муабетите ви се на место. Ама Тања е во право. Неколку општини да не плаќаат данок и сметки, знаеш колку штетат на буџетот? Изгаси им бе сѐ. Гестапо систем. Им најавуваш дека од утре им гасиш струја. За да не страдаат децата. Вода, струја, интернет. Отсечи ги од светот. Замисли, замисли МИНИСТЕРСТВО за внатрешни раб и ПОЛИЦИЈА да НЕ СМЕАТ да ти влезат у селото. Грчец и Арачиново имаат оружје колку пола армија бе. На шо личи тоа? За шо ми е НАТО жити еден Господ објаснете ми кога за мноогу брзо ќе имаме граѓанска војна? Они коа сакаат можат да распалат по нас. Ја пиштол не знам да држам, кај нив не учат македонски, учат како да пукаат. Ете ти 33год НЕЗАВИСНОСТ. К мој незавиност. Ако не можам да натерам некој сметки да плати.
Епа затоа не се наоѓаат плочкари и водоводџии, скоро сите си заминаа, тука не ги ценат и работеа за мизерни плати. Сами ќе си лепиме плочки.
Цела фамилија ми се плочкари, ѕидари итн. Сакам да ти кажам, тоа не е најтешката работа на светот како што ја објаснувате и преувеличувате. Еден доктор за срце Жан Митрев вреди повеќе од сите плочкари во државата, ако го прашаш роднината што благодарение на него, 20 години живее по операција и се врати од смрт. Со ова темпо, нема да имаме ништо во државата. Нека паднат сите плочки во бањата, небитно е, ако имам тумор и нема лекар што навреме ќе го открие и оперира. Додуша, ако сакам да ме оперираат, ќе морам да барам врски и на лекарот да му дадам мито колку месечната плата на плочкарот. Не барај правда, ред во Македонија, правила, тоа го нема. Која држава зема заеми за да исплати пензии на европско тло? Само Македонија изгледа, за друга не сум чула и така ќе е, штом имаш сива економија која ти го јаде буџетот. За нас пензии дали ќе има, а ќе се убиеме од работа. За занаетчии сега сме во фаза кога приучени што скоро и да немаат поим ги чекаш 2 месеци да испорачаат услуга, а дебело ќе платиш.
Хаха не за жал. Освен ако не си дипломиран толкувач за Англиски со судска лиценца, нив цело време ги барам. Не за стално работно време, туку за привремени ангажмани, ми требаат често дополнителни толкувачи настрана од редовниве кои ги имам. Барав сега за на породилно кога ќе одам, ама секогаш вработувам од круг на познаници. Оглас не сум објавила никогаш.
Јас сум ))) и со магистерски во UK. Ама не барам моментално (2 мали деца, не ми се менува). Можеш чисто инфо во порака за некогаш.. На темата 70.000 мкд. во странска фирма.
Може и да се пишува дали сте на цела сума пријавени, дали работите во Скопје или во помал град, чисто за споредба, затоа што во Скопје платите се поголеми. Па и може да се додаде дали е работа од дома или се патува до работното место, оти тоа менува многу. Може заработуваш 50.000 во скопска фирма, си пријавен на 30.000 да речеме, ама си од Велес, па добар дел од парите ги трошиш за патни трошоци кои не се покриени. Ова па јас како се распишав, многу опсежно објаснување барам за да добиеме комплетна слика. Многу па е релативно тоа што е добра плата, а што не на крајот, зависно од сектор, возраст, години искуство итн.
Не барам за стално, барем не во моментот. Имам за стално вработени толкувачи, Ми треба за повремени ангажмани, пример еднаш/два пати неделно неколку часа и сл. $30/час. Доколку сакаш/Кога сакаш пиши, па може да се договориме за некој пат.
Исто така многу битен фактор освен дали се патува на работа, дали имате платена храна или сами си купувате, годишен одмор, празници и слично. Затоа плата како плата како бројка не е релевантна. Може некој зима 1000 евра плата, ама нема избор каде да купи за јадење, па плаќа по 250-300 денари секој ден, плаќа паркинг, или гориво од-до местото. Исто, ако патува 45-60 минути до работа, забе е висока платата. Исто, ако се малтретира, крева тешко, постојано е физички исцрпен, платата не игра улога. Некој може зема 25.000 од дома, под клима, не троши пари за гориво, храна и време за облекување и пативање. Некој зема 45.000, а ги нема наведениве работи како бонус, туку му се одземаат од платата.
Во право си но логично е да се измамиш по висока плата без да ги увидиш и другиве горе наведени фактори.