Ние имаме телетабис-генетика, мажи над 180cm се реткост, тоа се веќе џинови за ова поднебје. Најбитна ми е интелигенцијата, шармот, нека е и патуљак.
Јас само исклучок. Дури не појдов на факс и јас немав многу визија за метри, ама после некој месец и милиметри почнав да приметувам, пошто сум перфекционист многу често и ми сметаше и малку да ми отстапува нешто.
Сигурно ќе се повторам на темава, ама не се согласувам за генетиката. Искрено не сум познавала во животов многу ниски мажи, најниските што ги знам биле околу 170. И од основно, и од средно, и на факултет што сум запознавала луѓе, и на работа дури живеев во мк. Во просек би рекла биле 180, дечковците скоро секогаш над 180 ми биле. Не разбирам оти таков генерален впечаток имате, можда тоа за помладите важи, оти немало еурокрем за вас.
Јас сум 170.Не знам зошто имам впечаток дека сме ниски, ваљда поаѓам од себе. А имам јадено и еурокрем.
Јас не сфаќам што си размислувате во главата кога ќе излажете за висина. Знам дека сте веќе искомплексирани, ама ваљда ќе бидете уште поискомплексирани кога ќе се сретнеме у живо и ќе сме исти??? Што е најтрагично, не сум ни picky за висина, ама кога некој ќе излаже не за 3цм, не за 5цм туку за 10цм+, толку е непријатно... и неинтелигентно.
Привлечно е кога ќе видиш висок маж. Ама мене не ми пречи и да е низок, секако ќе е повисок од мене. Немам сретнато до сега некој понизок од мене, колку мене може 2-3ца.
Еден проблем помалку имам. Инаку да малку смешно изгледа девојката да е повисока. Лошото е и што нас ниските, високи не привлекуваат па често ви ги крадеме.
Ова со крадењето е дискутабилно Spoiler: Високи мажи П.С. секогаш по привлечен е висок маж, а и за жена може да важи, се шалам секако.
Ќути, никад не ми била битна висината и не сум ги крадела високите, ама што да правам кога тие самите си избираат пониски. Можеби зошто сме повеќе на број, што знам... Јас сум околу 165, значи не сум некоја ниска ептен, ама дефинитивно имам добиено коментари од типот, де бе, тебе не ти треба толку висок, доста ни ги земате високите дечковци на нас високите девојки
Можда на понискиве машки малку им е комплекс висината па поише се трудат и тоа ми е кјут Мислам дека една од ретките сум што сака пониски машки мин 170 не понизок
Интересно што имаш такво искуство, баш ми е мило. Јас па сум добила впечаток дека доста од пониските мажи се players, факбојс и онака по пис и арогантни момци. Повеќе ко "I don't chase women, they chase me". Не викам во скрос лоша смисла, има девојки што сакаат такви особини по "луди и лоши" До душа има и такви што се трудат рака на срце.
Така ти се погодило, инаку Македончето нема баш ген за висина, мажите ни се просечни. Процентуално, позастапени се мажите со просечна висина, од 168 до 177 цм. Под тоа се многу ретки, над тоа е остатокот. Помладиве генерации можеби се повисоки од порано, ама не нешто многу, пример средношколциве што ги гледам секој ден, не се нешто екстремно високи, генерално се во просекот, освен ако не се бават со кошарка или одбојка. Јес да машките растат повеќе во пубертет, некаде до кај 25 години, ама висината што ја достигнуваат во средно е најчесто максимумот. Јас сакав високи мажи, завршив со низок, не многу повисок од мене, а јас сум метро и желба за растење. Во животот најчесто не добиваш она што сакаш, а од висината ми се побитни многу работи. Секако во хоризонтала сме сите исти