Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. JoxyTheFreak

    JoxyTheFreak Популарен член

    Се зачлени на:
    10 јуни 2011
    Пораки:
    833
    Допаѓања:
    5.566
    Ја видов темата и се подзамислив малце.
    Секако да,важни се ама не се пресудни. Мислам дека милиони пати е повторено над мене.
    Ама моето семејство се обидува да преброди финансиска криза.
    Можеби како дете сеуште ми немаат ништо кажано,но не сум слеп ни глув. И ги гледам и се кршам
    Ме крши константното расправање,тмурноста и негативната енергија.
    Обично попладне знаев да отидам на кафе со друштво. Сега неможам.
    И криво ми е. Криво ми е што наместо да се смеам на цел глас јас кмишам дома и слушам расправии.
    Криво ми е што несвесно за тоа околу мене си купив нова јакна и нови очила за сонце. Никој не ми рече ништо ама јас сам се почувствував како себично лакомо копиле што го исцицав последниот динар в џеб на мајка ми.

    Конечен одговор,да,од круцијална важност се. И нема се да биде во ред ако се сакаме. Затоа што не се сакаме. Мислата дека неможеш основни потреби да му задоволиш на најблиските баш и не буди желба за топли прегратки и пољупци.
    Само се надевам се ќе се врати у нормала.

    Можеби постов во ваши очи ме направи да изгледам како разгалено снобиште и покрај тоа што не сум. Само сакам се да е по старо. :)
     
    На КикиМаус, Wahnsinn, eloves и 8 други им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Се сложувам , во наши услови да плаќаш сметки, да нахраниш фамилија, да се облечеш , да можеш да шеташ, треба дебело да се испотиш. Еве си го земам мојот пример, работев си имав добра плаат од 300 евра со придонеси и флексибилно работно време и плус на друго место на повик работев кога има потреба така да се на се земав по 23000-24000 месечно. И да ви кажам за смаец тоа се парички, ама за семејство, ништо не е . Ќе отидат. Значи мора многу да се работи. И со се човек што ќе се зафати треба професиоанлно да го одработи затоа што за секоја струка има кадар колку сакаш, ако не те бива,брзо ќе изгубиш работа.
    Точно. Многу брачни парови имаат проблеми баш заради тоа. Јас понекогаш си замислувам како би било во некое мало место кога би морала да живеам во МКД каде има само конфекција и ништо друго не функционира. Кога би земала по 6000 ден , па ништо не би постигнала. Си требаат пари и затоа јас оправдувам кога жена сака да се мажи на 28 или 30 год, затоа што сака да ги подреди работите па потоа да раѓа деца. Од љубов не се живее.
     
  3. karak

    karak Популарен член

    Се зачлени на:
    11 април 2010
    Пораки:
    4.431
    Допаѓања:
    5.392
    Во ова време на постоење и на ПРЕЖИВУВАЊЕ и те како се важни финансиските средства. Само тие што зимаат поголема плата може да кажат не бе не ми се важни парите важно ми е семејството. Се останато во кој ете се вбројувам и јас ќе речам дека за поголема плата би прифатила и потешка и помакотрпна и повеќечасовна работа. Јас сум среќна кога дома ќе се има што да се јаде, самиот мир се состој во тоа да можеш утре ете на дете да му дадеш што ќе посака, да не гледа по рафтовите и плаче за лижавче, а зошто ете затоа што мене не ми се работеле саат или два повеќе. Жртвата за животот и борбата за опстанок е потешка одколку што ја замислувам
     
  4. VeseliCka

    VeseliCka Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 април 2012
    Пораки:
    59
    Допаѓања:
    118
    Пол:
    Женски
    Многу луѓе се фураат и викаат пари не им се потребни а ваму таквите душата би си ја продале за шушки.Мене во животот ми требаат пари,а супер би било кога на никој не би му требале пустите.Не сакам луксузирање,ама сакам удобен живот.Сакам убава куќа,секоја година на одмор и убав автомобил.Не знам дали барам многу ама си сакам.Сакам еден ден да станам и да не мислам на тоа пусто штедењето,барем еднаш да си ја почастев душичката,ама тоа ми е.
     
  5. EleMental

    EleMental Популарен член

    Се зачлени на:
    16 мај 2011
    Пораки:
    753
    Допаѓања:
    4.243
    Никогаш во животот не ми фалила љубов, ни пријателства. Сум пораснал целосно исполнет емотивно и со максимална подрршка за секоја моја позитивна идеја и амбиција.
    Од друга страна пак...

