Имавме прослава со најблиските во ресторан. Не е така. Тие истите стан кога купија ми нарачаа булет да им донесам, а они со бајадера дојдоа на регистрација. Значи на Младенци не дојдоа. Зошто мора да правам свадба? Не сакам поклони, ама тие истите си нарачуваат шо им треба, а мене никаков респект не ми покажаа. Значи не е баш како што кажуваш.
Зашто не сум таков тип на човек сама да се наметнувам. Поготово на блиски роднини. Се си мислам сами ќе им текне, Смотана. Тоа ми е криво, јас не знам да одам празна, јас не купувам било што и поготово блиски прашувам што им треба, а они глумат лудило. Не се работи за поклон, ме вреѓа односот. Сум била тука за нив и да ги развозакам за се, кога имало смртни случаи јас сум им трчала најмногу, значи и во добро и во лошо. Не е фер, ме сфаќаш?
Па јас ги прашав. Многу блиски ни се. На стан им одам, мислам дека е поубаво да ги прашам што им фали. Ајде ќе го тргнам тоа на страна мада и тоа ми боде очи, но зад грб што си чув муабети и зборови кои се од моја уста и само они ги знаеја, а ги шират во иронија и сарказам е тоа не се заборава. Тоа најмногу боли. Зборот...
Оф леле. Познавам многу вакви ситуации на луѓе без срам. Но со нив само така исто како и они со тебе. И ти се чудам што уште живееш со нив, штом си слушнала за тебе нешто не заслужуваат ни да ги погледнеш такви "роднини" не ти требаат. И затоа јас не носам нигде скапи поклони за утре да не ми биде криво што нема да ми возвратат со иста мера
Атер мајка ми. Нејзе ја сакам, не сакам нејзе да и расипувам односи. Она живее во некое време кога луѓево се ценеле и пријателства траеле од почеток до крај на животот. Според неа најблиските роднини мора да се почитуваат, атер неа не се карам и контактирам повремено. Долга е ептен да не замарам, ама верувај не ценам луѓе по тоа кој колку ќе купи или даде, па поготово во денешно време кога е тешко и за опстанок, но многу сум принципиелна и не сакам будала да ме прават. Искрено фала ти што ме сослуша внимателно, ова беше навистина олеснувачко за мене без оглед што е форум и што не се познаваме.
Никој не ме разочарал од родниниве, затоа што со никој од нив не сум блиска. Се гледам само по свадби. И не ме интересираат воопшто.
Тој не заслужува да добие добар третман од другата ќерка. Јас сум му кажала на татко ми - ако ме делиш од сестра ми, никогаш повеќе нема да ме видиш. Не сакам кога децата се делат. Штом татко ти повеќе ја сака сестра ти, она нека го тинтра.
Тaa е пoмaлa и нејзе и oдгoвaрa тoa, aмa мене мнoгу ме бoли тoa Зoштo неa дa јa викa дo нaгaленo име a мене никaкo дa ме викa Мaјкa ми приметувa некoгaш и нa пример еве сaбaјле влегoвме вo еден бутик сите четвoрицa и тaткo ми му викa нa сестрa ми aјде oдбери кoи си ги сaкaш А мене ништo И пoсле мaјкa ми ме прaшa мене oвa е еднa oд мнoгуте ситници кaде штo тoј ме зaпoстaвувa мене
За мене роднинска/крвна врска нема никакво значење. Не зборувам само за подалечни роднини, туку и за поблиски. Секој треба да си заслужи и љубов и респект, без разлика дали брат или братучед. Во денешно време најблиски си копаат очи за 10 квадрати земја во туѓ двор, не па да очекуваме некој друг да не мисли. Се' по заслуга, ни крв ни бутур.
Не и секoгaш се прaшувaм зoштo, имaм збoренo сo мaјкa ми зa oвa aмa тaa ми викa декa не е тoчнo декa не дели, a сaмaтa е свеснa декa греши Нaвистинa немa никaквa причинa зoштo не би ме сaкaл мене дури јaс сум пoдoбрa и oд сестрa ми, вo oбрaзoвaние културa и сл, тaa дoбивa кецoви нa училиште и пaк тaa е лепoтицaтa нa тaткo
Е па она нека го тинтра и понатака. Најтрагично е што има случаи каде што децата како сестра ти на крај ќе бидат неблагодарни и тркалото ќе се сврти, па татко ти ќе трча по тебе.
Фала Богу дека ќе бидеме најразочарани од роднините - во нив имаме најмногу доверба. Ме разочарале и тоа премногу, но арно што ми се има случено на млади години, па научив на време. Самите сме си криви што имаме преголеми очекувања од некого кого го гледаме неколку пати годишно, а делиме само исто презиме. И јас сигурно сум разочарала некого, никој не е совршен. Но разочарувањето и навредата, болката нанесена од сопствените родители никогаш не проаѓа. Само сваќаш дека се е залудно и дека си сам на светот, вака или онака - без разлика дали си со некој цел ден, или се гледате еднаш годишно. Не очекувајте ништо од никого, а помагајте секому според заслугата и вашите можности. Не искористувајте, и не дозволувајте да бидете користени.
Блискоста и довербата кон луѓето не ја делам според роднински или пријателски релации. Поинтензивно комуницирам и им верувам на оние што низ времето создале можност за одржување на блиски контакти. Неочекуваните реакции или "изненадувања" во форма на разочарувања можно е да ги приреди секој. Тоа што некој е близок роднина не значи дека треба безрезервно да се потпрам на таквата релација наспроти дистанцирањето од некој пријател. Напротив, пријателските врски ги одржувам долги години со непречен интензитет наспрема роднинските кои без некоја посебна причина ги ставам на дистанца. Можеби вистинската причина е непостоење на можност за пронаоѓање на некоја заедничка фреквенција за споделување на животните моменти. Во тој поглед потребите, моето искуство покажува дека интересите, ставовите, размислувањата и меѓусебните почитувања ја имаат клучната улога за функционирање на длабоки врски независно од стаусот на роднина или пријател.
Ми стаса покана зана свадба тетками (на таткоми сестра)за синот е сеа само јас сум канета а сестрите мои не .Многу се разочарав јас вакво несто до сега не сум слуснала еееј прв брадучет да не ги кани а сите др брадуцеди се канети само моиве не .А иод вторите брадучеди канел едниот е адвокат а др е во некое министерство работи.Јас не одам така решив а мн ми е криво тетками незнае со да каже не мозеле финансиски како за сите може усте за две не .Со ке кажете да одам или....