Во право си за ова со партиите ,сум работела попис и невладин сектор,ама не те разбрав за она стартна плата на жена од 50 години и твоја?На кого би му понудиле повеќе.
А бе тоа е јавна тајна, платата. И е глупаво да потпишаѓ дог, сегде е така и знам. Која е потребата? Ама па си се штитат бе фирмите. А ние работниците рмбај и ќути. Не знам дали само кај нас се преќутва за платите. 90 % од фирмите на огласите немаат плата, не пишува нигде. А како јас да се пријавам на оглас? Кога нема ништо од потребното ставено. А погледнете странски оглас.... Сте виделе нели? Од плата до бенифиции пишува. Тоа е тоа.
Сакам да кажам дека колешката со 50 години возраст и повеќе години искуство од мене, веројатно во старт и дале повисока плата и затоа ми е шеф на мене. Додуша има и 50 годишни што не се нешто професионални, па и не мора да значи дека добро ќе се пазари. Што и да ти каже некој, пак е тоа мачка во вреќа муабет, оти сите лажат. И јас сега можам да пишам основната плата е меѓу 50.000 и 60.000 ама не е, меѓу 30.000 и 40.000 е. Е сега, за бонуси, никој не знае кога и колку ќе ги има, како ќе оди работата. Кога сум добивала бонус со компензации, ако не ми треба, можам да го продадам нели и да си земам пари од тоа, ама не правев така, туку на една другарка на подарок дадов постелнина, на братучетка сум дала козметика на подарок, на братучед исто други производи што се таман за машко, на брат ми еднаш убав телефон му земав од ваучерот и така. Наместо да купам подарок, сум дала подарок од тоа што земам компензација, бонус, нормално сум чувала спакувано, неотворено, како ново. А за тоа дека ќе тужат оти некој кажал колку е плата, тешко, не дека не можат, ама тешко во ваква држава, со вакво судство и никој со тоа не се оптоварува. Во моја сфера, имаше еден талентиран колега, ама млад, кога почнаа да го цедат како сунѓер оние материјалистите што само дремат и пијат кафиња, и се прават паметни, му пука филм, дава отказ, и на Фејсбук во еден обемен пост, саглам ги исплука за сите пари, и газдата и шефовите, сите наведени со име и презиме и опишани ситуации како се однесувале. Ни тужба, ни реакција, само што дечкото си ја уништи кариерата и сега работи нешто друго. И износот на платата го наведе. Што ќе го тужат? Ќе извади извод од банка колку пари му пуштале.
Реално у право си. Зашо да трошам време за интервју ако немаат плата наведено. Сите работиме за плата реално, никој не работи за фала или воздух.
Реално, мене никад не ми прави разлика тоа дали има пишано плата во огласот, а и сметам дека не треба да има наведено плата нигде, него ранг на плата.. Пример ако бараат келнер, и ти се пријавиш на оглас затоа што пишале 50 илјади плата, а реалноста е дека тебе ти треба обука, не можеш од старт да водиш смена, да наплаќаш, ако немаш никакво искуство предходно и нормално помала плата ќе ти дадат, и после ќе си речеш види ги лажат за плата, од тој аспект сметам дека плата треба да се договори на лице место, и слободно можеш да кажеш дека не ти одговараат условите после интервјуто, да се заблагодариш и да си одиш.
Не знам зашо е табу. Еве и деца шо идат у Америка, никој ни приближно не кажува колку напраил. Не барам да ме частат. Може ја сакам да идам следна година, да знам дали се исплати. Треба да се праша, плата, услови, атмосфера работна. Ја пр сеа ко шо зиам 400€, ако сменам, ќе сменам за поише пари, и секако дека тоа прво ќе ме интересира.
Реално, ако работиш во еден ист сектор ајде нека се 3 или 5 години, ќе ги научиш кои фирми какви се, од каде има поплаки, од каде бегаат луѓето, а кои се добри, стабилни, со квалитетни работници, се шират со клиенти итн. Е сега, ова е малку смешна случка. Пред некоја година ми се јавуваат едни познаници ми бараат луѓе за фокус група, нешто тема пушење, или пива, така нешто, значи да видат потрошувачките навики како се, тоа ти е одиш таму, те прашуваат, кажуваш мислење, утре ги имаш парите. Ми бараат луѓе за фокус група, онака чисто на пријателска база да им препорачам, не ме плаќаат за тоа, и не е проблем, најдов повеќе, една пријателка си реков ајде, се жали нема пари, во ред, ќе дошла, ама ме прашува дали може и тато, го фаќа во група со возраст, го пишувам и него. Како да ја праќам во Кабул, па со некој во придружба. Даваа по 1.500 денари дневница за тоа, а двајца би земале 3.000 денари, а ако потрошиле за превоз, со билет, и тоа ќе им се рефундира. Поминува некој ден, ја прашувам на социјални мрежи како поминала, ми вели „аа, па не бев јас, ние не бевме, да не имаме проблеми сега, еј, да не не казнат нешто“. Каква неодговорност. Требаше да ја зезам, „сега ќе дојде полиција на врата, во притвор ќе те носат зошто не си отишла“. Тоа ти е пример како народов не сака да зема пари, дури и кога лесно е да се дојде со нив.
