Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. Rubiii

    Rubiii Популарен член

    Се зачлени на:
    17 февруари 2011
    Пораки:
    2.685
    Допаѓања:
    5.451
    Пол:
    Женски
    „Колку пари, толку музика“ или „Светот се врти околу парите“.
    Да, апсолутно се сложувам. Некогаш било доволно да се донесе платичка и со неа да се подмират трошоците, иако неможам да зборам колку успевало да се тргне на страна за одмор од 10 дена или некој нов предмет за домот, бидејки јас не го познавам тој период, и затоа ке се осврнам на она што ми е познато.
    Ова брзо време што го живееме почнува и завршува со зборот пари, се околу нив се врти, несомнено се движечка сила. Па дури и здравјето. Да не се лажеме, кој би одел по државните клиники, макар и за преглед, а да не зборам дека женска нога не би стапнала за порагај освен ако не е приморана. И со право, и многу поштено е тоа, си плаќаш солена сума и таму го ценат секој твој вложен денар и аналогно на тоа ти следи соодветниот третман, што значи вложуваш и инвестираш во здравјето, а нема пари што вредат повеќе од него.
    Денес не е доволна платата од 1000 евра за 4 члено семејство, а тоа подразбира 2 плати редовни во месецот од по 30 000,посебно не кога децата растат и им се зголемуваат трошоците.
    Додека ги распоредиш за сметки, храна, основни продукти за хигиена, гориво, си останал на 15 000, а допрва треба да го бркаш месецот.
    Не се жалам од заработувачката на моите, имам удобен живот, мегутоа како растам гледам дека животот е скап, едно полнење на фрижидерот не поминува без 3000 неделно, и не остава простор за штедење. Ако некогаш со 1000 евра месечно сме се подновувале плус, денес нема шанси, сакаш облека, чевли, козметика, пари за преку ден, пари за навечер, гориво за колата и итн...
    Затоа и денес постои групирање на луѓето во кругови. Своевремено Колосеум го прикажуваше тоа, најдоле беше се и сешто,и од подалечни места на градов, и од секаде, беше за сите наменет, а 2ри и 3ти спрат беа за вип луѓе, и 99% таму беа тип топ средени и скоцкани било машки било девојки, расположени, насмеани, со многу чаши и флаши по масите, а погледот на први бил трц мрц мрдање со рамења и по некое пиво во рака.
    Финансиите го прават тоа, бидејки ги имаш, нема да се фрлиш во калкулации за разлика на цени, нема да се замараш дали ќе одиш во Ремедика или во Државна, нема да се клацкаш по автобусите, нема да се мислиш за цена на аранжамани и џепарац туку директно уплакаш и леташ, крај краева нема да се мачиш да го распоредиш месечниот буџет точно до 30ти или 31.
    Кој рекол дека носат немир и неспокој? Само во митовите.
    Баш ги гледам другарите на дечкоми, уффф каков неспокој ги мачи, страшно.. Да да неспокој, дали ќе уплатат викенд таму или онаму, мастер студии, нов модел на телефон и автомобил, шема ресторан и кафич, е баш се неспокојни и скиснати во фаците. И незнам зашто одма ги врзувате работите дека ако има пари е нечесно или носат немир, баш ќе кажам дека немањето и врзувањето крај со крај се поголем терет за нервоза, тажни лица и несогласувања во бракот, отколку ако имаш повеќе , тоа незначи дека немаш време за семејството и швалерисуваш. Па и во браковите со слаби финансии имаш исто, нервозата го прави своето, такашто таа теза нема врска со реалноста.
    Крај краева, да бидеме реални, кој не сака да си овозможи доволно удобности, па наместо да крпи крај со крај, да го помине викендот со децата некаде? Кој не сака да им рече на децата одберете си место за одмор со друштво, а со нас планирајте тој и тој период? Кој не сака да живее со сите нормални салтанати бе луѓе?
    Тешко ќе ти е да се одвоиш неколку часа од семејството, ама затоа викендот ќе ги изнесеш некаде на воздух, или кога ќе ти побара нови патики ќе му речеш тенко е сине, ајде издржи нашата љубов и заедничко минато време ќе направи да се чуствуваш како да имаш нови патики. Ноу ноу, некои работи не се споредуваат бидејки јасно е дека родителство и љубов не се споредуваат, од причина што се различна категорија, а компарација се прави помеѓу кравјо и овчо сирење, Самсунг и Филипс телевизори, а не помегу љубов и родителска грижа и средства.
    Многу работи заборавив да ги спомнам а сакав, ама не ми текнуваат сега, како и да е, да финансиите се број еден, и за здравје, и за спокој, и за удобности, и за насмевка од 6 до 6, и за твоето окружување, бидејки секој си го бара својоот близок и сроден, а тоа значи и таков брачен партнер и сите работи кои следат со тоа.
     
    На Mr. Right, imelda, Izaabella и 2 други им се допаѓа ова.
  2. Unica

    Unica Популарен член

    Се зачлени на:
    5 октомври 2010
    Пораки:
    536
    Допаѓања:
    603
    Важни ми се финансиските средства, но никогаш не сум била толку голем љубител на парата за да се откажам од скапоценото време поминато со фамилијата или потрошено на други работи кои го чинат животот и искрено не би работела потешка и прекувремена работа само од лакомост за повеќе пари. Ако заработувам за нормален живот, не би се оптеретувала повеќе. Тоа е битно за мене, да можеш да си ги подмириш трошоците на крајта на месецот и да си водиш сосема нормален и удобен живот.
     
