1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви е важно да имате расно милениче?

Дискусија во 'Дом' започната од BlackSwan5, 27 декември 2011.

  1. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Не најдов ваква тема,ако е дупла слободно избришете ја.

    Нешто што имам приметено е дека многу луѓе имаат домашно милениче само за да им биде моден додаток,украс по дома и да се фалат наоколу колку пари го купиле.Мислам дека на некој кој е вистински обожавател на животните не треба да му биде битно дали миленичето е расно или не.И уличните животни се исто толку мили.И тие можат да ти пружат исто љубов и да бидат покрај тебе.Со самото тоа што се улични не значи дека се агресивни,недружељубиви,диви итн.

    Еве јас имам обична мачка која сама ми дојде во двор пред пет годинии и сеуште си ја чувам.Многу е мила,сака да се гали и не сум имала никакви проблеми со неа.Точно е дека во летниот период сака малку повеќе да шета но никогаш не оди подалку од дворот или од маалото.Ме нервира кога некој ќе ми рече нешто во смисла "како можеш ова да го чуваш".Зар затоа што не е расно маче треба да не го чувам? Навистина не разбирам такви луѓе кои се декларираат како љубители на животните а ги делат.На мене не ми е важно дали миленичето ми е обична,персиска,сијамска мачка или нешто сосема друго.Не правам такви поделби.

    Кој е вашиот став во врска со ова? Дали би чувале милениче кое не е расно?
     
    На Butterfly-Girl, kikkki, BoaVista и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  2. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.000
    Пол:
    Женски
    Јас веќе четири ипол години чувам кутре кое е мешавина на пекинезер и пудлица. И е многу убава комбинација.
    [​IMG]
    Не ми е важно дали е расно, дали има педигре, колкав коефициент на интелегенција има според расата, какви карактеристики и особини има, колку брзо може да научи наредби и слично.
    Да немав милениче, сигурно ќе присвоев некое од многуте кутриња кои бараат дом и кои ги подаруваат организациите за заштита на животните. Жалосно е да завршат на улица.
     
    На LaraSolare, Butterfly-Girl, CoverGirl10 и 4 други им се допаѓа ова.
  3. Gordana10

    Gordana10 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    6.898
    Допаѓања:
    9.184
    Пол:
    Женски
    Точно дека и уличните животни се мили, како и тоа дека ако се улични не значи дека се агресивни. Ниедно животно, не напаѓа без причина, освен нели ако има беснило, вообичаено тие чувствуваат кој човек ги сака, а кој не, значи и без да човекот манифестира некаква реакција кон нив.А се однесуваат онака како што чувствуваат, нешто со што можат точно да го окарактеризираат човекот - добар или лош, ако е пример лош кон нив, човек и да се однесува добро спрема нив, тие ќе го одбегнуваат, затоа што се водат по тоа чувство на препознавање.Премногу ги сакам животните и не ми е важно дали е расно или не, не може уличните кучиња да не се мили, а расните да се, впрочем и расно куче може да го нападне човека, без разлика и ова не го зборам напразно, затоа што тие се водат по нивниот инстинкт како што реков погоре.Се согласувам со тоа дека човек ако вистински ги сака животните, нема да ги дели на расни и не расни, ќе ги сака подеднакво.
     
    На kikkki, CoverGirl10, BlackSwan5 и 3 други им се допаѓа ова.
  4. BoaVista

    BoaVista Форумски идол

    Се зачлени на:
    23 август 2010
    Пораки:
    3.911
    Допаѓања:
    31.650
    Пол:
    Женски
    Досега не сум чувала расно милениче од причина што дома секогаш имам приберено по некое улично кученце и немам место за повеќе. Не ми е битно дали кучето или мачето ќе бидат расни, а да бидам искрена некако помили ми си уличните. Дали поради тоа што се незаштитени и подритнувани од секого, дали поради тоа што ми личат на вечно изгладнети и измачени, незнам, ама некако помили ми се. А и како магнет за улични кучиња сум. До сега имам чувано 3 и сите сами си доаѓале кај нас во двор.

    Исто така не се согласувам дека учичните кучиња се диви, агресивни, дека напаѓаат. Баш напротив, мислам дека тие се покротки и поисплашени од домашните кучиња. Јас до сега сум се доближувала на многу улични кучиња, на секакви, болни, гладни, прегладнети со салама во рака за да ги нахранам и никогаш ама баш никогаш ниту едно од нив не се обидело да ме нападне, а првпат ме гледаат.

