Колку ве разочарале роднините?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 8 јули 2016.

  1. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.370
    Мене многу ме разочараа и заклучив дека пријател повеќе ќе ти помогне отколку роднина. Што вие мислите?Општо не само роднини, народот се менува на полошо.
     
    На EminemsGirl и marijaz им се допаѓа ова.
  2. joy1

    joy1 Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 август 2012
    Пораки:
    16.661
    Допаѓања:
    252.110
    Пол:
    Женски
    So ogled na toa deka na nikogo ne se potpiram ne se ni razocaruvam od nikogo potoa
     
    На Biljarkata, hermosa, blackwave и 20 други им се допаѓа ова.
  3. mami blue

    mami blue Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2015
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    21.971
    Пол:
    Женски
    Може сум ги разочарала, ме разочарале,ама ич тоа не ми значи, не се замарам едноставно
    Еден мој братучед, прв, ме избришал од Фб, неговите веќе не зборат со моите затоа што кога се породив со првата керка, само што си дојдов дома,одвај одев, болки , тие сакале да ми дојдат, од србија се инаку, фино лепо им реков ок, меѓутоа да дојдат попладне бидејки сум сама со малото, кога ќе дојде мм од работа, е неее неможеле тогаш,знаеш ми вика, и ние сме со обврски,а јас во спална, неможам од кревет да станам,заникаде уште гости да чекам?? и бидејки не се договоривме,се испоналутиле леле лелеее
    Друг братучед, се налутил зошто не сум го поканила на роденден кај керка ми,а јас викав деца од градинка,бидејки тие родендени се за деца,он замерил дека бидејки
    нема деца и затоа и не сум го викнала, и сеа смртно лут(facepalm)
    Не ми фалат ич во животов,кој како мисли нека си прави, повеќе живеам со комшии и повеќе они ке се најдат во животот отколку роднините..за завидување па да не зборам:headbang:
     
    На Afroditaaa, blackwave, Different7 и 21 други им се допаѓа ова.
  4. Bitter-Sweet

    Bitter-Sweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 мај 2010
    Пораки:
    8.614
    Допаѓања:
    48.933
    Пол:
    Женски
    Од некои многу се имам разочарано. Од сестра ми, мајка ми, татко ми, најблиските најмногу. Ако тие ми зборуваат зад грб наместо да ми го чуваат грбот, јас навистина не знам веќе што да очекувам од луѓето.
     
    На Princees, Afroditaaa, Different7 и 14 други им се допаѓа ова.
  5. smb asr

    smb asr Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јули 2016
    Пораки:
    583
    Допаѓања:
    9.524
    mene site rodnini me razocarale, za tatkomi i da ne zboruva, majka mi nekogas ama sepak popusta kon nea, ama sto e vazno ic ne se zamara so niv ednostavno bric po pic vlakna ic ;)
     
    На Different7 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  6. Tanjamm

    Tanjamm Популарен член

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    3.917
    Допаѓања:
    5.370
    Исто и мене блиските веќе да не зборам колку ме разочарале, со тоа колку се наивни, колку се дозволуваат да ги влечат за нос. И јас од фб избришав братучетки откако дојдоа кај мене на гости и место да прашаат како сум, цело време збореа за пари, колку земам, колку трошам. Не знам како не им беше срам пола саат да се замараат со моите примања, Прво не е учтиво да се брка по туѓи џебови нели, кој колку зема толку ќе има, негови се. Исто друга роднина без деца на која и бев десна рака, се разочарав кога слушнав дека зборела позади грб за мене, а при тоа фалела луѓе кои никогаш не и се наоѓаат и сакаат само парите да и ги грабнат. Многу лошо. Ептен. Порано роднина беше синоним на некој кој може да ти помогне, сега не, прв ќе те зезне. Затоа сум решена повеќе да се занимавам со себе, помалку со другите. Игнор за сите кои не заслужуваат внимание.
     
