Роднините не, колку што родителите заедно со брат ми. Одеднаш се свртеа против мене, незнам зошто. Од тогаш дистанца, таква сум јас, како некој те почитува така и ти ќе го почитуваш, па и родена мајка да ми е.
Зошто? Лицемерие се вика тоа. Добро што си се тргнала од нив, макар и да ти се роднини. Такви луѓе не заслужува никој да има...
Такви станаа од кога почна процесот на развод на брат ми. Прво ми побараа да бидам лажен сведок против спротивната им страна/бившата жена на брат ми. Секако одбив, бидејќи Господ ми е сведок и такво нешто не правам. Тогаш, ми рекоа заборави дека имаш родители. Си велам, нервозен период им е, ќе помине. Арно ама, ми го повторија тоа уште еднаш и сфатив дека не било до периодот. Не сме во контакт, ама се немаме ниту скарано, едноставно се дистанцирав без некоја си галама. Ме викаат чат пат на слава пример, на роденден на малечката од брат ми и идам зашто сум тетка и премногу ја сакам. Сето тоа се сведува на кратка посета чисто од почит. Значи, дали два-три пати годишно им одам на гости иако ни тоа не заслужуваат оти тие одамна престанаа да доаѓаат кај мене. И по малку поради моите деца, кои сакаат кај баба и дедо и тие не се виновни за нашите препирки.
Охоооо, па такви deadbeat роднини- разочарувачи ко моиве никаде на светов нема Сите од прв до последен, од најблиско до најдалечно крвно сродство ме имат разочарано.
Напротив, се дешава и тие два три пати годишно што ќе им отидам со некој повод, да ме напаѓаат. А да се секирам, ич Немам направено нешто за кое би се секирала, они треба да размислат малку (ако некогаш им текне)
Само прашај ги како би било ако ти си на местото на снаа ти. Или уште подобро, брат ти ако има ќерка, па нејзе така да ја местат. Проклет народец бре, женско да не си овде.
Не ме разочарале. Во принцип имаме топли односи и блискост дури несвојствени за денешно време. Се држиме, што би се рекло. Му благодарам на Бога што е така, светов околу и мене и онака е доволно зезнат, уште тие да ми завртат грб
Не сум имала проблеми фала богу, мислам дека не се злобни луѓе. Ама да бидам искрена, да не ми се роднини, веројатно никогаш не би комуницирале. Премногу сум различна од остатокот од фамилијата.
Јас кога се разведов пола роднини исчезнаа ги снема исто како и дел од пријателите. Тогаш на сите им ги видов вистинските лица. А до тогаш сите беа по други сите на готово да ги чекаш ,частиш,плаќаш Е за жал човек ќе увиди се кога ќе падне. Падот е добар за да знаеш кој вистински те сака и почитува.
Она што јас го сфатив досега општо во животот,СО СИТЕ СЛУЖБЕНО ЖИВЕЕЊЕ САМО И ТОЛКУ НАЈДОБРО Е! Да не се поврзувам со никој во животот до толку па и некој да се поврзува со мене.