  3. Bubbi

    Bubbi Популарен член

    Се зачлени на:
    1 септември 2010
    Пораки:
    359
    Допаѓања:
    563
    Самото време во кое живееме не тера финансиските средства да ни бидат важни. Не сум материјалист, ништо нема да ми значи ако си купам апарат од ХХ пискели кога ќе немам со кој да се сликам (мислам на друштво)! Јас лично никогаш не сум била на море. Моите летни одмори биле на село или во Струга. Моите никогаш немале кола. Учам во државни школи и се лекувам со сини картончиња. Нема да лажам ако кажам дека се радував многу на стипендијата. И искрено додека сум млада би сакала да работам нешто што ке ми донесе пари, да заработам, да не сум заглавена во кредити. Да се разбереме дека не зборувам за луксузни одмори, или за огромни коли, или за брендирана гардероба. Зборувам само за просечен скромен пристоен живот. За потоа кога би формирала семејство да можам со просечна работа (мислам на работно време и на плата) да можам да ги задоволам куќните потреби.
    Кога бев мала само едниот родител примаше плата и знам како е кога требаше да го носам истото џемперче што брат ми го носел кога бил мал. Без разлика, јас сум била пристојно облечена и сум излегла во маало да си играм со другите деца. Сега кога земав стипендија, можев да си купам бренд, со мои лични (заработени, стекнати) пари, но не, го почекав попустот па тогаш се подновив.
    Ако знае човек како да ракува со пари, секогаш платата колкава и да е ќе му стигне и никогаш нема да ја осети потребата на важноста од дополнителни пари. Зошто тие дополнителни пари знаат да ја разбудат алчноста и да го расипат човекот.
    Мајка ми би рекла: голи дојдовме на овој свет и голи ќе си одиме!
     
    На Annath, ANGEL1 и vitomir им се допаѓа ова.
  4. vitomir

    vitomir Нов член

    Се зачлени на:
    4 ноември 2011
    Пораки:
    2.095
    Допаѓања:
    3.629
    Мене парите не ми се важни,битни ми се други вредности во животот.
     
  5. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601
    Како и секоја тема и оваа оди од крајност во крајност, очигледно прво треба да разграничиме што подразбираме под нормален и пристоен живот, па да тераме понатаму.

    Ви се молам, третиот кат резервиран за ВИП фацки во Колосеум со флаша виски од 150 евра е нормално, наспрема останатиот плебс на првиот кат со флаша пиво од 100 ден. во раката?
    Или телевизор од 90 000 ден. ќе се покаже 100% подобар од Беко од 20 000 ден. да речеме, а двата имаат иста 5 годишна гаранција?
    Или ако јадам од кравјото сирење оваа недела, наместо моцарела или некое француско мувлосано, ќе ми израсне рог на чело или опашка поради тој факт?
    Како може некој толку да се потресува околу такви потрошни работи?

    Не ги сфаќам, ги презирам таквите и да - ги генерализирам, зашто се плитки, арогантни и изгубени во свемирот.
    Г-цата не знаела колку чини билет во градски автобус, зашто свилената принцеза не се качила никогаш во нејзиниот 25 годишен живот во такво чудо?
    Оди утепај се ма. |(
    Да ти се восхитувам или што?
    Да се воодушевувам оти гледаат се' низ призмата на парите, и ако некој во меѓувреме ги загуби, ќе го шутнат од третиот кат на Колосеум директно на подот и ќе нема со кого да се напие кафе утредента?

    Да имам пари - да, да не мора да се стегам, но не до границата на чисто расипништво.
    Некој сака да ме убеди дека е нормално, пожелно и полезно да се фрлат 200 евра на чевли или обично џемперче?
    Па колку и да имате пари или немате, тоа ли е идејата на општеството и човештвото?
    Што мајка добива некој ако ѕврцка од телефон од 40 000 ден, станува автоматски попаметен, поубав?
    Мојот и од 4000 ден. ме служи сосем одлично, фала на прашање, ни на крај памет не ми текнало да се фалам или да се срамам од него, зашто тоа ми е толку банално и идиотско.

    Богаташите немале грижи, немале скиселени фацки... поголемиот дел немаат ниту грам совест, грижа и емпатија за остатокот од луѓето.
    За сите пари што ги имаат, дупло повеќе се скржави, отколку сосем обичните луѓе.
    Толкаво потценување за Државната клиника и сините картончиња, ама за најобични операции трчаат и фаќаат врски за таму.
    Зашто едната со сино картонче чини 2000 ден во Државна, а 25 000 ден во Систина.
    Па ако така лесно се фрлале пари, не би се потресувале околу тоа, нели?

    Да, ќе работам за пристоен живот.
    Не, нема да ми биде криво ако некој парите ги чува во новчаник од крокодилска кожа, а јас мојот сум го купила на Битпазар.
    Ма око нема да ми трепне, напротив, се гордеам со мене, со моите вредни родители, зашто знаеме да преживееме и со 2000 и со 20 000 ден.
    Да видам како ќе преживее остатокот ако утре ги снема тие пари. Јажето и веројатно ќе се самоубијат.

    Секој сака поубав, поудобен живот.
    Ама никој нема да ме убеди дека богатиот е посреќен или ќе има повеќе предност (напротив, веќе кажав, изгубени се во свој свет, нека се молат да им потраат парите, оти во спротивност ќе се мрднат).
    И мене некогаш ми скиснува зашто немам доволно да излезам, или да купам повеќе од 2 работи месечно, ама на крајот од денот ми поминува.
    Зашто сум среќна со тоа што го имам, го ценам начинот на којшто сум воспитана.

