Да ти кројат планови зад грб, од 2000 пријатели тебе најдоа да те бришат на фејсбук, 2 мин. да немаат да ти честитаат?! Никогаш не ме разочарале затоа што одамна ништо не ме изненадува.
Роднините се најлоши. Само за корист и да ти забијат нож во грб. Одамна сум се отргнал од роднините и не мислам да се зближувам.
Рoднините oд мoјaтa стрaнa се супер, еднoстaвнo гoлемa фaмилијa сме и дo ден денес не се случилo лoш збoр дa си кaжеме фaлa бoгу
Разочарана не очекував дека до толку можат да бидат безобразни се правиш за нив а тие ти прават далавери ама се им се враќа од сите сум разочарана дури и од сопствената сестра
Одамна не се замарам со нив, зашто имам констатирано дека се’ е лицемерие, а тоа не го можам. Не баш сите, ама поголемиот дел се такви.
Со тие роднини што сум најблиска ме немаат разочарано . А пак со тие што не сум многу во контакт , со кои се гледам само еднаш годишно нема за што да ме разочараат поради тоа што не ги ни сметам многу многу за роднини .
Најмногу сум разочарана од оние роднини поткажувачи и оговарачи. Тие знаат сВе, ги има насекаде и едвај чекаат да направам нешто за да им бидам мета на оговарање. Ете од такви другарки може да се тргнеш , ама од семејство богами потешко...
Многу. Додека ме користеа супер им беше, а сега ги нема да ме прашаат како сум, а камоли пак да дојдат да ме посетат..
Не се сеќавам некогаш да НЕ ме разочарале,блиски,далечни,сите во ист кош,себични и љубоморни,гледаат само лошо да ти направат и кога стварно ќе ти се деси нешто лошо се ситат од тоа.И секогаш се натпреваруваат со тебе,те оговараат меѓусебно и ги дискутираат твоите проблеми навидум знаејќи како всушност тие мислат дека треба да се решат,пошто они се експерти и нивниот збор е праведен.Никаква поддршка,само критицизам и негативност,не дај боже да си успеал сам со свој труд,е тогаш почнуваат сите разговори за тоа кои се ризиците и несаканите последици од тој успех.Потсмев,љубомора и завист..Тоа е.И после зошто сме биле оддалечени од сите роднини,заради овие причини!
Не толку тие мене колку што јас ги имам нив разочарано во последно време. Не им ги исполнив нивните очекувања го живеам мојот живот на мој начин и со мои правила.
Многу пошто еднаш зборуваа за мајка ми а јас цело време ги слушав и многу ми падна тешко за мајка ми. И од тогаш не ги сакам многу ако ги видам некаде само им кажам здраво и толку.
Моите роднини ми стануваат одма магично преку ноќ братучеди, братучетки и така натаму само кога на нив им одговара. Во моментов сите се обидуваат да ми се појават во животот, па и тие од село Чучер-Сандево, за кои немам никогаш чуено. Ама не ме интересира тоа. Не ни сакам да ги гледам ниту па сакам да имам нешто за нив. Одвратно ми е лицемерието. И затоа не сакам да остварувам никаков контакт со нив, ниту па ми требаат. Кога немав за леб никој не беше тука да ми помогне и тоа беше нивното „благодарам“ што ние им помагавме кога па тие немаа. По правило, во секоја фамилија тоа треба да е така, треба роднината да е тој кој прв ќе ти подаде рака кога ти е најмногу тешко, а не да се труди да те турне во реката и да гледа како се давиш. Потекнувате од истото фамилијарно дрво сепак. Но, за жал, барем кај мене, ситуацијата е обратна.
Кога тоа би се мерело со скалило од 1-10, тогаш ќе кажам 6. Колку помалце зборуваме, поарни си сме. Многу зборување не требело.
Повозрасните ич ама младите многу. Братучеди, внуци,... На нивни години едвај чекав да се видам со роднини, овие сега не постојат, ги нема.
Од роднини, си ги поштувам само тетка ми и едниот братучед. За другите ниту јас постојам, ниту тие за мене.