Колку ве разочарале роднините?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 8 јули 2016.

  1. AriLangdon

    AriLangdon Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 септември 2020
    Пораки:
    219
    Допаѓања:
    1.491
    Пол:
    Женски
    Сите роднини - ужас. Со никој ни се слушам ни контактирам. Љубоморни, завидливи, лоши. Не ми требаат такви во животот.
     
    На Miami Vice City, Mala maca, Justicija и 6 други им се допаѓа ова.
  2. Bezobrazna01

    Bezobrazna01 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 август 2020
    Пораки:
    401
    Допаѓања:
    3.096
    Пол:
    Женски
    Јас братучеди/братучедки имам ама како да ги немам
    Овие братучедки што се од страната на мајка ми исто како да не постојам за нив
    2ри братучеди основно учев со нив 4 год во исто училиште, не ме прашаа Како си?
    Пред некој ден излегов во градод (сама) налетав на вујкоми со неговата керка (моја 2ра братучедка) се поздравив со Вујко ми си напраивме кратко муабетче на 2-3мин, а оваа пак брачетка ми како да не ме познава, ако не и пружев рака да направиме здраво немаше ниту даа и текне на неа.
    Ама гајле не ми е, не сум јас за едно нивно "ЗДРАВО" "КАКО СИ?" или неш сл.
    Имам другарки до мене кои ми се нашле во сите тешки времиња, јас па ке се секирам за братучедите мои(facepalm)
     
    На Justicija, Принцезичка1, cresa-jagoda и 2 други им се допаѓа ова.
  3. thelittle17

    thelittle17 Популарен член

    Се зачлени на:
    31 август 2010
    Пораки:
    3.749
    Допаѓања:
    8.670
    Пол:
    Женски
    Јас имам пекрасни родители, брат кој секој може да го посака! Први братучеди како сестри и браќа, буквално да се јавам по полноќ, што и да ми треба, би дошле каде и да сум! Имам уште една баба останата жива, скромна и мирна. Во глобала сме голема фамилија, сите гледаме да се почитуваме, и сакаме, сите со секого живееме, имало и кавги, ама не толку големи за да го "срушиме" тоа што сме го граделе цел живот. Сега со коронава се немаме видено со месеци, не сме се ни собрале, што тоа за нас е и предолго време, барем еднаш во месецот сме се собирале сите, сега само се слушаме, за мене фамилијата, семејството, роднините, се нешто најважно во животот, дали дека така сум навикната цел живот да сум со нив, не знам.. :l:
     
    На *malenavolena*87, cresa-jagoda, Bezobrazna01 и 2 други им се допаѓа ова.
  4. snegulka55555

    snegulka55555 Активен член

    Се зачлени на:
    21 ноември 2020
    Пораки:
    114
    Допаѓања:
    78
    Me razocarale i toa mnogu! Ama neli se reklo "kjuti na ridninite, roda ne se bira!", e zatoa da si molacm i da be si ja navredam rodata...|(
     
  5. anelchylola

    anelchylola Истакнат член

    Се зачлени на:
    12 август 2019
    Пораки:
    62
    Допаѓања:
    189
    Пол:
    Женски
    So tetka mi sto mi bese kako vtora majka ne zboruvam godina ipol...
     
  6. *malenavolena*87

    *malenavolena*87 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 мај 2019
    Пораки:
    1.699
    Допаѓања:
    3.500
    Пол:
    Женски
    Моите роднини многу ги сакам и почитувам. Додека бевме деца често се собиравме што од страната на тато со неговата сестра и братучедите од таму што од кај мама со вујковците и братучет ми.... Како растевме секој со свои обврски и нели веке не одиш со мама и тато по гости :) но секогаш сме тука едни за други.... Со вујкоми бев многу блиска уште од дете и неговата смрт ја доживеав многу тешко
     
  7. Kataklinkers

    Kataklinkers Популарен член

    Се зачлени на:
    10 септември 2014
    Пораки:
    1.616
    Допаѓања:
    9.491
    Ни не очекувам многу знам дека ќе се разочарам.

    Освен една прва братучетка се друго ме има разочарано за била каква услуга.
    Само гледаат да фатат сеир, да се исмеваат, да се ситат на несреќа.
    Истите после тоа расправаат на други и се чудат зошто никогаш не им се јавувам.
    Јас сум таква и приметувам дали некој сака да се дружи, да прави муабет без разлика дали е роднина или пријател. Ако се осетам отфрлено чао и пријатно, не ме гледаат следен пат таму.

    Тие викаат дека јас не ги дружам што не е точно, како можам со останати да сум дружељубива и да имам муабет за секоја тема, а со нив не?

    Сакаат да бидат почитувани и да им се молиш, а да не почитуваат и да те гледаат одозгора. Сакаат нив да им се однесе за се подарок и да им се посвети внимание, а тие на никој немаат купено ништо се прават дека не знаат, дека некој му е роденден, има бебе итн.
    Прекинав и јас да им честитам било што, како што тие забораваат така и јас.

