1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    „Многумина од нас работат понапорно отколку што сакаат, на работа што воопшто не ја сакаат. Зошто? Логично! Со цел да си дозволиме еден вид на постоење, не се грижиме како живееме.“
    -Bradford Angier
    Колку наоѓате вистина во ова? Дали финансиите ги ставате на прво место? Дали би работеле понапорна работа само за поголеми средства?
    Или сепак колку да има доволно за опстанок, а го сметате времето со семејството и мирот за непроценлив?
     
  2. soncenceto.matea

    soncenceto.matea Истакнат член

    Се зачлени на:
    21 февруари 2012
    Пораки:
    210
    Допаѓања:
    57
    Времето со семејството и мирот ги сметам за непроценливи,а исто и здравјето и нервите.Така да би одбрала помала плата на работно место кое ме исполнува отколку голема плата со многу нервози и стрес!
     
  3. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Да, важен е и мирот ама треба и некаде да се живее и да се плаќаат сметки, да се полни фрижидерот, да се шетне...а тоа богами не паѓа од небо (барем не за повеќето :D )
    На почетокот кога си без многу работно искуство, без многу знаење и најважното без семејство за издржување, тогаш нема многу простор за пребирање работи...тешко било, шефот гледал на косо, колешките биле глупи оговарачки, дрн дрн. Има моменти кога мора да се стегнат заби со цел во иднина да ти се отворат повеќе врати за други работи.
    Или пак друг пример. Луѓе што се на возраст над 40 години многу потешко наоѓаат работа, се бараат млади енергични луѓе штотуку навлезени во таа машинерија, полни со елан. Во такви случаи исто така го земаш првото што ќе ти дојде пред очи.

    Е сеа скраја да е, некој да те малтретира физички или психички на работа, ќе мораш да бараш нешто друго. Камо среќа да можеа сите да го работат она што го сакаат, ама факт е дека сега за сега ситуацијата не го дозволува тоа. Башка што има и некои што си се преценуваат и некои работни места им се под ниво, ама тоа веќе е друг муабет.

    На кратко како заклучок, не може да не ти се важни финансиите во ова време на капитализам, постојано се покачуваат цените на струја, вода, храна, бензин, станови, кирии...така што нормално е да се прават жртви со цел да се обезбеди барем пристоен живот. А мирот во куќа често може да се наруши и поради немање пари. Така што како и да ја вртиш работата тоа е :)
     
    На eloves, glosipgirl, ciribiribela и 3 други им се допаѓа ова.
  4. kallias

    kallias Популарен член

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    3.782
    Допаѓања:
    6.983
    Ох, во денешно време, т.е. во последно време и те како ми се важни финансиските средства :!: !!!!!! Постојано слушаш покачување на цените во супер маркети, на струја, вода, парно, па плаќање кирии, ма кога ќе израчунаш колку финансии се потребни месечно за опстанок ми доаѓа да :envy:
     
  5. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.333
    Ја работам работата што ја сакам иако понекогаш ,, доџе ми да вриснем,, :)
    Секој работи за сурова егзистенција и ако е возможно за повеќе пари. ,,Бизнисмените,, кои работат чесно можат на прсти да се набројат. Од чесност не се заработува во оваа држава, чиста реалност, а тој што работи чесно со наведната глава гледа само како да го протера месецот од први до први.
    Со оглед дека имам семејство и те како ми се важни финансиските средства. Ми се важни до таа мера да не работам било што по секоја цена. ,,По секоја цена,, мислам на нечесна заработка.
    Инаку, да, би работела нешто што не ми е по струка доколку не се пронајдам од мојата струка, затоа што треба да се живее и преживее. Тоа не ми е некој хендикеп, отколку некој да се иживљава и омаловажува мојот труд и памет.
    Јас сум задоволна со некоја си златна средина и нормален живот. Мислам дека никогаш не би ја жртвувала радоста на моето семејство за алчноста кон парите. Парите се отепувачка, од многу глава боли :)
     
