Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Важни ми се сега кога имам 21 година, а не пак кога ќе бидам постара и со фамилија.

    Не ми требаат во износ да можам секоја година да одам на одмор на Сејшели, секоја вечер да јадам во луксузни ресторани или да купувам строго брендирана италијанска гардероба. Ако здравје Боже, успеам да заработам толку, супер, но не ми е тоа приоритет и не ми е во план да се убивам од работа или по секоја цена да се мажам за богат
    мочко
    само за тоа да си го дозволам.

    Сакам да имам доволно за пристоен живот-да можам да си ги платам сметките секој месец, понекогаш да излезам на вечера, да си купам парче облека кое ми прави мерак, да отидам на одмор барем еднаш во годината и да остане нешто колку да заштедам за нешто покрупно. И толку заслужува секој човек на планетава кој е вреден и работи.

    Не очекувам дека кога ќе се вработам ќе имам којзнае колкава плата, но сакам да можам со текот на годините да можам барем една кола да си приуштам, не во кеш :!: , на рати, на кредит, што и да е.
    Еве сега кога би немале моите никакви финансии, претпоставувам дека не би можела ниту да студирам, ниту да му се радувам како сега на новиот привезок за клуч, ниту да отидам да се видам на едно кафе вечер со другарка ми.
    Да, важни се.
     
    На MacenceEna, baguf4e и creshicka им се допаѓа ова.
  2. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Нормално дека секој сака пристоен живот.
    Со сите покриени сметки, со сопствен дом, убава храна, повремени излегувања, некое парче облека, мали задоволства...

    Тука прашањето е друго - замислете се во хипотетичка ситуација, имате обезбедено стан/куќа, пристојна живеачка, сосем нормална работа, со нормална плата, без посебни стресови.
    Дали ако ви се понуди подобро платена, а ќе ве лиши од слободно време, со домашните и пријателите - ќе прифатите?
    Дали тогаш имате некаква сатисфакција (освен финансиската, нормално) - со себеси можеби, се чувствувате попродуктивно, поамбициозно, покорисно, макар што цената што ќе ја платите е постепено оттуѓување од блиските, зголемени нервози, стрес?

    Јас да речеме еве токму сега можеби, повторно под знак прашање, значи МОЖЕБИ би прифатила работа со повеќе обврски и зголемено работно време, но да знам дека е привремено и да знам дека работам со некаква цел - да отплатам кредит за куќа/стан, односно да работам за мој дом.
    Тоа за мене е топ приоритет.
    За сите останати работи - полуксузен автомобил, поскапа облека, екстравагантни патувања ете признавам - не би работела макотрпно и не би се лишела од мирот и слободното време.
    Ќе се задоволам со помалку, со поскромно и не се срамам да го признаам тоа.

    Велат човековото око е ненаситно, велам - нечие да, нечие не.

    Плус, сметам дека нашата држава и средина, со исклучок на многу мал, минимален процент е многу далеку од таков живот како на филмовите.
    Ние сме поинаков тип на луѓе и поинаков менталитет.
    Сите викаат дека важни им се работата, парите, амбицијата, ајде да ве видам ако треба да ја пропуштите свадбата на сестрата или братот заради работата - дали ќе се согласите и за која сума?
    Или - ќе останете една/две недели прекувремено на работа, за сума со која би купиле 2-3 пара чевли, или тоа време ќе сакате да го поминете со дечкото/мажот/децата/пријателите?

    Тоа е прашањето.
     