    Геа со нејзиниот пост ми врати спомени од детството. Многу пати ми се случило да посакам сладолед, гледајќи други деца, или сум сакал да прифатиме понуда од друга фамилија да одиме на сок, па родителите ќе седат ќе си зборуваат,а ние децата ќе си играме на страна и повремено ќе наминеме на масата да се напиеме Фанта. Ја обожавав како помал.
    И тогаш мајка ми ќе ме стиснеше за раката можеби и пресилно за да ме сецне пред да кажам дека ми се оди, и само ќе слушнев седи мирен, треба да имаш пари за да одиш некаде...
    Како помали, мене и брат ми не болеле ушите. Плачевме, не можевме да спиеме, и моите се караа од кој да позајмат пари, како да се снајдат за на доктор.
    Септември ми беше поим за стрес. Периодот околу почетокот на учебната година и вечното влечкање и купување макар тетратки во последен момент, а никогаш и нив ги немаше. Практично боси, у пм веќе!!

    СУм видел многу караници на тема финансии. И столови летале кај нас.

    Дали ми се важни парите?

    Јас уште на рана возраст си ветив дека мојата фамилија еден ден, нема да помине низ тие срања. Јас сум тежок, тежок материјалист и многу брутално си ја пренесувам себеси реалноста во која живееме. И не допира до мене што мислат луѓето за овие мои ставови.

    Во никој случај не велам дека не ми е потребна љубов и пријателства, во никој случај нема да дозволам парите да бидат центар на мојот живот, но на таа тема не правам компромис - ЌЕ ГИ ИМАМ!

    Глупчовците ме одбија двапати. Да не бев премногу млад да си го ризикувам животот, досега ќе поминев неколку години на нафтена платформа на Аљаска.

    Како и да е...
     
    На Tam4yy, Safira26, macysh и 2 други им се допаѓа ова.
  6. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Ако кажам дека не ми се важни и дека не е сè во парите - самиот себе ќе се излажам.
    Секако дека парите се важни во нашиот живот. И не се потресувајте многу кога ќе го кажете ова. Едно е да кажеш дека ти се важни парите за пристоен живот, а сосема друго е да бидеш материјалист. Според мене материјалистите насекаде и секаде и на секој можен начин ги гледаат луѓето како dollar sign.
    Ние дома живееме само за основни работи - сметки и јадење. Никогаш сум немал тоа што сум посакал. Порано многу често се случуваше да ни снема на крај на месец, па се снаоѓале како знаеле и умееле. Сега со случајов на брат ми - исто.

    Колку пати само сум сакал нешто да купам за себе, ама на крај пак нема да купам зашто тие пари што ќе ги дадам на тие работи можам да ги „пикнам“ на некое друго место. За кафиња баш и немам многу да се расфрлам како некои што одат по три пати на ден на три различни места. Во ресторан не се ни сеќавам кога последен пат сум седнал. Всушност, лани бев после кој знае колку години. Облека - носам од пред три години. Еве сега летово малку, минимално што се подновив. Одмори за мене се само фантазија. Никогаш не сум бил некаде надвор од државава, да прошетам како што шетаат моиве врсници. Едноставно да уживам и да не се замарам за ништо. Два пати по ред вадам пасош и два пати по ред го фрлам празен. Без ниеден печат на него.

    Секако дека парите се важни. Постојано на телевизија гледам како се собираат пари за донација за некое болно дете, а веќе другиот ден ќе прочитам на интернет дека починало зашто не се собрале доволно средтсва да се излекува. И после ова некој ќе ми рече не биле парите важни.
    На страната на Факултети читам како некои 19-20 годишни студираат во Америка. Да не се лажеме и за тоа треба пари. Можеби школувањето им е обезбедено, ама тие деца треба да имаат пари во себе за да јадат нешто, да купат тоа што им треба. Еве, конкретно мој пример - поради немање на финанскиски средства приморан сум да студирам тоа што не сакам. Да имав пари ќе се запишев на приватен факултет и секој ден ќе станував со ентузијазам, а не мене сега уште пред да почнам глава да ме боли како ќе ми поминува секој ден на тој факултет. Како ќе учам, како ќе завршам. И уште еден пример - пред речиси 4 месеци положив за кола и еве уште немам купено. А зашто? Го знаете одговорот сите. Додека купам ќе заборавам и да возам изгледа.
    Еве, баш вчера прочитав на интерент дека едно 19 годишно момче се самоуби поради сиромаштија. Бил приморан да го напушти школото зашто немале пари ни за автобуска карта, камоли за друго.