    А како вие утре планирате да ги воспитате вашите деца?
    Во духот дека - ако немаш пари си никој и ништо, подобро започни да кроиш агенда да р'мбаш од утро до мрак и да запечалиш за сите удобности, оти инаку - ќе нема живот и среќа за тебе?
     
    На eloves, MissAnn, Annath и 21 други им се допаѓа ова.
  6. marama

    marama Форумски идол

    Се зачлени на:
    20 април 2010
    Пораки:
    6.425
    Допаѓања:
    91.501
    Пол:
    Женски
    Парите се отепувачка - убаво рекол Ристо Крле. Целосно се согласувам со него. Вујко ми вели- Кога имаш троши, кога ќе немаш ќе трпиш, но не ги чувај многу зошто само денес живееш, утре може не. Во право е. Парите порано ми беа многу важни, иако со само еден родител имав и те како подобри услови од било кои мои другарки, роднини кои имаат двајца родители. Трошев и тоа премногу, мислев дека парите се најважни и без нив ништо не може. Но, мајка ми беше на работа постојано, иако имаше точно утврдено работно време, мораше почесто да останува. Резултат на нејзината работа беа питите кашкавал, пакетите млеко и сок, пакети со ова, пакети со она. Гардероба фрчеше, што ние, што таа, всушност и помали бевме па секој ден од работа доаѓаше со џемпер, јакна, блуза, а да за двете. Никогаш не носела едно, па да се караме. Но, се разболе, па со тоа и силата и се намали, не можеше повеќе да останува на работа, па со тоа и платата се намали. На крај излезе можност да отиде во пензија , а и тоа се искомплицира и буквално една година бевме на леб и маргарин и чат пат можевме да си приуштиме некое задоволство како чоколада или кило месо. Жената која цел живот работела, имала купишта пари во џеб остана без ништо. Не можеше да се помири, падна во постела, вртеше огласи, болна бараше работа. Ја седнавме еден ден со сестра ми и и рековме дека само таа ни е најважна, нејзиното здравје, а парите се небитни. Никогаш не се покајавме што ја спречивме да оди на работа. Стигна и пензијата и сега имаме удобен живот. Да се разбереме не можам да се луксузирам со пензија, но доволно ми е затоа што имавме премногу, па имавме премалку.
    Сега колку ми се важни финансиите? ИЧ! Важно ми е здравјето, вниманието кое ќе му го посветам на семејството, секој заеднички ручек, вечера. Не излегувам секој викенд , затоа што подобро тие 500 денари ќе и ги пратам на баба ми која ќе помине барем 2 недели со нив.
    Сакам да работам, но не и да се откажам од задоволството кое ми го нуди секој ден. А тоа се моментите со нашите најблиски.
    Не сакам кога ќе имам деца да се вратам во 20 часот од работа, па да ги видам пред спиење, знам како ми беше мене кога мајка ми се враќаше тогаш, но мораше заради нас. Не ја осудувам, напротив благодарна сум што сум научила како е со многу и како е со малку пари.
     
    На Annath, JuLleE, srcekrsacka и 13 други им се допаѓа ова.
  7. NoellePage

    NoellePage Истакнат член

    Се зачлени на:
    1 јуни 2011
    Пораки:
    910
    Допаѓања:
    1.767
    Израсната во добростоечко(читај нормално) семејство, каде сите основни потреби ни беа задоволени. Најадени, напиени, облечени, а луксузи на јаки мобилни, скитање од мале ноге не доаѓаше бре у обзир. Скапи мобилни е тоа за специјални достигнување-т.е да си заработиш, со тоа што ќе си пример од дете. И така би и многу им фала на моите родители, особено мајка ми која од се го цедеше максимумот.
    Е сега денес, кога сум оформена личност, која запловила во брачните води, многу поинаку гледам на работите кои порано не знаев како да ги наречам. Имено, сум и сестра,ќерка,внука,сопруга,и итам нагоре образвно уште и уште и го сакам макимумот од се она што има животот да ми понуди. Ама без пари повеќето работи не се можни за жал. Тоа што никако и никогаш не можев да го сварам, е како кога ете пари имаме доволно т.е онолку потребно за нормален живот, пак бирам парчиња облека кои би можела да ги комбинирам со скоро се што имам, се со цел да не купувам милијарди и за илијадници денари, за да си имам за на одмор или за јадење,а да бидеме реални е баеги трошок особено на 1 плата кога си. Несфатливото е и на мигови на имање екстра не фрчам да се испокажам јао види ко сам ја, а и на немање не се жалам дека немам, а кога ќе погледнам некои пријателки кои се жалат дека не работат, немаат пари, од дома слабо стојат, а ги гледам дотерани, скоцкани, со повеќе парчиња од колку цел мој плакар. Најдете ми ја логикава во ова молим вас лепо. И дали ТРЕБА да ги сожалувам дека немале, т.е да верувам, кога очиве ми го велат сосема спротивното? Знам, не треба па сега да се изолираат и ништо да не купат, ама сепак, што е мн мн е.
    Лично јас, на финансиските средства гледам како алатка за основна животна егзистенција, чат-пат мали невини задоволства кои позитивно ќе влијаат на мојот дух и тело и ќе ми направат еден рефреш за правилно да функционирам.Сепак ете и тие се во основни делови на животната егзистенција. Да можам да сум комотна на мојата черга да си ги испружам нозеве со сите нивни центиметри, без да се сколеничувам и плашам што утре и би јадело моето дете и каде би спиело. Тамански што би рекла баба ми. Ни премалку, ни премногу.
     
