Ме разочара тетка ми. Заборавила дека постојам. Најпрво доаѓаше само за роденден, потоа кога пораснав, почна само за роденден да се јавува да честита. И еве веќе години ни за роденден не се јавува. Нејзина работа. Не се чувствувам нешто повредено затоа што никогаш не сум ја почувствувала како тетка, ни како блиска особа, ниту сум ја нарекла некогаш тето. Не сме скарани, ниту има за што да сме замерени... едоставно жената не сака да е блиска ни со мене ни со мојата фамилија. Нејзина работа, можела во животот да има внука, ќерка и онака има само машки деца. Убаво е да имаш. Јас би сакала да имам внуци и да бидам блиска со нив, и да ги советувам и да им чувам тајни и да ги карам ако треба.... ама добро секој еден различно сака. Јас не се жалам, и вака ништо не ми недостига, среќа не ми е единствена тетка, ама јас неа и сум единствена внука.
Немој да се нервираш.Дигни глава и биди среќна дека на време си го открила тоа А ти имаше долга врска со дечкото?
Сега се сетив на еден друг случај од пред 20-сетина Една моја позната живееше со дечкото не венчани,беа заедно додека остана бремена и си се врати кај мајка и.Тамо се и породи,незнам дали он го призна детето,ама во меѓу време,тој се оженил за нејзина братучедка Значи и тоа го имало и порано
и јас имам ваков пример во околинава . Тој ропакот ожена прва братучетка од бившата женска ( инаку одел парарелно , само што со првата одеше 7 год , па потоа братучетката се придружи ) Од тогаш поминаа 12 години , и фамилијарно се скарани за век. Инаку кај што ги читам коментариве мислев само јас имам проблеми со родниниве али не било така.
Знам за еден ваков случај ... Ме изеде туѓ срам, во најмала рака треба абе малку од малку грижа на совест да имаат за чувствата на, ете - поранешниот, партнер.
Според мене, би си ги потценила сестрите кои далеку ти се поважни во животот од што ти е една свадба. Според мене, не би требало воопшто да размислуваш дали би одела. Свадбата е само четири часа, животот е со години драга моја...
Taka e ne ni bev normalno tetkami ja stretnav ,neznaese sto da kaze (sinot prael svadba)ona nisto ne mozela i kazav on prvo tebe te potceni pa moite a mojte sestri na kraj .
Се прават дека се е во ред но ништо не е во ред!Немаме подршка од повеќето од побликите ми останаа неколку со другите сме само на поздравување...А толку многу голема фамилија сме...
Јас со најблиските не контактирам многу, подалечните не ги ни знам. А фала Богу не ни имам некоја потреба од нив, така да не верувам дека би имало причина некогаш да ме повредат.
Жално е ова што се случува, како што можам да приметам ретко кој е во добри односи Дел од моите роднини не ме разочарале затоа што не ги ни сметам за роднини