    На imelda, bittersweet и keti.kety им се допаѓа ова.
  3. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Важни ми се многу.Важни ми се да преживеам ама со нив сакам и да живеам ;) Во смисла шетање,гардероба и се тоа.Малку се стегнати работите ама јас ако налетам на подобро,барем малку подобро мислам дека се тоа ќе си дојде како што треба.
    Гледам дека горе долу на сите ви се ваѓни финансиите,па кој ќе каже дека не му се ќе излаже.Кој не сака да си дозволи скоро се ,секогаш? Да не стиска пари за кредити и слично? Затоа мора да се вложи.Никој не сака работно време од 9-17 да,ама тоа е.Да се работи и печали мора.Нема како сакаме-така,па уште и да бираме,кај тешко,претешко с енаоѓа работа ,па секоја добиена треба да се цени.
    Работата значи многу и во однос на самодоверба,комуникација и слично.Не е само финансиската придобивка.Затоа се нервирам,зошто колку и да не сеи ја сакав работата,беше подруго.Сега затворена во 4 зида,ми недостига она одење на работа,спремање,кафе со колеги,некоја нервоза и смеа и секако спечалениот денар на први.Колку толку-твој е.
    Кога би бирала меѓу голема плата ,патување често и фамилија,значи од аспект на денес,би ги одбрала финансиите.Моментално ми требаат,принова немам,па затоа и мажот има подршка од мене во смисла ако најде нешто подобро ,но понапорно.Амбициозноста е на нас младите и сега е времето да го дадеме максимумот во смисла за подобра иднина.Значи тоа од аспект на денес,ако здравје утре имам детенце не би сакала да отсуствувам од дома.Работното темпо е тоа,јас кога работев до 16часот ,додека завршев ме фаќаше 17 дома 18,19 часот.Времето лета а секоја пружена шанса треба да се зграба,без многу да се мисли,зошто тешко време дојде.
    Сепак вреди да се проба,па ако не оди,со сила никој не ме тера.
    Си ја сакам фамилијата најмногу од се,но сега додека можам сакам да успеам :)
     
    На Tam4yy и srcekrsacka им се допаѓа ова.
  4. Lady97

    Lady97 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 август 2011
    Пораки:
    1.172
    Допаѓања:
    524
    многу. :D

    нема потреба од реферати.
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  5. maca99

    maca99 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 септември 2010
    Пораки:
    1.818
    Допаѓања:
    1.691
    Па добро сега,секој сака да си се оправда :P ама битно сите ги сакаме :lol:
     
  6. bittersweet

    bittersweet Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 ноември 2010
    Пораки:
    2.133
    Допаѓања:
    64.755
    Пол:
    Женски
    Мене не ми е ово хипотетичка ситуација туку реалност и не, не би прифатила подобро платена работа со повеќе стресови и лишување од слободното време со семејството и пријателите, немам ниту мотив ниту потреба, задоволна сум со тоа што го имам.

    До пред некоја година прифаќав повеќе 3 смени, викенд работа или дежурства затоа што тоа автоматски значеше поголема плата а со тоа и побрзо отплаќање на кредитот за куќата каде што живеам.
    Од кога ја отплатив куќата не се нафаќав толку веќе на плус работа, платата ми е повеќе од доволна за сите потреби кои што ги имам.

    Додуша тоа што повеќето тука го набројавте за луксуз, како одмор, автомобил, брендирана облека |( , јас сето тоа можам да си го дозволам со платата која што ја земам, затоа што тука ако работиш ќе имаш и повеќе не го што реално ти е потребно а ако не работиш со парите што ги дава државата можеш ај да речеме пристојно да живееш.
     
    На mims-89, Doozy и Trendafilka им се допаѓа ова.
  7. Li0ness

    Li0ness Популарен член

    Се зачлени на:
    30 октомври 2010
    Пораки:
    1.057
    Допаѓања:
    1.819
    Ај да парафразирам едне другар, кој убаво вика „Мене ич не ми се важни, ама изгледа на оние во продавница им се...“
    И имало периоди кога сум се откажувала од сон или од викенд без работа и кога сум одела со лаптоп на одмор за да доработам и се тоа било заради финансиите. Свесно сум се откажувала заради подобар стандард на цело семејство. И не е толку страшно како што звучи. Сум била и на двете страни од финансиите, и верувајте, многу е поголем стресот ако се разболуваш од секирации како ќе ги покриеш сите трошоци, отколку што е стресот да кажеме, да работам на одмор.
     
    На maca99, srcekrsacka и miss.ella им се допаѓа ова.
  8. Thebestone

    Thebestone Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 јануари 2012
    Пораки:
    183
    Допаѓања:
    63
    Искрено, многу ми се важни финансиските средства.Кој вика не им се-се лаже сам. Точно е дека парите не можат да те направат целосно срекен, но влијаат и тоа многу во денешниот свет.Важни ми се парите, но сигурно не ми се поважни од некои други работи кои ме исполнуваат... кој си осетил на своја кожа како е да си без скршен денар, да "питаш" од своите, или од некој друг за 50 ден, да ти требаат како никогаш повеке.. не верувам дека на тој што му се имало случено да се нема почуствувано толку бедно...како и јас сега.Нема и врска, толкава "крава" (познато хмм)да нема ни 50 ден, мора сам да си ги заработиш :) ништо не е гратис во овој свет. ;)
     
