Па ти ни во Холандија дечко нема да најдеш со тој критериум хахахха Ова исто ко да каже машко дека жена со тежина поголема од 57кг не е жена туку товар за пријавување на царина. Свашта
Да, важна ми е, но бидејќи високите се исклучително ретки најверојатно ќе завршам со некоја која е доста пониска.
Никогаш не сум ни мислела на висината. После извесни години, се смалуваме по сантим секоја година, штикли скоро ич не се носат пошто слабо се искача, така што пазете на критериумите да не почнат некои црни дупки да се отвараат таму кај што не треба.
Да не е милиметар секоја година? Сантим е малку премногу(лол), да кажеме дека од 50та година човек почнува да се смалува, значи на 70 години тој шо бил 175цм ќе биде 155цм? Смалувањето е обично за 2-3цм од максималната висина во младоста, повеќе кај жените отколку кај мажите, затоа што жените имаат малку потенки коски и почесто страдаат од остеопороза, затоа физичка активност и истегнување е доста битна дневна рутина, со цел да се минимализира цел тој процес.
Јас сум 1.75, висока со многу добра градба на тело. Што би правела јас со некој 1.70 и понизок? Не е shallow thinking, секој треба да си бира според себе.
Да бев пониска, може немаше да ми е битно, ама со оглед на тоа што знам многу мажи пониски од мене, едноставно знам дека со понизок не би изгледале убаво заедно. Реално ако постои дел од физички изглед што ми е битен, тоа е висина. Подобро висок ама на лик не толку убав, неголи низок со убава фаца.
Не ми е многу битна. Да не е ептен повисок од мене. Јас сум ниска и не ми личи да бидам со некој повисок од 2 метра. Маж ми е висок 1.87