    На eli25, srcekrsacka и Ariel им се допаѓа ова.
  6. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    7.778
    Допаѓања:
    131.216
    Кога можев да бирам помеѓу помалку платена работа со пократко работно време, и подобро платена работа со повеќе обврски - го избрав второто. Тогаш немав ни деца, ни кредити, и ова беше некое привремено решение, различно од она што секако тогаш мислев дека ќе го работам цел живот, и ми се виде интересно. И така привременото трае веќе единаесетта година по ред :D

    Кога имаш подобри примања, трошоците ги прилагодуваш според нив, и влегуваш во магичен круг, од кој тешко се излегува. Уште година и пол не можам да помислам да работам нешто друго, морам прво да завршам со кредитите, а потоа - здравје, отворена сум за нови можности, и целам кон нешто сосема поинакво.

    Понекогаш би сакала да можев да се ослободам од притисокот - дека јас сум таа што мора да ги обезбеди парите за кредити и дека ако решам да работам по струка целото семејство ќе страда. Ама не можам.

    Далеку од тоа дека деноноќно работам, порано работев многу повеќе, особено кога немав деца. Сега сум многу пофокусирана на семејството, и најважно од се поорганизирана, ама сепак рабтата ми зема добар дел од времето. Не би работела секој ден до 10-11 навечер, и да не си ги гледам децата. Ама имало и такви денови, имало и денови кога многу често патував, да речеме по 3 дена неделно спиев надвор од дома, а многу често ми се фаќа и работа за викенди. Семејството си тера, децата се навикнати дека и јас и сопругот патуваме (среќа во последно време и тој помалку патува), ама барем се координираме колку што можеме да не се преклопувам есо дати. А кога мора да се случи - тука се и моите и неговите да помагаат.

    Ако не се решев за работа со поголема плата, не знам дали денес би ја имале куќава. Не верувам дека би успеале. А и тоа е важно :)
    И на крај, ферски е да кажам дека многу, ама многу си ја сакам работава :)
    Само често ме мачи неизвесност, што во комбинација со кредити не е баш најсреќна формула. Ама се издржува некако.
    Уште година и пол, и јас ќе бидам слободна жена. Кога го земавме првиот кредит, 2004 година, мислев дека никогаш нема да дојде 2013. Ама се ближи, доаѓа, се гледа крајот!
     
    На glosipgirl, ciribiribela, nela.oh и 9 други им се допаѓа ова.
  7. Abeja

    Abeja Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    4.319
    Допаѓања:
    17.314
    Пол:
    Женски
    На секого му се важни и финансиите и семејството и мирот, слободното време. Да не се залажуваме, сите би сакале што повеќе од сето ова и би сториле се само за да имаме од се повеќе. Еве јас на пример, кога би нашла врски во некоја нарко мафија би мафијашела ич око нема да ми трепне :rofl: , или да би можела да најдам грб за да одгледувам марихуана... или да препродавам оружје, да научам арапски па да работам на некое место како Џек Бауер.
    Ама за жал сеуште немам доволни, ниту скромни финансиски средства, годините си поминуваат а јас не сум свесна како да дојдам до поголем капитал. Па ако ми се пружи шанса за нелегална работа, би ја прифатила. Кога можат големите риби, да се обидам и јас, па еднаш се живее, нели. Кој не ризикува не добива. Или како што велат-гладна кокошка просо сонува :lol:
    Ако има некој понуда за мојата работа од соништата, ќе ве молам по лп. :geek:
     
    На Acerola, srcekrsacka и Ariel им се допаѓа ова.
  8. Artemission

    Artemission Популарен член

    Се зачлени на:
    22 јули 2011
    Пораки:
    2.031
    Допаѓања:
    15.669
    Во моментов најважни. Сеуште немам фамилијарни обврски (имам финансиски), ниту пак ограничено слободно време и од таа причина гледам максимално да го исполнам со работа, која носи пари се разбира, учење нови работи и усовршување.

