Па не баш мн. во зимен период скоро цел ден по пижами сум , а во лето по некое лефтерно фустанче или кратки куси пантоломчиња и рамбовка. Шминка не користам за по дома, а косата фатена во репче или плетенка
Па гледам да ми одговараат парчињата, ама секако не ги носам најновите раоти за по дома... Најчесто сум во хеланки и некоја лефтерна туника, блуза... Сега во лето имам неколку фустанчиња и тие ги носам само за по дома... А се случува и цел ден да сум по пижами, тоа ми се омилените денови
Кога сум дома, едноставно кажано не се замарам Обично си носам маичка, дукс и тренерки.. кога ми е топло бермуди и некоја маичка, а кога ми е ладно дуксер, тренерки и така нешо .. не се грижам многу за изгледот .. секако, секогаш се чешлам, а обично си ја врзувам косата во пунџа или репче, а понекогаш ја фаќам и со штипка. како што гледате не се средувам многу многу, хахаха. за ноктите - кога како .. некогаш средени и налакирани, некогаш само исечени за да не ми сметаат тоа е од причината што сум дома и никој не ме гледа, освен моите - секако, но сепак не изгледам лошо
За да не се замарам а сепак изгледам ок (не иде парталави да се шетаме нели? ) најчесто носам едноставно фустанче(куќно) или пак носам долга маица.Добро се чувствувам плус ништо не се види
На работа едвај чекам да се приберам и раскомотам, а за викендите и празниците да не правам муабет. Зависи кога како, некогаш сум со тренерки и удобна маичка, а некогаш со некое фустанче памучно и лесно. Несредена, флекана и крш не седам. Јас не сакам ама па и кој маж сака да те гледа по дома лом да му се шеташ?
Обично вакви денови, кога спремам испити, нонстоп во пижами, косата фатена и секако без шминка. По дома најубаво ми е и секогаш си ги носам пижамките мои, лето или зиме тоа е.
па обично сум во кратки трењерки или како да ги наречам..онака косичето во пунџа..кратко маиче..абе мераци да ти е дома да си седиш.
Па и не баш. Еве денес сум со памучни шорцеви со црно, бело, сино риги и маица онаква лефтерна, памучна (секако широка, не да пливам во неа, него така да не ми биде прилепена) бела, ај лав бед бојс! Ма најјача сум, дури и срцето има рокчиња
онака лефтерно за по дома .. шорцеви и некoја маичка на прерамчиња така малце поширока сакам комотно да ми биди а и често одоздола ги носам пижамите најпријатни ми се
Ич. Дома обично седам по шорцеви и рамбовка,кога е топло,а во зима по хеланки,некоја широка, подебела блуза и чорапчиња. За косата да не зборам.На сите страни ми е.
За по дома можам да одам и гола коа сум сама се разбира ..па не се запуштам којзнае колку коа сум дома али ипак не се загледувам во огледало што носам,[to mi stigne pri raka toa oblakam
Не внимавам ни малку.Особено па сега летоска кога е жешко,најкомотно се осекам во широка маица и некои кратки панталонки или шорцеви.А косата ми е посебна приказна,собрана во бушаво репче,антени на сите страни абе да не ме види човек по дома .
Ни малку. Не дај боже да ми дојде ненајавен гостин, нема да му текне да дојде пак. Моментално сум во памучно широко бело фустанче на рамки, и секако смрт за прслуците слобода за градите. Па дома ако не се опуштиш каде бре
Не внимавам воопшто на изгледо кога сум дома постојано сум во пижами со разбушавена коса некој да ми дојди не најавено за страмој ќе бидам
Да си се пофалам дека сум си постојано во фустанчиња. Дотерана сум си, комшиите од карши ми се многу убави. Па кога ќе ја земам метлата двор да метам, па кога фустанчето ќе ми се развее, мераци!
Не внимавам нешто посебно многу. Обично носам некои пижами или пак стари тренерки, хеланки со некои постари блузички, ништо спектакуларно и воодушевувачко. Косата зависи кога како, најчесто ми е собрана во висок реп, а ако ми е претходно извиткана може да падне и некоја лепршава пунџа. Некогаш само од пусти мерак знам да тркнам до купатило и да се нашминкам некако лежерно, колку да покријам подочњак и да не се исплашам ептен ако случајно се погледнам во некое огледало. И заклучок: Зависи до денот и расположението.
Па не внимавам многу многу освен кога ќе имам гости во зимскиот период најчесто тренерки,а кога сум дома по пижами,а во летниот со некоја лефтерна блуза,или фустанче или по пижама
Па зависи како сум расположена Ако сум расположена ќе се исчупам ќе си средам ноктите ќе се ситуширам и ќе се прошетам до дуќанот и ќе видам некои згодни момци А ако не сум во пиџами цел ден и пред ТВ и компјутер!