Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. Rebecca_R

    Rebecca_R Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 октомври 2016
    Пораки:
    3.083
    Допаѓања:
    55.712
    Пол:
    Женски
    @Artista па ти воопшто не си сфатил и разбрал што сакал да каже @Mr. Right
    А всушност се е толку јасно напишано. Тој никаде не рече дека е аздисан и сака скапа и брендирана облека или дека сака луксузен автомобил. Не, момчето сака нова облека, пристоен автомобил и да го види светот.

    Штета за тебе Artista доколку се задоволуваш со тоа што го имаш.


    Колку се важни финансиските средства? Па најпросто објаснето, доколку имаш 17 денари а лебот е 20, ќе останеш гладен. Кога ги немаш, дали 3 или 3000, едноставно ги немаш. Дали за парче леб, дали за лек или за мерак на душата, не можеш да си дозволиш.
     
    На Nigredo Odor, Lolipop23, Tanjamm и 4 други им се допаѓа ова.
  2. Mr. Right

    Mr. Right Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 септември 2015
    Пораки:
    2.510
    Допаѓања:
    71.269
    Пол:
    Машки
    Кaжa декa интуицијaтa те лaже, зaтoa. Извини и јaс aкo те сфaтив пoгрешнo. :)
    Инaку, и јaс си ќутaм зaтoa штo се случувa дa немaм пaри зa некaде дa испaднaм и зa дa купaм нештo. Сепaк дa не зaбoрaвиме кaде живееме и кoлку ни се мoжнoстите oвде. Амa, ете, си велaм декa некoгaш ќе се сменaт рaбoтите нa пoдoбрo. :)
     
    На КикиМаус му/ѝ се допаѓа ова.
  3. Feminka192

    Feminka192 Популарен член

    Се зачлени на:
    24 април 2017
    Пораки:
    338
    Допаѓања:
    2.567
    Пол:
    Женски
    Многу!
    Не, не мислам дека се се купува со пари но ако ги немаш нема нормално да функционираш.
    Многу желби или подобро кажано потреби не ми се исполниле поради недостигот на финансии почнувајќи од најобичните детски па се до екскурзии, патувања, излегувања, како и школувањето за кое посебно жалам што немав можност да се обидам со нешто што посакував.
    Секако немањето доволно средства се одразува и на социјалниот живот, врските, самодовербата, можноста за напредок и учење нови работи и тн.
    Затоа и сметам дека не сум добила фер шанса и си имам ветено дека ако треба би работела и 2 работи за да обезбедам подобар живот.
     
    На fallenangel, Јаневски, cresa-jagoda и 3 други им се допаѓа ова.
  4. AnaKarenina

    AnaKarenina Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    5.801
    Допаѓања:
    55.003
    Пол:
    Женски
    Важни се, ама не и пресудни. Можеби за некого е лудост, ама еве јас неодамна одбив работа која ќе ми носеше скоро 4 пати повисока плата од онаа што ја имам сега. Размислував многу, бев во недоумица некое време, за на крајот да одлучам дека сепак таа работа не е за мене. Ако прифатев, ќе беше само заради платата. Работата беше тотално некреативна, освен тоа не многу поврзана со мојата професија, во не толку погодена работна средина и верувам дека за некое време ќе завршев исфрустрирана и несреќна. Какво расположение ќе донесам дома, многу зависи од тоа како сум поминала на работа. А какво расположение ќе имав ако не го сакав тоа што го работам и ако немав желба да се извлечам од кревет секое сабајле за да одам на работа?
    Она што моментално го работам можеби не ми носи толку голема плата, ама ме исполнува максимално, ми помага постојано да учам и да се надоградувам, зашто и самата работа е таква. Директно ми е поврзана со професијата и повеќето денови буквално едвај чекам да почне работниот ден, зашто работам на некој многу интересен случај. А часовите летаат кога работиш со задоволство.
     
    На marijaz, cresa-jagoda, MIA-SK и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. kuc

    kuc Форумски идол

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    2.175
    Допаѓања:
    83.848
    Пол:
    Женски
    Глупаво прашање, а на кого не му се важни финансиските средства кога без нив не може човек да функционира или просто кажано нема ништо без пари !!!
     