    Да, живеам за да работам, а работам за да имам многу пари. Воркохолик сум, матерјалист, хедонист... па што? Одамна не верувам во бајки дека од љубов се живее, и дека парите не се мерило за среќа во животот. Сум искусила и знам, здравје, среќа, љубов и хармонија нема ако нема доволно финансии.
     
    На Belgin1, eloves, srcekrsacka и 5 други им се допаѓа ова.
  9. nesa

    nesa Популарен член

    Се зачлени на:
    23 јули 2010
    Пораки:
    841
    Допаѓања:
    1.223
    Пол:
    Женски
    Мене и те како ми се важни, а посебно сега кога останав сама. Имам среќа што живеам во ОАЕ и што работам работа со флексибилно работно време, а со екстра приход. Со овие финансии овде можам да си дозволам мн работи коишто да би останала во МК не би ги можела.
     
    На eli25, Annath и Ariel им се допаѓа ова.
  10. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    Многу. Половина човек сум без нив... Колку и се' друго да е наредено, подредено, со слаби финансии сум како без крилја, не живеам комплетно, вегетирам...Посебно во последниве неколку години паметот ми е често во нив-како до повеќе, до подобар живот, и работам на тоа па ќе видиме...
     
    На eli25 и Artemission им се допаѓа ова.
  11. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    Парите ми се важни за еден пристоен опстанок.
    Да можам да си ги покријам сметките и да имам покрив над глава.
    Да имам пристоен оброк на масата и некои мали, ситни задоволства.

    Да бирам помеѓу работа со пократко работно време и помала плата или повеќе работни обврски и поголема - јас дефинитивно и без двоумење би ја избрала првата.
    Јас сум човек што си го цени слободното време, семејството и пријателите.
    Не ми значи апсолутно ништо ако имам 100 евра вишок со кои ќе купам скапа чанта или скап чифт чевли, а немам време да се видам со никого, ќе се враќам дома скапана, кенкава и уморна.

    Не сум воркохолик, не сум материјалист, да е до мене, сакам да живеам во свет во кој парите не би постоеле.

    Верувам во љубов, верувам во душевен мир, во семејство, дружба и ниту едно не би жртвувала за да р'мбам од утро до мрак за една цифра повеќе.

    Мило ми е што најдов човек што го дели истото мислење со мене.

    Ако веќе сум приморана да работам повеќе часови и имам повеќе обврски, знам дека тоа ќе биде поради моите деца да речеме, за да им овозможам нешто што го немаат, а им е неопходно.
    Ама да работам како лудача за да се пофалам дека сум била на викенд во Солун, или да купам очила за сонце од 350 евра, за такви расипништва... no way Hose!
     
    На JuLleE, Bubbi, bittersweet и 7 други им се допаѓа ова.
  12. MSkorpionka

    MSkorpionka Популарен член

    Се зачлени на:
    4 февруари 2011
    Пораки:
    1.972
    Допаѓања:
    4.096
    ^
    До само пред неколку години ќе ставев потпис на горенапишаното, го мислев апсолутно истото, со мм сонувавме само за топол дом, скромен живот, љубов, мир...Дали оти го добивме тоа, па тргнавме по нов предизвик :D Се' што ни изгледаше тогаш претеризам и површност како патувања или шопинзи во странство, купување на скапи работи за кои мислевме дека се само непотребно фрлање на пари, сега гледаме дека е нешто што сакаме и треба да го изживееме...Колку само можат да се сменат мислењата и ставовите за брзо време :)
     
    На Moira му/ѝ се допаѓа ова.
  13. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.594
    ^ Точно, можеби ставот ми е наивен и многу оптимистички, можеби и ќе се смени, ама јас сметам дека луѓето во овој поглед се (обично) огледало на родителите.
    Гледам по моите дома, колку они земаат, како ги распределуваат, каков живот живеат, и не ни фали апсолутно ништо.

