Потполно се сложувам со @Јаневски тука само снајди се па живеј .. Но за мирен живот доволно ми се и тие 200€ да ги имам .. Најважно од се е твоето семејство да е до тебе а за финансии како така треба да се бориш и да бидеш задоволен со тоа што го имаш бидејќи некој ни тоа го нема
Тој некој најверојатно е газдата на станот во кој живеете под наем. Не знам каков човек е тој конкретно меѓутоа од пријатели кои потекнуваат од помали места а се под кирија во главниот град имам слушнато слични изјави. Според нив сите кои имаат стан за издавање се џаболебари, мрзливци и им ги земале тешко заработените пари. Епа не знам што сакаат, без пари ли да ги пуштат? И тие некогаш можеби се мачеле и работеле од утро до мрак за да ги заработат тие станови или пак едноставно си имале среќа да си ги наследат. Затоа тие не се виновни, си нашле начин да си заработуваат и тоа е тоа.
Киријата ни е 100€ + сметки Условите за тие пари се никакви, скршени кревети, мувла и влага насекаде, греење преку зимо немаш, снајди се како знаеш и умееш, затоа реков дека парите одат на некој што си го прчи, тој некој е газдата, тој воопшто не се грижи дека тој што јаде, пие и спие таму всушност нема никакви услови за живот, наместо да вложи во тоа нешто, барем колку толку има услови тој дури бара депозит + една кирија, за да не дај боже му избегаш и не ги платиш сметките, и ги троши на пиење (зборам за газдата кај што сум сега) а кога ќе касниш ден, два ке те убие, а не разбира дека тебе платата не ти е секогаш на секој 1 пуштена на сметка. Јас воопшто не се срамам од никој и ништо, дојдена сум од страна, да можеби за сите други сум провинцијалка, ама за себе и пред Господ сум човек кој што е дојден од мало место за да заработи и за да обезбеди колку толку за нормални услови за живот.. Треба да се срамат тие кои што имаат 25 години па нагоре и уште цицаат млеко од мама и тато, да и мене семејството ми е битно, ама напуштањето на домот ми е исто како да веќе се мажам, и морам да го напуштам семејството поради таа причина. Јас сум тука поради тоа што моите сакале да научам да се борам, да научам да опстанам, да знам да го ценам богатството, или сиромаштијата.Дојдено е време секој за себе да се бори да опстане.. Не сакав никого да навредам!
Солидните фино уредени станови се со далеку повисока кирија од онаа која ја плаќате. Една кирија однапред земаат скоро сите затоа што има навистина нефер кираџии кои мислат дека ако платиле за престојот треба комплетно да го уништат станот. И да, постојат и такви кои бегаат и оставаат куп сметки позади нив. Секој си се штити. Не велам дека ти си дел од нив но твојот газда тоа не го знае и едноставно нема доверба. Не велам дека треба да се срамиш поради она кое си, баш напротив треба да се гордееш поради тоа што чесно и самостојно си го заработуваш лебот. Само цени ги останатите кои тоа го прават. Можеби некој полесно ги заработува парите но тоа не значи дека нечесно ги заработува.
Да земаат депозит тоа е во ред, јас можам секого да разберам, ама наместо дел од киријата да ја вложи во уредување на местото каде што некој ќе живее, тие парите ги трошат на ракија, и колку лесно и да го заработиш тоа, утре кога ќе имаш ти а некој нема, и тој некој ќе тропне на врата, ти нема да знаеш со каква мака е дојден, дали имал или немал. Човек кој што немал па дошло време да има утре ќе знае како му е на тој што е беспомошен во некоја ситуација, а тој што лесно дошол до СЕ никогаш нема да те разбере..
