Не ми е важно што раса е. Дури расните не ми се убави толку колку мешанчињата. Нит па сметам дека е глупо ако е мешано.
@FreeMind затоа напоменав, можеш да замислиш какви "богаташи" има во Македонија со толку скапи раси на кучиња? Одржување на раси да - и некои оставање да изумрат исто така да, мопсот е добар пример. Додека мопсот им е грешка во генетика на штета на кучето, други раси, како самојед, маламут, лабрадор, чау-чау, бернардинец итн. си имаат свое место, работно место, во служба на човекот. Генетски инженеринг веќе кај луѓе практикуваме и технологија секој ден се' повеќе се развива за да можеме да селектираме потомство, во тоа лично не гледам проблем. На пример на Исланд нема луѓе со Даунов синдром, затоа што престанаа да раѓаат деца со даунов синдром. Не е погрешно да сакаме да создадеме што поздрави и човечки и кучешки единки. Етички проблем е да создадам версаче куче или версаче дете, но бирање подобри гени во суштина не е лоша работа ако се применува за правилни цели. Од волк до лабрадор патот бил долг, но лабрадорот како раса има реална поента и потреба да постои, има физички и интелектуални способности што можеме да ги предвидиме и да ги искористиме онаму кај што куче е незаменливо. Германските овчари последниве децении ги "потсменија" на нивна штета и на денешниве ГО имаат слабост на кичма вродена, а идејата била да бидат постартни во трчање и се, но тоа им создава болка па мислам дека треба да изнајдат начин да се вратат еден чекор назад. Кучињата денес ни' се љубимци, но најголемиот дел од својата историја биле работни животни, чувале овци, имоти, ловеле итн. Немам против малите раси затоа што јоркширски териер ако е две кила куче, териер е и има поента зошто е создадено какво што е, но на еден куп "нови" раси на lap dogs освен да служат како украс немаат друга намена, и нема потреба да постојат. За мене, тебе и сите нас на кои не ни' требаат работни кучиња има повеќе од доволно мешанци, но во полиција/војска/здравство/лов итн. има потреба да постојат раси со предвидливи карактеристики. Тоа што кој стигне размножува е причина што воопшто има толку мешанци и напуштени. Па моево нон стоп го мешаат за ретривер. А не е. Мајка му е мешанка од лабрадор, цел живот улично куче, татко непознат. Ама "блиска лоза" е, пошто ептен личи. Тоа ми кажува дека некој ептен близок предок бил чистокрвен, а на улица оставен. Како што се трудиме да заштитиме видови на мечки, волци, пчели... итн. ок е да заштитиме и одредени раси од изумирање. Ама да не е оставено во раце на рандом Џо, него државите да си водат многу подобар ред колку кучиња од која раса има потреба, а не желба, да постојат во даден момент. И ако да речеме од која било причина мене ми треба лабрадор, тој истиот да ми биде продаден кастриран, без можност јас да посакам да си го размножам. И да си плаќам данок на расно куче, кое ќе оди во буџет на институција што ќе се занимава со контрола на популација на дадена раса Малце утопија е моево, ама мислам тоа е подобро од неконтролирано парење, а и од тотален бан и уништување на раси кои навистина вреди да постојат.
@CameliaMiller имаш размислувано во светски рамки зошто не се решава проблемот? Ај во Македонија и онака е лакрдија од држава ќе ја тргнам настрана.
Ама пак не се тоа големи пари за некој да влијае во одлуки на влади. Пред се во светот одлуки се носат врз база кој ќе ја плати кампањата. Овие кутриве душички не можат да им ја платат со кучињата. Се трудам да ја видам поголемата слика и никако не можам нзс да најдам зошто не се затворени. Во Германија има протести и притисок од здруженија на животни да се забрани увоз на расни кучиња. На чекор се до успех. Исто така успеа да се изборат за регултива во транспорт на животни. Коментарите на страните на кинолозите се се освен фини и воодушевени. Можам да ги класифицирам и во заканувачки. Едноставно на луѓето им иде преку глава.
За жал парите го вртат светот. Ќе бидам многу позитивно изненадена ако се донесе одлука која спречува богатење на оние што веќе ја држат моќта преку пари...
Не сум сигурна, можеби едноставно не им е гајле на владите. Ни за расни, ни за нерасни. Едноставно ич кур не ги боли да речеме... не знам иначе што фајде би имале.
Да ама овде се смешни пари. Плус на крајот и во минус се некои “љубители” бидејќи и исхраната има голема улога во квалитетот на леглото. Тоа прашав за мкд влада одговорот беше не се приоритетни кучињата на улица и љубителите на животни се мал процент. Имаме поважни работи.
Ама за кај нас знам. Фајде имаат само оние кои размножуваат, а државата едноставно не се замара. Не знам зошто е така во поасални општества кај што и кучињата имаат права далеку поголеми него овде во дупкава.
Многу интересно е тоа. Правата на домашните миленици се големи овде. За злоупотреба едноставно ќе го јадеш. Не дека нема ни овде гнаси има секаде, ама ако те види некој готов си. А секој втор е љубител така да шансите да те види се големи. Знаеш може лудо ќе звучам али Меркел има страв од кучиња и воопшто не е љубител на животни. Дури и верувам дека одлуките се од лично чувство. Не може ако јас сум премиер да не ги решам глупациве со еден потпис. Први ќе летаат. Исто и во парламент се очигледно луѓе кои не се љубители. Претежно се возрасни, а Германија имала проблем со улични како во Скопје до 70те години. И тие генерации се само практични се е побитно од ова. Ама пак од друга страна си велам една Данска уште дозволува убивање делфини за полнолетство...нешто је труло. Фала на муабет Ками
https://www.facebook.com/114554831934355/posts/3495060817217056/ Популарните Tea Cup малечки слатки инстаграм ѕвездички најчесто кај азијатите, но и во Европа се многу болни кученца. Нова борба за престанок на оваа “инстаграм” раса претстои. Малите не се способни ни да се движат ни нешто да прават служат привезок на родот гнасен човек за исфрустрирани замисли за себе си.
Од кал да е, расно да е Зашто никад нема да купам расно животно од Мк. Ама никад. Макар до едно да се вдомени бездомниве, побрзо ќе увезам.
Денес се шеташе едно полициско куче во ништо не гледаше освен во мене додека ме узминаа ?? Што може да е ова ?
Чим кучето било полициско, станува збор за некаква измама, кражба... А може да е и поминување на црвено, кучињата се може да намирисаат. Доколку исто така те гледа НЕполициско куче, тогаш си направила некој љубовен грев...