1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви е важно да имате расно милениче?

Дискусија во 'Дом' започната од BlackSwan5, 27 декември 2011.

  1. Black.Beauty

    Black.Beauty Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јули 2011
    Пораки:
    447
    Допаѓања:
    213
    Ич не ми е важно. Колку што помнам само кога бев помала чував германски овчар - вучјак како расно куче, само тогаш. Мешанчињата воопшто не ми сметаат, многу ги сакам животните и се би дала за нив, без разлика какво куче е или маче е јас секако ќе го земам и чувам...
     
  2. A-j-a

    A-j-a Популарен член

    Се зачлени на:
    12 април 2011
    Пораки:
    1.793
    Допаѓања:
    2.024
    Воопшто не е важно. Без разлика дали е расно или не, подеднакво ќе ти возврати за твојата искрена љубов и грижа кон него.
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ги сакам и расните и нерасните кучиња.

    Но предноста кај расните кучиња е во тоа што кога земаш да чуваш некоја раса ги знаеш точно нејзините спецификации, колкаво ќе порасне, каков карактер и темперамент ќе има и сл.
    Бидејќи да не се лажеме, никој неможе да ме убеди дека некое мешано куче ќе биде подобар чувар од еден Доберман или Ротвајлер.
    Значи што ми е поентава на муабетот ... постојат раси за точно определена цел, чувари, ловџии, душкачи, придружници, водачи на слепи лица, телохранители и сл. ... и кога се определуваш за некоја раса знаеш за што можеш да ја користиш таа раса и ги знаеш нејзините позитивности и негативности ... додека кај мешаните кучиња незнаеш што да очекуваш од мешаното куче бидејќи не му ги знаеш предците и нема да знаеш каков карактер и темперамент ќе има мешаното куче.

    Затоа според мене предност е да чуваш расно куче.
     
    На Nausicaa, mims-89, WhiteAngel и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  4. WhiteButterFly5

    WhiteButterFly5 Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 август 2011
    Пораки:
    283
    Допаѓања:
    69
    ИЧ!!!
    Сите се душички, без разлика дали се расни или не!
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. no.name6

    no.name6 Истакнат член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2012
    Пораки:
    225
    Допаѓања:
    57
    јас да си кажам од лично искуство-имам самојед и имам скитниче куче,во превод џукела.самоједот е плашлив,тврдоглав,неблагодарен,непослушен(јас пак си го сакам),а за разлика другиот е храбар,верен,мил,послушен. немора да е расно кучето за да има одлики на куче
     
    На WhiteButterFly5 му/ѝ се допаѓа ова.
  6. EyesWideShut

    EyesWideShut Активен член

    Се зачлени на:
    10 февруари 2012
    Пораки:
    10
    Допаѓања:
    2
    Мислам дека погрешно се разбравте. Доберман ти пиша дека ги сака сите кучиња но дека е предност да чуваш расно куче што знаеш однапред што да очекуваш, му знаеш раст, карактеристики, можеш да си избереш куче погодно за условите што ги имаш, но во никој случај тоа не треба да значи дека другите се помалку вредни :)
     
    На no.name6 му/ѝ се допаѓа ова.
  7. Doberman

    Doberman Популарен член

    Се зачлени на:
    13 ноември 2010
    Пораки:
    601
    Допаѓања:
    519
    Ете токму за ова и зборам.
    Самоједот е таков како што го опиша: тврдоглав, непослушен, темпераментен ...
    Значи кога земаш раса точно и ги знаеш карактеристиките и ти доколку не си сакала да чуваш такво тврдоглаво и темпераментно не си требала да зимаш Самојед.
    Значи ова чисто како пример ти го кажувам, убаво се поклопи твојот пост со тоа претходно што го напишав дека кога зимаш раса ги знаеш нејзините позитивности и негативности.

    Или еве сликовито да ви објаснам ...
    Постојат раси кои што се користат за точно определена цел.

    Пример #1 :
    Живееш во стан и сакаш куче што не пушта многу влакна и што не се митари.
    Тогаш ќе си земеш Пудла и нема да имаш проблеми со влакна бидејќи Пудлата е раса која што не пушта влакна.