    На maca99 му/ѝ се допаѓа ова.
  9. happygirl

    happygirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 јули 2010
    Пораки:
    4.395
    Допаѓања:
    22.517
    Пол:
    Женски
    Важни ми се, и тоа многу. Знам како е да се нема 20 денари за леб, и знам како е 2 години ништо ново да не си купам ни јас ниту брат ми, а дома да нема буквално ништо за јадење. Богами тогаш не ми требаше никаква диета :)
    Имам 21 година, и сум 3та година на факултет. Не се гледам овде по дипломирањето, здравје. Сакам да одам да работам на страна, кадешто ќе биде ценет мојот труд. Искрено, и со дечко ми го имаме правено овој муабет. Ако ни се пружи шанса, нормално дека би работеле ако треба од сабајле до вечер. Сега е моментот кој треба да го искористиме, сигурно нема да посакувам таква работа еден ден кога ќе оформам семејство. Се сложувам со Маца99, мислам дека го пиша истото.
    Не сум материјалист, но сакам додека можам и имам енергија и сила, да работам што повеќе, за да подоцна не се мачам, како што тоа го прават сега моите родители на скоро 50 години. Сакам да створам нешто кое ќе биде мое, со мој труд. Без разлика дали се работи за куќа/стан, кола, патувања во егзотични земји и сл. Не го гледам тоа како некој скап луксуз, затоа што тоа се нормални потреби на секого.
    Сакам да уживам во животот, а тоа честопати го пружаат парите. :)
     
    На meandyou, Doozy, maca99 и 3 други им се допаѓа ова.
  10. Dinamickid

    Dinamickid Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    117
    Допаѓања:
    27
    МНОГУ !... најважни се парите.Во секој случај
     
  11. girl.23

    girl.23 Истакнат член

    Се зачлени на:
    2 јули 2011
    Пораки:
    2.129
    Допаѓања:
    1.800
    Не дека треба да дојдеш до секнд хенд. :^) Јас таму не замислував да влезам. Ама еднаш, една другарка сакаше да разгледа, па влегов. И си купив сукња од Веро Мода за 200ден. Изгледаше скроз нова, како воопшто да не е носена. Ја изнаносив.
    А, за 1200ден. купив сукња во бутик, увезена од Кина, која после второто носење ми се расцепи по рабовите од неквалитет.

    Се работи за снаодливост, за мудрување со парите. И со малку да можеш и да знаеш каде, што и како да купиш. Да пазариш на поефтино пазарче, да начекуваш попуст, старото да го направиш ново, да ја искористуваш ефтината струја дома, наместо да јадеш бурек за 50-60ден., да направиш бурек за 120ден. за целото семејство и сл.

    Парите ни се неопходни. Така функционира општеството, во тоа нема сомневање. Но денес многу повеќе функционита, т.е. владее алчноста, ненаситноста на луѓето, на кои никогаш не им е доста. Секогаш сакаат уште и уште.
    Од тоа трчање за пари се изгубени и заборавени многу морални вредности во денешнината. Затоа ситуацијата ни е толку очајна. Затоа е таква младината која се воспитува на улица. Затоа младите се нездрави, бидејќе мама и тато им даваат пари за сендвичи и чипсови. Затоа нема вистинско пријателство, оти без пари никој не те сака, а со пари те користат. и така натаму....
     
  12. srcekrsacka

    srcekrsacka Популарен член

    Се зачлени на:
    26 ноември 2010
    Пораки:
    2.952
    Допаѓања:
    1.752
    трендафилка спомена секнд хенд продавнички, а јас само се надоврзав на тоа :)
    а за тоа пазарење на поевтино пазарче, шопинг на попуст-многу добро познато како и спремање на храна дома наместо луксузирање по бурекџилници и сл.
     
