1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Колку внимавате на изгледот и облеката кога сте дома?

Дискусија во 'Мода и стил' започната од rossonerka, 6 јануари 2011.

  1. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    -Како си се облекувате по дома?
    Тренерки, пижами, стара облека пред фрлање :lol: , фармерки или пак си го носите она што сте го носеле во школо/работа/некое излегување и ве мрзи да се пресоблекувате ...

    -И дали внимавате на изгледот дома?
    Ако сте неколку дена по ред дома знаете ли и да не се исчешлате, не се средувате воопшто, не се замарате и онака никој не ве гледа.
    Или напротив исчупани, налакирани, исфенирани сте секогаш па и кога со денови седите дома.
     
    На Колаче123 му/ѝ се допаѓа ова.
  2. femina90

    femina90 Популарен член

    Се зачлени на:
    25 декември 2009
    Пораки:
    3.997
    Допаѓања:
    2.349
    По дома сум или во пижами, кои патем речено ги имам многу и ми се убави, тесни, не како вреќи :D или во хеланки со некоја блузичка што ми е за до продавница. Не можам да седам во широко или нешто за пред фрлање, не се чувствувам убаво.
    Косата ми е исто секогаш испеглана, па фатена во репче или пунџа, без разлика дали излегувам, ноктите средени, е сеа нормално не сум нашминкана :D Ако не сум средена, барем основните работи, не можам да се поднесам, шубе ми е.
     
  3. Phyramide

    Phyramide Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јули 2010
    Пораки:
    3.009
    Допаѓања:
    14.816
    Пих, ајде да видиме колку сме „фенси“ и по дома ;)

    Јас сум си стандардно по тренерки, маиче, дуксерче, најкомотно...дебели чорапчиња, папучки, сакам да ми е меко се на мене у удобно.
    Па имам некоја маана или да ја наречам глупава навика уште од дете да сум си средена и во спортска облека, па ќе ми тропне некој на врата бре епа нека има убава глетка барем, да не ме види валкана и испрскана од чорби или што и да сум готвела дента :)
    Ама посебно ми е мерак за спиење да се средам. Едноставно пижамчиња ми се фетиш. Бившиот дечко постојано ми викаше „аман бре ти и за спиење мода тераш, гарант ластичето за коса ти е во склад со чорапите“ :x :wasntme:

    Ама имам и мрзливи моменти, а бидејќи живеам сама ич не ми е гајле и по гаќи па и гола да си се шетам по дома. Најубаво.
     
    На chocolate.chick, Elen.b, mims-89 и 4 други им се допаѓа ова.
  4. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    По дома сум задолжително во нешто комотно.
    Најчесто во тренерка, а горе некоја маичка и дуксер. Или пак доле сум по пижами, а горе колку да не бидам цела во пижами облакам дуксер.
    Одма штом стигнам дома, се пресоблекувам. Некако неудобно ми е да седам во таа облека, во која цел ден сум седела. Под ова подразбирам и соблекување на градник, задолжително! :D


    А кога сум дома подолго време, особено пред колоквиуми, не можам да се запуштам сосема. Пак, има луѓе што доаѓаат, дечко ми, пријателка на мајка ми, не личи како зомби да се шетам.
    Косата, фала Богу, не ми е секогаш исфернирана, ама затоа една пунџа средува работа. Или некое репченце, што и да е.
    Ноктите, имам на друга тема кажано, секогаш ми се средени. Без разлика каде и кога, ми се лакирани и уредни.
    Знам понекогаш така да се запуштам, иако ретко, се случува.
    Ама гледам што побрзо да се вратам во нормала, не сакам да си ги плашам гостите. :rofl:
     
    На rossonerka му/ѝ се допаѓа ова.
  5. Srekicka

    Srekicka Популарен член

    Се зачлени на:
    14 мај 2010
    Пораки:
    1.863
    Допаѓања:
    2.847
    Уште од мали кога бевме со сестра ми, мајка ми секогаш ни викаше дека треба да бидеме средени па дури и дома. Па според тоа секогаш сум со исфенирана коса, па дури и за по дома си ја средувам. А за облеката, стандард - тренерки. Најудобно се чуствувам во нив и топлинки плетени од баба ми. Во вакови периоди пред испитна сесија, кога знам дека никаде нема да одам, се случува и цел ден во пижами да си го преседам и високи дебели чорапи. Обожавам дуксери и сакам понекогаш и по гаќи и маичка да се шетам по дома, ама условите не ми дозволуваат пошо живеам во куќа.
     
