ПРЕМНОГУ! Со братучетка бев премногу блиска,секоја вечер со разговори до касно,правевме планови,се смеевме и плачевме заедно за се.Но,се додека имаше корист од мене излезе работава.Почна да се гледа со мој другар,и додека имаше корист од мене и за излегувања,и за се друго бев најсакана,се нај најј.Прекинаа,и сега не постојам.
Многу ама искрено поубав ми е животот откако со одредени личности не разговарам ,си го покажаа нивното вистинско лице.Со некои едноставно не можеш да бидеш во добри односи.Колку си подобар и колку повеќе им угодуваш се повеќе те газат.Опрости еднаш,два пати ама повеќе не.
Premnogu. A isto taka najmnogu tatko mi i brat mi ...I sekako najdobrata drugarka ...Ostanatite me gi ni komentiram pošto i nekako ne go dostignaa vrvot na bliski ličnosti za da bi možele do maksimum da me razočaraat ..
Од сопствената баба и тетка сум разочарана затоа што многу ја озборуваат мајка ми. Дури и пред мене пробаа да ја оцрнат но јас само ја прашав баба ми едно: Како е можно една мајка толку да не си го сака сопственото дете? Па таа ги родила и растела двете. Таа секогаш повеќе ја сакаше тетка ми и двете одсекогаш озборувале роднини и комшии заедно па исти се. Тоа баш ме разочарува жал ми е за мајка ми но фала богу тука е и вујко ми кој е секогаш тука за неа.
Од тие што ги сметав за поблиски, повеќе сме се дружеле и гледале, се разочарав многу. Од тие што и не сме биле многу во контакт, позитивно ме изненадија. А уште пробувам да ги оправдам првиве.
Камо да можевме да ги бираме роднините. Одам по улица ги поздравувам и ми ја вртат главата сите се прават дека не ме знаат од ко почина татко ми никој од роднините не ме има погледнато барем да прашаат како сте или по улица да ме поздрават но тое е господ им го оставам!
Од неколкумина. Ама со разочарување до бесконечност. Висеа кај нас, мајка ми ги хранеше, животите им ги средивме. Ги воспитуваа моите во отсуство на нивните родители, им даваа пари за школо, заслон кога немале каде да одат, рамо за плачење, храброст, години и години наназад. А сега... па сега кога ја заврши некој друг родителската улога им текна да глумат среќно семејство, па еве ни по родендени на деца не канат. Да цитирам една моја професорка - ма згази то дур је гњида. Во мене се скрши нешто и повеќе сум подготвена да помогнам на непознат него ли на роднини. Никогаш. Повеќе. Нема.
Веќе ги заборавив како изгледаат..Воошто не ме интересираат. Како мали се дружевме ама повеќе не зашо почнаа да се прават дека не ме познаваат и јас де оддалечив од нив. И подобро ми е без нив.
Исто, градеа они кариери.. деца мајка ми им исчува. И внуците им ги чуваше, ги криеше од закани... Префлија што дале помош(како доктори). Грабнаа имот за кој додека беа старите живи ни плунка немаа фрлено. Мајка ми и сметки плаќаше и одржување, даноци.. ама они реновирале и нивно е.. Уште лути што не ги викнав на свадба, откако ме избркаа од свое. Толку... Ме заболе за нив, ме болат зборовите дека помагале за брат ми. А се се смени откако останавме сами ја и мајка ми.
Не можат толку да ме разочараат,колку што можам јас да им простам.Тоа е паднатата природна на човекот,острастена душа,повеќе што се бори за материјалните добра отколку духовните.Семејството да ми е живо и здраво,другите како си мислат нека прават,секој ќе си даде одговор еден ден Во принцип сите биле испочитувани од наша страна,и со сите си имаме коректен однос.
Премногу од сите. Поготово од татко ми долги години се нема јавено да праша дали сум жива. Не се јавил ни за празник ни за роденден. Одав во своја куќа се осеќам како на трња да сум. А за другите роднини ни да коментирам не вреди. Додека сите се правеа светци и светици во наводници јас грешев. Им ги укажав нивните грешки не прават муабет.. ајт у к*рац сама сум толку години сум успеала и постигнала многу не ми требате сега.
Окако се вратив од Гевгелија од кај вујко ми, после прилично долги разговори со вујна ми сега кога ми ѕвонат на мобилен некои роднинчиња не им ни кревам. Кога ќе ме видат низ град ми викаат абе Вере те баравме... Знам за пари или за преспивање и си заќутуваат. Немаат ниту храброст да порекнат. Вујна ми имаше здравстени проблеми замислете никој жив од толкави фамилии не се јави ниту еднаш ниту преку некој да прати поздрав а сите знаеја. Сега и нас ни дојде памет. За нив е касно за нас е потамански. Важно е дека ни дошол паметот.
Супер фунционираме фамилијарно, што знам дека е ептен ретко на денешницата. Никогаш сме немале конфликти, поготово не за материјално, што е главниот причинител за ваквите неслагања и кавги, се си е поделено на време и еднакво, без плетки и делби согласно машко-женско.