    На Annath, lolyta777 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. CrazyStupidLove

    CrazyStupidLove Истакнат член

    Се зачлени на:
    14 јануари 2012
    Пораки:
    894
    Допаѓања:
    586
    За жал најдобриот начин да сфатиш колку ти се важни финансиите е кога ненадејно преминуваш од состојба во која не си се стискал за ништо, во состојба кога го пазиш секое можно денарче. Или на нашки кажано, најтешко е кога имаш па немаш! Срамота би било да кажам дека нешто ми фали, кога имам топол дом, компјутер со интернет, студирам (на државен факултет ама 200 евра + пари за книги + пари за превоз + пари за јадење = ГОЛЕМ дополнителен годишен трошок), излегувам во долниот дел на дискотеката :D дефинитивно не секој викенд, можеби не ни секој втор но не е ни битно тоа. Проблемот е што еве кога сме веќе кај излегувањето порано со 200 денари можев да испијам пијачка, да јадам и да си дојдам дома со такси, а сега толку пари ми требаат само за такси во еден правец :?: И не се срамам да се возам во сабота навечер во автобус, ама за назад морам да плаќам такси. Алал да им е на оние кои ги зголемуваат пропорцијално своите приходи со постојаното накачување на цените на СЕ буквално.
    Нормално дека ми се важни финансиските средства, девојка сум, постојано сум во искушение да си купам нешто, било да е некое кремче, лосионче, блуза, фармерки. Ама веќе 3-4 години јас морам да изберам меѓу нешто или нешто друго. Никогаш не може да бидат двете работи, на пример сега дали да купам фармерки или таа 1000ка да ја ставам во касичка и да пробам да соберам пари за викенд, евентуално одмор некаде летово. Место да пијам кока кола, ќе се напијам вода од чешма.
    Би сакала да имам повеќе, ако кажам дека сега сакам да имам како што рече Трендафилка, колку да не се стискам за се, кога би имала толку би сакала уште повеќе. Знаете како е она, човечко око ненаситно. Имаш, сакаш уште. Ама секако би било поубаво да имаш доволно за опуштен живот па тогаш да сакаш уште, отколку вака да се стискаш и да си замислуваш колку добро во моментот би ти дошла една мо*ана 500ка плус. Не можам ни да опишам колкава ми е радоста кога ќе си најдам 50-100 денари во некој џеб заборавени :D
    Така да ако кажам дека не ми се важни лажам, ама реално гледајќи ги маките на моите со тие проклети кредити, подобро би живеала во гарсоњера само да немам долгови, отколку да се ширам во трособен стан со 3 кредита заостанати. Не, фала.
     
  9. RainBow

    RainBow Глобален модератор Член на тимот

    Се зачлени на:
    3 декември 2009
    Пораки:
    22.063
    Допаѓања:
    66.816
    Пол:
    Женски
    Да, отиде во крајност темава. Факт е дека на сите ни се важни финансиските средства, ама прашањето е колку? Нормално дека сите сакаме да имаме да си ги задоволиме основните потреби, никој не сака да копа по контењери фала Богу. Работата е дали би ринтале од јутра до сутра да си дозволите лускузи? Дали би трпеле стресна атмосфера за истите? Дали би дозволиле некој да ве гази, ама добро е додека има пари? И колку пари? Џипови, одмори на скапи места, трошење? Тоа е прашањето. :)
     
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Мене самата поставеност на прашањето ми е во друга крајност.

    Оти на денешнива е луксуз да имаш задоволени основни потреби од работа со строго регулирано работно време, каде не се рмба.
    Оти на денешнинава е реткост да имаш работа каде нема стрес.
    Оти мотото на нашите родители поарно да копам и корки да јадам ама мирна глава да имам ретко кој денес го практикува.
    Без шеф над глава звучи примамливо, ама ај оди копај на сонцето додека не те удри некој топлотен бран.
    А за газењево, дај боже само за висока плата ако се газеа луѓе. Исфрустрирани будали насекаде, без разлика дали за 100 или 500 евра чекче рмбаш.
    Ако некој ја има оваа идила, не верувам дека за некоја иљадарка ќе ја напушти.

    Ама што ќе рмбам за 100, боље ќе рмбам за 1000.


    Калкулирањето на трошоците на опортунитет е битна работа.
    Што добивам и што губам.
    Радо би помалку слободно време искористено со викенд во природа, одмор во некоја атрактивна дестинација и удобен дом, одколку вишок на слободно време кое најчесто ќе го минам пред комп.

    Така да Важно ми е, и тоа многу.
     
    На imelda, Moira, Li0ness и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Ariel

    Ariel Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 декември 2009
    Пораки:
    8.163
    Допаѓања:
    138.864
    Трендафилка го спомна воспитувањето на децата - добра поента.

    Имало периоди кога сме имале повеќе, и други периоди кога едвај сме го поминувале месецот. Дури и во периодите кога стварно не било проблем да им купам на децата некоја играчка - не сум им купувала се што ќе посакаат затоа што сакам да се научат дека не можат да добијат се што ќе посакаат. ОК, сега работам, и не е проблем, ама утре може веќе нема да работам, и стварно ќе биде проблем. И не сакам тогаш да се фрустрираат, сакам да знаат дека не е среќата во материјалните работи. И знаат дека секогаш ќе има некој што ќе има поубави патики, повеќе гардероба, поубави играчки, или ќе оди на одмор на поубави места, ама тоа не треба да ги фрустрира. На ќерка ми најдобрата другарка е научена да добива се што сака, и девојчево страда ако нема нешто што сака. Страшно. Мило ми е дека барем сега за сега децава мои воопшто не се замараат со такви работи.