Не сите имаат шанса да останат во својот роден крај и да заработуваат за парче леб.. Колку и да звучи грдо тој збор ПРОВИНЦИЈАЛЕЦ ,ние од страна немаме потреба да се срамиме, секој од нас оди некаде за да работи и дојде до подобри услови, едни што можат да се снајдат заминуваат надвор од државата ние што не можеме остануваме тука и се бориме колку што можеме.. Секој, ама баш секој е дојден од некаде, (мајка,баба,дедо,татко..) и покрај се ние ги сакаме, и цениме.. Не е важно кој од каде е, важно е кој што носи во срцето. Мене семејството ме испратило тука во Скопје за да научам да заработувам, и да се снаоѓам, утре кога ќе имам да знам да го ценам тоа.. Сепак најубаво е кога си под крилјата на мама и тато, тогаш е најслатко..Што правиме кога еден ден ќе заминеме од нивниот дом, или тие од нашите животи.. за пријателите да не зборувам тие се се поретки.. Немој да се срамиш од ништо во животот, ако го правиш со своја воља, ако тоа колку толку те исполнува и те прави среќен, гордеј се. Никому не му го земаш лебот од уста туку чесно го заработуваш. Не е важно што зборуваат другите, важно е како ти се чувствуваш.
Затоа, во првата можна прилика откажете го местото и најдете ново. Баш скоро една другарка си зеде стан под кирија во Кисела Вода. Станчето е отприлика 45 квадрати со една спална, целосно е опремено во зграда која е изградена пред неколку години и баш супер е како за еден пар. Нов е, среден, нема влаги, нема мувли. А плаќа 150 евра. Сакам да кажам дека има фини места за слична цена, немораш да останеш таму ако нема услови. Барем за кирија имаш избор, на секој чекор се нудат разни станови, соби, делови од куќи.
И јас сум од провинција и за мене не е навредливо. Ајде од внатрешноста да кажеме. Тешко е и во малите градови, а кога од мал град ќе дојдеш во Скопје исто е тешко, затоа што во старт имаш повеќе трошоци од колегите кои се од Скопје и си имаат свој дом. Додека си млад, ок е, ќе ти биде интересно во Скопје, ама кога ќе видиш дека годините одат, а ниту пари си тргнал на страна, ниту свој дом имаш, ќе почне да те мава психа.
150€ ни е многу за плаќање,не ни треба стан, доволна ни е една соба со купатило, нормални услови. Седевме во стан 4 луѓе, плаќавме 250€ кирија, 4000 ден парно, парното се плаќаше и преку лето, струја 5000, едвај преживувавме. Стан ни на крај на памет не ни паѓа, тука кај што сме е ок,само да нема влага и мувла.
Ретки се тие што можат пари да тргнат на страна, такво време е дојдено, ми било и мене тешко, 6 години сум тука немам денар савено на страна, кредит враќам. Секој има свои причини, јас на пример подобро ке седам тука во Скопјево, отколку да се вратам дома и многу потешко да ми биде (психички). Тука е дечко ми, заедно сме, утеха еден на друг си даваме дека еден ден се ќе биде добро.. и затоа седам, знам дека несум сама.. знам дека после се имам некој до мене, имам подршка..
Кој ќе рече дека не се важни лаже. Важни се како не. Затоа секогаш се трудиме да најдеме подобро платена работа. Да имаме барем за еден достоен живот. Немањето пари ни ствараат огромни нервози. Ти се трупаат сметки. Си кратиш едно, си кратиш друго. Не сакам да имам многу пари и да се расфрлам. Сакам да имам доволно за да можам навреме да си ги платам сметките. Да можам да си дозволам еднаш годишно еден скромен одмор. Да не морам да запаѓам во кредити. Што е денес 200 евра плата? Оди издржувај семејство со тие пари. Половина за сметки, половина за храна. Не сакам еден ден дете да ми трпи.
Нормално дека се важни! У животот е добро да имаш онолку пари колку што е потребно уопште да не мислиш на пари Да не размишљам дали имам да го купам оној фустан или оној тв....едноставно да го купам
Чудно... Кога сум немала сум велела дека ми се многу важни и пресудни. Сега кога ги имам мислам дека не ми се најважни. Утре да немам пак ке кажам важни ми се.
Финансиите се важни, но не и најважни. Со малку средства ќе преживееме, со повеќе може да си дозволиме подобар живот. Колку и да заработуваме ако не умееме да направиме приоритет на потребите и трошоците секогаш ќе ни недостасуваат средства. Задоволството е поголемо кога имаме со кој да споделиме нешто убаво и да прославиме, па макар и многу скромно или сосема во крајност раскошно.Во спротивно се е залудно, па дури и една чаша пијалок во соло -друштво. Среќата нема цена.