    Ќе беше поубаво да можевме да си ги бираме како пријателите.
     
    На Crna Dama, Bezobrazna01 и edna_malecka им се допаѓа ова.
  8. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.800
    Допаѓања:
    173.176
    Пол:
    Женски
    И така едно 4 ипол години од пишаново... татко ми почина, а една од сестрите не се ни јави да даде сочувство..
    Другата ме лажеше по телефон зошто не можела да дојде на погреб.. па тие лажни солзи .. на сета мака сакав и да се изнасмеам ама ајде..
    И ниту еден (прв)братучед/братучетка од страната на татко ми...

    Од нив не сум се разочарала ама баш ич:D
    Ама се изненадив од брат му:tmi: може стварно се менувал човек...
     
  9. LadyLollypop

    LadyLollypop Популарен член

    Се зачлени на:
    14 февруари 2019
    Пораки:
    1.126
    Допаѓања:
    5.414
    Пол:
    Женски
    Прими сочувство мила :hug:

    Нека не те чуди тоа, мајка ми се 3 сестри, најмалата се испокара со мајка ми и тетка ми за имот и ај овие како постари и попуштија и и оставија се на неа, ама да биде покрај дедо ми, баба ми веќе беше почината. Кога почина дедо ми (починал рано сабајле) ноќта пред погребот некаде 11 часот беше, се јави сестра од баба ми да ни каже дека починал дедо ми.
    На денот на погребот отидовме јас, мајка ми и тетка ми само и стоевме настрана како далечни комшии да сме.
    Тогаш мајка ми и тетка ми тргнаа да влезат во црква, јас останав надвор и брат од маж и на таа најмалата рече "Овие две сега им текна да дојдат, вчера цел ден ги немаше, а за имот ќе трчаат". Му се свртев и му реков "Да не беше баба ***** немаше ни да знаеме дека дедо починал, зашо снаа ти тешко и беше да дигне слушалка и покрај се што и оставија", маж и кој беше тука само ја навали главата.
    После некое време, синот го женеше, па и рекла на баба ми да ги праша мајка ми и тетка ми дали ќе сакаат да дојдат на свадба. Секако рекоја дека не, штом таа не дига слушалка, тетка ми и покрај тоа што рече нема да оди, сепак замина, мајка ми не.
    Ме сретна мене по пат, таа со снаа и, ме допре да ме праша како сум, како е мајка ми, јас само се позз со снаата и заминав.
    Кога се мажев, лично јас отидов да ги канам братучедите (синовите нејзини) и ми вика "а за нас нема покана" жичките ми се споија и реков чекај може на баба да и јавам да те праша дали сакаш да дојдеш, ама и да сакаш , ја не сакам" станав и заминав. Со братучедите сум во контакт, а и комшии станавме, со неа и ден денес не зборуваме (а ја гледам скоро секој ден) и покрај што почна да се јавува и извинува.
    Се менува човекот, но премногу касно.
     
    На "Zoki" и Justicija им се допаѓа ова.
  10. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    19.756
    Пол:
    Женски
    Прими сочуство Даст за загубата на татко ти ..... човек се признава дека е човек кој ти е до тебе кога ти е најтешко, тие што не биле тука не ги сметај ни за роднини ,исто ко да не постојат .
     
    На hermosa, LadyLollypop, "Zoki" и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  11. "Zoki"

    "Zoki" Популарен член

    Се зачлени на:
    2 декември 2016
    Пораки:
    1.032
    Допаѓања:
    9.127
    Пол:
    Машки
    Прими сочуство Даст.
    Кога ти е најтешко ќе видиш кој ќе ти помогне.
    Се останато бриши.
    Џабе ти глумат колку им е жал.
     
    На carangigia и edna_malecka им се допаѓа ова.
  12. Crna Dama

    Crna Dama Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    2.792
    Допаѓања:
    21.846
    Пол:
    Женски
    Што имам братучедки од секогаш биле многу љубоморни, и себични, и никогаш не ми помогнале во ништо ама...биле такви секогаш си гледаа само за нив две сами..Не можам да сватам како можат да бидам такви, јас од кога се знам самата себе, секогаш сум била тука за нив во било кое време, и да им помогнам и све..
     
    На Компир Манџа, Mala maca, hermosa и 2 други им се допаѓа ова.
  13. Mala maca

    Mala maca Активен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2023
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    3
    Пол:
    Женски
    Значи било да се се роднини од страна на мајка ми или татко ми сега покојни ,можам да кажам дека местото нивно е за во канта ,ме оговарале ,озборувале и ред други лоши работи што нејкам ни да ги споменам ,затоа за мене се помножени со нула.
     
