1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви е важно да имате расно милениче?

Дискусија во 'Дом' започната од BlackSwan5, 27 декември 2011.

  1. zabec

    zabec Истакнат член

    Се зачлени на:
    27 август 2014
    Пораки:
    101
    Допаѓања:
    357
    Сосема небитно
     
  2. Valencia

    Valencia Истакнат член

    Се зачлени на:
    25 април 2015
    Пораки:
    510
    Допаѓања:
    610
    Пол:
    Женски
    Не ми е важно дали е расно или не... исто како што не ми е важно кај луѓето дали се богати или сиромашни, бели или црни. И тие се души и тие сакаат топол дом и тие знаат да пружат љубов.
     
    На Aerial, Црвче и BoyL им се допаѓа ова.
  3. GrimTheReaper

    GrimTheReaper Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 мај 2015
    Пораки:
    2.720
    Допаѓања:
    20.402
    Сите се убави и расни и мешанчиња. Не се како луѓе, нема злоба, туку чиста љубов. Дома кога ќе се вратиш прекапан, никој не се радува, си викаат еве ја оваа дојде, ама затоа кога ќе си го видиш кучето со опашката како се превртува од среќа, душата ти се полни:l:
     
    На 1209, candy.cane, Maro87 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.184
    Пол:
    Женски
    Да,толку години сум живеела без куче,сега не можам да замислам да живеам без нивно присуство.:inlove:
     
    На 1209, candy.cane, CameliaMiller и 2 други им се допаѓа ова.
  5. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Токму така. И тие расните некој треба да ги купи зошто овие стокиве што ги размножуваат ќе ги фрлат на улица тие легла. Се надевам ќе дојде ден со закон да се забрани продажба на животни. Има милијарди на улица и во шелтери. Така умираат во два на два со години.
    Немам зборови да искажам омраза и гнев кон оние кои заработуваат од продажба на домашни миленици.
     
    На DAngel, PurpleMind, candy.cane и 4 други им се допаѓа ова.
  6. Cosmi

    Cosmi Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 февруари 2012
    Пораки:
    9.042
    Допаѓања:
    87.184
    Пол:
    Женски
    Си прават бизниси.
    Особено во Србија има куп.
    Во една таква група кога напишав дека чувам малтезер и пудла,и дека и двајцата ми се стерилизирани уште пред да наполнат година,кога ме нападнаа,па веднаш ми пресметаа колку пари сум изгубила што не сум ги оставила да се парат:(
     
    На candy.cane, CameliaMiller и FreeMind им се допаѓа ова.
  7. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Тие не се ни одгледувачници, ужас жив.
    И ги "увезуваат" т.е. шверцаат.
    Еднаш кажав дека јоркширски териер и чау чау ми се мн. симпатични, одма ми понудија да ми "увезат".

    Моите животни се од улица, не значи дека не би купила никогаш зашто можеби и би купила, конкретно мал кокер, но ни под разно од puppy mill.
    Има кинолози и друштва и одгледувачници што навистина се посветени на одредена раса и прават се' по пропис и следат што се случува со нивните легла. Е, ама тие кученца не се 100 евра, туку многу повеќе, ама за да се направи тоа куче, да се вакцинира, храни, чува во соодветни услови (и да се чува негов родител) е многу повеќе од 100 евра.

    Куче 100 евра вришти mill и фалц педигре.
     
    На candy.cane, Bezimenka90 и FreeMind им се допаѓа ова.
  8. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Кинолози ...да не си ја гадам устата на најубавата тема на форум. Најлошо на свет им посакувам полошо и од мислите на Хитлер. Говеда.

    Многу многу ретко да видам овде расно куче. Колку што е повисока свеста толку е помала потребата да го покажеш статусот па дури и преку живо суштество. За мене тотално неразбирливо. Но во ред. Со текот на развојот се тоа ќе се смени. И однос кон природа и кон храна. Дали ние тоа ќе го видиме со свои очи не верувам. Но и оние малку очи да ги усреќиш сме направиле чекор напред кон живиот свет. Така и почнува развојот јас и ти заедно потоа иде уште некој во позадина. Тројца луѓе да размислат од муабетов сме завршиле голема работа. Тоа се три гласа потоа.
     

