Средната висина е идеална чисто од здравствен аспект. И ниските и високите (ќе) имаат здравствени проблеми поради висината. Ова важи и за мажи и за жени.
Кај спомна жена со 160цм? Цело време викаш маж од 160цм ако е до кај ќе му била жена со 40цм пониска од него. Не давај не реални примери.. Извади метро дома и види колку се 20цм и дека не се многу за глава на човек од 160цм и дека има до бицепсот околу 40цм. Збориме за цм не мм.
Оффф Жената со 160 цм е спомната во контекст дека е 40 цм пониска од дваметрашот. Нереалниот пример е даден за да доловам дека бицепсот и темето на маж од 2м и на маж од 1.60м не им е на иста одалеченост т.е на 40цм.
Ама неможам, се нервирам кога не е нешто под конец. 10 цм разлика е на маж од 2м е на околу 50цм на тој од 1.6 е на 40цм и тоа нема врска со темава. Немам јас ништо против твојот пример што е не реален, ама се нервирам за нереалната слика за сантиметрите.
Дали си ти маж? Ако да, тогаш некој ѕидар си сигурно...и тоа трезен. Ова не треба да е навреда Мажи обично не се разбираат многу во сантиметри Колку живци имам кинето со мајстори, светлата 10см пониско, кадата повисоко, све му е исто
Ноуп, проектираш. Остај не да си праиме муабет со колегата што се разбира во пропорции, димензии и останати ергономски аспекти.
Ја па мислев ќе кажеш колку треба да е висок дечко ти . Она па нешто филозофира. Еве дечко ми треба да е од 190 до 195 см висок оти инаку не ми стои. И пинџур треба да знае да прави, сега да одам да загреам теглите и да го вакумира. Свашта значи.
Кого ќе вакумираш, дечкото ли? Од 190 до 200, нормално. Бар во лифт да влезе ко чоек, не ко тој од 8ми што се ведне за да влезе во лифт. Значи повеќе од 200, не
Потврдувам!! Го пуштив мм да купи теписон за балконот од 3 - он се врати со теписон од 2 метра. Го пуштив да купи теписон за ходникот, точно од една врата до друга - он купи теписон од едната врата до масата во другата соба. Го пуштив да купи тоа чергичето за пред врата, се врати со поголемо па го подвитка и го стави пред вратата, и уште ме дупеше во здрав мозок дека така требало. Не им верувајте на мажите кога се работи за цм!!!
Ете, токму за тоа зборам. Одиме да бараме гарнитура, му викам имаме 2,7 метри макс, он се фаќа за некоја од 4 метри. Маж само со метро се праќа ако треба нешто да измери, одокативно слабо.
Џабе ми е се колку и да се поткачувам. Једино можам да го бакнам само ако он даде и се наведне, никогаш не можам да го бакнам изненадно. Инаку него кичмата а мене задниот дел од вратот болки невидени.