    На cresa-jagoda, martine, CameliaMiller и 4 други им се допаѓа ова.
  7. fallenangel

    fallenangel Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2010
    Пораки:
    2.092
    Допаѓања:
    16.126
    Не ме разочарале ама од злобни и прости луѓе што арно може човек да очекува. Избришани се од листа на живите, за мене не постојат, ниту ми се потребни.
     
    На Afroditaaa, cresa-jagoda, martine и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. alisijad

    alisijad Популарен член

    Се зачлени на:
    1 март 2015
    Пораки:
    3.305
    Допаѓања:
    6.729
    Пол:
    Женски
    Рoднини? Не сметaм декa пoстoјaт, теткa, први брaтучеди вo целa бременoст не пишaa дa прaшaaт кaкo сум, чaт пaт јa прaшувa мaјкa ми нa телефoн теткa ми демек се секирa. Пoсле серклaжoт никoј никaде ги немa, не ме прaшaa дaли имaм пaри з лекoви д купaм дaли ни требa пoмoш. А пријaтелкa нa мaјкa ми пет пaти се пoнуди и прaшa дaли имaм зa прегледи и лекoви. А дa кaжaм декa не сме се ни виделе целa бременoст.
    Себични и љубoмoрни е тoa се. Ќе пукнaт oд мaкa штo мм рaбoтеше вo стрaнствo и мислaт декa кутриoт дoнел стo илјaди еврa a дoнесе минимaлнo зaрaбoтенo сo мнoгу пoт и нaжaлoст сите oтидoa пo бoлници.
    Сум реклa кoгa ќе се пoрoдaм здрaвје бoже дa не ми дoaѓa дa ми изигрaвa теткa.
     
    На LadyC, cresa-jagoda, CameliaMiller и 3 други им се допаѓа ова.
  9. Yowannty

    Yowannty Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2012
    Пораки:
    4.533
    Допаѓања:
    100.527
    Пол:
    Женски
    Не ме разочарале, барем не најблиските. Не можам да си го замислам животот без нив. Нашите функционираат како едно големо семејство и многу ми е мило поради тоа. За носење одлуки сите се консултираме и советуваме има неверојатна поддршка меѓу нас. Нема ден да помине а да не се слушнеме. Ептен се држиме заедно. Сите деца сме третирани еднакво како секој од нив да ни е родител. Сме биле поддржувани, советувани, карани од сите кога имало потреба и никој родител не се бунел. Еве татко ми како е починат 4 година, неговите сестри а мои тетки не се смениле во никој поглед. Со мајка ми стојат како таа да им е сестра. Редовно се гледаме и дружиме. Исто со страната од кај мајка ми. Баш вечерва се собираат сите тетки, им резервирав кафана уште пред некој ден. Еднаш месечно обавезно се собираат во кафана од двете страни. А се дружеле/дружат исто двете страни меѓу себе и кога моите не биле тука. Со првите братучедки/ди не се гледам често ради секој со свои обврски, гледаме да се слушнеме одвреме навреме, ама кога ќе се видиме си споделуваме се како последниот пат кога сме се виделе да бил вчерата. Генерално многу сме поврзани меѓу себе и ако некој некогаш ме навреди или што знам...би била страшно разочарана...и депресивна.
     
    На do-re-mi, SV1911, LivingGlam и 12 други им се допаѓа ова.
  10. Princees

    Princees Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 април 2011
    Пораки:
    28
    Допаѓања:
    31
    Пол:
    Женски
    Порано се многу замарав што ќе кажат и што мислат моите роднини,особено мојата тетка и нејзините 2 ќерки,постојано ми солеа памет демек јас сум глупава и требало некој да ми го покаже вистинскиот пат,а за тоа не се биле способни моите родители,постојано ми се мешаа во врската со мојот дечко,демек он небил за мене,не ме сакал,и уште што не,тоа највеќе го праваѕ од лјубомора.Они и ден денес се обидуваат да ми зборат,ама не и обрќам внимание,сепак мој е животот,јас си знам што е најдобро за мене,и зад мене стојат прекрасни родители на кои само можам да и се доверам.И веќе додека не видам нешто со свои очи на никој не верувам,секој гледа да ти наметне нешто во денешно време,тие се фокусирани на лага љубомора,затоа живејте си го животот и ич да не се замарате што ќе мислат вашите роднини,само можат и да мислат,ништо друго.
     