  6. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.600
    По дома најчесто сум во пижами.
    Или долен дел пижама, а горе маичка, зашто е неиздржливо топло, парното е лудачки пуштено. :sweat:
    Без грам шминка, си го одмарам лицето и косата.
    Бидејќи ја мијам секој ден, некогаш и два пати дневно ми се случува, се молам да бидам барем два дена дома, да си ја врзам и да си ја одморам и неа од шампон, фен, маски и секакви чуда.

    Со оглед на тоа какви луѓе има, за себе ќе речам дека не внимавам на изгледот кога сум по дома.
    Тоа е, пижама парти ден и ноќ, косата задолжително врзана, без шминка на себе, единствено ноктите секогаш ми се средени.
     
    На JessicaRinaldi89, 1209 и rossonerka им се допаѓа ова.
  7. Shelea

    Shelea Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 ноември 2009
    Пораки:
    4.255
    Допаѓања:
    43.690
    Жива радост за мене е кога сум дома, без обврски, одмарам у тренерка и маици што никад у живот не би ги облекла за излегување.
    Ништо, природна јас, расторбена, улежана, амебизирана, тотално опуштање ми е кога сум си таква.
    Не внимавам, зошто да внимавам, дома сум!
    Е сеа ако некој придојде, ќе се потсредам, секако. Инаку, воопшто не се замарам. Дома си е дома.
     
    На okcenzi, JessicaRinaldi89, eleni23 и 3 други им се допаѓа ова.
  8. teddybear

    teddybear Популарен член

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    2.679
    Допаѓања:
    10.370
    Пижами пижами пижами пижами :lol: :lol: :lol:
    И мене ми се фетиш, ги обожавам, меки и удобни ммммм .
    Ако ми доаѓа друштво или дечко или па вака за празници носам тренерки, исто меки и удобни со меки чорапчиња не дебели оти жешко ке ми биде.
    Косата претежно пеглана ми е, или виткана разлетана или во пунџа или позаи фатена пола со штипче.Шминка дома никако. Строго за свадби излегувања етц. :P

    Ама кога и да ѕвони некој моите отвараат. Во мојата соба дека е на втор спрат (поткровје) не се ни слуша.
    А и да отворам јас нема врска. Секогаш сум си убава :D :D во секое издание :P

    обожавам и дуксериии ммм меки и по можност машки ( од татко ми, браТ ми, дечко ми ) и неретко си носам и такви за низ дома со тренерки или со пижамите а под дуксерката маичка по кратки.

    И така надолго и широко се расприкажав, ама да можам сегде ке одам во пижами и домашни папучи :D
    Или во тренерки, маичка, машки дукс и патики :D

    А мама само ме кара. Сум била како ЛИШКА хахахахаха ( тоа е нешто на селски како кокошка ама мама за мрза го користи ) :D
     
    На D.i.a.M.o.n..D, SuperGirl24 и rossonerka им се допаѓа ова.
  9. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Јас ќе ви кажам вчера како шетав низ дома :D
    Облечена во хеланки купени пред 4 години за Нова Година во хоризонтални црвено бели пруги, над нив чорапи од оние со прсти исто на пруги ама зелено бели и до колена :D Врз чорапите топлинки од оние мечиња такви, а врз хеланките ми беше закопчано бело боди :D И така си се "гаќарев" низ дома, а денес им отворив во такво стање на коледарите :D Да сумирам, не се заморувам за по дома.
     