    Мислам, ок е, пари никогаш не можеш да имаш доволно, или барем така велат, ама јас би била потполно среќна со таков, еве да речам, па и нека е грев - просечен живот.

    Ние имаме премногу моќни и богати пријатели, кои можат да си приуштат буквално се', а од некоја посебна причина без правење лице, најмногу сакаат да доаѓаат на вечера кај нас дома.
    А можат да отидат каде сакаат, во кој ресторан ќе им прдне.
    Жените им носат многу скапа облека, мажите скапи костуми, сите деца си имаат свои автомобили, летуваат и зимуваат не знам ти каде, а мене искрено жал ме фаќа.
    Секогаш се уморни и некако тажни и несреќни.

    Го забележувам тоа, секогаш имаат некакви зајадливи кавги - пак околу парите и работата, што е жално - нели луѓето што имаат доволно пари не би требало да се расправаат - ЗА ПАРИ?
    Нели тоа треба да ни го остават нам - обичните смртници, со сметки и кредити?

    Од збес се хронично несреќни, тоа го тврдам, зашто е факт.
    Еднаш со мајка ми случајно заглавивме на маса со уште 5 жени, сите со мажи богаташи, директори, бизнисмени, која од која поочајна дали мажот ја изневерува, се чувствував како дел од некој филм, толку беше бедно и клише.
    По некое време почнав да зевам и си отидовме. Двете си рековме - среќни сме со волку колку што имаме.

    Мојата мајка не користи скапи парфеми, не оди на луксузни крстарења, не ми дава џепарлак од 200 евра неделно и мислам дека 10 пати посреќна од другите што ги познавам.
    Работи регуларно работно време, секогаш имаме ручек на масата, не се срамиме да посетиме second hand shop, да си скратиме или обновиме некое старо фустанче, да купуваме на попуст итн.

    Убаво би било да имаме малку повеќе пари,нормално, кој не сака, ама зборот ми е - никој, никогаш не сакал да го жртвува своето време и семејството за тоа.
    И тоа е тоа.
     
    На eloves, mims-89, JuLleE и 15 други им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.676
    Па не е баш само огледало на родителите (во времето во кое израснавме, +/- скоро сите бевме „тука некаде“ нели) туку општествена машинерија која секогаш и непрестано наметнува потреби, кои реално - НИКОГАШ не се потребни :)
    Алал да ти е Трендафилке ако останеш со овој ум (и после основање на своја фамилија и деца) и ако успееш во ова „невреме“ да ги држиш желбите и „потребите“ под контрола! Им се восхитувам на таквите луѓе, најискрено.....пробувам и јас истото да го направам, ама или ми се зголемени желбите сами од себе, или нешто ме матат телевизииве/интернетов/општеството :D
    Некој погоре добро рече - чудно како, кога заработувам повеќе, трошоците и желбите пропорционално растат, ко демек „Еве сега јас оти повеќе работам имам и поголеми потреби“. Аха, нашла ми се мана да трошам повеќе, наместо на друг начин да го надоместувам недостатокот на време :headbang:
     