    На rose60 и Tanjamm им се допаѓа ова.
  11. Capricorn96

    Capricorn96 Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2014
    Пораки:
    242
    Допаѓања:
    405
    Пол:
    Женски
    Премногу луѓе имам на таа листа "роднини", а никој не ми е близок. Зборувам за тетка, стрико, вујко и се натаму, никој не ме почитувал и ценел како човек, ни мене ниту моите, а дека сум нешто разочарана- не сум, такви ги знам отсекогаш и не ми е важно искрено. Е сега, за овие најблиските, да, се разочарував баш често ама веќе и тоа станува сеедно
     
    На rose60, Princees и Tanjamm им се допаѓа ова.
  12. YoungandBeautiful

    YoungandBeautiful Популарен член

    Се зачлени на:
    8 јули 2014
    Пораки:
    1.177
    Допаѓања:
    7.609
    Пол:
    Женски
    Повеќе од ова не можам да бидам разочарана. Какви роднини, исто ко да ги немам.
     
    На cresa-jagoda, rose60, Princees и 2 други им се допаѓа ова.
  13. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.250
    Допаѓања:
    7.106
    Пол:
    Женски
    Мојата фамилија е мала и со тек на времето уште се намалува:(
    Тетки,чичковци,вујковци,стрини немам:(
    Една братучедка ми почина,друга братучетка и 3 братучеди исто како да ги немам.снаи,и тие се губат:(
    Нели немам брат или сестра....ништо немам:(
     
  14. Victorian

    Victorian Популарен член

    Се зачлени на:
    4 јануари 2012
    Пораки:
    869
    Допаѓања:
    4.862
    Пол:
    Женски
    Знаат да ме изнервираат и да ми го подигнат притисокот ама не и да ме разочараат. Ги знам доволно за да знам што да (не) очекувам од нив.
    Битно ми е да не се разочарам во најблиските (мајка ми, татко ми и сестра ми), другите и да ме разочараат нема да ми биде многу галје :)
     
  15. Lilit

    Lilit Форумски идол

    Се зачлени на:
    25 ноември 2009
    Пораки:
    7.685
    Допаѓања:
    103.070
    Пффффф слушнале нешто дека праам со нешто што ми е од дедо ми, ко муви се испозалепија.
    За заем и поклон, јер сама сум била, да сме си се држеле така, да сум ги помагала, за да ми помагале утре они.
    А тоа на нотар ќе го завериме или како?

    Не сум разочарана, само сеир пукам, зинуло дупе за пари и си се смеам.
    Цел живот сум 13то прасе, дека си еден не си вреден и со малку ќе се задоволиш според нив.

    Ќе мислам уште сеа шо ќе биде коа нема да ги имам моите, цитирам - маж нема да те разбере, ама братучеди да. Глеам, затоа кренале слушалка да прашаат како се чичкото, стрината, тетинот, тетката... Шетај таму. Ова тетка ми, ама ќе се прошири причата, осеќам.
     
    На blackwave, Evripigi, crimson и 9 други им се допаѓа ова.
  16. shz

    shz Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 септември 2012
    Пораки:
    3.152
    Допаѓања:
    35.645
    Пол:
    Женски
    Јас сум скоро од сите разочарана почнувајќи од тетки, чичковци, стрини, братучеди итн. Имам неколку тетки и откако знам за мене никогаш не се прашале за мене или да дојдат да ме видат, да ме сретнат на улица нема да ме познаат, ај да се некои далечни роднини ај ќе разберам некако ама сестри на мојот татко да не се интересират за својата внука да ја видат, да ја слушнат незнам што да кажам (facepalm) Јас имам внук и внука ама никогаш нема да постапувам така како моите тетки. И со братучедите е иста песна само со едни сме само на здраво со другите како да не се познаваме.
     