    Пример #2 :
    Сакаш куче кое што е флегматично и кое што не бара долги прошетки.
    Тогаш ќе си земеш Англиски булдог, бидејќи тоа се многу мирни кучиња и не бараат многу долги прошетки, оваа раса е идеална за зафатени луѓе кои што немаат многу слободно време за да го шетаат кучето по неколку часа на ден.

    Пример #3 :
    Сакаш куче кое што ќе биде твоја сенка, кое што ќе биде верно и лојално до смрт и кое што ќе биде вистински чувар и заштитник на домот и семејството.
    Тогаш ќе си земеш Доберман, Ротвајлер

    Зарем треба да наведувам уште примери ?????
     
    На Nausicaa, mims-89, imelda и 3 други им се допаѓа ова.
  8. daylight

    daylight Популарен член

    Се зачлени на:
    22 декември 2011
    Пораки:
    3.198
    Допаѓања:
    4.238
    Сосема ми е небитно дали е расно. Но многу ми е битно дали се чува во стан или куќа. Не го одобрувбам чувањето животни во стан и кафези бидејќи тоа е своевиден затвор за животните кои си бараат она што природно им припаѓа: слобода на движење.

    Многу луѓе чуваат животни под изговор дека многу ги сакаат животните и им даваат грижа, но не се ни свесни дека всушност се сакаат само самите себе си. Го дотеруваат и чуваат животното така да тоа биде според нивна мерка а не според природнните потреби на животното. Некогаш тоа преоѓа во гнасни екцеси како на пр, кога на доберманите им ги потсечуваат учите за да им стојат исправени. Ако некој искрено и несебично ги љуби животните тогаш ќе им дозволи и овозможи да живеат соодветно на својот вид и раса.
     
  9. Miss666

    Miss666 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 јули 2011
    Пораки:
    1.323
    Допаѓања:
    3.431
    Пол:
    Женски
    Тотално ми е неважно дали ќе чувам расно куче или не.. Не можам да ги пребирам од чиста причина што и тие, нерасните кучиња се живи суштества, и тие бараат љубов и топлина и што е најбитно и тие ја возвраќаат љубовта...

    Мене ми е важно да ме сака, да ми биде верен сопатник ( исто како идниот ми маж, здравје Боже, и тој не е расен па пак го имам :lol: )

    Сакам да кажам, давајте им на сите љубов, го заслужуваат тоа.. :inlove: :inlove:
     
  10. WhiteAngel

    WhiteAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2011
    Пораки:
    2.107
    Допаѓања:
    1.641
    Мене ми е битно. Воопшто не ми е битно што ќе речете, но мене многу ми е битно да имам расно милениче.
    Единствено нерасно милениче кое сум го чувала е една мачка која ја добив како подарок.
    Да се разбереме, заштитник сум на животните и ги сакам, но јас дома не би чувала мешанче.
    Прво, не знам што карактер ќе има (не сакам кучето цел ден да дреми на кревет и да биде премногу флегмантно);
    Второ, не знам колкаво ќе биде (во ниеден случај внатре не би чувала куче со големина на Самојед или Германски Овчар);
    Трето, за расното милениче можам секаде да се информирам за дресирање и за болести. За нерасното не можам.
    Кога го земав моето куче важно ми беше да не се митари (Малтезерите не се митарат), важно ми беше да е темпераметно, живо, интелегентно, но и да се прилагоди лесно на новата средина. Тоа го најдов во Малтезерот.
    Да, и нерасното ќе се прилагоди, ќе ме сака и сето тоа, ама не е исто. Мене не ми е.
    Затоа секогаш бирам расно милениче.
     
  11. Saya

    Saya Популарен член

    Се зачлени на:
    6 јануари 2011
    Пораки:
    1.190
    Допаѓања:
    5.553
    Во денешно време, покрај толку напуштени и прегладнети кутриња што секојдневно умираат по божемни стационари како Вардариште, смешно ми е и никогаш не би ни помислила повторно да купам расно куче. Пекинезерот што го имам ми е светла точка во животот и не знам што би правела без него, и тој ќе биде првото и последно расно куче што го имам чувано.
    Прво, воопшто не го поддржувам начинот на расплод на расните кучиња, второ не гледам задоволство во купување програмиран робот на кој ќе му ги знам сите доблести и маани. Се согласувам со тоа дека е убаво да се знаат физичките предиспозиции (никој никогаш нема да ме убеди дека и карактерот на кучето доаѓа од расата), ама одговорноста е таа. И доберман ќе ќења сред тепих во 3 саат сабајле дур е бепче, и мешанче.
    Бидејќи не патам од комплекс да бидам видена во парк со мојот верен придружник и навистина не ми е важно дали ќе треба почесто да го шетам кучето или дали ќе ми се митари на кауч, расата ми е фактор што никогаш не би го земала предвид.
     
