Не бе, некако многу ми се 40 цм . Нема шанси да имам 40 цм од бицепс до теме. Освен ако главава не ми е 20+ цм долга Уствари ако е некој 1.85 и нагоре можеби може да има 40 цм од бицепс до теме. Еден мој колега што е 1.60 нема шанси да има 40 цм од бицепс до теме. Кога ги спомна штиклите, ако е 10ка штиклата тогаш од бицепс девојката ќе "порасне" до над рамо што пак е прилично голема разлика.
Ако не си се поткачувала на тротоари, огради, браници за паркинг, жардињери за да го бакнеш прашај го сопругот дали супер му била кичмата. Особено плешките.
Мене не, висината не ми е битна кај девојката затоа што сум доста повисок и за просечен маж во Македонија. Сликовито во Црна Гора (каде што живеат највсоките мажи на Балканов) никој не се посомнева дека сум странец. Прашањето ми беше дали вас ќе ви смета ако и покрај штиклите сеуште треба да се подигнете на прсти или да се поткачите на скала за да дојдете приближно очи во очи.
Не можеш да знаеш кај секоја различно е, не постои еден одговор за сите. Иако статистички повеќето жени сакаат високи мене би ми пречело превисок, не ми се тип, ко што кажав у претходниот пост до 180цм.
Не знам јас кај ти е тебе бицепс, кај рамено, од рамена до теме имаш уште врат и глава. Ај земај метрото Нормално зборам за некој висок 2м (+/-), ако е некој 160 висок, колкава треба да е девојката за тој да и биде висок?
Просечна должина на глава на маж е од 22 - 24цм. Точно дека зависи и од висината на човекот ама стандардни просечни вредности се тие. Имам прочитано и дека висината на човекот е 7.5 - 8 глави, според тоа и маж што е 150цм главата би му била 20цм.. А ретко ќе најдеш маж понизок од 150..
Добар е графиконов со мерење во една единица што соодејствува исто како пропорција кај сите мажи. Значи јас зборувам конкретно за 2 глави пониска. Со 160цм висок маж ми беше примерот за дали 40цм има и кај него со оглед на тоа дека пропорцијата на главата и рацете негови е доста помала за да има 40 цм. Мене не ми се верува да има 40 цм и кај 180цм+ висок маж. А секако за некоја да му биде со таква пропорција на некој 160 цм таа треба да биде 130 цм висока што за наши стандарди е прилично невозможно.
Ако идеме по пропорции не е можно некој 160цм и некој 200 цм да имаат иста големина на глава т.е 2цм само разлика.
Просечна големина на глава реков не на глава на некој со 1. 60м и некој 2м, а просечна висина е 1.75м до 1.8м (за Македонија). А ова можеш многу лесно да го пресметаш со она 7.5-8 глави и ти излегува 5цм разлика не 2цм. А кај ќе најде маж од 160цм девојка која е 120цм? Кај маж што е 180 цм главата му е 23-24 цм и 10тина цм врат тоа се веќе 33-34 и до бицепсот сигурно има 40цм може и +2,3цм.
Тоа со маж од 160 цм и жена од 130 цм го дадов како пример во спротивна екстремност на високиот од 1.80 + а не како некоја многиу нормална и зачестена појава кај нас.
160-40=120... Нема никој маж со глава помала од 20цм. И маж од 150цм да речеме има глава околу 20цм ±1,2цм. А тешко да наидеш на маж понизок од 155цм. А скоро па невозможно на жена од 120цм, не зборувам за оние кои за жал имаат здравствени проблеми.
Вие што претерувате овде ептен да е 180 па нагоре гарант имате 20 кг плус, 100%. Човекот може да е идеален и висината никако неможе да ја смени ама сепак вам ви е тоа важно. Килажа се менува. Гледате ли како ние имаме двојни стандарди? И јас бев таква порано. А ни смета кога машко се загледува по некоја со облини, а ние самите обавезно да бил 180 плус....
Ај по втор пат да ти спомнам дека дадов само екстремен пример спротиврн на тој 2м маж со 160 цм жена.