    Прикачени фајлови:

    На DAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  9. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Не знам дали постои посоодветна тема, би било убаво да не' преместат пошто темава е навистина добра :)

    Јас немам против КОНТРОЛИРАНО одгледување на раси, бидејќи во одредени ситуации има улога и тоа. Знаеме дека одредени раси се подобри во една или во друга работа. На пример, германски овчар е познат како "полициско куче".
    Една жена што ја следам на YT т.е. кучето и' го следам, "негов" е каналот, имаше објаснето зошто е кучето купено од одгледувачница. И некако нејзината приказна ми даде и друга перспектива, не за статус, туку самата таа има повеќе здравствени проблеми и и' требаше куче со веќе "предвидливи" карактерни особини на расата, бидејќи таа не е во можност да се справува со последиците врз кучето што ги создава животот во shelter.

    Јас моето куче го најдов под кола, малецко. Поима немав колкаво ќе порасне, какво ќе биде, како ќе личи... но не ми беше важно. Затоа што мене не ми требаше работно куче, ми требаше пуфле за размазување :)

    И порасна огромен. Што во сегашниве услови и сегашниов живот и сегашнава здравствена состојба би било нехумано од мене да вдомам куче кое толку ќе порасне. Бидејќи нема да можам да се грижам за него. Бубу е веќе стар и ок, ама кога беше млад и бесен саати и саати дневно низ шума го шетав за да трча, бидејќи имаше енергија огромна во себе.

    Денес така да чувам куче нема да можам. Следствено на тоа од таа причина не би земала рандом кученце од улица. Можеби веќе пораснато улично, зошто да не.

    Во Македонија немаме shelter системи, во странство малце поинаку е тоа. Кога одиш во shelter има некој што веќе го проценил кучето, колку ќе порасне, каков карактер има, какво семејство му одговара... пошто нема полошо од тоа да донесеш веќе измачено куче во семејство во кое не може да се вклопи, има толку истрауматизирани кучиња што мора да бидат единствен миленик во домот, или пак кучиња преактивни и претемпераментни што не е ок да ги вдомиш во дом на пензионери.

    За работни кучиња - да, но вакво неконтролирано парење, апсолутно сум против.
    Да имам моќ би забранила размножување на сите кученца од едно легло (т.е. би морале да бидат кастрирани/стерилизирани) освен поединчени кученца кои ќе ја носат "лозата".

    Нема потреба да исчезнат расите, ама има потреба луѓето да сфатат дека не се купува лабрадор оти е симпатичен, туку дека е тоа куче на кое мораш да посветиш многу време, да бидеш човек што е активен, да исполнуваш критериуми за кучето да се вклопи во твојот живот. Ниту па хаска се купува за да чува двор, а ти couch potato што ти е тешко до двор да излезеш.

    Уште колку има за пишување :D
     
    На 1209, candy.cane, Bezimenka90 и 2 други им се допаѓа ова.
  10. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Јас и таа теорија ќе ти ја побијам со школата за кучиња која овде ја следам. Дури има и три велешанчиња. Абе гордост невидена ми се со сертификати, со поминат курс со се. Не постои куче кое не може да биде добро истренирано. За жал постојат многу поради генетски проблеми и животно искуство истрауматизирани кои не би можеле да функционираат нормално освен кај големи познавачи.
    Јас во расни кучиња не верувам. Имам и порано пишувано моп расата е пред чекор да се забрани поради здравствени проблеми. Значи кучињата умираат во неподносливи болки оти некому таму му текнало да меша и создава и згора на се и да одгледува раси. Ама со сите атоми против создавање нови поколенија на планетава. Имаме премногу. А каде е и Африка. Хаска на тараса у Скопје чуваат. Да идеш гзот со динамит да им го наполниш и како петарда да ги пукнеш. Нечовечни.

    Ози е од улица вдомен преку една девојка. Не ни знам кое по ред улично легло е. Поради генетски нарушувања роден е со хендикеп на задни нозе. Има срцева слабост. Има осетлив желудник к склон кон останати болести. Задните нозе одвај и ги движи. Од следна година ќе се движи и во количка веројатно поради слаб импулс на задни нозе. Правен ми е и магнетна во клиника за кучиња. Никој не знае што му е. Можеби и куче со психички проблеми со години не касаше и напаѓаше. И психолог го водеше една година. Во ниту еден случај не ни помислив да го напуштам или збогувам. Напротив. Секој ден е се подобар и веќе е целосно со детето. Најдобри пријатели се. Еден до друг цел ден. До последно ќе се обидувам да му помогнам. Ако бил кај друг ќе бил минато засега. Многу е незгоден. А мене ми е слабост. Живот ми е.
     