    Кога сакам да им купам нешто, им кажувам да изберат едно, често и заедничка играчка за двајцата, затоа што не може да очекуваат дека секогаш кога ќе се купува за едниот - ќе се купува и за другиот.

    Ќерка ми многу чита, што ме прави многу среќна, ама наместо да и купувам секој ден по една книгичка, ја запишав во библиотека. Иако реално сега и не ми е проблем да и купувам, сакам да се научи дека за некои работи нема потреба да се даваат пари, и плус знае дека секоја произведена книга се одразува на животната средина, а за неа мора да се грижиме.

    Јас за луксуз не би трпела глупости, ниту би си го трошела времето. Ама исто така и ако знам дека можам повеќе, и на моето семејство му треба - не би седела со скрстени раце.
     
    На Annath, JuLleE, ph.orhideja и 10 други им се допаѓа ова.
  12. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Многу. Од проста и едноставна причина, од воздух и љубов, не се живее. Животот е поубав, но љубовта ниту другите нематеријални средства кои ни го прават секојдневието поисполнето, не можат да ми ги платат сметките за струја, ниту свеќа искрено ќе купам со нив, а да не зборувам за тоа, дека леб не можам со нив ич да замесам.
    Чисто субјективно, од уште поедноставна причина - јас немам а и не сакам на никого да се ослонам што се однесува до финансии.
    Немам нит владики нит министри у блиска фамилија. И не знам да ги правам очињата на мачорот в чизми од Шрек и да отидам кај мајка ми - мамо дај ма, за одмор на Палма. Ај срце си!
    Ма ќе се упуцам од срам. Гордост можеби, ама ако вечно се потпирам на некој, утре на кого ќе се обратам кога ќе имам свои деца?

    Сакам да имам исполнет и здрав живот. А тој подразбира штедење на живците. Не сакам да се нервирам секој месец затоа што не знам да сврзам крај со крај со САМО платени сметки и да се чешам после. Тоа за мене не е живот. Фала богу, како млад и друштвен човек, потребно ми е да се социјализирам, ама и покрај прошетките и џогингот, и покрај гратис гушкањата и бакнежите, кои нали, се економски најисплатливи зошто не чинат пари а вредат многу, имам потреба и за друго. А тоа - не е бесплатно. Па ни гости не можеш бре денес да викнеш а макар едно сокче да не им понудиш. Ќе им речам, изволте струја, вода и парно. Ахам, да, важи.
    Стандардот е многу релативна ствар, за секој значи нешто друго. Мојот стандард е да имам толкава сума на пари, за кога не дај Боже нешто се случи да можам да посегнам по неа и да решам проблеми кои чинат нешто. За жал искусив како е да се фаќаш како давеник за последната сламка. Осетив како ги извадивме последните резерви од сметка за да спасиме живот. И здравјето денес кошта. И тоа колку многу! Сакаш квалитетен доктор? Сакаш добро извршена операција од која зависи дали утре човекот ќе се разбуди пак или нема? Епа ќе си платиш. Ми се превртуваат сеуште цревата од овој систем, ама човек кога е во небрано не размислува тогаш како системот не чини и митото е единствениот излез од речиси безизлезната ситуација. Сакаш да преживее твојот родител? Сакаш. И не размислуваш. И си велам, да имав малку повеќе, да можев да го пратам во најдобрите болници во Европа, можеби ќе го спасев. А можеби и не. Тоа човек не може да го знае.
    Денес и за достоинствена смрт бре ти требаат пари. Да не зборувам за она што следи потоа. Е богами, ни погреб не можеш да направиш - а не се евтини ни тие работи ама ич.

    Така да јас лично не верувам у она - парите не се битни. Како не се бре?! Се, и тоа како! Овозможуваат нормален живот и редослед на работите, што и да значи тоа за секој од нас.

    Не плачам и косиве не си ги кубам затоа што сеуште во мојот плакар нема Диор ташна, или не ми стои паркиран мерцедесот пред зграда. Штедам кај што можам и тоа најмногу на работи кои знам дека не ми се воопшто битни во животот. Дури и со храна штедам кога се работи за мене. Не ми треба да ждерам од утро до вечер. И онака не е здраво. Скромно, а сепак за да не почуствувам. Не морам во нова колекција да си купувам работи, ги купувам на попуст, за евро, за две евра. Одам во second hand. Не одам по најскапите ресторани, но кога еднаш во месецот, или во годината ќе ми прдне дека денес сакам да сум опуштена и да не мислам на ништо, а да нарачам што ми душа сака, сакам да можам да си го дозволам тоа па и да можам да поканам некој, од ќејф да частам.
    И по секоја цена не одам на одмори на море. Одам чак и на поевтина, многу поевтина варијанта. Затоа што не ми е битно да се пофалам кај сум била, побитно ми е да се погледнам во огледало и да видам како зрачам затоа што сум исполнета и среќна и покрај тоа што ова тело, не е сончано на плажите на Гран Канарија. Или кај и да е.
    Ама не сакам да морам да измислувам изговори зошто не излегувам денес, или зошто не одам во театар, или зошто повторно не ги дружам луѓето за во кино, затоа што едноставно немам пари.

