Еден, снуз праам ама некад и не, лошо ми влијае снузот, шансите да се успијам и да не го слушнам коа пак ѕвони се огромни.
Не сум спанко по природа. Знам во 1 часот по полноќ да легнам, а во 6 часот да сум на нозе веќе. Скоро никогаш се немам успиено.
Некогаш еден аларм ми беше доволен, сега.... врз база на тоа колку сум (не)спиена денот пред да си легнам, изморена, депресирана, какви мууд суингс имам кога го "навивам" алармот, и каков ден ме чека.... минимум 2-3 аларми со 15мин. фора да станам (значи снууз има 2-3 пати). За "тешки" утра два телефони се во игра, и никако во опсек да ми бидат за да не ги исклучам случајно.
Зависи кој. Ако е жив аларм (луѓе што зборуваат додека спијам или одат), доволни се два. Ако е од телефон или каков било вештачки аларм, 10. Некогаш ниеден не ме буди додека сама немам желба. А кога е кнап (пример превоз), еден е сосема доволен.