    На srcekrsacka, Trendafilka и MSkorpionka им се допаѓа ова.
  15. eli25

    eli25 Форумски идол

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    14.724
    Допаѓања:
    122.047
    Важни се и те како !
    Денес,кога се се качува а платите остануваат исти,секоја наредна сметка,секоја излегување од маркет,секое одење на бензинска ми ги крева косите :x
    Научивме да живееме со основно,прво пари за тоа,а нешто плус ретко останува.
    А да бидеме реални,не затоа што сме млади туку и стар сака да се поднови или да шетне некаде макар и бања :lol: Баба ми со носталгија се сеќава на деновите кога го шетала цел свет и вели еххх да ми се тие пари сега,уште еднаш да отидам на море па да умрам....
    Дома,отсекогаш сме имале.Може малку повеќе,но барем доволно за се.За скапа гардероба,одмор,зимување,со други зборови се беше овозможено.Но,секогаш имало и љубов,слога ,хармонија...Затоа ми фалат тие денови.За кредит немало расправии зошто немаше потреба.Се беше совршено.Моите овозможуваа прво на нас ,за нив колку ќе има,без да се луксизираат непотребно.
    Мајка ми еден период подолг не работеше,па скоро секогаш била до нас.Татко ми беше на функција,па знаеше некогаш да е на пат,да се задржи подолго итн.Потоа отвори и негова фирма,па тоа беше почесто,но никогаш не надокнадено од негова страна.
    Кога се враќаше доцна навечер секогаш влегуваше кај нас во соба,иако спиевме,добивавме бакнеж во чело од него.За викенди секогаш одевме некаде или по цел ден се собиравме дома,така да ништо не ми фалело.Му благодарам и на воспитувањето,почитта,учењето да ценам многу работи.....

    Потоа кога се смени се,си велиш налет и пари и све,велев ќе просам и на улица само Господ да го врати....
    И со тек на време,само по себе,се се смени.Така се стеснуваше ќесето,а јас научив што треба а што не.Да купуваш на попусти,да штедиш на ова ,на она,со други зборови само за најнеопходното.И ете денес и кога земам да речеме некоја поголема плата,пред да лупнам пари за нешто што ми се засвиѓало,јас размилсувам како ми било кога немав ни за тоа,кога дома стискавме пари со мајка ми и сестра ми,буквално само за леб,сметки и рата за кредит.Само за тоа имаше.И затоа сега не сакам да се луксузирам .Ме промени животот и тоа многу.

    Работата донекаде ме исполнува.Не работам по струка,но горе долу,има некоја врска.Имав можност да бирам,така се погоди работата- на струка со двојно помала плата од сегашната.Не ја одбрав,ја одбрав оваа со повисока.Иако патувам често,некогаш и за викенди,сепак скоро секогаш сум 4,4ипол дома.
    Можев да ја одберам таа работа со пониска плата,меѓутоа свесна сум дека сама треба да се издржувам,а со неа нема да можев.
    Мајка ми не може да ми праќа екстра пари секој месец,значи се што имам е од мене,и не морам да кажам дека сум горда на тоа.
    Успевам и да и пратам некој денар,да и купам нешто,со самото тоа што ќе си скратам нешто за мене.
    И не ми е криво,воопшто.Нејзината жртва не е ништо во споредба со она што јас го правам....

    Јас ете си кажав за мене.Морав да ги изберам помалите финансии.Зошто денес дојде такво време,а шансите ретко се пружаат.Додека сум млада и немам принова,потоа верувам дека се ќе се смени.Амбициозна сум и би сакала и ете барам,и работа со повисока плата од оваа.Се надевам ќе ми успее.
    Но ако би бирала меѓу семејство и пари,се разбира дека ќе го одберам семејството.
    Некои работи не се купуваат со пари.Тоа за мене е најголемата вредност :)
     
    На maca99, slavica999, marama и 2 други им се допаѓа ова.
  16. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.798
    За мене е незамисливо работно време од 9-17,18ч. На изгрејсонце замини на работа, на зајдисонце врати се. За мене тоа не е живот. Не сакам да бидам како робот.
    Слободата ми е најголемото богатство. Сакам да имам време за себе си, за домашните и за пријателите.
    Сакам работа, која е полесна, не одзема цел ден, со нормална заработувачка. Не сакам луксузи. Не сакам бел ден да не видам заради еден голем плазма тв...итн.

    -Еден период имав многу пари. Ама ниту минута слободно време. Си купував се најскапо и најубаво. Ама немав за каде и со кого да го облечам. :!: Зошто ми е таков живот?

