Не знам дали ве разбирам добро, да прашам дали сите вие што сакате висок партнер попрво би одбрале за партнер машко високо над 180цм без карактер, отколку некој висок 170цм со карактер? Само за да можете да носите штикли 2ч во сабота вечер?!
Карактерот е една работа, ама фрустрациите на тој што си ги носи од тинејџерство се друга. Ако нема фрустрацитии, јас проблем немам. Ама некако сум 98%сигурна дека он проблем ќе има. Секоја чест на исклучоците од 2%.
Високите луѓе немаат фрустрации? И како познаваш дали некој висок 1,7м има фрустрации, без да правиш муабет со него некое време?
Високите мажи имаат една можна фрустрација помалку. Не значи дека по дифолт ќе ми пасува, само оти е висок. И кој рече дека не правам муабет? Ваљда имам некој метод на проценка, кој има карактер, кој има фрустрации, и тој метод сигурно не е да ми каже -абе немам фрустрации и имам карактер .
Дај престанете со глупите споредби од типов ако е повисок без карактер, ова, ова, ако е богат без карактер, ова, она. Прво ти би одбил девојка што е 2 глави повисока од тебе. Инаку штиклите не се носат само во 2h во сабота вечер.
Еве ја на пример на вечера во ресторант кога одам си носам штикла, кога одиме по свадби, групно собирање со друштво итн. Јас сум љубител на штикла, сакам да си носам, си се осеќам убаво.
На свадба на пример јас во прекрасен фустан и штикли а тој понизок од мене... нема шанси...не, не... дури и по патики да сум за да ме гушне не сакам понизок дури и бакнежот е различен би бил поточно...не сум имала понизок за да знам, ама можам да замислам
На свадба на пример јас во прекрасен фустан и штикли а тој понизок од мене... нема шанси...не, не... дури и по патики да сум за да ме гушне не сакам понизок дури и бакнежот е различен би бил поточно...не сум имала понизок за да знам, ама можам да замислам
Лично висината не ми менува многу, ни па ми значела. Во главно мажите од 190cm помалку се замарат, затоа што висината им е преност и често жените ги гледаат со повеќе симпатија, и самите го чуствуваат тоа. Исто и со симпатичните, слабички, девојки со атрибути на вистинското место. Сите мажи им се радууваат. Ама општо гледано жените бираат високи мажи како прв избор, како што мажите преферираат џебни венери како прв избор.
Џебни венери може да бараат мажи што се 165, за останатите не е баш така, знам по себе зашо сум над 170.
Испаѓа дека се согласуваш со мене за делот што кажав за 2ч сабота навечер освен што некогаш може да се погоди некоја свадба да е сабота дење и да трае повеќе од 2ч Само што подобар дел од овие настани како вечера во ресторан и свадба верувам седите... Ако не си пробала бакнеж со понизок, како знаеш дека е различно?! И тоа полошо?