  13. AngelOfArh

    AngelOfArh Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 септември 2011
    Пораки:
    19.171
    Допаѓања:
    102.170
    Пол:
    Женски
    Како дете од провинција што кубури со некоја илјадарка од први до први додека мама и тато доле нај уг се трудат после долго време да створат нешто што одамна требало да го створат навистина ми е лесно сега после 9 години да кажам дека ми се итекако важни финансиите, да имам да излезам на први со некоја заштедена илјадарка во преградата за заштеда во новчаник, да си ја платам киријата, сметките, да го наполнам рафтот на фрижидерот и да не навлезам во вртлогот од кредити и картички. Но среќа голема, знам да преживеам и со многу и со малку, да си ги пуштам нозете колку што е чергичето. Сега сама заработувам, гледам колку е тешко да се распоредат парите правилно, сеуште немам семејство оформено па си дозволувам и отповеќе, но знам дека кога ќе дојде ред да разграничам помеѓу кило месо и ново маиче ќе го одберам првото, така е равилно и за мене и за моето семејство. Мајка ми отсекогаш велела дека не се сеќира за мене, знае дека ќе се снајдам совршено добро во секоја ситуација. Дечко ми е сличен на мене, дури и многу поекономичен, се надевам дека совршено добро ќе се вклопиме во заедничкиот живот понатаму, неколку пати сум сакала да отпочнеме заеднички живот но неговите размисли се правилни, додека не си сигурен дека финансиски можеш да издржиш не е во ред да се впуштиш во таква авантура, бидејки прерано ќе дојде крајот.
    На крај се се сведува на тоа дека парите итекако го вртат светот, јас ги заработувам онака како што сакам и онолку колку што си побарав, сакам да си ги заслужам сите пари кои ми ги дава директорот па не брзам многу со покачувања и барања за поголема плата, знам дека како почетник секогаш е најтешко да почнеш со толку колку што ти треба, секогаш се почнува со значително помала сума за да дојде време да достигнеш и до она што се вика вистинска плата, од која можеш да шеташ, да купуваш и да уживаш вистински. И пак ќе кажам, се радувам што знам колку и како можам да потрошам, што не се осврнувам на фиктивни финансии и што сеуште цврсто стојам на земја со можностите и барањата.
     
    На Srekicka му/ѝ се допаѓа ова.
  14. Annath

    Annath Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јануари 2010
    Пораки:
    23.492
    Допаѓања:
    201.434
    Пол:
    Женски
    И јас сум идеалист по малку, демек, поважно ми е да имам плата за пристоен живот, да можам да ги платам сметките секој месец и да си имам доволно за да не морам да се мислам со кои пари да купам леб и млеко. Повеќе од тоа не ми треба. Барем така си мислев.
    Пред некое време, мажот ми доби понуда за работа во странство, ама ништо конкретно. Веднаш ја одби. Јас го натерав да размисли, и сега чекаме конкретна понуда да видиме што ни нудат, па да решиме дали ќе си ја пробаме среќата надвор или не. Плус ми е што постои можност и за мене, јас да најдам работа во струка таму, и дополнително да заработиме. Споредено со ситуацијата тука, јас не би се двоумела да одам ако понудата е добра (а верувам дека ќе биде). Што значи дека финансиите и тоа како ми се важни, барем сега, кога имам свое семејство.
     
  15. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Важни ми се и тоа многу. Што знам, некој може ќе рече материјалист сум, ама поради тоа што се стремам да заработувам повеќе од лани и да можам бар да си го одржувам денешниот стил на живот пропорционално со инфлацијата и догодина, па ако се може и со уште подобар исход, мене ми се чини е најнормално нешто.

    Сега, ако ми се укаже шанса за било која друга работа подобра платена од моменталната, ќе си седнам и размислам, колку е подалеку, кои се очекувањата, саатнина, прекувремено, па удри математика на цена на пат, нерви и време, тренирања, па спореди една со друга, и ќе донесам одлука според се тоа, а не само која е бројката на платата. И не негирам дека и јас сакам да си поседам дома повеќе време од тоа што сум на работа, златно лето(кога не врне) со саати би си преседела во бавчата, ама затоа требало да се омажам со некој побогат маж. :lol: (не му кажувајте дека така викам) :wasntme:
     
  16. Doozy

    Doozy Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 април 2010
    Пораки:
    4.711
    Допаѓања:
    59.974
    Одамна викам јас дека во државичкава не живееме, ами преживуваме.