    Не сакам утре кога ќе имам семејство да чекам да си фатам некое богато спонзорче за да ми ја плаќа фамилијата, сакам да придонесувам во заедничко домаќинство. Сакам децата да имаат нормален живот кој ќе го вреднуваат. Можеби нема да го облекувам во дизајнирано фустанче, но барем ќе можам да му сменам пелена и да му направам вкусен гриз.

    Како се велеше, боље да плачам во моето ново ферари него на камен. Е сега, Ферари не ми е потребно, грдо е и онака, ама поентата е таа.
    Денес за да живееш, мораш да имаш пари. А ако не знаеш да живееш и покрај сите пари, ондак имаш некоја фабричка грешка во тебе. Јас фала богу знам да живеам и со малку, и со малку повеќе. Се сеќавам на денови кога јадев секој ден спанаќ и грав. Се сеќавам како требевме стапчиња од сладолед и се радувавме на првите заработени денари кои и онака инфлацијата ни ги јадеше утредента, ама нејсе. Се радувавме за секој заработен динар или подоцна денар. Се сеќавам на тоа како дистрибуирав шишиња по сите маала од градот, пешки, и му помагав на татко ми кога беше болен. Затоа што ако не го сторев тоа, утредента немаше да имаме за јадење. И се сеќавам како се чуствував убаво, кога конечно се средивме и можевме да си дозволиме вечера во поубав ресторан, сите тројца заедно. И ни значеше многу.
    Од работа не се срамам, ќе се срамам ако пропаднам на тестот да опстојам во овој суров свет. А суров е да не се лажеме.
    И нема да бидам скромна и отворено ќе кажам дека финансиите ми се битни. Заради комфортот, и заради тоа што еден ден, кога мајка ми ќе ми побара помош или не дај Боже нешто да се случи, јас ќе знам дека имам можност да кажам, да. Со задоволство. И дека ќе помогнам.

    А знам колку е е*ено тешко, родителот да ти умира, да не можеш да го гледаш ниту посетуваш секојдневно но МОРАШ да одиш на работа, затоа што ако не одиш, нема да можеш да му платиш ниту за чист чаршаф во болница.
    Зае*ани времиња ни се сервирани на мени секојдневно. А мојата цел е да ги зае*ам уште повеќе и предвреме да се осигурам дека нема да ме прегазат тие мене, пред јас нив да ги изгазам како што треба и како што сакам.
     
    На eloves, INSIDIOUS, Izaabella и 13 други им се допаѓа ова.
  13. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.073
    Најбитни. Ако некој вика дека неможе да се купи се со пари се лаже! Апсолутно се може да се купи.
    Смртоносна болест??? Мхм, само да имам пари ќе пронајдам и лек ако треба. Добро можеби нема да се излечам ама барем ќе можам да си ја одложам смртта на некое време, има милион експеримантални терапии на кои може да се подложи човек ако има пари па и за тоа ќе се најде лек... добро да не одам во крајности, ама поентата ми е таа.
    Богатите не биле среќни??? Епа ај среќни се оние што трпат за леб.

    Материјалист сум, признавам, но тоа не значи дека сум површна и дека не ги ценам другите работи во животот. Здрава сум и права и амбициозна и можам да работам од утро до мрак за да си ги остварам целите. Да, би работела понапорно за поголема плата и би се лишила од дружење со пријателите или семејството... патем ни ова баш не го разбирам, пак неможе да работиш 24 часа во денот, ќе се најде саат два за дружба. А ако не работам сега додека сум млада и силна кога ќе работам?
    Моите не заработуваат многу, имаме за основните потреби и повеќе, не сме морале да трпиме за ништо, немам осетено како е да имаш премногу ниту пак како е да немаш ич, ама ги сакам парите и многу ми се важни. Покрај основни потреби кои во денешно време ја преминаа и границата на луксузот сакам да си овозможам и други работи, сакам коли, патувања, да вечерам по ресторани, едноставно да не се секирам и да не се стискам. Сакам се да му овозможам на семејството, ама ако работам некој саат повеќе во денот не значи дека нема да им покажам љубов на децата, претеризам е да се мисли дека некој неможе од работа да одвои саат или два па и повеќе за да се посвети на семејството или пријателите. И на татко ми понекогаш му испаѓа да работи цела недела- месец од сабајле до 8-9 вечер па повторно да дојде дома насмеан, заедно да вечераме и да гледаме телевизија, и тоа зборам за физичка работа, а не канцелариска, ако се беше така розово не би се мачел да работи и приватно екстра покрај работата што ја има, но повеќе се радува кога ќе ни даде пари да се почастиме или кога ќе го наполни фрижидерот, одколку кога би го преседел цел ден дома за да биде со нас, а реалноста е дека и ние не сме дома, скитаме некаде :lol:
    Можеби не се мерило за среќа финансиите но и те како можат да ги усреќат луѓето. Секој сака да има повеќе одколку што може да потроши. Мора да се работи и да се штеди. И мене ми е апсурдно да купувам маичка од 200 евра кога иста таква би купила и за 600 ден. Не ми требаат пари за да се фалам со нив и да купувам толку непотребни работи (добро може некое парче :$ ) ми требаат за да имам утре да помогнам на некој близок што ми значи, да им подарувам покрај љубов и некое материјално поклонче на луѓето што ги сакам, ми требаат за да си ги исполнам желбите, да возам луксузен автомобил и да пропатувам низ светот. Убавината е во тоа да го потрошиш со мерак секој (тешко)заработен денар.
    Не гледам на работите хипотетички само гледам какви се времињата, а тек следат потешки. Секој со своите желби и амбиции, јас моите ќе ги насочам кон најнеопходното материјално средство за опстанок - паричките. Сакам и можам да работам колку што ќе биде потребно за да успеам во моите планови.
     