    -Сум работела работа,
    каде бараа факултетски образован човек
    која беше напорна, стресна, тешка, а земав минимална плата. Пешачев по час и половина, зошто ако платев превоз, ќе немав за јадење. За жал, повеќето работни места се вакви. Да работиш како роб, а да бидеш минимално платен.

    -Многу богатите луѓе, речиси и немаат живот. Во нивните глави цело време се одвиваат пресметки, калкулации околу бизнисот, работата. Немаат мир. Немаат ни чувства. Мислат дека се може да се реши со пари. Безобзирни се. На другите гледаат надмено. Држат слика од децата на биро, за да можат да ги видат. Колку да не заборават како изгледаат.
    И колку ли се скржави. Не дај Боже да помогнат некому. Баш таквите секогаш се ценкаат, гледаат да не платат.
    И најболното чувство - имаш пари, ама празен си, нешто ти фали. Ако парите се врвот, што може да ти фали? Затоа се несреќни. Се сложувам со некои погорни постови.
     
    На Bubbi и Trendafilka им се допаѓа ова.
  17. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    ако гледам од сегашна гледна точка премногу ми се важни финансиските средства-оти ги немам
    бидејки живееме со платата на едниот родителите, гледам колку се мачи за да имаме се, да не ни недостига ништо-а тоа купување на попуст, и такви некои ситници е нормално за нашево општество оти ретко кој има пари да го купи истото нешто за 2-3 пати поскапа цена од реалната :!:

    до сега не сум дошла до секнд хенд продавнички, и да дојдам од тоа нема срамота, а тоа дека гардеробата ја носам со години истата не ми е воопшто понижувачки ниту се срамам од тоа-колку ми се нозете толку си ја простирам чергата :)

    непобедлив факт е дека човечкото око е ненаситно и незнае за доста, но банкноти за кои рмбаш од утро до мрак не можат да заменат семејство, топол дом, пријателства...
    можеби вака размислувам на млади години, но перцепцијата на работите се менува за извесно време-кога ке дојдат кредити отплакање, реновирање, и се што носи животот понатаму
     
  18. najubava2010

    najubava2010 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2010
    Пораки:
    1.619
    Допаѓања:
    4.653
    Важни ми се да, ама колку да си го обезбедам она најосновното и најсуштественото.
    Но кога би се нашла во ситуација да бирам помеѓу повисока плата и семејство, пре би го избрала семејството, поготово ако имам и дечиња.
    Да немам деца, да немам семејство на кое ќе му значи премногу секој миг поминат со мене, можеби и одбрала да градам кариера, ама пак и таа кариера од како ќе ја изградиш бара одржување, бара посветување и одрекување.

    Сепак децата бараат внимание и љубов, и колку на прв поглед да изгледа дека ништо не им недостига, доколку не го добивале потребното внимание или љубов тоа ќе им остане врежано во мозочињата.
    Посреќна би била доколку излезам со семејството на пикник, и од дома да однесам тенџере со храна, но да разговараме и да сме среќни, да има топлина и хармонија во нашето семејство отколку да отидам во некој у пичке си материне елитен ресторан, дадилка да ми трча по децата, а јас да бидам со телефонот со раце и да терам бизниси.
    Сакам луксузни патувања, лусксузни автомобили, скапи чевли и гардероба, но не по секоја цена.
    Сигурно ќе ми биде задоволство да носам Луботинки од 2000-3000 евра, но не мора да значи дека ќе бидам среќна, може штикличињата од кинеската или од Шутка нема да ми го причинуваат тоа задоволство, но ако тој луксуз е супститут за мојата среќа, молим лепо ама не го сакам.

    Тежнеам да створам многу пари, да можам да си ги приуштам сите желби, да си го купам автобилот од соништата, да имам и многу чевли, лускузен дом, да одам на лускузни и егзотични патувања...ама од друга страна сакам и топол и хармоничен дом, сакам среќен сопруг и среќни деца. Сите работи ретко кога одат заедно, има една средина меѓу нив што се нарекува пристоен живот, има за се по малце а пак сите се среќни и задоволни, е толку пари сакам и толку ми значат да можам да си дозволам од се помалце, не мора да биде луксузно доволно е да биде и само пристојно.
     