  17. Solventna

    Solventna Активен член

    Се зачлени на:
    5 јули 2016
    Пораки:
    20
    Допаѓања:
    167
    Пол:
    Женски
    Кога ти е лесно и кога имаш пари сите те разбираат, ама кога немаш пари а имаш неко проблем тогаш нокој нема врее.
    Јас не ни знам што се тоа роднини, затоа што нив ги доживувам претежо како познаници а не како фамилија. На пример кога ке слушнам дека некој од нив умрел тетка, тетин, стрина... не уствувам никака емпатија тотално сум рамнодушна.
    А дали домашните ме разочарале не би сакала да зборувам и да ме разочарале нив секогаш се им е простено, гледам јас нив да не ги разочарам.
     
    На cresa-jagoda, anakonda88, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. Pcelka94

    Pcelka94 Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 јуни 2015
    Пораки:
    1.198
    Допаѓања:
    4.383
    Пол:
    Женски
    Кoлку ме рaзoчaрaлеее!?
    :^)

    10000000000000000 пaти ѓе рaзoчaрaле :(
     
  19. ToksycznaReakcja

    ToksycznaReakcja Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2016
    Пораки:
    378
    Допаѓања:
    1.457
    Повеќе ме разочареле од било кој лицемерен пријател досега.
    ( семејство а најлошо зад грб да ти мислат. )
    Ќе ми биде мило доколку и јас сум ги разочарала во нешто.
     
  20. CrazyGirl15

    CrazyGirl15 Популарен член

    Се зачлени на:
    30 јуни 2011
    Пораки:
    3.668
    Допаѓања:
    18.536
    Пол:
    Женски
    Premnogu me razocarale . Bas pred nekoj den eden rodnina go prijavil mm zatoa sto motorot na kolata bil mnogu bucen :fubar:(facepalm) patem istiot tetin mi e i komsija , zivee na pocetokot na ulicata a mojte na krajot . Za mojte prvi bratucedki i nina mi , ic usta ne otvoram . Uste odamna me imaa razocarano , bevme zaedno na odmor drustvoto na postarata braducedka , sestra i ( pomalata bratucedka ) sestra mi i drugarka nejzina , vo kamp vo Gradiste . Zamisli , drugarka na bratucedkava si donese dve nejzini bratucedki i nivni dve drugarki , a nas ne izbrkaa od kampot , koj nie go plativme i imavme isto pravo kako i tie , megju nas nastrada i pomalata bratucedka , i ne ispratija da spieme kaj komsiite mene i bratucedkava , a sestra mi i drugarkata spiea na plaza bidejki nemase mesto za niv :^) uste sabajleto gi izbrkavme devojcinjata sto dojdoa i drugarkata na bratucedka mi koja gi donese bez da kaze na ostanatite vo kampot . Sekako , bratucedka mi digna golem bunt protiv nas pa na krajot zavrsija nadvor od kampot , so del od parite ( za onolku denovi kolku sto ostanaa od 10 dnevniot prestoj tamu ) . Posle ova ne zborevme celi tri godini . Pred dve godini povtorno zazborevme , i koga se omaziv , rodiv edno , bese se vo najdobar red . Koga rodiv vtoro dete ne se ni javija da mi cestitaat , a se deca na brat na tatko mi :fubar: mislev deka moze da se potpres na familija , ama jas povekje mozam da se potpram na drugarka mi koja ja poznavam od 7 godini , otkolku na bratucedkite koi gi znam otkako pamtam za sebe si |(
     
    На Fiorella994, cresa-jagoda и alisijad им се допаѓа ова.