    На toogood му/ѝ се допаѓа ова.
  6. toogood

    toogood Популарен член

    Се зачлени на:
    2 октомври 2014
    Пораки:
    2.126
    Допаѓања:
    12.326
    Se razbira deka mi se vazni finansiite.
    Na kraj kraeva za toa odam na rabota i trosam sekoj den po 10 saata.
    Imam jas ljubov za mnogu raboti, ama rabota e rabota, a posebno vo ovaa profesija sum odamna i si ja rabotam rabotata vo son.
    Ako treba da odam na rabota i 8 saata da ne mrdnam od stolov i ako ima dve stolici, na ednata plakaat poveke, tamu ke sednam.
    I onaka vremeto go trosam pa zasto da ne zemam poveke pari, se razbira ako se moze.
    Zivotov mnogu nudi i ne bi se pravela sega tuka kako ne me interesiraat parite.
    Imalo vreminja koga mi trebale poveke pari i sum rabotela extremno mnogu, sega mi trebaat pomalku pa si ja skrativ rabotnata nedela, ama deka odam na rabota za zabava, ne bas.
    Imase edna kniga so prasanja na interview i so boldirani bukvi pisuvase "rabota ne e mesto za pravenje priatelsta i razvivanje ljubov, mesto e kade doagame da zarabotime pari".

    Pari zivot znacat. Nema nesto sto moze da se ima bez pari ili da se kupi nesto bezpari.
     
    На Lolipop23, Tanjamm, duffi и 3 други им се допаѓа ова.
  7. jacqueline.s

    jacqueline.s Форумски идол

    Се зачлени на:
    15 февруари 2012
    Пораки:
    4.124
    Допаѓања:
    20.279
    Пол:
    Женски
    Ко ќе ги заработуваш со пот и тоа како се важни!
     
    На elimkd, Tanjamm, meckicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  8. ivani30

    ivani30 Популарен член

    Се зачлени на:
    4 декември 2014
    Пораки:
    1.609
    Допаѓања:
    2.645
    Пол:
    Женски
    најважни
     
  9. cresa-jagoda

    cresa-jagoda Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 јуни 2012
    Пораки:
    8.262
    Допаѓања:
    34.559
    Пол:
    Женски
    Се согласувам со тебе. Јас се двоумев што да студирам меѓу две професии. Но избрав да студирам професија која е помалку платена, бидејќи важно ми беше да учам со љубов и понатаму по завршување професијата да ја работам со желба и љубов, а со тоа и да не си го уништам здравјето, бидејќи кога нешто работиш со сила, без желба, предизвикува стрес, нервоза, психичко малтретирање, а сето тоа влијае негативно врз здравјето. А ако сумираме здравјето е многу поважно од парите.
     
    На AnaKarenina му/ѝ се допаѓа ова.
  10. danichap

    danichap Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    26 јуни 2011
    Пораки:
    16.282
    Допаѓања:
    284.797
    Интересна тема која на почетокот поттикнала прилично конструктивна дискусија. Штета што од поодамна не е повеќе активна иако со прашања од слична тематика се среќаваме не само секојдневно, туку и низ најразлични теми од форумов.

    Сум пишала еднаш, пред пет години, во врска со тоа колку ми се важни финансиските средства.
    Одприлика ставот ми останал непроменет и мило ми е за тоа. Нема да го гледам истото како нееволуирање на моја страна, туку само зацврстување на истиот :lol:.

    Мене ми звучат како тешење некои споредби со богатите.
    Во стил и богатите можат да бидат несреќни во љубовта, и богатите можат да се разболат, и богатите можат да изгубат најблизок.
    Зошто едното да го исклучува другото?
    Уствари каква поврзаност има едното со другото?
    Ако имаат пари не се богови па да бидат поразлични од останатите смртници и сите овие проблеми да не допираат до нив.
    Сетоа тоа се состојби кај една индивидуа кои немаат врска со финансиската состојба.

    Можеби поседувањето на финансиите би ја олеснило или помогнало во надминуавњето на истата, ама тие постојат кај сите. Независно дали си богат или сиромав. Уствари сигурна сум дека би ја олесниле, не дај боже човек да треба да тргне по болницине .

    Со безпарицата идат и нервозите и проблемите и во врската многу често. Полесно е кога некое дупче се затнува со вечера во ресторан, викенд или друга заедничка активност со партнерот, наспроти секојдневното пребројување како да се платат сметките и да се купи памперс за детето. На жалост немаштијата и нервозите носат и здравствени проблеми а за финансиите, колку и да се основни, потребни да се надминат истите воопшто да не почнувам да зборувам.

    Кога немаш финансиска сигурност од државата, финансиска сигурност во вид на наследство или помош од домашни, и немаш време и услови да го пронаоѓаш и надоградуваш авантуристичиот дух во себе туку едноставно треба да созрееш и да ги плаќаш сметките.
    Да, важни се, и тоа многу.
     
    На AnastasiaWinter, MamacitaBuena, Mishela и 2 други им се допаѓа ова.
  11. Hipster

    Hipster Форумски идол

    Се зачлени на:
    8 јули 2011
    Пораки:
    5.779
    Допаѓања:
    22.420
    Пол:
    Женски
    Многу. Пресудни. Никогаш не мислев дека ќе го кажам ова, ама после минатогодишното искуство тврдам. Се разбира ако работната атмосвера ми е океј, да парите ми се најбитни.