    На Aschenputtel и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  14. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    Роднините не е тоа што беа порано. Ми имаат раскажувано моите и баба ми и дедо ми како било порано со роднините.

    Те гледале како помал/поголем брат или сестра. Заедно искачале, си се чувале меѓу себе, никогаш не се оговарале или збореле за роднината нешто лошо пред други...

    А денес?
    Денес јас во ова време на голема недоверба во луѓе, имам најмалку доверба во роднините и повеќе се пазат од нив, отколку од непријателите. Со чест на исклучоци, кои се бројат на прсти.

    Денес роднина може да се искористи, а случаен минувач може да ти помогне повеќе од нив.

    Многу сум разочаран од моите роднини. Скоро 90% ми се од другите градови, а ги имам многу. Но вооошто не се надевам на нив за ништо.

    Умре тоа време. ;(
     
    На eliesaab, Mala maca, DragonFly22 и 3 други им се допаѓа ова.
  15. Dilajla123

    Dilajla123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    6 декември 2022
    Пораки:
    146
    Допаѓања:
    1.372
    Пол:
    Женски
    Во право си, на на моите родители, братучедите уште им се обраќаат со дада и бато.Имам и јас една што е така воспитана и ме ословува со дада ,дека е помала и кога така ми се обраќа ми доаѓа многу мило,ја чувствувам блискоста.Со некои други како да сме познаници,а не сме се замериле ,сум иницирала средба,неуспешно,иста крв,тажно ,навистина .
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.
  16. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Точно сменети се времињата, друго било тогаш, си се дружеле и држеле роднините на купче. Често имало печалбари ќе остават фамилија тука и роднините ќе им потпомагаат колку и што можат.

    За моиве роднини можам да пишам повеќето се одамна заминати во странство и ај каде се одродени туку и така ретко кога ќе наминат во Македонија, што им е попатна станица по турнеите низ Европа, само го истакнуваат материјалниот статус. Никакви духовни вредности немаат или воопшто ги немале или изгубиле по пат со интеграцијата во туѓина.
     
    На eliesaab, Mala maca и Компир Манџа им се допаѓа ова.
  17. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    И тоа викање ,,бато" и ,,дадо" веќе се изгуби. Ретки се случаите, но ги има (како во твојот случај).
    Во право си дека тие обраќања носат милост и блискост, но за жал денес ни помал брат или сестра не ти се обраќаат така, освен во помалите градови и села.

    Јас порано исто како тебе сум иницирал средба. Ај дека родниниве ми се во помалите градови и ќе отидам по некоја работа таму или викенд-одмор, ќе сум им се јавел да се видиме, и нивниот одговор бил: ,,не знам, ќе видиме", ,,ај ќе те барам", ,,не сум во можност", ,,договорен/а сум".

    Јас сум од Скопје и во ваков град во кој се живее побрзо, би нашол време да се видам со било кој што би дошол од друг град. Но не се сите како Компир Манџа.
    Некогаш знаат да ми се јават на телефон и јас очекувам после толку време ме бараат да се видиме, а тие: ,,Здраво Компир Манџичке, како си? -абе да не имаш некој во суд? Ме сопре полиција и ме казни". И толку е муабетот. И да имам, не би му помогнал, од причина што јас не сакам да помагам на таков начин и од причина на непочит. Се јавуваат само кога имаат потреба и корист, а јас сум човек што мразам некој да ме искористува.
     
    На Mala maca, Dilajla123, hermosa и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  18. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Од малкуте во градовиве што ми се и јас го имам заприметено ова, дури и ќе те одбие со изговор не излегува и ќе ги начекаш низ град па ти се правдаат абе другарчево ме викна итно морав ова она...
    Воглавно ако не си им од таму, немаат корист па пред се ќе си се подружат со луѓе од таму од кои во иднина би имале повеќе корист.
    Само едно ме нервира први се да канат за прослави и свадби, јас се шалам кога треба да сум банкомат само викаат.:D
     
    На Mala maca му/ѝ се допаѓа ова.
  19. Компир Манџа

    Компир Манџа Популарен член

    Се зачлени на:
    12 ноември 2019
    Пораки:
    4.251
    Допаѓања:
    6.374
    Пол:
    Машки
    Имам осеќај како со други очи да ме гледаат родниниве од помалите градови и села. Немам никому лошо направено во животот за да биде така. Не знам што е проблемот...

    Има некоја причина, но не ја знам која.
     
    На Mala maca му/ѝ се допаѓа ова.
  20. DragonFly22

    DragonFly22 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2024
    Пораки:
    695
    Допаѓања:
    3.016
    Пол:
    Женски
    Дел љубоморат демек од Скопје си, а за нив како Скопје да им е неостварен сон.
    Дел едноставно не си им приоритетен, пишав пред се ќе си излезат со некој близок од таму да не им е џабе трошено времето.
     
    На Компир Манџа му/ѝ се допаѓа ова.