    Еве баш денеска се враќам од работа и наидов на едно улично куче стуткано до еден контејнер. Ми падна жал и отидов да му купам виршли. Кутрето беше прегладнето, премрзнато, за гревови. Одам накај него со виршли во раце, и му ставам на земја, а тоа јадното со страв се приближува и почна да јаде. Ај си реков ќе му дадам уште неколку виршли и додека ги вадам од кесата кучето почна да ми ги лиже рацете. Епа срцето ми се наполни, душиче мало со колку малку се задоволуваат.
     
    На anuskaNESTLE, Edie.S, kate21 и 6 други им се допаѓа ова.
  5. kate21

    kate21 Популарен член

    Се зачлени на:
    20 декември 2009
    Пораки:
    4.220
    Допаѓања:
    3.852
    Пол:
    Женски
    Jaс си имам улична сорта мачка и улична сорта куче кое еве го ми ја чува куќата веќе девет години и не би го сменила за ниту едно расно богато куче. Тој што сака животни ги сака заради нив самите а не ради цената која ја држат на пазарот за домашни миленици :)
     
  6. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.505
    Допаѓања:
    5.575
    Од сите миленичиња што сме ги одгледале, можам да речам дека имаше само едно што не беше пронајдено на улица, беше ловечко куче наменето за лов на птици, подарок од пријател од татко ми, се‘ друго ни е здомено од уличните или да се изразам подобро посвоено :D . За жал ни го украдоа од двор, беше многу мило куче. Макар што јас ги прифаќам миленичињата онакви какви што се, нема да ги претставувам лажно :lol: , сум имала и каприциозни и безпричински лутковци и иритирачки немирни, ама секое си има свој темперамент и карактер, така да ако преземеш обврска да се грижиш, веќе ти станува член од семејството, а се знае домашните си се прифаќаме во пакет со сите маани и доблести, наши си сме де :D .

    Кога живеевме во куќа чувавме по неколку кученца и мачки, кокошки и петли (брат ми ги донесе како симпатични мали пиленца како на Перфекс рекламата, па мораа моите да градат кокошарник, плус со негова заштеда ги имаше купено :!: ) сме чувале и зајаче и желка, папагали, до ,,егзотичните,, тајно чувани примероци на брат ми - водена змија во кофа со вода и тегли полни со сите фази на трансформација на полноглавец во возрасна жаба и тегли полни со гуштери :lol: (сеуште не ми се верува која брзина и спретност ја имаше брат ми во ловот на истите). Ех, ќе ја заборавев мојата гасеница која ја одгледував во кутија од крем Каја со продупчени отвори за воздух. Мајка ми не беше секогаш пресреќна од нашата голема љубов кон сите животински видови :D .

    Сега сме во стан и го имам само мачорот Марко, кој е како Џои од Пријатели, не е многу по делењето (храна, простор, шо и да е) :) .
     
    На LivingGlam и BlackSwan5 им се допаѓа ова.
  7. Butterfly15

    Butterfly15 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јуни 2010
    Пораки:
    1.145
    Допаѓања:
    2.620
    Моето маче татко ми го најде под колата. Тоа ми беше дар од Господ, затоа што во тој период многу, најмногу сакав маче и ете судбина, мачето дојде кај мене. Претходно, пред да го најде татко ми оваа маченце, пребарував низ фејсбук и од една страна каде што подаруваат бесплатни миленичиња си одберав маче и ми го донесоа дома. Мачето беше многу диво и не издржа ни еден ден кај мене, а претходно било чувано во домашни услови. И оваа маченце што си го имам сега е многу подобро од тоа.
    Не ми претставува мене мачето предмет за фалење или за украс по дома. Тоа ме исполнува и ме прави среќна само кога ќе ме погледне со убавите очички, и не можам да останам рамнодушна на таков поглед. :inlove:
     
    На BlackSwan5 му/ѝ се допаѓа ова.
  8. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Јас само би ги посоветувала сите кои бараат милениче да не се ограничуваат само на расни туку да вдомат некое улично маче или куче.Посебно сега кога е студено времето ми е многу жал кога ќе ги видам како се тресат и умираат од глад.На Фејсбук имате групи за заштита на животните,таму имате слики на животни кои се за вдомување и можете да контактирате на броевите кои се дадени и да си вдомите некое срценце.
    Ако сте вистински обожаватели на животните,направете нешто за нивно добро.
     