    На 1209, DAngel, PurpleMind и 2 други им се допаѓа ова.
  11. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    И мојот лорд е со повеќе проблеми, како старее уште повеќе. И мачорот ми е со вроден проблем со цревата, до крај на живот на посебна исхрана ќе биде.

    Муабетот ми е друг, ни јас не верувам во "измислени" раси како мопсот и едно чудо други, но не станува збор за тренинг, туку за потреба на кучето.

    На малтешка пудла не и' треба активност колку на хаска на пример итн.

    Јас со млад Бубу денес со моево здравје не би можела да се справам. Не би ни ризикувала, зошто и јас да се фрустрирам и него да го малтретирам?
    Денес да земам куче би земала многу помало од него, што дворот полјана ќе му биде :) На Бубу шумата тесна му беше. Е ама јас тогаш можев и акав и ден и ноќ со него, сега не би можела.

    Затоа е важна и позадината на кучето (и гени и искуства) зошто нема полошо од да вдомиш па да вратиш куче, или да се фрустрирате и двајцата или не дај боже на улица пак да заврши.

    Јас сега пре би вдомила возрасно куче него бебе куче, затоа што возрасно веќе му знаеш потреби, карактер (може ли со мачоров и кучево што го имам да живее, на пример) знаеш колкаво е...

    Не дека има куче што не може да се дресира, но има доста кучиња кои исто како ние луѓето имаат лоши искуства и проблеми и тие не може секој да ги вдоми, затоа е важно да има добар match меѓу семејството/човекот и кучето.

    Има раси кои се доста стари и не гледам потреба да се уништат како такви, на пример самојед, која е една од најстарите.

    Јас сум ЗА многу контролирана репродукција, строги контроли и правила, и не создавање на нови раси кои искрено немаат поента освен статусен симбол, како мопсот на пример :)
    1_yT_RwFw4af5NDjWu9-MG7g.jpeg
     
    На 1209, PurpleMind, LadyF95 и 2 други им се допаѓа ова.
  12. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Што раса е моп? Може слика?
    Edit:Ок, видов, ваљда за мопс се работи
     
  13. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Сонце си мое ти, душа како што те замислувам. Јас после Ози посвојувам наеднаш неколку со мачорки во пакет едно комбе ако здравје најдеме куќа. И сите над 4 години. Јас лично не сум способна нервно да поминувам низ процесот со младо куче и бебе кое го имав ( и ќе немам следно ). Доста е видов доволно е не е за мене и толку. Би идела и на хендикепирани и слепи. Да им го направам животот и они мене волшебен.

    Ете ова на вторава слика е мопс.
     
    На 1209, Doozy, CameliaMiller и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  14. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Кутрево вдомено е со проблеми поради старост или генетски?
     
  15. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Генетски. Има 3,5 години.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.
  16. LadyF95

    LadyF95 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јули 2020
    Пораки:
    179
    Допаѓања:
    109
    Па затоа се чуваат расни кучиња - за да знаеш што да очекуваш кога ќе го земеш, екстериерно и карактерно,и се издаваат педигриња - за да нема инцести. Проблематични кучиња не се пуштаат воопшто во приплод.

    Е сега, во природа на човекот е да ги усовршува работите и често ги упропастува. Затоа има фалични миксови, диаплазија итн. но тоа не значи дека не треба да има расни кучиња
     
  17. Bezimenka90

    Bezimenka90 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јануари 2016
    Пораки:
    2.806
    Допаѓања:
    17.498
    Пол:
    Женски
    @CameliaMiller @FreeMind Мислам дека е баш супер тема за дискусија. А мопсов и волкот на крај ме изнасмеаа. :D

    Омилена раса ми се Frenchies, ама знам со какви дефекти се раѓаат, се мачат и многу од нив кратко живеат.

    Колку и да ги обожавам, не би купила French Bulldog. Зошто верувам дека кај нас сите се од puppy mills.

