плата како плата е океј. Но, ако плаќш кирија 200евра минимум не е нешто посебно. Освен ако не делиш стан со цимер. Ако земеш во предвид дека во просек е 40.000плата а ете плус кирија 12. Значи можеш да изменаџираш и добро зошто и Скопјанец и луѓе што имаат тука станови а се од други градови истите трошоци ги имаат
во Скопје,не зборам централно подрачје туку предградие како Ѓорче,Влае,Илинден,Ченто итн кирија ти е најмалку 230 евра месечно. Така што спремај 15.000 мкд месечно. Или подобра солуција, барај цимери. Крајна цел, гледај стан да купиш,едно 65.000 евра за солиден стан
Со начинот на живот кој го опишавте - економичен, можете да заштедите. Има ефтини станови под закуп, така што не е неизводливо.
Се зависи дали ќе живееш сам/а или со цимер/ка. Ако делиш ќирија е океј, ако сам плаќаш така-така. Ќе имаш за живот секако, само дали ќе можеш се да си дозволиш зависи како трошиш. Скопје е доста поскап град од други градови, кафе, такси, пијачки, брза храна, пекари, паркинг, јсп. Зависи дали од што ќе се откажеш, со што ќе компензираш.
60 000, од кои 12000 за кирија, 5000 за сметки. 10000 заштеда, 30000 за бензин и јадење. Ние со дете, трошиме 20000 за јадење, па направи споредба. Ќе имаш доволно само ако менаџираш добро. Да не купуваш патики од 10000, да не купуваш мебел секој месец... Јас се иселив со 12000 плата, и живеев со цимери додека не дојдов до 30000, кога почнав сама. Киријата ми беше 10000, сметки 5000 и остатокот за јадење и океј ме беше. Ова пред 10тина години. Сам човек не троши за јадење ич, многу помалку за сметки од фамилија, многу помалку за бензин...
Кирија, сметки и храна можеш да покриеш со некои си триесетина илјади. Плус десетина да потрошиш за други потреби, ваљда ќе ти затреба нешто за себе да купиш и да се прошеташ некаде...Има и за да ти остане нешто на страна. Вреди да се обидеш. Или ако најдеш со некој да делиш кирија би било супер.
Повеќе од 10 години живеев во Скопје, под кирија и со плата не којзнае колку висока, но сепак доволна за да имам добар живот. Кога си помлад и кога си сам, ништо не е проблем, сигурна сум дека ќе ти бидат доволни. И не е лоша платата, сосема доволна за сам човек, па дури и за кирија и за се друго.Се се сведува на тоа, колку имаш толку трошиш. Јас би прифатила да сум на твое место.
Како некој што живее под кирија веќе две години можам да ти кажам. Зависно од тоа каде ќе земеш стан под кирија рачунај дека сега кириите се околу 200-300 евра. Сметките околу 50-60 евра отприлика, зависно дали се плаќа парно дали е на инвертер итн, сметка за телефон. Ако возиш кола, сигурно 1000-2000 ќе ти одат во месецот за колата, ама имаш и поевтина варијанта какошто кажа точак, или евентуално тротинет да си купиш зошо за во Скопјево се покажа многу корисен. За храна ние двајца трошиме 15 илјади, што значи дека ти сам би трошел сигурно 10 илјади во месецот зависно од тоа што јадеш може и помалку. Е сега види дали ќе имаш првите месеци нешто да заштедиш, тоа зависи и од дали ќе сакаш да искочиш, да пиеш кафе надвор, некоја книга да си купиш, па може на роденден ќе си поканет некаде итн. Според мое мислење 60 илјади се сосема доволно да живееш пристојно, доколку знаеш рационално да ги поделиш.
Кирија испод 250е нема да најдеш со сметки 300, од облека многу зависи што купуваш. Горе долу истата плата ја земам ништо не ми останува да тргам а идам пешки сегде ептен ако се брзам такси користам.
Па и сам пиша дека можеби некогаш ќе му затреба колата и нормално треба да има пари да си стави бензин.
За почеток во Скопје не е воопшто лошо. Башка контакти кои ќе ти произлезат, едно-друго. Немој да размислуваш предолго за стан и сл. Дојди, види си и почни. Со тек на време сам ќе си процениш која населба ти одговара и дали ти одговара воопшто да земеш нешто. На почеток немаш доволно јасна претстава, после извесно седење е подруго. Има и доволно случувања/настани воглавно и за ич пари (што не мора да значи дека не чини како што другите мислат), само треба да ги најдеш луѓето кои ќе ти ги кажат. Во врска со седење зависи што претпочиташ. Мој совет е да си седеш сам - оти како ќе си направиш да ти биде, така и ќе си тераш (ти можеш да си мислиш дека со цимер ќе заштедиш, ама всушност за ситни пари само нервози ќе си имаш). Да почнеш и да не слушаш никој. Среќно!
Дали некој знае колкава плата земаат инженерите во Кромберг и Шуберт, Гентерм и сличните странски фирми во МК?