1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ве разочарале роднините?

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Tanjamm, 8 јули 2016.

  1. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.272
    Допаѓања:
    3.216
    Пол:
    Женски
    Многу.

    Ги сметав за блиски, дека ќе се најдаме за било што, во добро и лошо, а излезе дека се само од корист. Завидливи се, боцкаат за болни теми без срам. После низа дешавки, ги отпишав од душава, не одам на гости кај нив, кога доаѓаат кај мојве (по потреба нормално), ги поздравувам и си бегам во соба.

    Што е од мене, и многу шанси добиле, доста им се. (mooning)
     
    На ivimis, mizerija, blackwave и 7 други им се допаѓа ова.
  2. vitamina

    vitamina Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    8.871
    Допаѓања:
    217.916
    Пол:
    Женски
    Се водам денес по моето мото дека не очекувам од никого ништо и со никого не сум доволно блиска за да некој близок ме разочара.
    Кој што сака нека прави, кој како сака нека живее, дали ме зборуваат или не, дали прават нешто позади грб навистина не знам а и не ме интересира.
    Со никого не сум доволно блиска за да дојдам до тој степен да ме разочара но најмногу не очекувам ништо и не барам ништо од никого.
    Да така се ми е индиферентно.
    Ако се видиме за арно за убаво - добро, ако не пак - добро. :)
     
    На SV1911, Mr. Right, Someonespecial и 11 други им се допаѓа ова.
  3. Oscar Lady

    Oscar Lady Популарен член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2015
    Пораки:
    1.170
    Допаѓања:
    6.347
    Пол:
    Женски
    Не ме разочарале воопшто.
     
  4. Иван404

    Иван404 Активен член

    Се зачлени на:
    26 јуни 2016
    Пораки:
    124
    Допаѓања:
    123
    Пол:
    Машки
    Бидејќи сум пола русин пола македонец, право да ви кажам од овие роднини во МК кренав раце, освен еден братучед кој што и да сум направил, што и тој да направил секогаш сме биле еден со друг..Роден брат да ми беше мислам дека немаше така да постапува..Кога се ожени ме покани на свадба, бидејќи бев во Русија неможев да дојдам, ми рече дека нема да прави свадба ако не дојдам, и морав да дојдам...2 тетки имам тука, терорист ме нарекуваат исто и нивните деца, нив за ништо не ги сметам, и не се замарам со нив, не сум ни најмалце разочаран од нив, едноставно ги заборавам... Во Русија имам доста роднони, за нив немам збор, во контакт сум со сите, едноставно немам лошо со никој од нив.. незнам зошто би ме нарекле терорист бидејќи се борам за татковината... За жал уште се видливи психички уназадените последици од турско кај некои македонци меѓу кои и моите ''тетки'' и ''братучеди''
     
    На lunchy и makedonkamak им се допаѓа ова.
  5. Ivo Na

    Ivo Na Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 април 2016
    Пораки:
    72
    Допаѓања:
    165
    Пол:
    Женски
    premnogu sum se razocarala od stini, tetki, babi, dedovci, 1 bratucedi, cickovci, vujkovci, mislam deka ne mozes deneska na svojot da mu veruvas deka pobrzo tie bi ti zabile noz vo grb nego nekoj sosem 10 ti. a veke ne se ni zamaram koj shto kazal za mene i slicno isto kako da gi nemam vo zivotov i mn mi e posleno taka
     
    На Tanjamm, ♡BuBaLe♡ и Иван404 им се допаѓа ова.
  6. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    18.986
    Допаѓања:
    261.081
    Зависи кои роднини. Мајка ми, татко ми и сестра ми не ме разочарале, не сме ни екстремно блиски па секаде се заедно да правиме, но, кога има потреба од поддршка се поддржуваме.
    Со други роднини не ни комуницирам многу ниту чувствувам потреба, крвната врска мене бар не ми е причина со некого блиска да бидам.
    Имам братучетка со која ептен ми оди муабетот, а со сестра и нејзина ни на фб се имам, ни на свадба и појдов, никогаш блиски не сме биле.

    Преферирам сама да одберам кој ќе ми биде близок.
    Можеби затоа и не сум била во ситуација некој да ме разочара.

    Инаку, од роднини крвни и некрвни, најблиска ми била и највеќе ми помогнала во животот стрина ми, која иначе е разведена од чичко ми, па нели, по сите закони не ми е ни роднина.
    Сите крвни тетки и вујковци и чичковци ги давам за неа без око да ми трепне.
     