    На Lolo5, innablood, enca.69 и 5 други им се допаѓа ова.
  14. Moira

    Moira Популарен член

    Се зачлени на:
    19 октомври 2011
    Пораки:
    1.937
    Допаѓања:
    7.683
    Ептен се генерализираат работите. Како е можно сите најлоши епитети да ги добиваат „богаташите“?

    Зошто треба да ми е срам да кажам дека сум била во подалечна држава на одмор?? Па Боже мој, не земав од НИЧИИ пари за да ме осудуваат или омаловажуваат! Сум работела, понекогаш и прекувремени саати и сум била штедлива доволно за да зачувам пари и да си го дозволам тој одмор, оти сакам кога си дозволувам луксуз, некако ептен убаво си се осеќам оти од мои заработени пари е.

    Плус, што му е на некој гајле како јас ги заработив моите пари, и што се бери толку гајле за тоа колку време поминува било кој со фамилијата? Кој е тој аршин според кој се мери среќата на нечие дете? Моето за мене е најсреќно, оти има среќни мајка и татко кои се задоволни од себе. Треба ли да му велам „Не бери гајле мајка, тоа што Хххх има се` што ќе посака не ја прави среќна, не се огледувај на неа“?? Немам што јас да кажувам за другите, ниту да судам. Јас можам да го оформам моето дете во човек кој ќе цени здравје, време и мир, а тоа да нема врска со летувањата, зимувањата, облеката и играчките!
    И зошто, некој, ти, тој, таа, било кој, да го етикерита моето дете како „размазено богаташко копиле“ само затоа што мајка му и татко му се труделе во животот, успеале да створат (макар и да е само дуплирање на наследениот имот/пари) и си живеат со „луксузите“ кои си ги сакаат?!?

    Се` уште не ми е јасно - зошто секогаш гледаме да го омаловажиме другиот, било за неговите пари или неговите достигнувања?? Поубаво ли се осеќаме така?

    Страшно како оваа транзиција не` направи да веруваме во работи кои вистински не се такви....
     
    На Lolo5, Phyramide, Lacrimosa и 7 други им се допаѓа ова.
  15. Somnitelno-Lice

    Somnitelno-Lice Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 февруари 2012
    Пораки:
    159
    Допаѓања:
    248
    Финансиите се меѓу најважните потреби за да функционира како што е потребно човековиот живот.

    Сепак, во никој случај немојте да ги ставате пред (или да ги занемарите додека материјално се обезбедувате) - љубовта која ја добивате, здравјето и душевниот мир.

    Ако ги немате нив, џабе ви се сите пари на светот.
     
  16. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Затоа што владее љубомората и себичноста. Повеќе ќе се радува-сити ако умре козата на комшијата отколку да му се роди дете.
    Децата на богатите луѓе (- глупо ми звучи малку затоа што богатството се рангира само материјално и искажува преку пари а се заборава на она духовно богатсво кое навистина исполнува) можеби имаат се што ќе посакаат и не знаат што значи зборот ,,не,, или ,,неможе,, ама битно прашање е дали знаат да ги ценат правите вредност?!?! Успешни родители се оние кои ги научиле своите деца на прави вредности (а таквите се бројат на прсти, за жал).
    ....да не забегувам по темата ќе бидам офф
     
    На Annath, Phyramide, srcekrsacka и 3 други им се допаѓа ова.
  17. Acerola

    Acerola Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2011
    Пораки:
    537
    Допаѓања:
    630
    Многу.Излишно е да образложувам зошто,многу постови пред мојот говорат за тоа па да не се повторувам.
    Важни се финансиите,такво време дојде што и здравјето се купува со пари,жално ама вистинито,ако имаш пари ќе си овозможиш најдобри третмани,ќе изгледаш млада и негувана дури и на 50 години,ќе си овозможиш најдобро образование итн.
    Добрата финансиска состојба има само позитивна страна.
     
  18. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.601

    Па со исклучок на зборот копиле кој е смртно навредлив и не би го употребила за никого, остатокот од зборовите - размазено и богаташко се сосем на место за мене.
    Одат исто како ден и ноќ, плима и осека, сирење и ајвар.

    Значи едно или две дечиња од 100 прават исклучок, а остатокот - генерализација.
    Јас не знам чуму лутење, никој не рече дека децата се виновни.
    Воспитани се во тој дух, газат во патики од 200 евра, (му се запнавме на третиот кат на Колосеум) ама да - таму се, со скапите пијалоци, со скапите облеки, со влегувањето преку ред, додека некој полуписмен гангстер те прегледува на врата од глава до пети и се решава половина час дали да те пушти во светиот Грал, да искусиш и ти од земните искуства.
    Ќе бидам можеби надвор од темата и се извинувам, ама богаташите си живеат во свој свет и да, различни се, и да - не се мешкаат со обичните.
    Пола од времето им е чудно во средината на да речеме - средната класа, цело време немаат ни што да си кажат.
    А ова е како нешто ново или?
    И на времето чорбаџијата немал што да си каже со амалот.
    Јас не сум огорчена, ниту љубоморна, јас само ја согледувам вистината, а таа е вистината.

