Не многу. Од физички изглед побитно ми е да има убаво лице и тело, па и да не е јужноевропеец со темна коса и очи.
Секако , прво нешто на кое обрнувам внимание е висината. Јас сум 160 цм, така што има машки од моја висина па нагоре.
Нормално важна ми е висината, сакам да е повисок од мене 1глава и повеќе може.Потоа очи, насмевка и да не е ни многу слаб ниту пак крупен .. Бидејќи јас сум средина па затоаа хаха Ова е прво нешто..
Прво нешто е што ми доага во поглед кај жени е висината. Не сум и јас нешто превисок али кога е со штикли да сме иста висина ми е врв. Мразам да виткам половина да ја бацам.
сакам повисок и не моногу слабичок. Сум имала врски и со малце пониски од мене ама не секогаш ми било згодно во јавност...
Маж што е моја висина никако, за понизок ич не правам муабет значи повисок, идеално, и за штикла да облечам 1,80
Не ми е пресудна висината мада генерално високи пошто ја сум висока а коа ќе се сетам уназад никој од тие што ми се свиѓале не биле нешто високи како наметнато мислење да е ова пошто висока и као мора висок
За мене е пресудна, не ми се привлечни воопшто пониски од мене, нити па сум била со таков. Се што е испод 180 не ме интересира, па уште ако ги видам со ваков тип патики пиши пропало. Ова е short man starter pack
Еееј ете ги омилените патики на бившиот Сега сфаќам зошто пречесто носел такви модели Шала на страна, и мене отсекогаш ме привлекувале повисоки мажи, над 1.8м ама па имам завршено со такви кои биле моја висина. Непријатно ми беше само штикли да носам со нив, јас +1.8м а тие испод 1.75м Така да заклучок од целото мое искуство е дека не ми е пресудна висината, пожелно е да е повисок, ама на крај целокупниот изглед и карактер ми се побитни.
Секако , треба да е повисок. Освен ако таа е екстремно висока. За секогаш ќе треба да заборави на штиклите. За жал , грото се едвај 160 цм целите .
Хахаххаха ЛЕЛЕ бившиот со овие. Трн оф ми беа, викав боље прифати си ја висината него со овие, дај и штикли земи облечи ќе ти позајмам. Истиот бивши да не сме го имале?
Во превод, околу 172-3. Не дека е лоша таа висина, туку сите мажи со исклучително мал исклучок си додаваат минимум 5 cm.
Висок, да може убаво да се протегнеш за да го гушкаш. Нема многу такви, гледам онака средна висина ги има доста. Во секој случај да не е колку мене или понизок, не ме привлекува колку и да е згоден
А едно контра прашање од мене...Дали би ви пречело партнерот да е многу повисок од вас ? Мислам на 20+ цм разлика. Без разлика на вашата висина вие да сте му до бицепсот или рамото од прилика со темето.
Не, таман ќе ме натера да се исправам 20 см+ во висина се ништо, една штикла све решава. Е сега има разлика 20+ и накај 40 +, ова што опишуваш, до бицепс, е повеќе како 40+