    Парите и љубовта се тесно поврзани меѓусебе. Точно е дека среќата со пари не се купува, ама можат да ти обезбедат квалитетно образование, одење по одмори, гардероба и шлаења по кафичи и ресторани. Џабе е љубовта кога немаш пари за да си го смириш стомакот. Љубовта не се јаде ниту пак со неа со плаќаат сметките и долговите.
    Колку само разочарувања и фрустрации имам поради ова и сум рекол дека ако не обезбедам доволно средства за моите деца да го имаат основното - подобро е да немам деца. Не сакам да растат како што растев јас.
    Иако морам да признаам дека поголемиот дел за ваквата состојба го окривувам татко ми.
     
    На marijaz, eloves, Nalayan и 21 други им се допаѓа ова.
  7. Someonespecial

    Someonespecial Free-minded aesthete

    Се зачлени на:
    17 ноември 2012
    Пораки:
    13.104
    Допаѓања:
    163.621
    Пол:
    Женски
    :hug::hug::hug:
    Најреалното мислење на оваа тема што го имам слушнато или прочитано. :bow:
     
    На Nigredo Odor, ♡BuBaLe♡, КикиМаус и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    Колку ми се важни?
    Зависи кога ќе си го поставам прашањето, дали кога гледам како другарките секој месец одат на шопинг, секое лето на одмор или пак кога ќе го погледам фрижидерот...
    Израснав во скромно семејство, дете на родители од "работничка класа" со минимални плати но огромна љубов. Љубов... Што ако имало љубов кога немало хармонија. А како би имало, немаштијата си носи неслога, нормално. Боли, не велам не, секако дека ме боли кога ќе ме прашаат зошто не славев матура, зошто не запишав факултет, зошто немам положено за кола... Што да одговорам? - Не сакав? Хахх..
    Никогаш не барав ништо од моите, знаев дека немаат. Сестра ми ме израсна, таа ми беше и мајка и татко. Зошто? Затоа што моите родители работеа од 6 наутро до 8 навечер за да можат да ни приуштат леб и книги, за друго не стигнуваше. Не ги окривувам за тоа што немав детство како што имаа моите другарки, никогаш. Сведок бев на нивната макотрпна работа. Недостатокот на доволно финанскиски средства директно или индиректно и те како влијае на здравјето. Со тешко срце го пишувам ова... но тоа беше причината поради која го изгубив татко ми после многу удари во изминатите години од стрес и нервоза што не можеше да му приушти на семејството се што е потребно за еден нормален и скромен живот. Дури и во тој момент парите одлучуваа, да ги имав немаше да го изгубам.
    Имам 24 години, работам, моментално барам и хонорарна работа за да можам да ги покријам долговите, платам сметките и наполнам фрижидерот.
    И кога ќе слушнам како некој зборува дека финансиите не се важни, не се ствара револт во мене, не, не им завидувам на таквите, напротив им посакувам никогаш да не осетат што значи да немаш ни за леб, никогаш да не дочекаат да ја видат мајка им како на - 22 оди пешки на работа за со тие 35 денари да купи леб, никогаш да не дочекаат да изгубат близок и да немаат средства за да го испратат....
    На никој не му посакувам моменти какви јас доживеав.
     
    Последна измена: 15 јануари 2017
    На Nalayan, ♡BuBaLe♡, ph.orhideja и 31 други им се допаѓа ова.
  9. EvAngelos

    EvAngelos Популарен член

    Се зачлени на:
    25 февруари 2012
    Пораки:
    3.691
    Допаѓања:
    10.122
    Пол:
    Машки
    @КикиМаус ти си вистински борец. Секоја чест за тоа што не си дозволила острите заби на животот да те претворат во ладнокрвна и гневна девојка, туку баш напротив, многу треба да учиме од твојот став кон финансиси побогатите. Жена како тебе ќе може утре да се носи и со сиромаштија и со богатство и во добро и во лошо. Но мислам дека доволно си страдала во животот. Ти посакувам и се молам да дојдат времиња на олеснување и освежување на тебе и твоето семејство. Бог пред се да ви го заштити здравјето, особено на мајка ти која исто така е жена борец. И јас имав слично детство како тебе, попратено со сиромаштија на работ на преживување и подоцна загуба на член од семејството. Животот знае да биде тежок и најчесто не сме свесни што имаме додека не го загубиме. Гушка!
     