    Работев од љубов, за скромни финансии(не можам да кажам мизерни, грев е) ама со ужасно работно време, 10 дена одмор, од кој одвај 5 искористени, одење во сабота /недела на работа да дозавршам тоа што некои други (не јас) не завршиле во текот на неделата. За што?
    За газдите да си ги полнат џебовите и да одат 10 пати на одмор додека ти продаваат демагогии дека 10 дена одмор е сосема доволно и 500 евра плата е премија за македонски стандард и треба да умреш на работа за да стигнеш до неа.
    Џабе љубов кога се работи во мизерни услови. За уште помизерни луѓе.

    Не знам како ќе ми биде понатака во животот ама јасно стојам на ставот: ако сакаш overtime ќе ми го платиш. Секогаш одговорно и умешно ги завршувам работните обврски во рокот од 8 часа и не сметам дека сум работник кој некогаш забошотил или претерувал. Баш напротив, другите се тие што претераа. Битна ми е платата, битни ми се слободните денови, дали даваат бонус (или 13 плата), дали даваат К15, т.е не да се поправам - дали го оставаат на вработените и дали се човечни и разбирливи во чувствителни ситуации(да не мораш да идеш на работа со 39 температура на пример).

    Работата како работа порано или подоцна ќе ми стане монотона. Јас сум таков човек, знам дека брзо се заситувам од се. Ако условите во кои работам се одлични, менаџерите разбирливи и дарежливи со плати, јас ќе бидам работник ипол и ќе давам се од себе за двострано задоволство. Зашто верувајте, поголема фрустрација е кога не можеш сметките да си ги платиш него ако работата ти е досадна или не нај по ќеф.

    Сепак велам рано е да се каже. Имам уште гооооодини аргатење:rofl:
    Плус 21 век сме. Постои фриленс, каде можеш хобито да го претвориш во некој денар. Она што го работиш со љубов ама парт тајм. И за мене тоа и те како е едно големo исполнување на сонот.
     
    Последна измена: 7 мај 2017
    На Tam4yy, Oxymoron, crimson и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  12. sjdgo

    sjdgo Форумски идол

    Се зачлени на:
    16 јули 2015
    Пораки:
    5.676
    Допаѓања:
    14.192
    Пол:
    Женски
    Подобро човек да не работи ништо, отколку да работи за мала плата, ич пари.
     
    На mama31 му/ѝ се допаѓа ова.
  13. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.525
    Допаѓања:
    5.887
    Вaжни се дa, нo пред се здрaвје,среќa. И тaкa сетo тoa си влечи сo негo еднa рaбoтa сo другa.

    Се знaе декa oд пaрите прoизчегувaaт (не)зaдoвoлствa вo живoтoв. Oсoбенo зa фaмилијa или пaр, зa сaм чoвек е мaлку пoрaзличнo мислaм....
     
  14. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Во денешно време заработката е таа,трчај како луд за да заработиш за сметки и за храна, кирија, да не зборам за деца..Јас сум една од тие што живее под кирија едвај крпам крај со крај. Со 200€ плата ништо не се прави, ништо неможам да си дозволам, со дечко ми живееме заедно, едвај преживуваме што се вели, две плати ќе речеш, ама каде попрво да се дадат,1 година сме заедно, ама НИКОГАШ немаме излезено вечерно време во град, ама баш НИКОГАШ..двајцата сме дојдени од мало место каде што нема услови за ништо, ама не се враќаме назад се надеваме дека ќе биде подобро. Никој не ми помага ни брат ми ни мајка ми.. Сама се снаоѓам како знам и умеам.. Кога се враќам накај дома од 2 смена, кога е викенд, плачам како луда затоа што сум девојче, затоа што неможам да си дозволам да излезам никаде, барем на една пијачка, да се средам, да се дотерам и барем еднаш во месецот да се опуштам, ама нема.. Цел месец работиш и на крај парите ги даваш на некој што си го прчи.. Криво ми е, срце ме боли.. ама што да се прави тоа е.. Дечко ми вика еден ден и ние ќе имаме.. Знам дека тркалото се врти.. ама сакам сега да имам не на 70 години..(hollest)
     
    На Јаневски и black-angel им се допаѓа ова.
  15. augustd

    augustd Популарен член

    Се зачлени на:
    13 март 2017
    Пораки:
    1.175
    Допаѓања:
    11.294
    Пол:
    Женски
    Важни веќе не се. Не, кога здравјето е изгубено и џабе се парите. Имам за одмор, но не можам да одам. Имам за гардероба, не ми треба. Џабе ми е ако отидам на викенд кога пак ќе си дојдам дома и ме чекаат истите нервози. Вистина е дека има побитни работи. Мноогу побитни. Точно е дека ниедни пари не можат да го купат здравјето. Од свои 25живеам во сопствен стан, уредено како јас што сакам. Од полнолетство имам свое возило, прошетана каде сакам. Сега не се ни сеќавам на тоа, ни пак ми е битно.
    Битно ми е да се разбудам наутро и саканите да се до мене, се друго е излишно.
     
