Не може да ме разочара некој кој не го сметам за близок. Ние сме многу мала фамилија која што воопшто не се дружи меѓусебе. Се гледаме само на веселби, еднаш или два пати годишно. А да напоменам дека со никој не сме скарани ниту сме си замериле нешто. Едноставно такви луѓе се. Така да, немам ни многу емоции спрема нив затоа што не ги сметам за блиски воопшто. Ги имам мајка ми, татко ми и сестра ми и за мене они се сосема доволни. Лицемерни роднини воопшто не ми ни требаат и баш ми е мило што имаме ваков однос.
So site rodnini stojam i poveke od super,golema familija sme i so site se soglasuvame super,sega za izborive od kako pobedi sdsm mi najdoa rabota koja mn ja sakav,bratucedite sekogas trcale i barale vrski i za vo sredno i za ocenki popravanje i slicno,ednostavno nemam zborovi a bratucedkite mi se kako sestri,sekogas bile tuka koga mi trebaat,tolku drugarki ne mi pomognale.
Една роднина, која се крстев во неа, несакаше да ми помогне за вработување, а на функција е. Ги исполнувам сите услови, си имам квалификации, кога излезе конкурсот, таа со прст не мрдна за да ми помогне. . . Ме одбија на тој конкурс. Како тогаш што сум се разочарала, мислам никогаш во животот никој толку не ме разочарал. . .
Многу, дури премногу, бидејќи само татко ми има останато тука а неговите сестри и браќа се Швајцарија, Германија, отидов кај тетка ми пред година време, па потоа кај другата, се однесуваа како да живеат на друга планета ние вака ние така, се океј ама кога тие дојдоа тука беа преголеми муабетите, кажи им кај те носев, кажи што јадеше, кажи се што ти купивме.. Искрено посакав да сум останала дете кое се радуваше само на нивните донесени чоколади.. Па, ви благодарам
Никогаш не се разочарувам бидејќи не очекувам ништо од никого, ниту пак сум емоционално приврзана за нив - едноставно не ми е грижа...
Не сум разочарана. Од година на година се подалечни сме. Со тек на време сфаќам дека може и така е подобро бидејќи многу сме се измениле низ годините па и немаме сега многу заедничко. Биле во ситуација да ми помогнат за некои работи но очигледно немале желба за тоа и покрај тоа што секогаш сум им помагала несебично кога сум можела. Сега можеби и немаат лице да ме побараат. Имав ситуација кога блиски луѓе ми промашиле родендени па дури и матурска и со тоа сами си го одредија местото во мојот живот.
Па,добар дел ме разочарале,не дека сум очекувала кој знае што. Но,научена бев да ги сакам и почитувам сите роднини,макар и подалечни,ама за жал не наидов на некоја постојана блискост,се повеќе се оттуѓуваме...
Луѓето може да не разочараат толку колку што ќе им дозволиме да допрат до нас благодарение на нашата блискост. Јас сум тип на личност што тешко се зближува со луѓе и одржувам дистанциран однос.Со најблиските членови на фамилијата контактирам за поводи и прослави и не очекувам ништо од нив. Обостраната почит е доволна за да не се оттуѓиме.
Сите пишуваме дека не разочарале роднините ама и ние сме нечии роднини нели? Сега сериозно, јас лично се немам замерено со никого. Сите си имаме свој живот, работа, обврски па никогаш и не сум ни била нешто претерано блиска со некого, за да ме разочара. Со сите имам горе-долу коректен однос и се почитуваме. Сум поминала низ навистина тешки ситуации во животот, прерано ја изгубив мајка ми ама и после нејзината смрт барем од таа страна не сум била отфрлена од никого, иако имаше некои ситуации кога некои роднини сакаа да се мешаат да кажуваат закони и правила во туѓа куќа тшто во најмала рака ме иритираше во тие моменти. Сепак останав доволно свесна и присебна па им покажав каде им е местото. Никогаш не сум очекувала ништо од нив, затоа не сум се ни разочарувала. Од на татко ми страна искрено па воопшто не сме блиски, тие се во друг град, ретко ќе си пишеме на фб или ќе се слушнеме а и ретко се гледаме. Имало ситуации кога баба и дедо со месеци не кренале телефон на нас, први братучеди не не канеле на родендени итн итн ама сепак никогаш не сум се лутела, нивно си е тоа.
Многу бидејќи јас сум им го дозволила тоа. Сум очекувала нешто а за возврат ништо. Повеќе од никого ништо не очекувам,бидејќи било какви очекувања и отсуство на нивна реализација од така неречените роднини води кон горчливиот вкус на разочарувањето. Си ги имам прифатено со сите мани и предности и си терам по патот мој тие по патот свој. А и ним сум им рекла крв не е вода но тоа не им дава и ним право да ми се качуваат на глава и брцаат во џеб а и ни мене не ми дава за право да им го правам тоа што не сакам да ми биде мене правено.
Премногу.... На сите братучедки братучеди им помогнале ,а на мене не секоја работа сама си ја најдов ,а сеа тие барат помош од мене ама злопамтило сум нема помош! Бев премногу добра кон нив затоа и така ми возвратиле ама повеќе нема