    На soledad му/ѝ се допаѓа ова.
  10. karina8

    karina8 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 февруари 2010
    Пораки:
    4.099
    Допаѓања:
    5.545
    По дома исклучиво тренерки или пижами.Најкомотно ми е така :)

    Кога сум дома најбитно ми е да се чувствувам комотно, а не да носам тесни фармерки.не се замарам многу, опуштена варијанта најчесто носам долен дел пижамки и дуксер.Ако се најави некој дека ќе дојде можно е и малку повеќе да се потсредам инаку не обрнувам многу внимание.Е сега не да ги плашам тие околу мене , косата најчесто ми е собрана во опавче (тешко функционирам јас со пуштена коса), на лицето воопшто немам шминка, го одмарам колку што можам повеќе само си ставам кремче и лабело.
    А ноктите и мене ми се постојано средени, задоволство ми претставува да ги средувам редовно :)
     
    На Elena69221 му/ѝ се допаѓа ова.
  11. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.832
    Допаѓања:
    10.128
    Пол:
    Женски
    Мене колку смешно ми падна еднаш, мислам Септември месец, пред колоквиуми.
    Сум седнала дома, бушава во косата, како налудничав научник изгледав. Живеев на кафе и кифли. :D
    И доаѓа дечко ми, така изненадно, ме гледа и почнува да урла од смеење. Кутрата јас, дури тогаш ми текна да се погледнам во огледало и да видам што носам.
    Ве уверувам дека таков аутфит не сте виделе. Се срамам само кога ќе помислам. :tmi:
    Само ќе ви кажам дека боите беа скроз измешани, а на мене имав едно претесно и едно преголемо парче гардероба, и сето тоа зачинето со дреч чорапа и пунџа на темето на главата.
    Медрано!

    И од тогаш, на дечко ми му е наредено да се јави пред да дојде. Да се поштедам самата од срам, а богами и него да го поштедам од глетката. :D
     
    На LivingGlam, rossonerka и Offspring им се допаѓа ова.
  12. strangewoman

    strangewoman Популарен член

    Се зачлени на:
    9 декември 2009
    Пораки:
    718
    Допаѓања:
    388
    Многу многу не внимавам! Тренерчиња, маичка горе, или ако е ладно ако се комплет тренерките горната си ја ставам и готово. И имам еден куп дуксерки па така некогаш ги комбинирам со долен дел на тренерчиња :) Косата секогаш за дома ми е фатена и тоа најчесто долно репче за да не ми се витка и на ноџињата од тие џиновските пантофки(мајка ми што во очи ја бодат :$ ) во форма на куче ;)
    Се на се толку! :) ;)
     
  13. K-a-t-e-n-c-e

    K-a-t-e-n-c-e Истакнат член

    Се зачлени на:
    8 декември 2010
    Пораки:
    93
    Допаѓања:
    32
    Пижами и само пижамиииии! најпријатно си се осеќам у нив :D косата ја врзуам као ќе ми дое,да ја исфенирам за по дома нема шанса..ме нервира и ми смета :rofl: дома треба да бидеш опуштен у секоја смисла а не стегнат пицнат напудрен хахах
     
    На SuperGirl24 му/ѝ се допаѓа ова.
  14. rossonerka

    rossonerka Популарен член

    Се зачлени на:
    13 април 2010
    Пораки:
    4.160
    Допаѓања:
    15.288
    Најголемите запуштувања ги имав при колоквиумски недели и испитни сесии :lol:
    Среќа завршив со тоа па сеа одамна сум немала запуштеност :wasntme:

    Иначе дома по пижами!!! Добро и дуксери зимно време, летно блузи на прерамчиња и шорц некој широк, на нозе чорапи најдебели и папучи прасенца :rofl:
    Комбинација на бои ... виножито! 8)
    Косата репче или пунџа, а кога учев имав мана рацете во коса ми беа, си ја плеткам, па после тоа ми е ужас 4 пати шампон ставам да ја отплеткам и исчешлам :rofl:
    Шминка не доаѓа во предвид, само крема и лабело.
    Иако кога сум дома и досадно е знам да си правам маски, да се чупам, да се средувам, па ако некој налета може и во супер издание да ме види.
    Дури во двор секој ден кога се играм со кучето по пижами искачам :$
    Мајка ми стално ми вика ај ај шетај додека можеш така, после да те видам пред свекорот и свекрвата во ова издание! :rofl:
     
    На Christyn, girl1985 и Angelche им се допаѓа ова.
  15. Cacy

    Cacy Популарен член

    Се зачлени на:
    26 јули 2010
    Пораки:
    2.244
    Допаѓања:
    1.547
    По дома се облекувам во тренерки а некогаш и во пиџами :D ...Косата си ја фаќам во реп или пунџа а за тоа дали се лакирам зависи од расположението :D
    Ако сум неколку дена дома по ред секако секој ден си ја чешлам мојата коса и се чупам кога треба бидејки мислам дека надворешната убавина ни дава повеќе самодоверба во себе :!:
     
  16. Juicy

    Juicy Популарен член

    Се зачлени на:
    16 декември 2010
    Пораки:
    1.815
    Допаѓања:
    11.130
    Пол:
    Женски
    По дома носам тренерки .. но сепак внимавам да ми стојат убаво и да се убави :)
     
  17. XstrongerX

    XstrongerX Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јули 2010
    Пораки:
    1.714
    Допаѓања:
    5.089
    Пол:
    Женски
    Ах да не се опомените на мама -Ти си дама однесувај се како таква. Како војник секое утро пред огледало,шминкање , косата никако несредена, за низ дома прифатливи се и тренерки , ама убави.

    Инаку тајно посакувам да можев цел ден да си го минам во удобни пижамки :devil:Ретко ама сепак се случува ;)
    Си велам сеедно кога веќе се соблеков да се истуширам ( тоа секое утро го правам , без промашај ) зошто да си ги облечам пижамите пак :?:Сега посебно кога сум на распуст уживам во луксузот на слободното време и слободата да си ги средувам ноктите.Лекција што ја научив - никој не ве гледа ?! Е не е баш така , секој може да се појави на врата , неочекувано. Ете тогаш веќе е доцна , ќе мора да ве види во вампирско издание :D
     
  18. Offspring

    Offspring Форумски идол

    Се зачлени на:
    14 јуни 2010
    Пораки:
    7.163
    Допаѓања:
    27.003
    Мене ме имаат фатено во многу гнасно и ептен небрано :D Врнеше надвор многу и тогашниот дечко бил во близина па намина заедно со другар му додека да преврне. А јас во моментот сум размавтала цицки лево десно во една раздрсната блуза, нит широка нит тесна, бруки невидени :o Немав време ни прслук да облечам, умрев од срамови.
     
  19. solzuska

    solzuska Истакнат член

    Се зачлени на:
    3 август 2010
    Пораки:
    515
    Допаѓања:
    135
    .... дома коа сум буквално цело време сум по пижами. КОа доаѓаат другарки или вујко ми и вујна ми сум пак во пижами, нне чувствувам ни грам срам, сепак се тоа мои најблиски, а коа имам некои комшии, досадни, ни не излегувам од мојата соба, така да нема потреба да се облекувам. Е добро коа ке се најават некои гости пред кои нема смисла да седам така запуштена редно е да се подсредам :)
     
  20. ehrgeizig123

    ehrgeizig123 Истакнат член

    Се зачлени на:
    22 декември 2010
    Пораки:
    427
    Допаѓања:
    157
    Скоро секогаш сум во распар пижами :rofl: Мајка ми стално се смее,вика ко да немаш пар пижами па се во распар одиш. До пред некое време си имав едни плави (апла селски,со цветчиња) скинати ми беа на коленото ама многу си ги сакав и обожавав да ги носам.Ама.....ми ги фрли мајка ми ;(
     
    На Offspring му/ѝ се допаѓа ова.