    На Annath, mssuniquee, Doozy и 13 други им се допаѓа ова.
  10. КикиМаус

    КикиМаус Популарен член

    Се зачлени на:
    27 јули 2016
    Пораки:
    2.142
    Допаѓања:
    17.723
    @EvAngelos прости но во моментов додека ги препрочитувам и мојот и твојот пост ме преовладуваат силни емоции од кои не сум во состојба ништо друго да пишам освен да ти се заблагодарам и да те гушнам силно :hug:
     
    На Bender Rodriguez, Sanjichka007, Baby-bubu и 7 други им се допаѓа ова.
  11. Dust

    Dust Game Over

    Се зачлени на:
    27 септември 2011
    Пораки:
    11.733
    Допаѓања:
    172.793
    Пол:
    Женски
    @КикиМаус ...:hug: ме потсети пишаново на она од пред некој ден кога беше ладно...
    И душава ми се стегна:|
    :bow::bow:


    Важни се финансиите. Многу во денешно време. Барем до оној степен за пристоен живот.
    Не е се во парите, ама кога ќе ми текне колку работеле моите за да го имам животот што го имав и колку и ден денес се трудат, мака ми е...
    Секогаш им велам, имаме доволно, одморете..
    Сега работата им е веќе навика..

    За сметка на тоа, јас израснав со баба до 8 и нешто год.. Па после се сама.. Па се научив сама да се чувам, сама да си правам јадење, сама да го преорам градот со ЈСП .. Сама да одам до Работнички на англиски уште од 3то одделение.. Сама да правам грешки и сама да учам од истите.. А нив ги немаше..
    Времето помина.. сега се е џабе. Ниедни пари не го враќаат
     
    На Annath, evangelina.ina, Aleksandar1212 и 7 други им се допаѓа ова.
  12. filip4

    filip4 Популарен член

    Се зачлени на:
    3 ноември 2016
    Пораки:
    462
    Допаѓања:
    3.671
    Пол:
    Машки
    Kiki bidi silna devojka i boriae vo zhivotot,zhivotot e borba.na site vo mn situacii ni bilo teshko kako tebe,te svakjam kako ti e. Alii nemoj da zhalish za fakultet ili za vozachla odkolku za drugite raboti,ali zhivot e takov,pa nekogash znae da bide surov. Treba da znaeme deka zhivotot e borba,pa treba da se borime,i ne treba da se otkazuvame od nishto.
    Jas vaka velam:
    Zhivotot vo sekunda mozhe da ni se meni,ama ne znaeme koga.mozhe i daj bozhe na dobro,ili nedaj bozhe na losho.
    Paa naka pomogne i sekogash naka ni bide samo dobro,na site
     
    На Aleksandar1212, КикиМаус и Dust им се допаѓа ова.
  13. Adi888

    Adi888 Форумски идол

    Се зачлени на:
    22 ноември 2010
    Пораки:
    6.186
    Допаѓања:
    23.208
    Пол:
    Женски

    Едно ќе ти кажам, стегни срце и заби и биди храбра колку шо можиш и застани на нозе биди цврста, биди сигурна дека идат подобри денови, сум го осетила на моја кожа и знам како боли ко ќе немаш средства ни да излезиш, ко ќе нема дома леб да сe купи, да чекаш татко ти да дојси брашно, мајка ти да замеси и да јадиш кечап и леб и да го слушаш најболното брат ми што го кажа стомачето ми гори само од кечап, и солзите на твојте да се тркалат по лицата, да сакаш да поможиш а неможиш, ти веќе работиш и сигурно дека ќе излезиш на прав пат, те читам и те следам тука на форумов добра девојка си паметна и фина.
    Не е сe во возачката и факултетот, никогаш не е касно за нив можиш секогаш да ги земиш, бар на деnешницава е лесно и не е срамота да си без нив.
    Ќе биди се во ред, ти праќам мnогу гушки, и знам како се осеќаш, ќе биди подобро сигурна сум, вервам во то, вервам во тебе. :hug: :hug: :hug:
     