  19. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    21.792
    Допаѓања:
    65.502
    Пол:
    Женски
    Јас го имам сменето погледот кон ова прашање. Порано можев да работам се и сешто од јутра до сутра, ама ми беше убаво со полно џепче. Е сега веќе тоа ми прекипе, не сакам толку стресови и нервирања, дојди дома спиј, оди на работа. Подобро ќе работам нешто не толку стресно, не мора да имам толку луксузи, ама сакам да сум раат, да дојдам дома и да си разговарам со маж ми, а не само да се жалам и да кукам и да му истурам се на него.
    Не знам како ќе биде кога ќе имам деца, што и како ќе се смени, ама сега за сега така стојат работите. :)
     
    На srcekrsacka и Trendafilka им се допаѓа ова.
  20. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.886
    Важни ми се најпрво да обезбедам јас заедно со мојот иден сопруг скромен дом, да имаме нормални услови за живот најпрво за нас, па после за нашите деца.

    Смешно или не, оваа тема знаеме од време на време да ја начнеме со моето сегашно момче. Факт е дека времињава се луди денеска, дека ретко кој успева од ништо да направи нешто, и да го направи тоа обичен човек му треба прилично голем акумулиран капитал за да успее. И двајцата сме од скромни семејства, гледајќи по условите во кои живееме. Имаме храна, имаме облека, се плаќаат сметки и сл.
    Меѓутоа, конкретно за мене ќе зборам, имало периоди во кои што 5-члено семејство (вклучувајќи ја мојата почината баба) живеевме само од нејзината пензија, и тоа беше период од неколку години во кои што најосновното беше: сметки+храна. Тука немаше џепарлак за брат ми кој беше во годините кога треба да излезе, немаше пари за нова облека, единствено ново беше тоа што ќе ми го купеа роднини за роденден, или пак од мојата братучетка нешто смалено што не го носи. Нормално дека не беше само тоа, се осеќаше тоа чувство дека немаш, дека се наоѓаш на дното, и се држиш за една сламка и воопшто не беше лесно за живеење.
    Па затоа, бидејќи сум осетила како е да се нема, сакам во иднина со петни жили да се борам за подобро работно место и подобра плата, затоа што имам амбиции и знам дека можам да успеам. Никогаш не сум барала луксузи, сум се стремела на што пониски цени, сум размислувала колкав ни е буџетот дома, и така сум ги ускладувала моите желби и потреби. Искрено, не ни сакам да стапам во брак знаејќи дека немам ништо позади себе, затоа што колку мажот треба да придонесува за семејството, тоа не значи дека и јас не треба исто толку да се трудам околу финансиите.
    Не сум девојка која што би седела дома, би готвела, пеглала, и би била вистинска домаќинка како на времето што било вообичаено за женските личности. Не би можела со такво темпо да живеам. Сакам да имам нормално работно време затоа што повеќе не би можела да издржам, да дојдам дома, да најдам хармонија и мир, да разговараме за поминатиот ден, да се гушнеме и да пронајдеме мир во нашите срца. Секогаш на прво место ми биле чувствата, па веројатно така би се водела до крајот на мојот живот.

    Не сакам да бидам богата бесчувствителна кучка, која не знае ништо друго да говори во друштво освен колку пара чевли има, што си купила последно и колку чинело, каде се не била на одмор, има едни до толкава крајност вадат туце пари што би се рекло на јавно место демек `Конобар, колку да ти платам? :puke: `. Никогаш нема да бидам таква и кога би имала, и кога би била просечна девојка. Пре би си останала ваква каква што сум, макар Египет никогаш да не го видам со очи. :)