Мачката ме буди пред да почне концертот од самите аларми. Инаку, три аларми имам "за секој случај" и ги гасам кога станувам. Мислам дека мозокот ми е програмиран да не го регистрира звукот на алармот, тотално бескорисни ми се. Мразам да станувам рано и тоа е, само вака со присилно будење функционирам наутро. Мачкини шамарчиња for the win.
Немам ставено аларми на телефонот,не ми требаат.Имам развиено навика да станувам во одредено време и тоа е се.
Само еден и тоа преку онаа опција Bedtime/Wake Up, со тивка мелодија оти инаку се разбудвам со тахикардија. Понекогаш, за секој случај, местам уште еден, ама ретко кога ѕвони тој. Исто така, ретко кликам snooze. Инаку, сметам дека е многу безобразно, да имаш 93747292 аларми или исто толку пати да кликаш snooze, а некој да спие до тебе или во иста соба.
Јас со оглед на тоа колку лесно се будам не ми треба ни еден аларм, доволно е комшијата од горе кога ќе се разбуди. Инаку местам најчесто два, некогаш три аларми во рок од 10-15 мин, значи на отприлика 5 минути минути ми ѕвонат зашто после првиот не станувам одма и тоа ај уште 5 минути ќе се претвори во 2 саати. Па затоа си "дозволувам" околу 15 минути рок за станување. Goals ми се луѓе што местат еден или ни еден аларм и инстантно стануваат. Вака со одложување само непотребно се нарушува сонот.
На стариот телефон имав 50 и нешто аларми ама од 6 до 23ч на секои 5мин можда Зависи кога треба да станам. Наајчесто станувам околу 9 и имам од 8:45 до 9:10 на секои пет мин. Ако не сум многу уморна станувам уште на првиот, т.е го снузнувам и станувам на вториот Ако сум мртва може ич да не го чујам Иам преспивано по 3-4 аларми
И апсолутно ги игнорирам. За станвање. И за обврски. Едино ги перцепирам на некое, ваљда, несвесно ниво. Пошто си знам дека се 15 пример до 11:11 последен. И то ми е како рамка до кај сум со спремањето. Ако ѕвони последниот - каснам. Пак не реагирам ни тогаш, ама на некое чудно ниво сепак перцепирам.
Првиот е оптимистички уклучен стално за да станам пред сите кафето на раат да го испијам. Вториот е ако решам дека и не ми се пие толку кафе, само да се спремам пред сите да станат. Третиот е станувајте брзо мора да се спремаме и натака веќе непотребни се другите. А реалноста е дека ниеден не го регистрирам, обавезно едно од децата ме буди
Еден, со големи шанси да се успијам. Го исклучувам и секогаш велам 5 мин само уште да помижам , до сега еднаш дали сум презаспала ама маж ми секогаш станува пред мене па се чувствувам сигурно ама знае да ме остави плус 10 мин. повеќе што мене многу ми значат. Освен на два пати или три пати што се успавме заедно па не знаевме на каде да фатиме. Ама тогаш без деца па спиеш што ќе правиш, оди сега спиј како слободен уметник да те видам
Еден. И тој ми е за џабе зошто станувам и пред него само да ме не вознемири ко ќе ѕвони. Ова се случува само кога одам на работа прва смена, иначе сум си спанка по природа и ако имам некоја друга обврска во денот, знам да напраам снуз на десет минути, но ретко.
Еден,ама после прво будење уште 60 пати идам на snooze Што да правам,спанка сум,тоа си признавам... Откако ќе се расонам,прво што правам проверувам инста,фб и тука..Па следна работа е кафе ритуал
станувам на првиот аларм. имам прочитано дека за спанките добро е телефонот да го држат подалеку од себе., за да мораат да станат да го исклучат
Ниту еден, немам проблем со будење наутро. Си имам стекнато рутина т.е телото биолошки навикнато мие да спијам 6-8 часа, ако си легнам да спијам во 23ч, ќе се разбудам околу 7. Аларм ставам ако мора да станам ептен рано, тогаш правам 2-3 аларми за секој случај, иако првиот ме буди. А ако треба да се оди некаде, тешко дека очи ќе склопам хаха.
Еден имам и тоа само вибрира, често станувам и пред него ама си прилегнувам и го чекам да ѕвони. На тој 1 аларм стискам 3 пати снуз, будна сум веќе ама ме мрзи да станам. И ако се случи да закаснам посабајле, тоа не е зошто сум се успала, туку зошто не сум се убедила доволно брзо да станам од кревет .