и јас имам некое слично искуство. Да вистина е, народов не сака да зима пари особено ако лесно се доаѓа до нив. Па барем да те известила или слично, глупава ситуација скроз а ти услуга и правиш
Ама суптилно го спротна инфово. На секој оглас стои кометенции кои треба да ги има некој за местото на огласот. Штом те примиле нема што да ти намалуваат плата за дополнителна обука. Во секој оглас треба да си има наведено плата.
Ма сигурно и ѕвонеле и тие, оти нели, прашуваат до крај си, ако доцниш 5-10 минути да почекаат, а девојката веројатно не ни кревала, што е глупаво малце. Можеле за глупости да си земат 3.000 денари дента(ќе те прашуваат кои цигари пушиш, колку долго, колку трошиш за цигари, под кои услови ќе ги откажеш итн), а тие и така седат дома, не прават ништо посебно и плус си затвораат врата за некоја идна соработка. Ако отишле тогаш, контактите ќе ги имаат во база на податоци, можат да ги викнат другпат.
(Не)плата, (не)комуникација, микроменаџмент, комплекси? Ми падна во очи една дотична, која ме контактираше пред х месеци. Искрено, ме заинтересира понудата. Разгледав убаво сѐ што ми испрати, уствари така суптилно протнатно беше сето, што нормално имав и прашања. Машала, се научија (овие од подобрите што и мене ме фасцинираа еве да признаам) како да ги прават на напредно ниво описот на работните задачи. Истата претходно (нели по обичај, копи-пејст имаше ,,ако имаш прашања слободно да си прашаш“) си наведе, иако и да не ѝ стоеше јас посекако си прашувам тоа што ме интересира. НЕ сакам кога се умислуваат како небаре те контактирале и треба да им се спружиш пред нозе(?!). Некултурна, дрска, простачки враќа во стилот ,,нема што да се мислиш, побрзо одлучи“. Да, да. Ти нема да ми одговориш на тоа што сум те прашала, не ми даваш најопшта информација за ранг на плата од-до и мисли дека ќе се кренам? Секој заслужува достојна плата, макар и почетник. А тоа дека се млади, дека немаат искуство сега не ни минува. Ми се допаѓа што овие млади веќе и не седат. Пријателка ми вели дека нејзините одма напуштаат ако некоја фирма не ги плаќа или им врши мобинг. Во вакво време каде слободно* може секој да дојде побрзо до нови вештини (куп можности низ интернет), каде што се случуваат промени воопшто мило ми е што преминуваат вработените во скроз други правци. И на крај не е битно што работи, каде работи, со кои работи, сѐ додека е некој достојно платен за неговиот труд. Аман веќе и од тоа ,,а ти млад/а си, што ќе ти се?“ и од таа преголема слобода на „HR“ да прашуваат куп лични прашања. Секој треба да си го цени времето, било тоа да е млад, средовечен или стар човек. Мене лично ако ми пукне филмот, знам и машки работи и ич нема да ми е срам да преминам во скроз друг сектор. Оти мене пример некој утре-друг ден да мисли дека може да ме зафркава, дека може да ме замени, слободно нека ме смени. Воопшто ми е одамна сфатено дека колку и да е некој квалитетен секогаш постои опција да е заменет и немам проблем со ова. *секако дека си има цена, стресно е кога човек се обучува за нешто друго. И смешни ми се оние практикантски работи (за кои можам баш прилично да зборувам), а колку омаловажуваат. Совет за оние што размислуваат да се впуштат, подобро волонтирајте во некои организации, дружете се со луѓе. Верувам повеќе ќе ви бидат од корист тие социјални вештини неголи овие другиве. Барем сега нудат бесплатни размени и низ Европа. Ќе прошетате, ќе си создадете свои кругови на луѓе.
Како се движат плати во македонски фирми за работно место логистика, набавки, општа служба, со работно искуство? Прво вработување ми е во фирмава, скоро 10 год сум, ок ми е платата ама ме нервира македонскиов менталитет и оговарања, упикавања и гледање туѓо гајле. Имам опција за странска фирма ама многу ми е сигурна работава, стабилна фирма е, па шубе ми е малку да мењам. Мала фирма е 40тина вработени. Сакам да направам компарација дали ми вреди платава, немам осет како се платите низ други фирми.
@ani23 пред да почнеш да работиш, а пример сакаш да стекнеш искуство одиш како практикант со надеж дека ќе те задржат. Практикантска работа нудат скоро сите фирми, моментално актуелна е ЕВН. @Tea SK избери странска фирма, немој со наши никако. Не само за плата, туку и начинот на комуникација е драстичен.