    Па ако ништо друго, најрано ги согледав ваквите разлики и финеси, уште на 14 години, во моето златно средно училиште.
    Ма нееее, не беа размазени, не беа арогантни, не беа себични, ниту манипулаторски настроени, ниту на секоја добиена 4ка фрчеа телефони и повици до родителите да дојдат, па да позборуваат околу таа незаслужена 4ка со директорката.
    Ма нееее, не признаваа дека поголемиот дел ги имаа тестовите за приемен испит, или кои професори им се врски, или каде ќе работат откако ќе завршат или дека се пријавени во фирмата на тате уште од осмо одд. па до матурата веќе поголемиот дел имаат читави 4 години стаж, а ти се мислиш дали ќе успееш да се запишеш во државна квота.

    И сега?
    Љубоморни сме, дека родителите успеале да ги тродуплираат наследените пари?
    Или дека проневериле од државата (да, јас учев со таков редок примерок, |( кога ја прашаа - дали чувствува нелагодност зашто татко и проневери пари и избега, она одговори - срам ми е, дека украде толку малку и за мала сума се брука по вестите, мртва озбилна).

    Само зашто некој кажува факти и ја кажува вистината - автоматски е љубоморен или омаловажува?
    Не, I couldn't care less.

    Ова и уште мал милион други се едни од причините поради кои ги презирам парите, не ги ставам на пиедестал, исто како и оние што ги поседуваат, без ни малку чувство за емпатија и грам совест за околината.
     
  19. imelda

    imelda Популарен член

    Се зачлени на:
    24 март 2011
    Пораки:
    1.622
    Допаѓања:
    10.349
    Изберете си едно од овие две. Ако ви се допаѓа моделот де, за пример ги давам. Ќе работам за него и знам кое би, тоа во кое ќе се чувствувам како милион долари, и поради тоа ќе зрачам од радост, и маж ми ќе се радува на мене повеќе кога сум му таква весела, па и јас среќна и тој среќен ;)
    И ќе ми каже некој среќа не се купувала со пари :P

    ОК, јас уште сум млада, без деца, па се однесувам како што се однесувам, и работам повеќе оти па да седнам дома да седам, знам дека досадно ќе ми стане. Не сум разгалено и невоспитано дете на богаташи. Напротив. Ако децата се депривирани како мали не значи дека ќе научат утре да се стискаат или да се задоволни со помалку, за да се зачуваат моралните вредности(оти не знам по кој дефолт се губат при пари) за да не надвладее лакомоста кон материјалните. Ова како постење ли е нешто?

    Па зошто да се стискам ако можам да си дозволам нешто доколку сакам да поработам повеќе за да го добијам? Кој ги резервира Луботинките исклучиво за жени како Кајли, Викторија Бекам или Бјонсе? Па и јас сум жена како нив, и јас имам очи па и јас ги сакам(ок, звучам разгалена тука :D ама па оти да не бе). И јас сакам Вивиен Вествуд фустан, или од Харв Леџер, и оти да не! Ако не посакувавме дизајнерски парчиња, зошто по списанијава сите ги гледаме овие наведениве & Co, и пробаме да го копираме нивниот стил. Ама за секого различно нели, дали ќе работиме подолго за оригиналот, ќе копираме на буџет оти оригиналот не можеме да си го дозволиме, или пак ќе копираме на буџет за да не сме етикетирани како плитки ако го земеме оригиналот и кога би можеле? :^)
     
    На Lolo5 му/ѝ се допаѓа ова.
  20. slavica999

    slavica999 Популарен член

    Се зачлени на:
    27 декември 2009
    Пораки:
    4.327
    Допаѓања:
    5.341
    Не се исто размислува кога имаш дете и сопруг - фамилија и кога немаш, па макар само сопруг без дете.
    Грабајте од животот, среќата , парите додека можете затоа што после е малку потешко. Утре размислуваш да ставиш прво покрив на глава, исчуваш деца. Па во оваа наше државиче како ќе постигнеш ако не земеш кредит или работиш некоја нелегална работа-богатење преку ноќ.
    Еве и на пр. да работиш нон стоп прекувремено на некое солидно раб. место тешко дека месечно ќе надминеш 40 000ден (иако се прашувам дали некој успева во ова). Не се реално плаќа трудот кај нас, а ринташ од јутра до сутра не да земеш плата на 1-ви туку повеќе да си го задржиш работното место и да те пофали газдата :?:
    Тоа е нашата реалност.
    На секого му се важни финансиските средства, на кого не се. Еве на пр. мојата ситуација. На мене и сопругот ни требаше работење надвор од државата добри 4 год. за да си сами обезбедиме куќа, кола и некоја заштеда тргната на страна која подоцна или порано ќе почне да се грицка. На тие месечни примања од 7 000евра јас не си дозволив некое парче од некој моден креатор. Не дека не сакам, туку не дојде на ред :$ Имавме други зацртани цели.
    Еве сега, не ми е мака пак да работам за 400 евра и да чекам некој попуст од Зара за да си купам нешто.
    Најбитниот тест го поминавме и парата не не уништи. Лакомоста не не надвладеа.И да, не би работела по 10-12 часа за да се докажувам нешто што не сум а да ја жртвувам хармонијата на семејството. Мажот може да изгради куќа ама само жената може да создаде дом (ова беше цитат на фемина)
     
    На Annath, imelda и ph.orhideja им се допаѓа ова.