    На Petar80, SuperGirl24, Tanjamm и 3 други им се допаѓа ова.
  16. Starlič

    Starlič Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2017
    Пораки:
    1.604
    Допаѓања:
    9.287
    Пол:
    Женски
    Во право си.Јас сум препуштена сама на себе, имам 24 г, од 18г сум во скопје, веќе 7години се едно исто правам, барај работа,барај стан, немам ништо свое, желба ми е да имам барем една мала колиба, каде што ќе се чувствувам убаво, каде што ќе знам дека нема утре да ми кажат оди си си не ни требаат веќе потстанари.. Јас немам никогаш отидено на одмор, никогаш немав велосипед,сакав да се запишам на факултет ама ни тоа не успеав.. Сакам многу работи да постигнам ама немам финансии за тоа, а знам дека додека да дојдам до тоа здравјето ќе си го потрошам на невози.. а да седам дома неможам.. и тука се нервирам.. ама тоа е.. живот
     
    На AnastasiaWinter и Tanjamm им се допаѓа ова.
  17. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    8.951
    Допаѓања:
    12.626
    Oваа мака ја имаат провинцијалците. Или ќе седиш во мал град без работа и плата или ќе си во СК, ама пола пари и повеќе ќе ги трошиш за сметки и кирија. Еднаш кога една другарка ми рече „Двајца од провинција ако живеат и работат во Скопје многу се исплати“. Во себе се насмеав на ова, не може многу да се исплати, затоа што и на многу скопјани не им се исплати, а не па на некој што во старт има трошоци за кирија, сметки и се друго.
     
    На Tam4yy, black-angel и Starlič им се допаѓа ова.
  18. Јаневски

    Јаневски Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јуни 2015
    Пораки:
    926
    Допаѓања:
    1.930
    Пол:
    Машки
    200 евра се заебанција.

    12300MKD/30дена=410MKD/дневно

    50% за сметки - струја, вода, комуналии, греење, превоз, даноци, комуникации = 205МКД/дневно
    25% за храна = 102,5МКД/дневно
    12,5% за лична хигиена, перење чистење по дома = 51.25МКД/дневно
    6,25% за јавна здравствена заштита и лекови = 25,265МКД/дневно
    6,25% за облека, обувки постелнина = 25,265МКД/дневно
    0% за дом, сопствен превоз, семејство деца, одмор, култура, рекреација и друго = 0МКД/дневно


    Грубо кажано 200 евра плата ќе ти донесат:
    2 сијалици да светат цел месец, вода и канализација, греење можеби ако имаш парно, автобуска карта, за данок и интернет дали ќе стасаат...
    Две четвртини бурек или кило и 300 банани.
    Паста, сапун, прашак, тоалетна хартија и слично.
    Два различни типови на евтин лек за хронични болести, еден за акутна употреба.
    Гаќи, маица, 1/5 евтини обувки.
    Нема градење или поправка на дом, нема сопствен превоз, нема семејство, нема пари за деца, нема одмор, нема одење во театар, нема штедење, нема друго,

    Ова е една голема заебанција.
    Ова е нечовечно.
    Ова убива.

    За да успееш треба да си манипулативен социопат. Господ, поточно природата ги сака и поддржува таквите. Батали што те имаат учено како дете да бидеш фин, морален и достоен човек, тоа е најголемата глупост што моите родители ми ја имаат кажано.
    Значи не треба да работиш ни една ни две работи, треба да размислиш како можеш да ги изманипулираш другите да работат за тебе, другите да ти носат, да го јадеш нивниот труд. Мрдната работа, гнасно и одвратно. :puke:
     
    Последна измена: 14 јуни 2017
    На black-angel, Tanjamm, Feminka192 и 2 други им се допаѓа ова.
  19. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    Никогаш не ми биле,ме прават будала,ама не знам...
     
  20. bibiiii

    bibiiii Популарен член

    Се зачлени на:
    12 октомври 2011
    Пораки:
    604
    Допаѓања:
    1.081
    Тој збор -провинцијалци,не да е грд,туку е одвратен!!!Скопје е едно големо село и не знам дали знаат дека тој збор е навредлив за нас од другите градови! А за темава,подобро со помаку пари ке си седам блиску до фамилијата или пријателите,него да одам Скопје и да ги давам пола пари за кирија...