    На FreeMind, Edie.S и Kaetana им се допаѓа ова.
  12. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Ако пишам дека не ми е важно, а цел форум знае дека имам расен миленик ќе биде смешно, лицемерно и контрадикторно.
    Сум чувала и мешанчиња, мачиња и кучиња. Сум ги сакала многу, и тие мене. Добри миленици се сите животни, и тие како нас луѓето без разлика на вера, пол, националност чезнееме за трошка љубов и внимание.

    Позитивната страна кај расните миленици како што образложи Доберман е што знаеш какво куче, каков карактер те чека во иднина.
    Ја имам мојата Бела, просто ја обожавам, ама нели никој не е совршен па ни она, лиги на сите страни, кога ќе и дојде период на митарење, ужас е по дома, и е тврдоглава многу.
    Ама Петко добро се информирал што се бара тоа куче, дали му треба простор, шетња и сл. Сите маани и доблести. Мрзливо куче е воглавно, небара долги и енергични прошетко, 1,5/2 километри и се сосем доволни дневно. Првите 10 минути трча, а после галопира.
    Стигнуваме дома, легнува и спие, станува само за да јаде. Предобар чувар и заштитник.
    Јас ја сакам поише од мене, и кога би бирала повторно би земала булмастиф.

    Не ги потценувам мешанчињата, кажав дека сум чувала и повторно би чувала, само што се мене тиче ја би ја чувала само Бела до крајот на мојот живот. Ама тоа неможе, затоа здравје ако имаме бебиња од Бела оваа пролет, ќе си оставиме едно машко.
     
    На imelda му/ѝ се допаѓа ова.
  13. strawberry06

    strawberry06 Истакнат член

    Се зачлени на:
    24 март 2012
    Пораки:
    246
    Допаѓања:
    496
    Пол:
    Женски
    Мене искрено воопшто не ми е важно дали ќе биде мешнанче или расно.Ама искрено повеке ги сакам мешанчињата затоа што се добри, мили,полни со љубов. :) Исто кога ќе земеш мешанче од Вардариште барем знаеш дека си го спасил од тој пекол таму во кој умираат ;( Знаеш дека некому ке му обезбедиш дом,љубов,храна.Сепак мислам дека секогаш ќе се најде некој кој ќе купи расно куче,додека некои мали кучиња во Вардариште чекаат некој да ги земе и да можат да преживеат,да бидат среќни.Затоа според мене подобро е да спасиме нечиј живот од сигурна смрт.
     
    На Black.Beauty му/ѝ се допаѓа ова.
  14. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Важно ми е од аспект на неговиот изглед, но тоа не значи дека не ги сакам и мешанчињата, сум чувала и расни и нерасни кучиња и сум ги сакала подеднакво, но доколку сакам одреден изглед на милениче ги претпочитам расните. Тие имаат и подолг живот. Второ, важно ми е од аспект на неговите карактеристики како што напомена Доберман, да се знаат спецификациите на одредената раса и неговите особини, така подобро ќе може и да се третира кучето.
    Трето важно ми е да чувам расно куче бидејќи сите знаеме дека одржувањето на миленикот кошта пари и тоа многу пари, мислам не е во ред само да земеш куче и да му даваш остатоци од ручек или да го раниш само со леб. Да не зборам за потребните вакцини, ветеринарни услуги, па контороли, па ако се разболе нешто пак трошоци.... Така да од оваа страна ако имаш расен миленик ќе можеш и да го репродуцираш, да продаваш кутриња и да заработуваш пари. Ова не е криминал, да тоа е бизнис, но не значи дека не го сакаш својот миленик дека го чуваш само заради бизнис.
    Не ми е важна расата за тоа да се фалам пред луѓето дека шетам расно куче или да бидам видена со расно куче, ова го прават само дебилни луѓе што немаат попаметна работа во животот и што живеат за туѓите мислења, немам такви комплекси, како што кажав имам чувано повеќе нерасни кутриња одколку расни. А кучињата било расни или не, било со педигре или не исто ја возвраќаат љубовта.
     