    На Mishela, Mr. Right, Doozy и 4 други им се допаѓа ова.
  14. bebuf17

    bebuf17 Активен член

    Се зачлени на:
    19 декември 2016
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    445
    Пол:
    Женски
    Финансиите се и тоа како битни, многу битни во ова време. @КикиМаус биди силна, ти посакувам од убавини да не куртулиш драга моја ❤ те разбирам многу добро. Во 2002 мислам беше кога СДСМ дојдоа на власт мајками ја вработија како чистачка во фонд за пензиско инвалидско осигурување, а таткоми работеше како кондуктер. Имавме скромен живот, добро детство.. барем некое време. Е кога се смени власта без никакво објаснување мајками ја избркаа од работа и тогаш научив што значи вистинска сиромаштија. Со една плата неможе да се плати кирија, сметки, за јадење, и да се праќаат две деца на училиште. Еден период од животот маргаринот беше поручек, ручек и вечера. Секој ден.Без пари одев на училиште, сите другарки кога одеа на екскурзија јас и сестрами дома седевме. На две или три екскурзии имам отидено. Никогаш не сум побарала нешто од моите, сум била свесна дека немаме пари, немавме ни за основните работи. Нервози, расправии, работа нема, пари нема а сметки еден куп. Таткоми не издржа за жал, изврши самоубиство Сега без еден родител не е ни малку лесно, мајками чисти кафич, за да има за некоја сметка јас и сестрами исто работиме и пак не достасува. Од пари никогаш не е доста, секогаш требаат. Каков- таков животот е тој, ние мораме да го живееме
     
    На Mr. Right, EvAngelos и КикиМаус им се допаѓа ова.
  15. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Вака од читање ми мирисаш на ок момче, а интуиција генерално поретко ме лаже. Знаеш што е проблемот со тебе? Ти си воспитан, т.е. системот те воспитал да живееш во материјалистички дух и да следиш трендови на трошење. Да, парите се важни секако, но не ти требаат многу за да преживееш и да си генерално сит, облечен и среќен. Што мислам со тоа? Се дур облеката ти е чиста, исперена и ти лепи за твојот изглед и карактер ти си кул. Се дур ти е стомакот сит и најаден ти немаш потреба од ресторани, кафани и кафулиња. Тоа се места генерално за идиоти и ситни материјалистички души. Ништо повеќе. Капиталистичките брендови и машинерија трошат милиони долари на пропаганда тебе да те убедат потсвесно да трошиш константно на работи коишто ништо не ти влијаат врз квалитетот на твојот живот и здравјето. Учи, бори се, школувај се, а тоа секако утре ќе ти биде наградено, но немој никогаш да запаѓаш во депресија само затоа што немаш што да трошиш или не ги следиш модните трендови коишто идиотите ти ги диктираат секој ден. Кога утре ќе заработуваш пари дозволи си патување, нова облека, ресторанче ако тие работи толку те привлекуваат. Ништо страшно, но знај дека на светот живеат милиони и милиони луѓе коишто ниту следат модни трендови, ниту висат по ресторани и кафулиња, ниту возат скапи автомобили, ниту имаат нови скапи телефони, а пак се среќни и задоволни со себе. Се е во тоа како се бориш против моќната капиталистичка конзумеристичка култура и кои ти се приоритетите во животот.
     
    На ♡BuBaLe♡, RosePrincess и molikaMk им се допаѓа ова.
  16. Aleksandar1212

    Aleksandar1212 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 август 2016
    Пораки:
    1.106
    Допаѓања:
    7.679
    Пол:
    Машки
    Парите се прават, здравјето не се купува.Секогаш може да се најде нескромна работа за да заработиш некој денар.Сепак секој си го знае и различно гледа на работите.Кога си млад спремен си ра работиш и да си заработиш, честа на некои не им го дозволува тоа, секоја чест пак на оние кои работеле или работат секаква работа за да си заработат или прехранат семејството.Отсекогаш ќе има способни и понеспособни за тоа, да бидеме реални.Од друга страна пак, новото време налага сите да бидат способни и да успеат.Парите како важност не треба да ги има кај здравјето и љубовта, тоа е она што низ минативе години кај нас во Македонија се беше распространило како чума.Излагаме полека од тој обрач со голема поука.
    И јас сум работел работи кога требало да шетам како останатите и ич сега не ми е мака за тоа.Опстанокот на семејството во времето на транзиција во нашата држава без да се отселиш значи успех.Да бидеш со најблиските и да имаш да си ги платиш сметките е најубавото и највредното.Останете позитивни, и владејте се по старите изреки. Сега ако не извадам пари додека сум млад кога?
     