    Откога си поседов еден месец во странство, во сосема просечно семејство, ми иде да плачам секој први. Значи нема крај, моите дома имаат големи примања, ама нема крај од вртлогот на картички, кредити, па дури два, три... Цел живот работат и уште не можат да земат поголем кредит за куќа. Жими мајка, јас така не сакам да живеам и крај. За што да работам, за некојси низок просечен живот, кога ако колата се расипе или бензинот поскапе се намалуваат производите во фрижидер? Не, фала, стварно фала. Реков, се трудам и ќе се трудам максимално, ако некој не го цени мојот труд и не сум задоволна од тоа како живеам, има чаре. Сега сфаќам дека веројатно и затоа се запишав на јазици, со два јазика, многу врати се отворени, светот ме чека.

    Млада сум, глупава сигурно не сум. Да е по мое, би си отишла и уште од сега, со стипендии и слично, но си викам, стрпи се уште некоја година, собери уште малку памет, дипломата во џеб, па после што сакаш можеш да правиш.

    Пак ќе речам, така сме научени ние. Ќути си трај си, лепче има, има и полошо од нашето. Јок, не е тоа за мене. Си сакам комоција, да можам да си отидам на одмор еднаш во годината без до крајот на месец да јадам пинџурче, да си возам кола без разлика дали бензинот поскапел 2 денара, да си имам моја куќа, за која знам дека децата нема да ми трпат додека ја градам.

    Тоа е нормалното, без да ти трпи личниот живот. Одиш на работа, искулирано, работиш, платен си, се враќаш дома и се посветуваш на семејството. Само ние сме троа ненормални, па кај нас или ќе се отепаш од работа, или ќе живуркаш.
     
    На Tam4yy, eloves, Rubiii и 7 други им се допаѓа ова.
  17. Noemi

    Noemi Популарен член

    Се зачлени на:
    7 април 2010
    Пораки:
    2.143
    Допаѓања:
    8.243
    Најважни. Велат, здравјето на прво место.
    Ами како што гледам денес за да имаш добро здравје треба и добри пари да имаш. Третман на приватна и третман на државна болница не се со мала разлика.
    Важни ми се финансиите за да си ги задоволам основните и некои повисоки потреби.
    Освен да имам пари за сметки и кирија, да си купам некое парче облека, да си дозволам 2-3 викенда во зима на планина, еден летен одмор. И некој денар за црни денови.

    Имавме тешки периоди, особено по разводот на моите и знам како е да не одиш 10години на летување, да живееш со баба и дедо, да слушаш пресметки за покривање на сметките овој месец и муабети за пропаднати работни места.
    За среќа, денес е подобро. Еден ден и јас сакам да можам да им го овозможам на мене и моето семејство тоа што мене ми било овозможено.
    Гледам колку се мачи мајка ми, работи и саботи, го носи лап топот и на одмор, достапна е на телефон буквално! 24часа во денот.
    Затоа ми дозволи да студирам надвор од Македонија. Затоа можеме да си дозволиме семеен одмор.
    Затоа кога сум дома за викенд можеме да отидеме на ручек, на планина или на езеро.

    Ова за мене денес е голем луксуз, зошто кога бев помала го немав. А го немав зошто немавме доволно финансии.
    Е затоа денес ми се многу важни финансиите.
     
    На eli25 и imelda им се допаѓа ова.
  18. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.350
    Ако не и смета на Rainbow, јас би ја проширила малку темата.

    Дали по цена на што поголеми примања и комфорт би се нафатиле на некои нелегални активности? Значи не мислам тука на платен убиец, туку да речеме некои поситни финансиски измами и нешто слично.

    Секој прво би рекол нема шанси, но хипотетички, се наоѓате во голема финансиска криза вие и вашето семејство, висат кредити над глава, ви се пружа таква шанса и во моментот е неверојатно да ве откријат. Или пак и онака имате доволно, но сепак сакате уште.
    Би направиле ли нешто такво или пак дали ако сопругот ја има таа можност би го поддржале за истото?
     
  19. Theodora

    Theodora Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јануари 2011
    Пораки:
    1.504
    Допаѓања:
    5.576
    Ни би направила, ни би поддржала. Кога не си богат единствено што имаш е веројатно достоинството и честа, образот што би рекле старите. Ако го изгубиш и тоа, за мене нема многу што да понудиш како човек, а за по некоја удобност плус пак, многу евтино си се продал. Нека звучи идеалистички и утописки, но сум била во допир и со пари и имам со оглед на економскиот бекграунд и рационалниот пристап можност да го согледам начинот на злоупотреба, ама не, благодарам, мислам дека никогаш нема да имам аир од нешто што не ми припаѓа и макар никогаш не се открило, за мене најголем судија е сопствената совест.
     
