1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку ви се важни финансиските средства?

Дискусија во 'На работното место' започната од RainBow, 3 март 2012.

  1. *Ane*

    *Ane* Популарен член

    Се зачлени на:
    9 јуни 2017
    Пораки:
    762
    Допаѓања:
    2.199
    Пол:
    Женски
    Nekogas imavme skromen zivot bez mn. Finansii... Sea imame i za na strana i za so sakame... Ali pak fali nesto da sme zaedno sobrani sekoja vecer so decata, poradi tie pari sum sama so niv a ne e lesno :(
     
    На veteruska му/ѝ се допаѓа ова.
  2. Nigredo Odor

    Nigredo Odor Популарен член

    Се зачлени на:
    17 јануари 2016
    Пораки:
    3.549
    Допаѓања:
    19.465
    Парите се важни неопходни и пресудни од многу причини. Една од нив - најважната е здравјето.

    Не можете да одречете дека на денешно време не се купува здравје, зошто тоа е апсурдно.
    Можеби дури и да имате пари нема да го купите, но бар ќе знаете дека ако ништо друго, сте ги испробале сите можни опции и алтернативни решенија за да си помогнете себе си или на некој друг.
    Негирањето дека парите се непотребни или умерено потребни е исто толку голема илузија. Само едно тешење кое ги изострува границите помеѓу реалните можности и утехата дека не нужно финансиските средства треба да овозможат лукзус кој нуди комодитет и убавина на нашиот живот.
    Не знам кога почнавме да се плашиме да имаме пари, да се убедуваме себе дека не ги заслужуваме или дека парите се лоши? Не знам зошто таков став за едно обично средство за размена по кое секој од нас копнее да го има во изобилство за да си овозможи убав живот.

    Но, тоа е уште еден доказ дека робуваме на догмите, на старите шаблони пренесени од претходните поколенија кои не учеле дека парите во голем број не чинат. Искрено ми е жал за луѓето кои подолго време или цел живот се сиромашни и никогаш не сведочеле поинаква ситуација. Но, исто толку знам и дека тоа се истите луѓе кои судат за судбината на богатите и се често полни со омраза кон нив поради очај. Не дека кај богатите нема омраза и очај поради други работи, меѓутоа од искуство нема нешто пострашно од сиромав материјално исфрустриран човек..

    Не сакам никој да се навреди со постов. Лично сум припадник на таа пониска "средна" класа веќе многу долго време и знам од сопствена перспектива како сето тоа изгледа. Многу добро знам какво е чувството твоите другари да одат во Париз, Барселона, да се хранат со прескапи неквалитетни салати по ресторани, и да постираат фотографии на своите инстаграм или фејсбук профили со цел да се пофалат за животот кој го живеат. Многу добро знам како е кога истите тие луѓе ти се фалат дека со навршување на нивното полнолетство добиле прескап автомобил каков што посакале, како и безброј можности за полагање возачки испити. Исто толку добро знам дека здраствените услуги се значително поразлични кога одиш на државно и приватно. И да, како што кажав на почетокот - парите се повеќе од потребни и никогаш не дозволувајте никој да ве убедува во спротивното.
     
    Последна измена: 7 октомври 2017
    На Belgin1, WarriorAngel, parksey и 7 други им се допаѓа ова.
  3. AURUA

    AURUA Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 март 2017
    Пораки:
    703
    Допаѓања:
    2.607
    Пол:
    Женски
    Мене лично ми се многу важни. Сакам да имам секогаш по некоја резерва за некои поитни ситуации и секогаш гледам да заштедам колку можам. Живеам според можностите, сум живеела и поскромно и со повеќе. Мене не ми требат многу предмети и ствари за да сум среќна. Но сепак тие нешта што ме радуваат и те како се обезбедени од пари така да тоа е врти сучи парите се дефинитивно многу важни.
     
  4. Justicija

    Justicija Форумски идол

    Се зачлени на:
    9 август 2017
    Пораки:
    5.844
    Допаѓања:
    19.537
    Пол:
    Женски
    Многу ! Парите се пола срека и пола здравје !
     
    На злоба, Tanjamm, parksey и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  5. Miss.A.

    Miss.A. Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 септември 2017
    Пораки:
    434
    Допаѓања:
    2.315
    Пол:
    Женски
    Money rules the world! You can by everything with them, from health to toilet paper.
    They are piece of paper who control our entire life.
    [​IMG]
     
    На злоба, Gosh, Dadusicka и 1 друга личност им се допаѓа ова.
  6. veteruska

    veteruska Популарен член

    Се зачлени на:
    27 мај 2014
    Пораки:
    1.977
    Допаѓања:
    5.800
    Зашто богатите умираат?Знаете ли дека тие што имаат многу пари не спијат мирно,значи не се лакомите за пари,требаат пари за да платиш сметки и да можеш нормално да функционираш.
     
    На Dadusicka и *Ane* им се допаѓа ова.
  7. gtramg

    gtramg Активен член

    Се зачлени на:
    2 април 2024
    Пораки:
    85
    Допаѓања:
    46
    Пол:
    Машки
    Поприлично многу
     
  8. sugarmama_

    sugarmama_ Активен член

    Се зачлени на:
    1 април 2024
    Пораки:
    138
    Допаѓања:
    104
    Пол:
    Женски
    Па важно е да си финансиски стабилен.
     
  9. CandyM

    CandyM Активен член

    Се зачлени на:
    25 јули 2024
    Пораки:
    35
    Допаѓања:
    9
    Пол:
    Женски
    Многу.
    Денес без финансии и без стабилна работа и плата тешко се преживува.
    Јас им се дивам на луѓе кои зимаат минималец и чуваат деца и фамилии.
    Испод 30 веќе не треба да е минималецот,срамота е на овој живот таква плата.
    Мислам дека секој треба да се бори и буни за убава плата,не е срамно да си побараш покачување доколку заслужуваш.
    На крај крај па сите работиме за пари.
     
    На Harley Quinn му/ѝ се допаѓа ова.