Ми го пополнува времето, Фемина е за мене како најдобра другарка, го кажувам она што го мислам, ги споделувам тука проблемите, давам совети каде што можам, сите го почитуваат моето мислење, не ме познаваат, а на некој начин чувствувам блискост... Кога не сум на форумот, цело време пред мене излегуваат имињата и аватарите на најдрагите кориснички меѓу кои морам да ја издвојам ДАРКИ! Секаде ја има, секогаш со поткрепа на моето мислење, секогаш надополнувајќи ме... сакам кога сум почитувана, а овде некои стварно го прават тоа! Има толку мили ликови во овој форум без кои не можам да си го замислам денот! И имам уште многу да пишувам, но... ќе оставам место за вас! Повелете!
Најпрвин да ти кажам дека ми се допаѓа темава Форумот како форум не ми значи, ми значат девојките што секојдневно пишуваат и знаат да ми го разубават денот. Тие го прават форумот тоа што е - најубав!