    На Annath, Trendafilka и rossonerka им се допаѓа ова.
  20. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.289
    Да, на прво место е здравјето. Не е битно во која болница си, битно е професионалци да се луѓето околу тебе и да излезеш здрав од таму.
    Не зборам за луксузирања од приватни гинеколози, приватни заболекари, приватни очни лекари итн тоа може и средна класа да си дозволи, а и не се големи здравствени проблеми овие.
    Ај да поубаво е да се породам еден ден во приватна болница ради услови, ама болката е таа, дал сум у приватна дал сум у државна. Ако немам 2ипол илјади евра за во Систина да немам деца?
    А што ќе ми е да сум милијардер ако немам здравје? Ако имам смртоносна болест?
    Ќе ми значи тоа што сум во обично сопче со црно бел телевизор или во соба приватна со двд, со сателитска, со гланц чист тоалет кога сам ќе неможеш да отидеш во него, ни да го уклучиш телевизорот. Што ти е битно каде си и во која болница кога можеби нема никогаш нема да искочиш од неа сеедно што твоето салдо е преполно?
    Не, отсекогаш сум викала би го дала и последниот денар што го имам само да сум здрава и жива и мојата фамилија најблиска да е здрава.
    Не се купува здравјето со пари, може има ситуации кога навистина за преку ред, за побрзо извршување на некои задачи да изиграат улога парите, корупција секаде има околу нас, НО во најважните ситуации животни, кога болеста го зима замафот парите знаеш колку значат? Ич.

    Ми значат парите онолку колку за да имам пристоен живот. Затоа и учев и се трудев и посакувам еден ден да си обезбедам основни работи за живот. Секој човек сам си ја крои иднината. За некои иднината е тука, покрај пријателите и семејството, заработуваш и трошиш, малку имаш, не се расфрлаш, но секогаш имаш и време и некој денар за да искочиш со пријателките да се изнасмееш на кафе, со семејството да отидете некаде не мора да ги носиш 7 дена во Банско во викендица, ете викенд со семејството, еден пикник е доволен. Да има пријатна атмосфера. Работиш си доаѓаш дома имаш здрави прави деца и семејство, учат, послушни се, не одат по криви патишта, мажот е тука секогаш за тебе. Доволно е да има плата на 1ви.

    А некои се гледаат во странство ил тука се луксузира. Со пријатели еднаш месечно, работат од утро до мрак, не ги гледаат сопствените деца, битно децата им имаат пари, одат на 2 летувања и на зимовање на Алпите, не е битно што таму пафкаат, се ебаваат со секој кој ќе стигнат, не е битно што маж ти секој викенд е на службено патување и што ја гледа секретарката/љубовницата повеќе од тебе. Мислам многу пари доведуваат до луксузи и човекот заборава на основната потреба и основните вредности љубов, семејство, здравје, насмевки. Повеќе се гледа лицемерието тука. Уживањето и фалењето дека си бил на Малдиви и си уживал, со маж кој 5 минути не те погледнал во преубавото бикини и негуваното тело, туку цел ден си гледал во лап топот. Додека некои се во Паралија во Грчка за 70 евра аранжман и се кикотат по цел ден и мажот ужива во својата жена сеедно што костимот и е од Пренди 200 денари и што има целулит.
    Иако некој нема да се сложи и ќе рече дека во странство ќе ужива нема да работи и ќе се дружи, супер ако успее во друга средина поладна со друг менталитет да ги има тие вредности. Ретки се тие.
    А уште поретки се тие со многу пари кои ги здржале вредностите, преретки се.

    Парите се најголемиот перач на мозокот.
    Најчесто едно размислуваш пред да ги имаш, а кога ги имаш во изобилство забораваш на се друго што претходно си целел.

    Не дека тие што ги ценат најмногу парите или материјалистите не ги почитувам. Не, напротив, тие сами сакаат да имаат таков живот и ако сакаат нека им се оствари, секој нека си ги оствари своите цели.

    Гледав пред некое време едни добри фотографии, погледнете ги и заклучете си самите, јес да се од крајност во крајност но пораката е јасна.

    [​IMG]
     
    На Annath, JuLleE, Bubbi и 4 други им се допаѓа ова.