Проблемот е што секогаш ќе има некој очаен кандидат што би прифатил и за минималец. Е овој тип се по*ерува за сите што си се ценат. @NoirSerpentine Игнорирај @Cycloastra
@eliesaab Ги разбирам и нив зошто најверојатно и тие не знаат која сума да ја кажат, особено ако се работи за почетници и често кажуваат пониска. Или пак се студенти кои уште немаат завршено и немаат искуство и важно им е да си набилдаат ЦВ. Не обвинувам никој од нив (секој си знае како му е) освен фирмите со вакви практики - тие се проблематичните, не луѓе на кои им треба работа.
Ова и не е баш редок случај, анализираш одредена фирма, гледаш огромен годишен приход во изминатите неколку години, искажана солидна добивка, а просечните плати на вработените на минималец, или нешто над тоа.. секако дека не ти е место таму, ништо повеќе од тоа да бидеш искористен на овој или оној начин ..
Не да е редок случај, прередок е. 1. На „хартија“ фирмата изгледа одлично. 2. Одиш на интервју. 3. Ти нудат минималец или нешто блиску до минималец. Сфаќам што пишуваш ама најчесто не е така. Ти анализирај колку сакаш, ако фирмата не ти понуди повеќе иако ти си пресметал дека може да даде повеќе, џабе е. Зашто во оглас може да наведат неколку одговорности, а после да ти додадат уште 10. Ти си проценил дека платата треба да е висока, ама тие процениле дека за таа плата треба да работиш како за уште еден. Затоа се оди на интервју и затоа се договара плата, услови и одговорности. Ако оставиле на твоја одговорност нешто што е нивно (како одредување плата), тоа е нивен проблем, не твој.