Што одеднаш сакате високи мажи, алфа мужјаци да доминираат врз вас, а по други теми често пишувате дека ова е XXI век и дека не е битно кој, што, каков е? Да одговорам на темата. Да, многу им е важна висината во првичното загледување, но социјалниот статус и парите ги надокнадуваат сите сантиметри, кои недостасуваат.
Изгледот на партнерот е директно поврзан со сексуалната привлечност. Сите имаме некакви преференции. Ти какви жени сакаш? Are you an ass man, or a boob man? *Заборајв да додадам, дека вториот пасус те прави да изгледаш како инцел.
Висината на партнерот е директно поврзана со еволутивната доминација на мажот врз жената. И, ставовите на девојките тука свесно или потсвесно само ти потврдуваат дека е така. Тоа што сум рекол дека убедливо мнозинство на жените ги привлекува пари и моќ не ме прави никаков инцел или што ти знам јас, туку нешто што е опиплива реалност.
What the fu*king fu*k!!??! Не бе брат, многу е просто, ако си помал од мене физички, што значи висина и тежина, ќе изгледаш ко чивава која рипа по газот на слон! И то не ме влажни по ни еден параметар! Јасно?
Колку само точно напишано. Тука по форуми сите сме вакцинирани, модерни и современи, веруваме во наука, сите околу нас ги сакаме ради карактер и рози цветаат. Во реалноста е сосем друго. Колку само јас познавам примери на жени кои се во брак поради моќта и парите на партнерот без разлика на изгледот.
А, зошто само мажот може да има многу пари, а жени не? Јас како што знам и жени завршуваат школо, имаат кариери и бизниси.
Во право е членот, ама не на инселскиот начин на кој го кажува. Еволутивно има смисла поголемиот дел од женската популација да сака високи мажи затоа што мажите се во просек повисоки од жените. Значи во минатото успеале да се размножат жени на кои им оди во прилог фактот што мажите се генетски во просек повисоки. Односно најмногу успеале да се размножат жените кои преферираат повисоки мажи, па затоа денес потомците на тие жени исто така сакаат повисоки мажи. Ама фала богу ова не мора да значи дека треба стриктно по еволуциските факти да се водиме. Мене муабети за преференци кај партнер отсекогаш ми биле преглупи, чисто поради фактот што може толку лесно да паднат во вода поради милион причини. И ова важи и за мажи и за жени, страшно невкусно ми е да поставуваш услови за тоа како смее да ти изгледа партнерот. Плус темиве само им даваат дополнителен материјал на инселите да квичат како тоа жените се плитки, vain итн. Членот погоре, case in point.
Не, туку со доминацијата врз останатите мажи. Еволутивно, жените сакаат високи, крупни мажи со широки раменици кои можат да ја заштитат неа и потомството од напади од други мажи и предатори, а воедно и да пренесат добар генетски материјал на поколенијата што би им овозможил да преживеат. Денес е друго, не живееме во камено време, не не бркаат диви свињи, но преференците се тие, без ооглед на фрустрациите на одредени кепеци.
Од темава научивме дека срамота е женско да има некаков критериум за физички изглед. Тоа е, едноставно повеќето жени сакаат повисоки мажи, не гледам дека ние другите жени плачеме што мажите сакаат најчесто полни усни, полни гради, тесни струкови и широки колкови од истите тие како демек еволутивни причини. Биг дил, за секој има некој, не се потресувајте, не мора мнозинството да ве сака. А гарантирам дека ни еден низок не останал сам само зошто е низок. Обично пропратни комплекси и мржња кон жени на километар се гледаат и ви гарантирам дека ни една нормална жена со самопочит нема ни да проба со таков.
Пишаа некои членки дека не сакаат многу високи мажи, ама вие читате тоа што ви одговара во полза на вашите однапред изведени заклучоци. Јас сум од тие, не преферирам високи над 180. И не ми е за парите и статусот толку , колку што ми е до телото и фацата и начинот на кој се однесуваат со мене.
Не Ама ако некој спомне оти сака депилирани напаѓаш како се влакната природни, како е тоа све стереотипи, како е он испран у мозок од општеството итн итн.
Сите избираме партнери по сопствен вкус. Зошто жените да не избираат, туку само мажите? Ако сакам богат, со богат ќе бидам Ако сакам висок, со висок ќе бидам Ако сакам да бидам со бисексуалец, со бисексуалец ќе бидам Ако сакам да бидам со азијат, со азијат ќе бидам. Ако сакам да има к*р од 15цм, со таков ќе бидам
Па е испран мозок, ама тоа не значи дека ти немаш право да сакаш депилирани. Впрочем и јас се депилирам повремено
Многу глупо е да се дискутира на тема кој какви преференци има, затоа што преференците и критериумите се лични, и во темава воопшто не треба да има дискусија, туку секој да може да си каже што сака и кои му се желбите, во конкретниов случај, висина на партнерот. Некако слабо се остава човек да си искаже што сака на форумов. Отворете друга тема: "Зошто жените преферираат високи мажи" па дискутирајте за еволутивен поредок, моќ, пари и ќелавост.
Нека избираат бе Вајлд, неам проблем. Само нема потреба за таквите критериуми (кај двата пола) да мелеме како општеството наметнува стандарди кога тие критериуми се лични.