  15. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Извинете малку за офтопик, ама ногу ме зачуди наслово на темата и прашањето во првиот пост „Дали би чувале милениче кое не е расно?“
    Прво и основно секое милениче е расно и секое припаѓа на одредена раса на животни. Тоа што е улично и што незнаеме каква раса е не го прави не расно. Тоа ти е исто како да кажеш дека Косоварите не се расни луѓе. Жими мајка расни се.
    И сеа да го корегирам насловот, да се преименува во „Колку ви е важно да имате милениче од ретка раса“?
    Сега онтопик, не, не ми е важно да е ретка раса, сите имаат чувства и сите имаат подеднакво право на грижа.
     
  16. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Е што раса се мешанчињата? Или што раса се кутриња помешани од доберман и кане корсо на пример?
    Не е логично тоа што го кажа, исто како дете што е има родители кои припаѓаат еден на жолтата раса, еден на црната раса.
    Немаат раса, не припаѓаат на ниедна раса за жал, затоа што од различни родители се добиваат различни кутриња, не личат едно со друго едноставно. Освен ако не оформиме раса стритери на пример :^)
     
  17. Kaetana

    Kaetana Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2011
    Пораки:
    2.919
    Допаѓања:
    14.564
    Пол:
    Женски
    Мене ми Е важно да НЕ е „расно“ милениче.

    Пред се, животното е животно. Сите имаат иста душа. Тоа е исто како да се детерминираат луѓето према расите, а мелезите да бидат одвоени како „мешанци“ и да имаат помала вредност заради тоа, како и да им се препишуваат „неодредени“ особини само заради таа цел... што во секој случај е крајно ретардирано.

    Патем, јас мислам дека „расноста“ воопшто не дефинира се. Карактерните особини на животното се пред се од генетски аспект, како и од условите и опкружувањето (на пример живоста, веселоста...), како што тоа впрочем е и кај нас луѓето.

    Патем, кога сакам милениче, не би сакала тоа да биде према моите желби - од аспект на однесувањето. Верувам дека животните си имаат свој карактер, кој што од секој „сопственик“ би требало да е бескрајно почитуван.

    Имам две мачки (не се „расни“). Едната е многу интерактивна со нас, другата си ја брка својата работа. Ги почитувам и двете према нивните карактерни особини. И нормално е да си имаат некаков табиет. И баш сум среќна што на секое мое викање не доаѓаат понизно да ги галам, или гњавам. Нормално, си имаат свое „јас“ за кое што бескрајно ги почитувам.

    Имено, истата философија ми важи и за децата. Ќе имаш дете во животот, и нема да знаеш кои гени ќе ги носи, ал ќе е високо, ниско, со ваков или таков нос... ама сепак ќе си го сакаш, затоа што е твое.

    Или сите тие луѓе што бираат „педигриња“ ќе си ги нарачаат на гинекологија своите деца (во облик на стриктно подредени и ревидирани хромозоми од сперматозоидот и јајце клетката?)

    Пипл, Ве молам размислувајте малку попаметно.
     
    На FreeMind му/ѝ се допаѓа ова.
  18. Radiance

    Radiance Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2011
    Пораки:
    130
    Допаѓања:
    170
    Овоа шо го кажа нема никаква логика. Ај размисли дали мешаните немаат раса. Безрасно животно не постое, ако е мешано се зема од двете раси името. На пример, Имаш различни врсти на црнци, знаеш оние потемните и оние посветлите. Ај сеа размисли која раса се тие што се посветлите ( оние во америка ) и тие што живеат во Етиопија.
     
  19. flowergarden

    flowergarden Популарен член

    Се зачлени на:
    27 февруари 2011
    Пораки:
    1.276
    Допаѓања:
    418
    Воопшто. Животинче си е животинче. Нема да го сакам повеќе ако е расно. Баш повеќе ќе ми биде мило ако знам дека сум го спасила од судбината и животот на улица
     
  20. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Хммм... ова само теоретски, а имаш ли сретнато во реалниот свет нешто такво? Еве јас најозбилно не те разбирам, посочи ми пример, постави слика од такво куче какво што зборуваш. Докажи дека постои и дека е некоја раса. Дека има уште 10000 кучиња исти како него.... Навистина не разбирам :^)