    На Mr. Right, EvAngelos, evangelina.ina и 2 други им се допаѓа ова.
  17. Vitaly

    Vitaly Истакнат член

    Се зачлени на:
    26 јули 2016
    Пораки:
    2.593
    Допаѓања:
    4.649
    Пол:
    Машки
    Покрај толкуте објави по социјалните мрежи за донации на парични средства за болни деца како можете да кажете дека парите не се важни навистина не разбирам. Во 21 век парите се НАЈВАЖНИ. Во денешно време реткост е потполно здрав човек а на болните им треба пари за да си купат лекови нели. Заклучок: Без пари ни здравје нема, за жал. А дека парите не се важни со тоа може да се тешиме наместо да бараме подобри услови и подобар начин на заработка. :)
     
    На sjdgo му/ѝ се допаѓа ова.
  18. SuperGirl24

    SuperGirl24 Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 март 2012
    Пораки:
    2.463
    Допаѓања:
    48.467
    Пол:
    Женски
    На кого во денешно време не му се важни парите кога се се купува со пари? Сите работиме за плата и тоа ни е главната мотивација за да станеме наутро да отидеме на работа. Да давале храна и облека без пари можеби немале да ни бидат битни но вака само ќе се лажеме дека не се важни. Се е плаќа со пари па дури и здравјето ако немаш за еден антибиотик да си купиш и да се лечиш што се вика од една настинка ќе си умреш во 21 век.

    Сите велиме има многу материјалисти и се се гледа низ призмата на парите ама понекогаш кога ќе си размислам па што е тоа толку лошо. Зошто да се задоволиме само со основно да имаме скромен ручек на маса и 2 пара фармерки кога може да имаме повеќе. Зарем нема некој што не сака да е дотеран, да излезе на пијачка или на вечера, да проба нова храна во ресторан, да отиде на море летно време или на планина зимно време, да има своја кола наместо да мрзне по улици додека чека јавен превоз, да има свој покрив над глава наместо да живее со 3 генерации во 50 квадрати?

    Можеби и јас сум материјалист ама никогаш не би се задоволила само со основните работи, да имам леб и сол на маса кога можам месо да имам, или со еден пар патики да идам и на сонце и на снег додека ногата ми се препотува или ми мрзне во зависност од времето надвор,зошто да се задоволам со гледање турска серија дома затворена во 4 ѕида пред телевизор зошто немам пари да излезам на кафе и меѓу луѓе да се измешам колку и да е банално за некого и без поента седењето по кафичите.

    За мене важни се парите зошто ми ги овозможуваат сите задоволства кои се важни за мојата среќа без разлика што таа среќа е детерминирана од материјални работи. Во нашите животи 80% завзема материјално а 20% емотивното и духовното. Што ќе ми мене дечко ако не можам да излезам да се видам со него, ако немам пари ни за автобуска карта да отидам до кај него или он да дојде кај мене ете за да не трошиме пари по ресторани па наместо тоа дома да седиме да се гушкаме под ќебе. Каква е таа љубов со празен стомак искината облека и кров над глава кој прокиснува при прв посилен дожд?

    Секој од нас треба да се стреми кон повеќе и да не дозволува да се задоволи со малце, да работи на себе и да се труди да постигне што повеќе во животот.
     
    На danichap, cooll, do-re-mi и 3 други им се допаѓа ова.
  19. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Никaде не спoмнaв вo пoстoт декa следaм трендoви и сaкaм скaпи рaбoти. Нaпрoтив, тoa штo гo имaм е скрoмнo. Ниту имaм скaпa oблекa, ниту имaм скaп телефoн. Штo се oднесувa дo рестoрaните, зaрем никoгaш не си пoсaкaл еден ден дa oдиш дa јaдеш некaде нaдвoр сo тие штo ти знaчaт? Јaс дa бидaм искрен, сум пoсaкaл.
    А, тoa декa интуицијaтa те лaже декa не сум oк и вoспитaн тoa е твoе мислење. Сепaк чoвек нaјдoбрo се пoзнaвa себеси. :)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Artista

    Artista Истакнат член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2015
    Пораки:
    274
    Допаѓања:
    697
    Пол:
    Машки
    Читај убаво. Никаде не реков дека си невоспитан, туку баш сметам спротивно.

    Дали сум сакал да јадам во ресторан, да прошетам низ Европа, да се дотерам? Сигурно дека да, но ако моментално немам пари сигурно нема да паѓам во депресија, затоа што не можам да си дозволам. И без тоа ќе функционирам колку што треба. Не знам колку години си и колку си спремен на предизвик, но ако те интересира совет за работно место пиши ми приватна порака.