  9. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.812
    Допаѓања:
    11.127
    Пол:
    Женски
    Воопшто не ми е важно !
    Важно ми е да го имам било какво.Моето незнам ич одшто е мешавина ама преубаво е,кога го шетам ми викаат дека личело на мал самојед ама не е :)
    Сликава ќе ви каже се. :)
     

    Прикачени фајлови:

    На Black.Beauty, CoverGirl10, Faline и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  10. Justice.Girl

    Justice.Girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 ноември 2011
    Пораки:
    295
    Допаѓања:
    212
    Пол:
    Женски
    За мене воопшто не е битно дали миленичето е расно или не... Имам неколку мачки и сите беа бездомници и талкаа низ маало. И обичните миленици се исто толку мили, убави, послушни како и расните :) А за сликава погоре БРАВО :clap: :clap: Навистина е така!
     
    На Juicy му/ѝ се допаѓа ова.
  11. MiniMouse7391

    MiniMouse7391 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 септември 2011
    Пораки:
    141
    Допаѓања:
    30
    Мене не ми е важно толку само сакам да биди убавко и слатко :)
     
  12. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    Многу е поважно како ќе го научиш и како ќе постапуваш со него, отколку каква раса е.
     
  13. tigerlady

    tigerlady Популарен член

    Се зачлени на:
    21 јануари 2011
    Пораки:
    1.651
    Допаѓања:
    5.420
    Апсолутно ич. Мачката ја најдовме на одмор во Преспа, и си ја довлечкавме до Скопје. Ниту е расна, ниту е благородник, мајка ми дури си ја вика и селска наша дама ама за мене е најдобрата што постои. Мене лично расните мачки не ме воодушевуваат. Вујна ми има персиски со сплескани фаци мислиш по грешка во пегла се залетале. Сијамките ми се смешки, а оние без влакна и не ги сметам за мачки.

    За кучиња мислам дека е малку поинаква работата. Не ме сфаќајте погрешно, сите кучиња во маало ми се крстни и редовно ги хранам ама мислам дека има разлика помеѓу расни и нерасни кучиња. Пред се зависи за што го чуваш кучето. Ако го чуваш за да имаш куче тогаш мислам дека не е важно дали е расно или не. Но има луѓе кои чуваат кучиња ем затоа што сакаат ем затоа што им требаат. На пример слепи луѓе на кои им треба куче-водич, ловци, оние кои прават истражувања во природа и сл. Ова се луѓе на кои им требаат одреден тип на кучиња, со одредени способности. И затоа мислам дека во ваков случај се прави разлика расно/нерасно куче.
     
    На firequeenn му/ѝ се допаѓа ова.
  14. bumbuleya

    bumbuleya Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    259
    Допаѓања:
    105
    Воопшто не ми е важно. Си имам и јас мелез кученце, но немате појма колку е само мило, послушно и паметно. Не ми игра никаква улога дали е расно или не. Важно ми е кога среќно трчкара низ дворот и ме гледа со очи полно љубов и благодарност. Тогаш сум најсреќна и најиполнета. Бебенце мое, Го сакам бее :inlove:
     
  15. Katojiikutaka

    Katojiikutaka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2012
    Пораки:
    178
    Допаѓања:
    226
    Воопшто не ми е важно дали е расно или не.
    Битно ми е да ме почитува и сака. :)
     
  16. HeelsLover

    HeelsLover Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2011
    Пораки:
    565
    Допаѓања:
    655
    Пол:
    Женски
    Не е важно какво е важно да е слатко и да ти се допаѓа .
     
  17. Lux

    Lux Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    7.094
    Допаѓања:
    6.348
    Пол:
    Женски
    И да те дополндам да знаеш да постапуваш и да се грижиш за него. :)
     
  18. spellbound

    spellbound Популарен член

    Се зачлени на:
    1 декември 2010
    Пораки:
    916
    Допаѓања:
    1.482
    Не ми е важно каква раса е.
    Битно не е човек, знае да те сака и почитува.
     
  19. Lallly

    Lallly Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 декември 2011
    Пораки:
    133
    Допаѓања:
    33
    тоа воопшто не е важно
     
  20. BlackSwan5

    BlackSwan5 Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јуни 2011
    Пораки:
    2.765
    Допаѓања:
    3.558
    Да,за вакви случаеви секако дека да.
    Но инаку мене ми се многу мили уличните кучиња.Не дека и расни не сакам,сакам но не ми е многу важно дали ќе имам расно или обично.