    На SV1911, cresa-jagoda и eloves им се допаѓа ова.
  7. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    Што подалеку од својот!
    Не се потпирам на нив , ниту сакам нешто од нив , ниту ги сакам! Сите ми идат дома и после оговараат зад грб , а јас не одам кај никого (имам некои подалечни братучетки сум се дружела ,али секој по својот пат!
    Мн убаво е во странство каде што ретко имаат контакт со роднините , а овде на свадба се канат и до 6 колено !
    Менталитет катастрофа!
     
    На Meckicja, mizerija, nica и 2 други им се допаѓа ова.
  8. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.089
    Допаѓања:
    11.252
    Охххоо како озборуваат. Имав случај роднини дојдоа и се вртат како мрднати, со очите шараат, разгледуваат што од мебелот е ново, а што старо.
     
  9. anakonda88

    anakonda88 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 април 2010
    Пораки:
    2.598
    Допаѓања:
    4.500
    Пол:
    Женски
    што подалеку!
    Немат потреба од иди ми -доџи ми со роднини! Што помалку контакт тоа повеке помирна глава!
     
    На Tanjamm му/ѝ се допаѓа ова.
  10. Miss Linda

    Miss Linda Нов член

    Се зачлени на:
    29 јуни 2016
    Пораки:
    5
    Допаѓања:
    23
    Пол:
    Женски
    За роднини ги сметам оние со кои што живеам. Тие што ми се нарекуваат роднини, а не кренале слушалка еднаш да ме прашаат како сум, дали сум жива и тако даље, не можам да ги наречам роднини. Викаат крвта не е вода, епа вода е.
     
    На cresa-jagoda и SAMIRA им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.582
    Допаѓања:
    171.565
    Пол:
    Женски
    Татко ми има две сестри и еден брат. За тој братот дознав пред пола година, цели 25 години се немале видено откако се раскарале за имот. Господинот дошол дома кога сум била мало дете и и се заканувал на мајка ми дека ќе не запали живи, цела зграда да сме изгореле. Мајка ми му викнала полиција, овој уште толку збеснал. Крај на приказната. Пред некое време ги делеле гробовите на старите, па фрлале паричка за едниот и овој му рекол дека сакал да ме запознае...wtf. Јас остарев, тој сакал да ме запознае.
    И ај реков, нека дојде. Кажуваше како му било криво што така излегло, не знам што. Како наводно син му сакал да ме запознае, другиот во Хрватска му е..
    И ај да преземам иницијатива, му пишувам на ФБ на син му, му се претставувам, а тој ми вика - 25 години живеам без роднини од страната на татко ми, можам и до крај на животот да живеам. Реакцијата моја беше бесценета. Го отерав од кај што излегол, му наредив се по список и ако ми се појави пред очи нареден пат, ќе го плукнам, жими се. Еднаш го видов во 23ка, ама јас на ФБ слики немам, така да не ме препозна а јас не сакав да се бламирам пред 50 души хаха. На брат му ич не се мачам да му пишам.
    Од едната сестра, две братучетки, едната змија, другата кучка.
    Од другата сестра, братучед и братучетка, 2 дена пред сваба не канеше, може човек да замисли колку го почитуваат татко ми, иако двете ги направи со станови откако и двете се разведоа и останаа на улица.
    Јас како најмало дете, никој од страната на татко ми не ме регистрираше ни 2%.

    Мајка ми има само почината сестра. Ама затоа баба ми и дедо ми биле по 6 т.е 7 браќа и сестри и сите роднини на мајка ми и се во Грција и Германија, има тука неколку далечни. Ама сите ми се срциња. Скоро со сите си имам контакт на ФБ, скајп, вајбер, нема недела да не се слушнеме/читнеме. Кога ќе отидам таму се чувствувам како кралица, сите по ручеци и вечери не викаат, се гледа и по муабетот што го правиш дали некој те сака или само лице ти прави..

    Јас сум дружељубива по природа, ама овие луѓе тука не сакам да ги видам. Ги имам избришано од списокот на живите. Откако татко ми душата си ја даде за нив, тие по сообраќајката не се појавија во болница, не прашаа дали можат да помогнат некако. И секако на крај одмогнаа со еден гест за кој се свестија и сами дека заебаа работа.
    Значи, многу зависи од луѓето. Ама кога ќе ги процениш какви се, ако не ти одговараат, подалеку од нив.
    Ќе си легнуваш спокоен, ќе стануваш спокоен.
     
