Повеќето држави во регионот имаат од 500 евра па нагоре минималец, мислам од екс ју, без Косово и Албанија.
Со овие плати, тонеме. Со оваа минимална плата, тонеме. Отворете огласници за Албанија, во Тирана има многу работни места каде нудат плати од 1.000, 1.300 евра плата.
Па искрено мислам дека може. Кога ќе видиш дека некој нов почнал на работа и одма е сениор, значи дека има и фина плата. Али претежно е IT секторот, во останатите сектори од одма не ти ја даваат таа плата, ама не значи дека не можеш да стигнеш до истата со искуство.
IT инженерите во администрација не. 50 000 ден земаат програмерите во администрација. И пред пензија да е , нема да му се зголеми за не знам колку.
Ја даваат одма во останатите сектори. Почетна плата на судии, обвинители е 120 000 ден. Ново именуваните не толку , но 100 000 ден сигурно е. Зборувам за Основен. Апелација , Врховен, Уставен и да не правиме муабет.
Работам 1.5 часа дневно 5 дена во неделата. Ме плаќаат окулу 3000 евра. Работам хибридно околу 50/50 физичко/онлајн.
Дали некој знае колкава плата земаат инженерите во Кромберг и Шуберт, Гентерм и сличните странски фирми во МК?