    Само со ова не можам да се сложам:

    Знам која ти е поентата, ама никогаш нема да има крај. И се повеќе и повеќе ќе се раѓаат кученца со деформитети, кои нема да сакаат да ги купуваат. На крај пак ќе завршат на улица.

    И од кога ќе ги купат:

    Има и бетер. Хаска, лабрадор, ротвајлер...сите се активни раси. Има луѓе што не само што ги чуваат на тераса, туку и буквално се на ланец 24/7, ниту еднаш прошетани. Па и еден English bulldog што е такво мрзливо, треба да се шета дневно, не па овие.

    Во Македонија има премногу злоупотреба на животни од сите страни. Јас би забранила секакви раси купување. Ако сакаат да чуваат, нека вдомат улично. Додека не научат дека куче не е предмет кој го чуваат за чаталење додека е мало. Туку дека е живо суштество кое е доживотна обврска.
     
    На dayla, CameliaMiller и FreeMind им се допаѓа ова.
  18. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Велиш за да не ме боли глава? А очи и уши се дели заедно со расава? Зошто одам или гледам напуштени и ме боли душата. Егоистичен поглед на животот гледај на сопствениот гз да му е таман. Немој фазла да се потрудиш. Ужасен свет.

    Плус не е точно. Генетски проблеми може да се појават и поради х основи. Никој не може да гарантира здрав човек ниту здраво кутре.
    Јас го сакам токму она шугаво мало кое сите го клоцаат на учица да го земам. Создадено од вакви раси кои ги пуштаат да се прошетаат. Нестерилизирани. И веќе постои диши, јаде и пие. И бара помош, ужасно моли за корка леб или вода.

    Тие кои продаваат со педигре ги замолувам педигрето во најмалата дупка во задник да си ја напикаат. Како фишек по можност.
     
    На dayla, Doozy, DAngel и 2 други им се допаѓа ова.
  19. CameliaMiller

    CameliaMiller Форумски идол

    Се зачлени на:
    12 август 2015
    Пораки:
    19.708
    Допаѓања:
    266.220
    Апсолутно имаме ист мисловен тек, затоа ми се прибрани од улица и двајцата :)
    Меѓутоа, кога расите би се користеле за она и за што првобитно биле смислувани, генетски инженеринг пред да постои генетски инеженринг, не е голем проблем. Мислам колку сакаат нека се умни, ама во планина со снег до мишки, нискиве не се баш најпогодни за search and rescue, или во к9 единица некое чивавесто не брка работа :D

    Исто како што не може секој човек за се' да е способен, не може секое куче за се' да е способно. Реално чивавесто не може да ме извлече од вода, некој бернардинец/лабрадор и сл. треба за тоа :)
    За миленик, како мене, да ми се пуфка по дома и да се лигавиме, апсолутно најшугле од улица.

    За работни кучиња, пошто се битен дел во разно-разни ситуации, како и за сочувување на одредена раса од изумирање, ок.
    Ама далеку сме од тоа.
    Сега секој втор како ќе му прдне размножува.
     
    На Doozy, Bezimenka90 и FreeMind им се допаѓа ова.
  20. FreeMind

    FreeMind Форумски идол

    Се зачлени на:
    2 јули 2018
    Пораки:
    6.948
    Допаѓања:
    40.034
    Пол:
    Женски
    Не преместија баш убаво :)

    Расите веќе постојат де факто тука се. Јас од сегашност накај иднина ќе тргнам дека нема апсолутна никаква потреба од создавање нови раси и нови легла. Од постоечкиве додека се тоа би се изрегулирало законски насекаде 50 години сигурно ќе има и кој да спасува и кој да бара дрога, да помага кај слепи лица итн.

    Пред некое време читав за раса создадена да биде како моден додаток налик версаче. Заеби и раси и се. Никако. Одма наеднаш насекаде се да се забрани. Како Холандија што направи клуч на продажба во пет шопови иди посвој од дом.

    Темава ја исчитав сета и мило ми е да сите се речиси за вдомување. Али реалноста е ужасно сурова. Преку 95% ќе земат расно наместо да посвојат. Секако тоа расното ќе биде затворено во кафез во двор или во некоја куќара на ланец од 50цм. Или јавано од сопствените деца како магаре. Јел играчка за дома нели.
     
    На CameliaMiller му/ѝ се допаѓа ова.