    На dafe993, Meckicja, SV1911 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. realGirl

    realGirl Популарен член

    Се зачлени на:
    25 мај 2014
    Пораки:
    1.411
    Допаѓања:
    6.697
    Пол:
    Женски
    Најмногу од мајка ми, некој зборови никогаш нема да ѝ ги заборавам! Потоа од еден прв братучед на татко ми кој без срам кога купивме стан, а сеуште не ни е среден се јави да сме му ослободиле една соба на спратот (Оти дедо ми се 3 браќа и 3 сестри, но сите се отселени во град уште од времето, само дедо ми останал тука во село и тие помеѓу себе се договориле делот со дворот од имотот да остане на дедо.) да донел веднаш ствари да ги стави во соба бидејќи немало место каде да ги стави. :fubar: Иако знае дека уште сме тука во село, а и договорот е делот со куќата и дворното место да е на дедо.
    Со другите роднини, братучеди и немам некој со "контакт", за да би ме повредиле. Едно "Здраво" и ретко одење на гости. На некоја "дистанца" од сите роднини и пријатели. Најубаво.:!:
     
    На Ivo Na му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Sofceto

    Sofceto Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 јануари 2015
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    54
    Пол:
    Женски
    Женски,јас искрено во ова време не верувам толку многу на роднини бидејки сите што ги имам се катастрофални,повеќе би поверувала на другари!
     
  14. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Да ме имаат разочарано и боли,ама најмогу ме боли кога од себе ќе се разочарам,а доста пати ми се има случено.
     
    На dafe993 му/ѝ се допаѓа ова.
  15. SAMIRA

    SAMIRA Истакнат член

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    305
    Допаѓања:
    251
    Пол:
    Женски
    Баш така,а највише што ме нервира кога ти иде убаво ти доаѓаат,ти се јавуваат,кога ќе паднеш во криза,не искачаш,не работиш,немаш дечко,и слично не постоиш,ги нема нигде,а тебе тогаш највеќе ти требаат за да не се затвориш уште повеќе,ама ни трага од нив.Епа добро тркалото се врти нели,што си научив секогаш потпирај се на самиот себе и на Бог.
     
    На Miss Linda, Antebellum, Tanjamm и 2 други им се допаѓа ова.
  16. pupi.girl

    pupi.girl Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јули 2011
    Пораки:
    4.464
    Допаѓања:
    7.832
    Пол:
    Женски
    Не е разочарување ако роднините се глупави, како случајот на мами блу.
    Разочарување од роднини е следниот пример. Вработуваш некој, братучеда на татко ми и имаш доверба во неа, а таа те краде. Ете тоа е разочарување. :)
     
  17. LadyC

    LadyC Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 март 2016
    Пораки:
    12.144
    Допаѓања:
    147.400
    Пол:
    Женски
    Цел живот моите ме учеа дека треба да ги гледам првите братучеди како браќа/сестри.
    Цел живот ме тераа да почитувам тетки, вујни, стриковци, и сл. Не правев свадба, сите изглумија лудило и честитаа колку да се каже. Утре ден и јас со празни раце на истите ќе им честитам по ресторани кога ќе прават. Мислам, нели е фер така да сме фифти - фифти?
    Плус мм е на брод кај што работи деноноќно за да заработи за нас да има на страна нешто да тргнеме и да ми даде за по лекари, а некои тоа го сфаќаат како парите за нив лично да се, не за нас и нашето дете што го чекаме.
    Роднини се само за да кажеш дека имаш некој, онака... Не им се замарам, зашто премногу им се замарав, ги респектирав за на крај да испаднат само ѓубре од народ. Никому не верувам освен на мм. Он знам дека не ми мисли лошо и се ќе направи да сум јас среќна.
     
    На cresa-jagoda и Ivo Na им се допаѓа ова.
  18. corapce

    corapce Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2015
    Пораки:
    170
    Допаѓања:
    341
    Пол:
    Женски
    Боже дај ми пријатели, непријатели мајка ми ќе ми роди....

    Не знам од каде е поговоркава, ама објаснува баш за темава, дека роднините знаат да бидат најголеми непријатели...
     
    На Afroditaaa, mizerija, nica и 2 други им се допаѓа ова.
  19. ocicka2014

    ocicka2014 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јуни 2014
    Пораки:
    4.072
    Допаѓања:
    13.176
    Пол:
    Женски
    Не се согласувам, ти не си правела свадба, а очекуваш поклон. Како да ти го донесат? Се разбира дека само ќе ти честитаат.
    Ако веќе сакаш поклон си требало викни ги на вечера да обележите, а не ем не правите свадби, а ем сакате да земете ист поклон како што вие ќе им дадете а ќе отидете на некоја прослава во некој ресторан. Па тие луѓе платиле порција за вас, нормално дека неможе со празни раце да им отидеш, барем порцијата ќе си ја платиш.
     
  20. anaja1

    anaja1 Популарен член

    Се зачлени на:
    1 октомври 2013
    Пораки:
    2.532
    Допаѓања:
    7.422
    Пол:
    Женски
    Познато ми е тоа(facepalm)
    Ама сепак жалам што немам брат или сестра:lol: