Тоа не оди така. Висината нема врска со способност за заштита или слично. Сите се прават само научници без никакви докази на вакви постови. Исто па важи и за машките. Демек широки колкови еволутивно симболизирало ова, а голем задник симболизирало друго и слични други приказни. Некои сакат голем г*з, некој мал, некои женски сакаат високи машки, некои не, некои сакаат слаби, некои не... Едноставно се работи за преференции.
Реално го напишав коментарот бидејќи знам има доста од нас пониските кој се плашат или имаат помала самодоверба од висината, ама реалноста е целосно поразлична од тоа што си го замислуваме. Предпоставувам некој од девојчињата поминуваат низ истото поради нивната висина, си мислат ако се 190цм дека би ни преставувало на нас проблем, hell ако се земам за пример себеси дефинитивно си ја пробувам среќата со високи девојчиња не поради нивната висина туку ако ми се допаднеш може и рогови на глава да имаш јас ќе дојдам да зборам со тебе
Не мислам дека е баш споредливо. 190 цм е 25 цм над просекот за женско и тие се многу ретки, отприлика можеби една во 500 е толку висока. Според овој пост изгледа како женските да сакаат само машки кои се во највисоките 5 % во Македонија. Никогаш машките не биле толку пребирливи за висината на женските. Посебно кога женските овде велат дека тие што се околу нивна висина ги гледаат само како другари. Немам нешто слично слушнато од машките за женските кои се околу нивна висина.
Се зависи од комфорот како они се чуствуваат, можеби не е висина ама и ние како машки си имаме афинитети кој си прибираме тоа е лично и персонално, и не е секогаш укорено као мора да е луѓе цело време променуваат мислење и тоа е нормално и здраво. Да на базично ниво може повеќето да посакуваат повисоки, ама тоа е тоа незначи дека ние како пониски немаме шанса или треба да се откажеме. На крај и ова е мое мислење повеќе зависи како се носиш како личност, карактер и интегритет него висината, и тоа може да смени мислење за висината иако никогаш самата не би помислила да оди со понизок од неа. И тоа што спомна на крај ги гледаат само како другари, боли кога си затрескан да не го негирам. Ама дај шанса на пријателство многу често подоцна се менуваат чуствата, и дружење со спротивниот пол те доведува до контакт со повеќе од нив што ти ги зголемува шансите за повеќе да најдеш девојка/дечко и пак други пријателства кој само го повторуваат кругот.
До кога ќе мериме висини, тежини, должини и ширини? Некој е привлечен поради шарм, харизма, смисла за хумор и ти е убаво во негово друштво, а сите други математички пресметки оставети ги за на друго место.
Тие висини, тежини, должини и ширини да немаа никаков уддел во привлечноста и во врската тогаш немаа ни да бидат мерени. Очигледно не е така.
На кој му е важно тоа нека оди со метрото и нека мери. Јас ќе си се држам до тоа кој може да ме насмее и со кој ми е убаво.